Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Нечија друга е, јас скоро и да не одам до маркет веќе, се просветлив со светото delivery (уште пред корона), за ништо не би го менувала, со оглед колку не сакам маркети и гужви. Нирвана :D

    П.С. Ако потрае ситуацијава може и сите да почнеме да лаеме :rofl:Тек тогаш ќе има материјал за теми :D
     
    На Idedemja, Jana06 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Ќе лаеме заедно, само немој дотогаш педофобија да развиеш;)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.876
    Допаѓања:
    129.817
    Пол:
    Женски
    И на тебе истото ќе ти го речам.
    Дете кое само плаче во маркет не смета.Смета она кое се бута меѓу луѓе,кое фаќа што ќе му текне од рафтовите,кое ги фаќа производите на другите.
    Повеќе смета тоа што родителите не реагираат.Особено во пандемијава.
    И да не се бунат муштериите,на вработената која реди роба или чисти ѝ смета.
    На сите ни е јасно дека детето не е криво,туку родителите.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Абе малку си ја ишкаме мувата од капата, на кој како му одговара.
    Гледам дека и голем дел кои немаат деца се изјасниле, се надевам дека ставовите ќе ни останат исти и кога би имале деца.

    Споделувате случки па да кажам и јас. Имам миленик зајак, доаѓаат гости со деца, паѓа тема за печење и јадење зајаци ( :@ ). Детето ја зема вилушката и трча кај мојот зајак, го боцка за да го јади.
    Реакцијата на родителите: хахахаха браво синко паметен си ти, одма си ги поврзваш работите.
    Како бе браво? А да му кажеше дека не е во ред за да не му се повтори, бидејќи ако успееше во намерата ќе научеше многу полоша лекција.

    Треба разбирање и од двете страни.
    - на набљудувачите не мора се' да им смета (пр. можи да се издржи минута плачење).
    - родителите да научат дека детето не е принц и принцеза (пр. не го земам на свадба ако е немирен).
     
    На edna_malecka, Stephen Amell, Bezimenka90 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Извини Дениција на некој Петре, која си ти да ми кажуваш што да игнорирам, а што да критикувам?
    Некој фактор на форумот?

    Па јас што кажав? Истото, дека родителите се криви, а не децата. Кучиња сакам премногу, ништо немам против само многу е интересно како секогаш за кучињата се има разбирање ама разгалено дете пу, пу, боже сачувај.


    И јас сум од тие што ќе станат и ќе си одат ако детето не се смирува, имам осет. Ете јас имам разбирање дека некој дошол после напорен ден од работа или деловен состанок хах. Вие сте тие кои не разбирате дека и мајката може сака да седи во моментот таму. Малку разбирање од ваша страна не е лошо.
     
    На Dikinzi и mode-kristina им се допаѓа ова.
  6. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Среќа што не сум дрска како тебе, па најкултурно ќе се правам како да не сум прочитала.
    Најдобро така мислам :)
     
    На Martka и Jana06 им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.968
    Пол:
    Женски
    Е де, како пример беше дадено, не мора да фаќа темава друг правец, со убедувања кој ги прифаќа животните, а кој не. Немаше твој коментар за темава, ама за кучиња одма го начека и пиша. :wasntme:
     
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Разгалените деца се "жртви" на своите незрели и егоцентрични родители. Не е успех на родителот ако при секо плаччење го смирува детето со тоа што ќе му го лупне таблетот пред него или ако му ја купи играчката што ја сака. Не е проблемот "купувањето на играчката", туку тоа што на тој начин се создава идеална основа за развој на човек кој утре ќе биде научен дека се мора да биде по негова волја и дека за тоа не е потребен никаков труд или напор. Таквите луѓе секогаш ќе очекуваат некој нешто да прави за нив, а тоа ќе има свои реперкусии почнувајќи од училишна возраст и односот со другарчињата, па се до факултет, односот со пријателите, љубовните врски, па на работа и така во круг се до сопствените деца.

    Воспитувањето деца е комплексен процес. Мислам дека сите до некаде во главата имаме "некаква теорија" што и како треба или сакаме да правиме кога е во прашање воспитувањето на децата, ама во пракса сигурно е многу потешко. Иако не сум родител уште сега гледајќи од околината прибирам информации по тоа прашање. Целото тоа идиопоклонство кон децата е скроз контрапродуктивно. Не знам, мислам дека треба да има некаква рамнотежа и баланс помеѓу барањата/желбите кои ги има детето и исполнувањето на истите, пофалбата и критиката, наградата и казната.
     
