Едно од нештата што ме вадат од кожа. Научени се што ќе посакаат да добијат, а ако не го добијат - трескање од земја. 24/7 мама, мама, мама, тато... Па, за да биде ситуацијата уште полоша, коа ќе му пукне филмот на родителите, тука се баба и дедо да излезат во пресрет. Што мислите вие на оваа тема, и оние во улога на родители и оние кои се само неми сведоци, како на пример јас?!
Криви се родителите. После тоа дете кога ќе порасне нема никој да слуша ни професори, на другарите исто ќе им се понаша, ќе сака цело време по негово да биде, а ако не биди ќе има лудба и така во круг.
Вистина е дека деца ги тестираат границите до кај можат. И одат до таму каде што можат. На крај пак се сведва на родителот. До кај шо му дозволва родителот, до таму оди детето. Како шо е научено детето, од страна на родителот, така ќе се однесува. Ова мислење ептен ми остај впечаток, скроз се согласувам: Јас имам потенцијал за т.н. „мамичка“, другарка ми ми вели дека милениците ми се преразгалени и размазени и дека такви сигурно ќе ми се и децата али активно пробвам да учам за да не напрам утка. :')
Размазени деца има. Пр.Седиме во ресторан на отворено,дете од 3 -4 год.зема од украсни камења и мава,ни поминуваат камења покрај глава,некого погаѓаат,мајката мува не ја лази. Дете е,нели,слобода за креативно изразување. Кога погоди човек во глава и тој стана, му стана незгодно на таткото па го тргна малиов,при што следеше плачење, се смири, повторно почна да мава ,овој пат реагираа но тој воопшто не ги констатираше 2% Тоа е кога нема да му поставиш граници,кога се е дозволено.
Сега нема разгалени туку само хиперактивни, така е по ново Некои родители многу му дозволуваат на децата, презадоволени се, се шо ќе побараат на тацна му го сервираат. Не поставуваат граница. Многу пати сум била сведок на дете кај шо се мава од земја во маркет исто и во ресторан, кај шо го има цел ресторан на нозе кренат и прпелање на земја. И да има разгалени деца и тоа се повеќе.
Па не е дека е по ново, туку повеќе внимание се обрнува на оваа состојба кај децата. Да, често знаат неправедно да им се стави етикета на одредени деца дека се разгалени и немирни кога во реалноста има многу состојби што доведуваат баш до тоа, или пак тој период да им е нормален дел од развојот и жал ми е така кога ќе видам родители што прво се стрчуваат да го плеснат или вербално да му се изнавикаат на детето место да откријат што е проблемот. А има и разгалени деца кај што само тоа си е проблем, што се разгалени.Ама пак не се ни тука криви, сами не се воспитале.Родителот е тој што им дал до знаење дека треба секоја желба да им биде веднаш исполнета и да не разбираат што значи не.
Има разгалени деца.До родителите е што не ги воспитуваат правилно. Им дозволуваат сè наместо да ги научат дека не може сè да е по нивно.
Така пишав оти немам одамна слушнато родител да кажи дека детето му е немирно, туку хиперктивно Секако дека детето не е криво, начинот на воспитување на родителите.
Морам да додадам, многу често, родителите сакајќи да бидат достапни за децата во секој момент, исто да одговорат на сите мал милион прашања (во контекст на развивање на интелигенција), да им помагаат во секој момент, прават од нив банда без команда. Она што е најлошото, намерно или ненамерно, презадоволени се со купишта играчки и згора на тоа не го ценат она што го поседуваат, туку постојано се траќаат за нешто ново со секое влегување во продавница. Можеби сега некој ќе рече: ,,дете е, не разбира", но не се согласувам, баш напротив - дете е и мнооогу разбира - си ги протега нозете до кај што му е чергата. Најлошото е што оромен број од нив, не успеваат да им дадат на своите деца до знаење, дека не секогаш ќе имаат пари за омилената играчка, за Киндер јајце, Милка и Дорина, Кока Кола итн. Во овој контекст, ми се допадна мноогу една српска изрека која вели: ,,Ima velike sirotinje medju nasom decom kojoj, sem para, roditelji nista drugo nisu mogli dati".
