Светот не се врти околу децата и мајката треба да има свој живот слеш Да се издржи некое време (2-3 години) да не одиш по кафиќи оти снегулката македонска ќе се вознемири од вревата. Ако имаш второ дете уште некое време, па ако имаш и трето, минимум 10 години воздржете се од одење по кафиќи. Ама во тие 10 години, и снегулките ќе имаат снегулчиња што нема да паѓаат нај правопропорционално, и некои нови снегулки ќе им кажуваат од што да се воздржуваат. Генерално историјата се повторува.
Само да се збори нешто Инспирирана бев не само од маркети, рекла-казала муабети ТУКУ од мои братучеди на возраст од 5-10 години, комшичиња на иста возраст - ЈАС СУМ ЛИЧНО сведокот СЕКОЈДНЕВНО!!! Можеби 1, 2, 3...20 пати нема да ти смета, ама подоцна веќе сфаќаш дека не е подносливо!!!
Лејди ,не мора лично да ги сфаќаш коментарите.Јас не се докажувам. Не е хиперактивно дете размазено,сум работела и со хиперактивни и со размазени. Хиперактивно не ги бркаше и тепаше сите прв да се пушти по лизгалка,тоа размазеното тоа правеше. Нема совршен родител ниту на некој од нас му се совршени децата но не може да се игнорира фактот дека постојат размазени деца за кои се виновни родителите кои дозволуваат се и сешто. Секој проблем што се игнорира додека се мали ,станува голем проблем кога ке наполнат 12 год.и натаму. Ако не знае што значи Не ,а деца на 3 веке добро знаат, ке си имаат проблем,бидејки родителот е оној кој треба и мора да ги постави правилата,а не ги поставил. Сега е тренд децата да диктираат како ке ги воспитуваме. И тука грешиме. Мојата керка не сака да оди рано на спиење-ако мајкина ,легни кога сакаш. Мојот син не сака да јаде овошје-не мора ,ке јадеш нешто друго. Ги учиме да прават само тоа што сакаат,а не и тоа што треба.(ако легне подоцна-во школо нема да биде наспана и концентрирана) Како ке ги научиме дека во животот нема секогаш да добијат и прават нешто што сакат туку најчесто тоа и што мора.
@Cosmi Ееее тоа дека никој не е совршен пробувам да го доловам од прееска. Но нели, мора да се нагласи каде ние со деца до 4 години смееме да идеме оти не разбирале и се може да им биде дозволено (нели така викаат членкиве оти биле мали? ) , ама тие на 8 разбирале повеќе е со нив дома да сме си седеле. Моето дете , ај сега и малиов ќе го спомнам кој вчера направи 8 месеци знае што е НЕ. Само дете со потешкотии можеби не знае, не сум стручна и не навлегувам во тоа... Ок е да се има осет, но пак ќе кажам, не постои мајка која ќе си остави дете да се репа од земја и да плаче а она кафе да си пие и да разврзува муабети со друг додека детето и се треска од земја. И огромно влијание има дали детето е растено само со родители или и со баби и дедовци. Еве прост пример, го учам големиот да си ја става маичката внатре во облека кичмата да не му е гола и мм ми се врти и ми вика дека сум го облакала како сељак. Буквално немаме ич ниедно заедничко размислување со него што ми е маж, па дете кој да слуша? Кога ќе се удри јас велам ништо не ти е( зборам за некој ситен удар) и он продужува да игра, а мм панично трча па одма го гледа дал е повреден, ако е гребнат одма 3% хидроген, тресење и сл. На овакви ситуации ја сум ваква Еве, ајде да ја отераме и натаму малце дискусијата... Не мора за маж, може и за други инволвирани во развивањето на детето.