    На BloodElf, ForeverYoung, Stephen Amell и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    А зошто доколку имаш толку моќ на резонирање дека на тие што им СМЕТА темата треба да ја игнорираат кога немаат нешто убаво да кажат, ја немаш истата моќ да го примениш тоа на себе па да го игнорираш тоа што ти СМЕТА кај децата, и да не кажуваш, кога нели немаш што убаво да кажеш?
    Бараш сите да се согласат со тебе - класично нарцисоидно однесување, и немој случајно да ти смета што те етикетирам негативно, зашто очигледно тоа е дозволено кога е насочено кон други, во твојов случај кон туѓи деца.

    Немаш ти проблем со децата, имаш проблем што не се согласуваш со начинот на воспитување од родителите иако темава со напад кон децата ја отвори, прочитај си
     
    На Annath, Lianna Anna, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    7.469
    Пол:
    Женски
    Јас имам бебе 15 месеци и да ви кажам, се плашам. Веќе месец дена уназад детево ми се треска од земја на јавни места зошто не му давам да седи на земја или да излезе низ врата сам или што не му давам да оди да се истепа по скали. Последен пат кога имав обид за кафе, не сакаше никако да седи, шетав по него, испив кафето на нога и ајт чао. Не би излегувала по кафичи и ресторани вака искрено. Еве некој може ќе превртува очи и ќе рече дека детево ми е невоспитано, а тоа не знае како се вика уште. Секој се пронаоѓа во напишаново, се идентификува, затоа лично се сфаќаат некои работи. Искрено не знам како ќе биде во иднина, јас ќе се обидам кога ќе почне да разбира повеќе да најдам пристап правилен зошто мислам дека ќе биде тежок за воспитување, дај боже да грешам. За сега, сѐ решаваме со вриштење и трескање од земја и не можам да го сменам тоа.
     
    На edna_malecka, Martka, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.149
    Допаѓања:
    175.053
    Пол:
    Женски
    Е ова:
    Многу ми беше мака да пишам, али читам и со двете страни делумно се согласувам зато и лајкањето ептен хаотично ми е па си реков чоечки да се искажам не во една реченица ко претходно. :D

    Прво мора да се разграничи возраста на децата за да се види дали однесувањето е нормално. Од таму родителот реагира на ваков или таков начин. Врескање во јавност на 3 годишно дете е нормално. Како родителот реагира на то го формира детето во иднина. Нормално е детето да ги сака сите играчки шо ќе ги види. Како родителот ќе му објасни зошто не можи сите и кои можи да ги има или пак да му купи се шо ќе сака - пак, има ефект на каква личност ќе биди детето во иднина. За се така. Не е толку проблематично дека детето изреагирало на Х начин колку што е важна и клучна реакцијата на родителот. Децата учат, не се раѓаат учени. И тестираат граници. Така учат колку далеку можат да одат. То не е разгаленост, то е нормално.

    Децата не се кукли ни да седат нон стоп мирни, да не играт, да не зборат и да се во пикот на културата. Деца се. И некои однесувања нивни се целосно нормални. Станува алармантно ако родителите, пример, му удоволуваат за разни причини: не знат да кажат "не" јер ги боли дека детето е тажно и сакат да му удоволат, во искарале па сега компензират, отсутни се па сега удоволват за да надохнадат и низа други причини. Така детето сфаќа до кај можи да оди. Родителите сепак поставуват граници. И детето сфаќа дека можи да оди далеку и дека тоа му "следува". Исто семејниот систем има хиерархија. Дури и семејството да е проширено ( баба, дедо), родителите мора да се најгоре. То значи дека родителите ги прат правилата, макар било то во согласност со децата ( отворен, пријателски однос, а не авторитативен). Кога некој веќе мисли на разгалено дете, најчесто се среќава превртена хиерархија, туку детето е "најстариот" и "најважниот" член и е најгоре на хиерархијата и то ги носи правилата, а родителите дозволуваат ради вакви или такви причини.

    Е сега ако збораме за малку постари деца и комотно да речиме дека се вакви, такви, разгалени, пак е то ради претходно однесување на родителите дур биле помали децата. И кога некој спомнува разгалено, не ми текнува дете шо вриска во продавница или фрла и префаќа работи и сл. Ми текнува на тинејџерите на доктор Фил. :D Доволно возрасни да знат дека нивното однесување не е во ред ама, доволно истестирале длабоки граници да знат дека родителите ќе дозволат пошто така се ставиле во целиот родителски процес. Колку пати седам и сум ко: "омг како можиш ова да му прајш види колку се добри род--" и после ми текнува дека детето не станва и одбира хаос и дека пак некој му удоволил така да реагира. Само сега кога порасна не е веќе слатко. Е сега уште ова ќе кажам, нарочно спомнав овај пример. За дете да е разгалено најчесто е "врзано" со некој. Еден родител или баба/ дедо. И многу често ваквото однесување е рез на то. И зошто спомнав доктор Фил е, скоро во се шо имам гледано едниот родител за инает на другиот влијае на детето. И детето прима офц. И си зема на моќ, зошто му е даена. Кај нас обично во проширени семејства баба ( или дедо) му удоволва на детето за да го држи до себе и така да искажва љубов. Колку и да звучи невино - не е. Директно обезвреднува хиерархиското место на родителот во семејството. Али пред се, влијае лошо на детето long term.

