Драга, читај меѓу редови Поентата ми беше дека е добро што не е како родители што мува не ги лази, се надевам добро се изразив погоре, @Cherry333
Па тој е патот до разгаленоста. Себично и инаетливо ми звучи твојава мисла. Почнуваш така со нив, демек што ми е гајле како изгледаме колку галамиме, важно да се издувам "деца се". А бе на 4 години и бебе од неколку месеци не очекуваме прибрани да седат, таман работа. Ама пак вакви начини и ставови од родител ми се претерани, невкусни. И со тој стил продолжува таквиот своеглав родител, па тоа се носи до возраст кога детето е големо, ама сепак е научено како сака колку сака да галами, да го нарушува редот, да си истера ќефот. Така некако ти го сфатив пишаното. Е сега и секој има различен слух за галама. А и зависи кај се наоѓаш, биртија кафич ресторан кино, домашна веселба. Однесувањето како е научено, секаде истото се носи. Па нели ти седиш во кафана, си галамиш без око да ти трепне? Арно пиша @theowndemon , еден начин на учење на децата од почеток, цело време истиот начин ќе се тера. Ама тоа е до свесноста на родителите, има секакви, и обѕирни, без осет, дрски, наметливи па ги тераат децата сѐ тие први да се, да се туркаат во редот да стаасат први, да грабаат повеќе, најгласни да се итн.
@elenaklasik да бе. Оти не галамам само јас. Галамат и други. Крај краева можеш да пробуваш да ме претставиш тука мене као некоја разгалена мама, ама јас лично инцидент сум немала. И јас на крајот од денот од невоспитани како тебе нема да напуштам секако место каде сум излегла со или без деца. Оти колку што би било дрско да седам ако мое дете прави проблеми или се репа од земја, толку е дрско и невоспитано од тебе да ми речеш дека не смеам да идам некаде оти тебе не ти се свиѓа моето размислување. Да бе, иди си ти. Дрско и безобразно еве ти кажувам. Како ти со мене, така ја со тебе. Е сега у реална ситуација е мн поинаку, ама кога некоја како тебе се прави мн поштена, срцка, културна и со осет према сите (што секако у реален живот си далеку од се' ова оти покажа дека си невоспитана и ти) да дојде и да ме замоли културно доколку дете ми вришти на маса, а јас не реагирам , може да пробам како знам да го смирам или да си одам (од срам! ) А ако вака ми настапиш у живо од инат ќе седам додека не си заминеш.
Два примера ќе пишам за кои сметав дека можеше едниот родител да изреагира поубаво, со објаснување. Едната ситуација беше за роденденот на син ми. Откако ја наместив декорацијата на масата, со голем мерак спремав за сликање и баш убаво скоцкав сѐ, дојдоа неговите братучеди, возраст од 5 до 9. Откако се ослободија меѓу нив, почнаа да трчаат (а правевме во ресторан денски), околу масата кружеа, под маса се пикаа, малку фалеше да потргнат нешто. Зошто да им дозволам да направат беља, само за ќефот да им помине за 10 минути, а јас да местам наново? Мајка им си седеше, па морав јас да ги кочам да им викам да запрат. Што не се вклучи таа или тој? Ама толку е свеста, дојдена во кафана, си се опушти, децава нека беснеат шо ги рецкам.... Друго. Дома беа дојдени истите братучеди. Сакало едното 5години, да се качи во креветче кај син ми. Ѝ вели на мајка му мама ќе се качам, таа не не. Ама стварно ќе се качам, пак таа не не. И го гледам се пикна во спална и пробува да се качи. Го запрев јас. Добро си велам, што не му објасни таа зошто не да се качува. Кажи тука спие бебе, ти си поголем, ќе го сплескаш креветчето, тука бебето спие со пиџами, ти на тебе имаш облека за надвор итн итн... Башка тоа чорапите му беа гној. Ама така гледам јас на работите, некои други не ги перцепираат така.
Дали е твоево мрза? Да де, кој е он да се качува на кревет да морам па да менувам постелнина. Невоспитан ниеден. Моите злата се.
Па јас кај ти пишувам директно да не одиш?? Ти си сфаќаш така, зашто ради галамата се подразбира да го напуштиш објектот, ама дека не ти е гајле, па ќе седиш. Лично немам проблем со општо галамење во биртивче кајшто има и смеа и зборување, ѕвечка прибор, таква општа атмосфера. Ми пречи стилот кој го тераат родители, а (можеби) и го пренесуваат на деца "баш ми е гајле", за било што, оттука почнува една своевидна размазеност.
