Значи прво не знам зошто упорно за бебиња и за тодлери се збори, пред 5 страни мислам дека се разграничи дека не се збори на темава за тоа. Никој не очекува да не се расплаче дете и слично, ама искрено да ви кажам има родители што буквално не се интересираат кај им се наоѓаат децата. Лично во ресторан идеше дете 5-6 години шутираше топка околу масата наша, родителите си прават кафе муабети буквално не се свртеа. Извинете, ама не е детето криво и не може да ме убедите дека тоа е ок начин на воспитување на деца. Друго, кај другарка идеме во нов стан, некоја братучетка нејзина дојдена со деца, мислам децава во рок од пола саат неколку ствари оштетија. Да, ако знаеш дека имаш темпераментни деца, не одиш на нов стан со нив, едноставно безобразно е. Ако немаш кој да ти ги чува, не оди стварно. Уште 100 примери ми текнуваат кај што не е детето имало тантрум или било сензитивно во моментот, туку зборуваме за елементарно невоспитано дете.
Не претерувам. Ти велам,има такви родители во моја фамилија.Не се замараат,оставаат бабата на детето да се справува.
Сум имала ситуација на онакво сепаре дете од позади за коса да ме тегне, а родителите да се смеат, демек леле детево ама е забавно. Јас немав ни дете тогаш. Само се преместив од другата страна. Друг пат дете се шеташе по ресторанот, си одеше по другите маси, другите да го занимаваат, важно родителите си се најадоа на раат, око не им трепна. Нормално дека има вакви ситуации. И не е океј. Кога некаде седиме особено внимавам детето да не пречи на никој, ја учам како се однесува во ресторан. Кога беше помала само по места со игротеки бевме зашто знам дека нема ни да доседи само на маса, па зашто воопшто да се мачиме. Сега веќе може, па може и да ја учам, да разговараме, друго е. Ама памтам мене како ми сметаа тие работи и не сакам така да им смета она на другите. Треба да се има обѕир сепак.
@RainBow дали сметаш дека се децата криви за тоа? Дете не прави нешто што родител не дозволува. Проблемот е во возрасните. Јас не сум имала вакви ситуации и тоа прилично темпераментен ми беше поголемиот. И сега знае да биде своеглав, но сменет е 180 степени. Кажи ми, ќе сретнеш мајка на темава што РЕАЛНО ќе ти каже какво и е детето? Сите имаме златни деца нели? А туѓите се секогаш невоспитани . Ниедна мајка, никогаш, нема да дозволи детето да и се треска од земја и тоа да го игнорира. Ниедна. А дека има што се прават на Тошо има верувам, ама јас не сум доживеала деца "монструми". Е така се прикажани. Сум видела темпераментни. Ме имаат и мене кубено . Ама не сум замерила. И родителите имале граница до кај смеело.
И за кучиња да се отвори тема, и таму ќе мрчам, зошто и со нив немаат осет некогаш. Скроз озбилна сум. Не сите, ама добар дел од луѓето едноставно не се замараат со тоа дали нешто му смета на некој друг, си живеат во свој некој бабл кај што е битно само они да се среќни. Како го кажа ова, ко намерно да ќе галамите за инат
Седење во ресторан подразбира и начин на однесување, а тоа секако не е гласно смеење на пример. Деца што плачат во ресторани, што не може да седат мирни, освен ако не им дадеш телефон во рака, не се за таму. Да, мајка сум и кога син ми беше помал, бидејќи плаче и квиче минимум еднаш дневно, имаше период кога воопшто не седнував на кафе во кафич. Се осеќав непријатно, он е дете и беше невозможно тој период јас да го учам на манири и како да се однесува. Некој исто така оди и платил, па мораме да имаме разбирање дека не секој сака деца и е должен да ни ги трпи. Немам совршено дете, но знам каде и во кој период како би се однесувал и според тоа сум си ги планирала излегувањата. Затоа и има ресторани со игортеки и без. Друго беше темата, ама ја сведовте на нормално детско плачење.
Јас еднаш во кино морав да слушам галамење на деца кои беа минимум 8 години. Еден од вработените мораше неколку пати да ги опомене, на крај се смирија. Неколку пати можев да ги слушнам луѓево зад мене како цукаат од нервоза. Едноставно некои места не се за деца.
Е да де. Тоа е у природата на човекот. Никој не седи со дете у кафич ако детето му урла. Да бидеме реални. Се претерува цело време со коментари. Никоја мајка не е совршена ко што се прикажува, ниедно дете не е совршено, нити сите тие што пишуваат за децата да не се пикаат по кафичи или у продавници не се совршени. Секад ќе се мрчи за што и да е. Секад.
Поради разгалени деца прекинав пријателство, чоече после секое доаѓање дома ми беше ко Хирошима. Најдобро беше кога со пенкало сакаа да пишуваат на телевизорот, а родителиве го проследија тоа со смеење као "хаха хехе мали се и палави" . Не, дете од 8 години не е мало и не, не е палаво туку е невоспитано.
@LadyC кој тоа вели дека детето му е совршено? Еве јас велам не е. Се трескал по земја, во продавница, квичеше по улица, и многу други работи. Зборуваме за разлигавени, невоспитани деца, не знам зошто се пронаоѓате.
Не се пронајдов ич. Ама сум немала ваква ситуација а окапавме по игротеки и лулашки. И исто минав период на викање, лежење на земја, вриштење и сл. Имам ново дете дома буквално. Најверојатно е пораснат веќе. И да не се пронајдеме - коментираме. Моето искуство е вакво и тоа е тоа.