    Моќни сме онолку колку шо ни е дозволено.

    Е сега уште за тоа што сте коментирале да кажам збор два. Нормално и очекувано е дете да се расплачи негде, да почни да вика, да му е досадно и занимацијата да е напорна за возрасните. Скроз нормално и очекувано однесување. Во исто време е точно дека некој од страна не мора да трпи. И само фер е родителот да се тргни со детето ако е на јавно место ( ресторан). То не го прај детето разгалено. Го прај само дете. Само зошто ни смета, не е разгалено. И од ко кажав ова, се изненадив колку од вас имале вакво искуство. :o На кафе/ ресторан/ бар никогаш ми се нема случено, а во продавница на една рака ми се бројат ваквите искуства. И не ми сметале. Али то сум само јас, сите башка реагираме.
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На BloodElf, dunika, Stephen Amell и 17 други им се допаѓа ова.
  12. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Супер што го сфаќаш проблемот и што имаш интенција истиот трпеливо, постепено да го решиш.
    И ќе успееш, верувај :inlove:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Тоа воопшто не е проблем, а ти малку претеруваш. 15 месеци се, сега се учи на светот и околината.
    Ти не можеш да се оградиш од деца, гледам дека одиш во некои екстреми. За да се научат да функционираат во светот прво мора да бидат дел од истиот, што значи дека да, сите треба да имаме толеранција. Зашто на крајот, сите ние сме биле деца и можеби сите ние сме сметале.
    Но, децата се деца, а родителите се родители. Ако родителите реагираат соодветно тогаш е во ред, проблемот е само кога родителот не реагира, а и секако, возраста треба да се земе в предвид.
    Мало е уште за да седи додека ти пиеш кафе што е нормално, земи си кафе и на лулашки, додека не потпорасне ќе се прилагодуваш на него, тоа е. Подобро така отколку само да се стресуваш. Инаку, немаш никаков проблем, сосема нормални реакции, само обајснувај си, гушкај и ќе си се научи што е и како е. :)
     
    На BloodElf, dunika, Stephen Amell и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Фала богу шо го пиша твоето искуство:whew:, почнав да добивам впечаток дека во Македонија дивеат орди на невоспитани тодлери:worried:. Ама може па и дека од конзулски град ти се искуствава, може и тоа има врска:?:.
    Болдот ќе да има врска исто така:nod:.
     
    На Coco31, EuHenIa, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.149
    Допаѓања:
    175.053
    Пол:
    Женски
    Да бидиме реални, најверојатно до то е. :rofl: :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.968
    Пол:
    Женски
    Еее за толку мало дете зарем би се помислило дека е невоспитано...
    Тоа што велиш не знае како се вика, кај се наоѓа, па за воспитание или однесување ќе знае. :^)
    На таа возраст нормално е така да прави, иако сигурно нема да му се дозволи да превртува наоколу, пак мора граница да има. А кога вриска, прво тебе не ти е згодно да седиш, што е атмосфера е таа плус знаеме како се џарат и за најмал испад. Кога веќе ти самата не си го трпиш детето, ете и во објект било каков и другите не го трпат.
    Порака: не е виновно детето, не е чудно нит невоспитано, туку не е времето за со деца по кафичи, особено поактивни деца.
     
    На mode-kristina и Dikinzi им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.421
    Абе види, Скопје колку е збеснато место, и мене ми иди да лаам на јавни места, не па дете. Јер фрустрацијата е заразна. Битола не за џабе е широк сокакот, да има секој личен простор:emo:- помалку гужва, помалку фрустрации.
    Не беше темава за лаење, ама да си кажам.:lol:
     
    На Celltica и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.271
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Вриштење и трескање од земја се сосмеа нормални реакции за дете на таа возраст. Не е ништо поразлично од другите деца на негова возраст. И вриштењето и трескањето ќе се зголемуваат до кај 4-5 години, потоа ќе почнат да се проретчуваат.
    Кафе седната во кафиќ нема да пиеш некое време освен ако не си со некој друг што исто има дете па децата заедно да играат (амаи тоа тек после 3 години или ако најдеш некој со поголемо дете да го заигра твоето). ВО кафиќ ќе одиш со торба играчки и додека пиеш кафе ќе занимаваш дете. Или опција број два ќе пиеш кафе на игралиште или во игротеки за да може дете да се занимава додека пиеш кафе. Треба само да се прилагодиш на новиот стил на живот.
    Секако дека треба да воспитуваш дете и да го учиш што и како треба, ама треба и очекувањата од детето да се реални.
     