Се потрудив од старт да ја следам дискусијава, со мали паузи измеѓу. Многу работи, многу возрасти но и состојби се измешаа, но мислам дека на крајот се доаѓа до истиот заклучок. Има деца со различни состојби, има деца кои се наоѓаат во различни фази од развојот и има деца кои се едноставно разгалени. Потребна е едукација не само на децата туку и на родителите, како да се справуваат со сопственото дете во различни ситуации. Доколку споделам некои лични примери, но поентата ми е дека си ги знам своите деца, кои воедно не се совршени или мали роботчиња, и се прилагодувам кон нив и нивните потреби. Да, сме биле со сите три во ресторан, и тоа кога биле помали и седеле во колички(дупла и единечна), поради моментот расшетување по маси, односно да не дојде до тој момент. Но најчесто во летни тераси со опција за да бидеме блиску до излез во случај едно да рикне едниот од нас да може да го изнесе детето да го смири. Доколку е возможно ќе се врати и ќе си продолжиме во спротивно привршуваме плаќаме и да не нема. Да, со деца и дома ми останало кафе недопиено а не па надвор, и ок е. Моето нека биде недопиено, нема што и на другиот да биде. Со овој памет сега си викам зошто воопшто и тогаш сме оделе, зеди си храната и отиди некаде во природа, деца ќе си трчаат, ем најадени и спокојни, ама ај. Ок миневме. Да го гледаме тоа од друг аспект, не што вика тој на соседната маса, туку што ми вика, односно сигнализира моето дете. Дека се чувствува неудобно, дека сака на воздух, дека сака да се истегне, дека сака да се истрча.... Не е прашањето како реагирам на реакциите на соседните маси туку како реагирам на реакцијата на сопственото дете. Јас лично ако станам и испаднам нема да биде оти напорки некој ме гледам туку бидејќи добивам сигнал од моето дете дека не се чусвтвува удобно. Еднаш уште еднаш најверојатно би ми било и знам дека само јас уживам во посетата на тие локации и можам да предвидам повторно исто однесување. Како растат, 5,5, 4 и 3г од поодамна не сме биле, од едноставна причина што знам дека три мали деца нема да доседат еден час да седат на столче. Ние сме давале боички и лист таблети и телефон не давам. Кој не ги прочитал може да читни колумниве на слични теми http://www.femina.mk/колумни/сензорни-авантури/воспитување-на-мали-деца-консеквенции-и-казни http://www.femina.mk/колумни/сензор...-фази-како-да-ги-препознаете-и-да-ги-намалите
Калма Кај се фати баш за делот што не беше за тебе. Значи ти реплицирав, оставив 2 празни реда и продолжив. Не знам зошто би ти персирала на форум, а под вие се подразбираат сите што ќе се пронајдат не можам да ги тагнувам по ред. Воопшто немам намера да се расправам само не знам зошто и двете страни не може да имаат малку повеќе разбирање. Едните напаѓаат малолетни деца, другите за инает ќе ги остават децата да ви плачат до вашата маса.
И мене ми падна чудно зошто така би ми се обратила кога за исто пишуваме Јас лично никаде не реков дека вината би ја нашла во детето или миленичето, а камо ли да напаѓам некое од нив, пред се повеќе очекувам и сакам возрасните да се свесни за своите постапки, размислувања, да не се превртуваат зборови, да се осудува и навредува некој кој воопшто не е виновен во ситуациите, конкретно детето или миленичето. Ама очекувањата и реалноста често се многу различни, очигледно е истото по читање на одредени коментари на темава.
Их не е воздржи се од идење по кафиќи, ама оди на соодветни места за мало дете. Зашто има кафиќи каде што на детето нема да му биде удобно и на мајката кафето ќе и преседне зашто нема да го допие. Има други каде што на детето ќе му биде удобно и на мајката ќе и биде удобно исто така. Нема потреба од водржување ама има потреба од бирање соодветни локали. Пример во Скопје во Интермецо нема да однесам дете зашто не е место што е за дете (гласна музика, многу возрасни ептен дотерани и слично). Ама затоа ќе седнам во 9-та во Беверли зашто има игротека па дете ќе игра таму јас ќе пијам на раат кафе. И така и потребите на детето и на мајката ќе бидат задоволени. За ресторани иста приказна. Ќе бирам некој каде шо има простор за дете да се заигра или што е family friendly што би се рекло исто од егоистички причини. За да можам јас да јадам пораат ако деетто има со што да се занимава. И затоа гледам откако сме со дете обично во лето почесто надвор јадеме зашто бираме места со двор па дете може да се занумава додека ние јадеме. Од дете не ни треба да се очекува да седи мирно на едно место повеќе од 10 минути па ќе гледап нему да му е удобно. Ако има нешто што му е интересно нема да смета никому, освен во ретки ситуации кога има жута минута или едноставно станал на лева нога дента па ништо и никаде не му е погодено. Тогаш е хаос било каде.
Ете замислете сите седиме у кафич. Доаѓа некоја и ми се понаша и придерава " ај ма спакуј си детето ме нервира, раат неам, цело време вришти и трча" ќе и речам "тебе те имитира " и ќе и свртам грб. У друга ситуација : Извинете, може ли да го смирите малку детето, темпераментно е како и моето/ на сестра ми (било како културно да ја формулира реченицата) сигурно дека ќе изреагирам поинаку. И @danichap ај те молам. Ние демек ги оставаме да се дерат децата што нас не' болат оти ние сме ги родиле, или седиме и неред правиме за инает. Но дека ако е некоја дрска со мене исто ќе и вратам и те како.
Апсолутно, ама тоа не беше така пишано, беше воздржи се од одење. А тоа оди и во другиот правец. Ако сакаш мир ќе се воздржиш од одење по кафиќи, ресторани, било каде, или онаму каде знаеш дека ќе има деца. Афтр ол, секаде надвор од дома е јавен простор и секој има право на него. А ако некому сенешто смета, ќе му смета и страната од кај дува ветрот тој ден. Со ќерка ми бев неколку пати во затворен кафиќ/ресторан кој е огромен и со доста простор меѓу масите, темпирав време кога беше прилично празно. Кога проодуваше, сакаше само да шета и да разгледува, и местото е со цртани ѕидови многу интересно и пријатно и совршено за разгледување. Додека јас пиев кафе, маж ми ја шеташе, потоа тој ќе седеше јас ќе ја прошетав, малку таа ќе седнеше и ќе разгледуваше сликовници, мене тој период ми беше многу убав. Со 3 деца сигурно ни ја не би можела така. Сега и во парк сме, па кафе често не допивам, вчера самата го истурив, а така ми беше погодено.