Навидум можеби не изгледа како значаен проблем. Но, Е! Пред некое време, татко ми ми раскажува додека бил на гости, детето истурило еден куп смоки на земја, ги газело и се смеело!!! А родителите?! Тие уште погласно се смешкале зашто на детето му било интересно, било среќно! Оттука сè почнува... Се прашувам каков ли човек ќе излезе од тоа навидум среќно детенце...
Имам впечаток дека родители на имагинарни деца ќе ја водат дискусијава, зашто само тие имаат добро воспитани деца и родителството им е вештина која ја имаат перфектно совладано. Тантруми, скокови во развој, сензорни нарушувања, други нарушувања во развојот како ADHD, инвалидирање на емоциите на детето... се ова и уште мнооогу други состојби може да доведат до испади на емоции на јавни места, реакции кои најчесто се нормална развојна фаза кај децата, а може и да укажуваат на проблем, конкретно каков проблем? Тоа специјалист треба да каже, наместо публика да осудува. @DenicijaNaPetre Дете изгазило смоки, ти не си го ни видела ама се грижиш во каков човек ќе порасне... веројатно во нормален, високофункционален човек кој ќе научи дека ако следен пат гази смоки, ќе ги нема за јадење, и ќе мора да си исчисти позади себе. Скроз сум да се учат децата за почит кон храната и нерасипништво, ама децата се возбудуваат на структурата на нештата, крцкањето под нозе, да видат како се менува структурата на она што го изгазиле. Ама добро, и ќотек не е на одмет
Има разлика меѓу хиперактивни,активни и деца невоспитани,распрдени и да не знаат границата до каде е...случајот со каменот...не е хипер него е невоспитани до миле воље и назад
Како бе туку така се појавија такви ствари како тантруми, напади, нарушување, хиперактивност и слични глупости. Порано тоа се спаѓаше во разгаленост или невоспитаност што е и факт. Пример ако го научиш детето се по негово и како што сака да биде и се случи еднаш да не биде така и тоа дете почне да се лупа од земја тоа не е тантрум туку е невоспитано. Како што рекоа погоре некои. Откако се појавија такви термини повеќе нема невоспитани и немирни деца. Со поглед се разбиравме со родителите кога ние бевме деца. На гости ќе отидеме ако не ти стават нема пружање раце, договор од дома. Денес недај боже да ти дојдат деца, цела куќа на куп. Малиот (4) на братучетками, викнав гости за роденден тој отишол во соба, од фиоки донесе долен веш и го плесна на маса. Мислев во земја ќе пропаднам, мајкаму се клешти како улава.
Хахаха, ех, да си жива и здрава! Ама чекај, па нормално... нели светот оди напред... Упс, напред? Или назад?!
Како шо има разгалени дечишта има уште поразгалени родители, а од такви не ни може да се очекува да воспитуваат.
За психологија си слушнала? Фала богу некој учел повеќе за да каже зошто детето се однесува така како што се однесува и зошто порано за тоа ги трескале и мислеле дека е правилно, а денес напредуваме и знаеме подобро. Колку пати имам читано приказни од мајки кои имаат деца што немаат типичен развој какви испади имаат децата во јавност и со колку вакви осудувачки погледи и коментари се соочуваат од луѓе што врска немаат. Ама после битно истите луѓе први се да споделат статии од деца со аутизам на фејсбук, демек многу емпатични. Не викам дека секој случај е ваков, ама имајте малку повеќе разбирање.
Како што напреднала науката и психологијата се напреднало и во размислувањето - ама пусто, за вас се е разгалено. Најинтересни ми се ликови што не дошле во допир со растење деца, ама знаат се за нив и колку се разгалени, и дека добар ќотек ќе го реши тоа. Ех, не за џабе има развојна психологија. Ама кој да седне и да чита, поарно ќе го исќофтам детето, оти не смее да ми се треска од земја кога ќе му текне.