Да, зошто да се качува, аууу аман веќе сѐ па мора да се дозволи? Како ќе научи за туѓото НЕ? Ете не сакам и не смее да се качи во неговиот кревет. И јас утре ќе се трудам мојот да го учам да почитува туѓо не, туѓи граници. Иначе до каде би стасале ако им дозволиме сѐ да прават... Нека знае дека може и не може.
Се зезаш? Треба да се уважи неговата желба и заповед дека во туѓа куќа мора да се качи во креветчето.Не слуша Не од мајката. Па токму тоа е проблемот со разлигавени деца,научени да добијат веднаш и сега и да не прифакаат не како одговор. А проблемот со нив особено започнува кога ке тргнат во школо. Тогаш тие што се тешко адаптивни стануваат агресивни,бидејки се научени да добијат веднаш и сега.
Држи се до фобиите ти, немој сега комплекси Ау, тема разгалени возрасни. Скопје- моето омилено место за фрустрации. Ние со тодлер во маркет. Тодлерот малку поголем (и мама и тато се високи), ама сака татко и да ја носи во раце. Никаква галама, врескање, трескање. И си ја носи татко и во раце- продавачката се наоѓа повикана да му дели памет- не ја носете во раце, голема е, ќе ја размазите. Мислам mind your business, сите Во која тема да дискутирам луѓе што си го пикаат носот кајшто не им е место?
Мислам дека сите се согласуваме дека нормално е плачење и тантруми кај бебиња и мали деца до кај 4 години. Тие не знаат како поинаку да ги искажат емоциите. Темава верувам не е за нив. Ама поголеми деца од 6-7 години би требало веќе да знаат како да се однесуваат во јавност и во друг дом. Најмалите братучетки ми се 2 и 7 години. Кога ќе дојдат помалата место не ја фаќа, сѐ сака да види, да допри. Секако дека не е невоспитана, туку во таков период на развој се наоѓа каде сѐ ѝ е интересно. Некогаш ќе земи да плачи и нормално е. Големата е мирна сега (и таа беше ко малава порано), ги слуша родителите ко ќе ѝ речат нешто дека не треба, не префаќа ништо, не рика кога "не" ќе ѝ се речи. Невоспитана ќе беше да го правеше тоа. Некој погоре спомна ресторани со игротеки, па мислам дека можи да се издржи некое време да се оди по такви места кога си со мали деца и знаеш дека нема мирни да ти седат во обичен ресторан, кафич или кафана. Зошто побогу би одела таму кога знам дека детето не го фаќа место и често плачи? Па не се врти светот околу моето дете, плус на јавни места не важат истите правила како дома да си. Сум била неколку пати сведок на роденден на 6-7 годишни деца в кафич. Абе игротека беше цел кафич, растрчуваа наоколу се маваа во другите луѓе, врескаа ко последно да е и сл. А родителите секако лабаво си седат со кафенцето настрана и не ги регистрираат. Деца на одредена возраст се гледа дали се воспитани и дали знаат за граници. Не можи да е океј 7 годишно дете неред да прави, да пишти и вознемирува гости по ресторани или дома да ми претура по работи и крши.
Не знам, тоа зависи од форумот, фобиите ми се доделени вака по теми Може до крај на денот и со некој комплекс ќе ме наградат Отвори ако нема, нова недела е, не ми закачиле нова фобија, се загрижувам
Се извинувам што ќе ви се умешам во муабетот амааа кои се они да влегуваат кај тебе во спална, па и уште да се пентари да се качува. Ова ти е исто како да го однесеш во некој Мол и да собира се од излог и мајката мука да нема и на тоа да каже па нормлано е тоа за дете.Стрикно во кафич кога се седи нека прави дете галама нека тропа и лупа на мајка му и татко му масата,а не да трча по сите маси, а родителите да си немаат мука па кога ќе се најде некој паметен за уво да го тегне одма ќе се рипа кој е тој да го тегне за уво,а родителите не знаат да си ги приберат(ова е размазеност за мене).
На сите ни е лесно на форум кој трпи корекции да се напише лесно збор. Проблемот е што повеќето се фантазери него реалисти. Доживеано ми е 1001 пат. И најинтересно е поготово пошо имам искуство баш со фалењава на форум и жива реалност. На сите им прија на пишење колку нивните деца се совршени, колку они внимаваат на нив, како нивното НЕ е прифатено , а туѓите се невоспитани. Ретко кој ќе каже вистина . Друго, кога знам дека на гости ми доаѓа потемпераментно дете ако ми е од сестра, најдобра другарка и сл, ако она пробува да го смири и не успева, нема да ја откачам оти деца растат, нема да и стаам крст. Многу луѓе околу мене ја поминуваа со мене хиперактивноста на моето дете, советувајќи ме како да му помогнам да се смири, како да го насочам и тоа зборам и од стручни лица и од паталци. Како што кажав , одеше, секаде пофаќаше и им викав не идам веќе, тргав да си одам, ама они знаеја низ што минува моето дете и од кај му тој револт па мушки со мене издржаа. Да не нагласувам 372392991 колку е сменет. Ама поминавме доста тешки 4 години. Сега откако е татко му тука со нас син ми и е прозборен убаво и е смирен. Така да ич немате право да коментирате за деца кои не ги познавате што минале и НИКОГАШ нема да замерам на дете мало што минува. Јас лично познавам дете од 8 години чии родители се разведоа и револт баш вака покажуваше како погоре што се збори. АМАН ДЕТЕ Е И НА 8! Доста се докажувате со мене беспотребно. Има секакви деца и секакви родители, но кога некој сакам нема да го одбијам и да раскрстам ако детето му е немирно. Никогаш.