Извини, темава воошто не е за сеир!!! Ја отворив за да споделат мислења во врска со истата и оние кои што се родители и оние кои што како мене, не се оствариле во таа улога се уште (инспирирана од случки на кои секојдневно сум сведок, а секако сметам дека се непожелни и непријатни). Па, кој дел не беше јасен? Дополнително, доколку толку ви сметала темава и дискусијата, зашто едноставно не сте ја игнорирале, наместо да критикувате, кога веќе немате што убаво да кажете?!
Порасната сум во семејство во кое се знаеше кои се родители а кои деца. И не, моите родители не беа строги, значи не воспоставуваа ред со тепање и кавги туку секогаш на нормален тон се се решаваше. Никогаш не сум хистерисувала по продавници или кафани. Пред неколку дена бев во продавница за украси и такви други пипливи ствари, таму мајка и татко со 3 деца, сите на возраст од 2 до 8 годишна возраст отприлика, беснееа и трчаа како во игротека а родителите мува не ги лазеше, си се шеткаа како на корзо да се. Во нозе ни се пикаа на нас, купувачите, мене дојде едно од децата и корпата ми ја одвози на другата страна и ај сето тоа настрана, не се криви децата ама воопшто. На крај едното од децата бутна сет чинии во во вредност од 2800 денари, па родителите го олеснија џебот за 50 евра, кога не знаат да ги воспитаат децата или да ги остават дома. Па уште беа набузени, не веруваа дека детето ги скршило, не било можно тоа нивното дете да го направи. Или на слава кога 7 годишно дете отиде да претура по фиоки во собата, извади долна облека и ги фрли во јадењата на сред маса, а родителите па горди леле колку било опуштено и забавно детето.
@Jana06 @Celltica а што конкретно имате против кучињата живо ме занима? Еве јас имам кученце го носам во угостителски објекти во кои е дозволен влез и престој на животни. Понекогаш одам во пицерија во која сопствениците си чуваат мачки, а моево куче си залајува на нив, си реагирам се смирува. Да почне да прави испад нормално ако не успеам да го смирам ќе заминам, што има гостите да се вознемируваат кучето што не успевам да го смирам и без престан лае. Е сега има и секакви деца, денес на пример разговарам со мајката и таа со ќерката, јас си го држам на ланец кучево до мене девојчето дига нога како за клоца и на неколку пати го провоцира кучево како да сака да го удри, мајкава се прави наудрена. Завршив со разговорот и решив ако сакам да контактирам со неа или ќе одам без куче или повеќе никогаш, еднаш да преречеше на ќерката да не прави така, а не беше мало девојчево. Деца има секакви, мене тоа не ми пречи, мене ми пречи родителите кога не сакаат да реагираат и сносат последици за одредено детско однесување. Инаку толерантна сум, во авион имало ситуација цел лет да плаче, летот на малечките вознемирувачко им делува, ама гледам родителите се трудат го играат, ама дете цело време да плаче некаде и родителиве да не им е гајле е тоа не можам да го сфатам и оправдам.
Немам ни против кучиња, ни против деца, каква ти е оваа симплификација на тоа што го пишав Е имам против луѓе што не знаат да си ги приберат кучињата и децата и ми го реметат мојот простор, мојата маса во ресторан и слично. Имам против некултура, а да оставаш куче или дете да шета наоколу додека ти си седиш и уживаш е врвот на некултурата. И да, ако ти лае нон стоп кучето и е вознемирено, ти треба да си идеш, не другите гости.
Не симплифицирав, само те прашав затоа што ти спомна погоре да се отвори и тема за кучиња и таму ќе мрчиш. Истово што го пиша, го пишав и го мислам, независно домашно милениче било, дете било, има возрасни лица кои се одговорни за контролирање и надгледување на нивното однесување во јавност. И пишав ако без престан лае без проблем ќе си заминам. Јас не ја гледам вината ниту во кучето ниту во децата, туку треба поголема одговорност од возрасните лица задолжени за нив.
За ова зборам од самиот почеток, драга @Jana06 Се уште мислиш дека станува збор за сеир? Хаха Напротив, за ПРОБЛЕМ, за нешто недопустливо, претерано, одвратно, непожелно !!! И после ќе ми кажувал некој деца се, модерно време е треба да чувствуваат слобода да изразат различни емоции и што ли уште не ))) Е, па, не оправдувам! Сè со граници!
Моето куче не лае на луѓе а моето дете ... ... не лае исто така. Кажете во која кафана може да одам, овде жива кафана не работи. Муабетов стигна од- ми пречат деца во супермаркет, до деца физички ми се качуваат на глава. Она првото е ваша размазеност, ова второво е недопустливо. И целиот систем потфрлил ако тоа се случува како честа пракса, оти тие деца не растат во тегла. Тоа што јас го правам како родител, би било недоволно ако околината не ги негува истите вредности.
Да се најдам во ситуација моето дете да ги вознемирува останатите луѓе со плачење и трескање од земја, би си заминала одма од таму. Како мајка јас морам да сум покрај детето секогаш и да го трпам во секое светло, но другите не се должни да им го реметам мирот. Би ми било срам едноставно. Ама еве, по одредени коментари на темава не ме ни чуди тоа што редовно среќавам во кафич или кафана родители кои мирно си пијат кафенце додека децата бесно се растрчват околу маси и се придерват колку што ги држат гласните жици.
Да сум газдата на кафаната за вакво понашање и дрскост за партали и надвор комплет да ве нема ајт таму, пак нареден пат ќе се научите како треба или се знае гитла.