    На Martka и Cherry333 им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.385
    Допаѓања:
    182.889
    Пол:
    Женски
    Типичен македонски комплекс на бог. Во кафана се оди стриктно по стандард и фешн на енглеска кралица. Никој не збори гласно, нема врева, се шепка на увце, се чита книга. Келнер не се довикува и мафта пола час, се стиска батн на масата и тој одма доаѓа. Како тргнавте ќе развиете телепатија за комуницирање со келнери да знаат што точно и во кој момент да ви донесат. И прибор за јадење што не зашкрипнува на чинијата воопшто, да не случајно тој од соседната маса се нашкрипи од разочараност во животецот во каква врева живее.
    Во кој свет живеете дечки? :wasntme: :D

    Темава постојано ја сведувате на врева и врескање, што е типично за бебиња и тодлери. Па се објаснуваме одново за вашата погрешна перцепција. Значи не треба животот да ти се врти околу детето и треба да имаш свој живот, ама не треба ни да излезеш од дома оти негде евентуално детето ќе се расплаче, ќе направи врева, во случајов на ќерка ми ќе пее гласно(oh the horror :x ) и луѓето наоколу ќе се вознемират и паднат во депресија. Оукеј дечки сфативме. :D
    Интересно е што мислите и дека кај дете може да се предвиди кога и каде би можело да се покаже во најлошо издание. И да, некогаш може точно да знаеш што може да биде тригер, почесто ќе си изненаден исто како и тие наоколу што ќе ти превртуваат очи. Oh well..

    Уште поинтересно е што секоја од нас барем еднаш рекла дека нема да смени став откако ќе добие деца. Ох, буквално секоја од нас, во еден момент. Ама мајчинството менува како ништо друго. И став, а и стас честопати. (fingers)


    Затоа и темава нема смисла. Тој што ја отвори поима нема од базични термини, состојби и нивна дефиниција. Тие без искуство даваат перспектива која за истите ќе биде скроз нерелевантна откако ќе се стекнат со искуство.


    Невоспитани деца се оние од 7-8-10 години кои ги спомнавте што тегнат коси, маваат со топки во ресторант или со камења. Кои веќе се доволно возрасни и стасале таква зрелост да сфатат дека нарушуваат нечиј "приватен простор" дури и на јавно место. Каде никој не ги седнал и не им објаснил како не треба. Иако се работи за поголемки деца, сепак мислам дека тоа се години кога сеуште може да се работи со нив. Ама ако родителите не работат, не гледам како било која од нас овде може, сем да ги коментира на форум. Сите би сакале да живееме во општество со совршено дисциплинирани и воспитани деца, ама факт е дека мојата одговорност пред општеството почнува и завршува со моето дете. Секој од нас носи одговорност само кај своите. Освен ако некоја директно е вклучена во работа на ваков или онаков начин со други деца.
    Значи темава сепак се сведува на раскажување какви деца сме сретнале во маркет и на улица.
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На Coco31, M.B., dunika и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Претпоставувам уште немаш многу голем круг на пријатели со деца :D Повеќето искуства не беа од кафуле или маркет, туку од гости, пријателства и слично :D

    Настрана од ова, стварно има две ептен поларизирани страни на темава, дури не знам ни дали добро разбирам за кои деца се зборува веќе.

    Мислам дека секој нормален човек може да има разбирање ако дете заплакало и слично. Не знам какви очекувања имате од 15 месечно дете. Во маркет поготово па кај што има мал милион ужасни ситуации како луѓе ти дишат во врат, бабата што го фаќа лебот и слично, мислам дека ќе преживеете ако детето плачело. Маркет е, не идете за релаксација, идете од потреба.

    Она што фрустрира е кога родителот е упорен дека мора да се остане во ресторан / кафуле. Мене искрено би ми било мачење да седам со кенкаво дете да пијам кафе, и себе и детето го мачам. Ставот гајле ми е за другите, ќе галамиме сите, другите нека станат да си одат ако им смета е супер начин да го научите тоа дете да нема осет за другите.

    И да исто, хехенца од типот леле колку пресмешно детево што го демолира станот или го боцна зајакот со вилушката, па како детето најслатко било, хехе хаха, фрустрираат многу.

    Друг комплекс е ова и нема врска со темата :D
     
    На BloodElf, ForeverYoung, Ambrosia и 7 други им се допаѓа ова.