Зарем има поневеспитано од тоа, некој да истегне дете за уво и да му се додели целосно право за истото? Под кое оправдување? Му претрчало дете од соседната маса. Ох, крај на светот! Абе луѓе, се читате ли што пишувате? И озбилно еве не знам како проценувате, како воопшто си земате за право да проценувате дека е дете невоспитано од едно гледање некогаш и негде, во ресторан, маркет, сеедно каде. Дете на сосема непознати луѓе. Да е некое кое е во непосредна средина, го гледаме често, дете е на блиски луѓе, па да разберам. Ај ок, мада е пак субјективен аспект. Оти ова од едно гледање, можеби му е еден и единствен испад, на кој сме се нашле затекнати и одма препишуваме на невоспитување. Можеби има многу поинаква заднина од онаа што ја гледаме. Оти и воспитани деца имаат бура од емоции, неможност да се справат со истите, следствено испади тука и таму. И како воопшто со земате за право да кажувате каде треба да се движат родителите еј. Требало да издржат еј, неколку години да не седнат во ресторан никогаш дур им порасне детето. Абе браво! Не е со закон забрането родители да не смеат деца да носат во кафиќи и ресторани. Најозбилно претерувате. Ај ако родила, само по игралишта нека иде и делови за деца шо се. Пошо никогаш родителите не добиваат желба да седнат на друго место, нели. И тоа еднаш, два пати шо ќе седнат, детето ќе има случаен испад, па ќе се најде некој да етикетира дека е невоспитано, а родителот индиферентен или пермисивен. Вашето воспитување на тапет, ама скроз! Ко дома да сте им и ги познавате. Аман! Оваа тема нема правец, нема насока, нема вовед. Тотално е извадена од колосек. Се ова што се пишува тука е толку конфузно. Несоодветно воспитување се гледа исклучиво на релација родител-дете, тука и таму по некоја баба, дедо, ама само во рамките на воспитни стилови. И не е во прашање само пермисивност, туку и индиферентност!
Во право си. Темава е за деца над 4-5 години. Порано од таа возраст секако дека оваа појава не може јасно да се забележи.
Секако дека е темава за деца над 5 години, сега после 12 страни. Оти појма немаше дека постојат тантруми и развојни фази на деца кога ја отвори. Исто така темава е за тоа дека ти ги знаеш сите рандом деца што ќе ги видиш во продавница, маркет, улица, за да извлечеш ваков премудар заклучок: Како е лошо одговарањето на детските прашања и како тоа прави банда без команда? Колку пати ги гледаш ти тие деца што на секое влегување се враќаат по нешто ново? Дали си ти продавачка во продавница, психолог или јасновидец? Дали твоето барање влакно во јајцето значи дека и ти си разгалено дете? Свашта
Се читаш воопшто што пишуваш, кои се тоа вие, јас ли?? Ај не ми персирај, по таа логика по која бараш разбирање за мајката на која детето без прекин и плаче и јас ли да барам логика да ме разберат мене дека сакам да седам во моментот таму а кучево да вие и завива од лаење. Не е работава ми се може, туку недостаток на осет и култура е тоа од страна на возрасно и претпоставувам како такво возрасно треба да е и зрело лице, рационално да размислува а не емоции во преден план и имајте разбирање. А зошто таа мајка, сопственичка на куче што нарушува јавен ред и мир да нема разбирање за другите гости на пример? Занчи јас во ниеден момент не пишав за плач, лаење што се смирува, туку детето без прекин плаче, кучево без прекин лае и мајката или сопственилката не им е гајле, за такви немам разбирање, за другото убаво се објаснив и затоа се чудам зошто мене ми се обраќаш со вие и со тие реченици.
А треба да има мој коментар па за да прашам што им сметаат кучињата? Форум е дискутираме, само прашав, не смеев '' да 'начекам и пишам ''? Ај друг пат тебе ќе те прашам што да пишам што не на форумов