Ама ти самата пиша за инат ќе галамиме и ќе седиме Не може сега да се лутиш ако ти викаат дека не е убаво од инат да правиш работи И не знам сега @danichap што ти е крива, баш мислам дека е едно од пореалните мислења на темава, ни те спомна тебе, ни некого навреди. Не знам зошто сфаќаш се толку лично, ок сфативме твоите немаат испади, така да ок си, не знам зошто нервозно враќаш на секое туѓо мислење.
На деца не им е место во кафиќ, ресторан итн. Неколку пати сме седнувале ама сметка бараме веднаш и спремни сме да станеме во секој момент. Темпераментно дете е син ми и не седи на кафе. Со непознати, т.е. другари на маж ми, да, ама тројцата не бива. Затоа веќе не седнуваме со него. Одиме во природа, и тогаш се е одлично. Трча, собира дрвца и шишарки, среќен е. Јас и татко му излегуваме сами а го чуваат бабите. Кафе со дете не е лезетски испиено, мене не ми е битно дали другите се вознемирени, битно е што синко е вознемирен а со тоа и јас.
Ако некој се најде во ситуација да доаѓа и да ти рече да си го смириш детето на било каков тон или начин тоа само значи дека веќе доволно долго си го оставила детето без надзор. Што секако самото по себе не е во ред. А не уште да збориш реакцијата дали ќе била културна или некултурна кога твојата постапка веќе била некултурна (оставањето на детето да пречи до тој степен некој да доаѓа и да реагира).
Не знам дали мојот е порозов што сакам дете да знае да почитува негација и граница (мислам на поголема возраст, секако) или е твојот порозов во кој е допуштено било какво барање од страна на детето И претходно имаше мислам пишувано за некоја што затворила ресторан зашто ѝ побарале да се потивки децата. Со убаво ја прашаа културно или со викање и дрскост?
Хммм не сум имала ваква ситуација, ама секако нема да си одам ради некој што му смета моето дете. Па уште ваков муабет демек доволно долго сум седела. Епа очигледно мене долго не ми се гледа Ама да ти кажам и да нагласам тоа само ако некоја доволно добро ме испровоцира. @Celltica секако. Кажав пример со пијаниот комшија од пред некој ден, па има такви невоспитани кои се дерат и викаат на 25 години. Ако нивното галамење треба да го трпам у кафич, нека и они го трпат моето. Јас сум буквално кој како со мене јас исто со него.
Мене па баш ми е слатко кога некое детенце трчка по масите во ресторан па ќе се несмее и ќе му се насмевнеш и ние сме биле такви кога не носеле по ресторани. Сакам само да спомнам дека разгалено дете, преминува во невоспитан тинејџер а потоа и невоспитана индивидуа. Еден пример од секојдневието, детето многу го разгалуваа како мало, буквално се му беше дозволено, сега како тинеџер бара скапи работи кои родителите не можат да си ги дозволат, доколку се малце по строги и одбиваат да му го купат тоа што го сака им се заканува дека ќе се самоубие и што да прават пусти родители мора да попуштат да бараат пари за да му го купат. Како вие што сте родители би се справиле во ваква ситуација?
Небитно е зашто. Битно е нечија и дискотеки има затварано оти не ја пуштаа да влезе на времето зашто не им се свиѓала како е облечена. А за другово вака само ќе кажам. За се што реков НЕ, на глава ми дојде. Многу се силите од страна без да осетите на своја глава некои работи. И тука сум најгласна моментално зашто ниедна нема совршени деца и не е баш како што се претставуваат сите работи. Само вашата перцепција (не само ти) е различна оти некој знае да пише она што сакате да прочитате, а друг кажува реални ситуации. И повторно ќе дојдеме на она, детето за ништо не е криво, родителот е. Но со камен, камен ќе се добие.
За разгалени нема што да мислам за туѓи деца, не е моја работа, а невоспитани има. Зборам за невоспитаност кога се кај некого или на јавно место. Над свое дете треба да се има авторитет и да има разбирање. Никој не е должен да го трпи моето дете и да му расипам ден или предмети зошто мене ми е жал да го воспитам. И не е дека не сметаат туѓи деца. На пример ми доаѓа дете на пријатели, ми влече перка од клима зошто е парапетна и скоро се крши. Се тоа се случува пред очи на мајка и татко. Буквално ја гледаат додека она тегне и не реагираат. Реакција? Хи хи ха ха, види види како е опасна, ја фаќа климата и оп леле што бидна. Абе што нааааправи бе. 5 минути покасно ми фрла јаболко директно во телевизор. Фрла вазна, бутка чаши... Мајка и и вика престани, детево и враќа доста ма. И мајката се смее. Друг случај, на работа ми донесе жена свое дете. Ми искрши неколку работи, а мајка му кога му рече немој и залепи шамар. Она заќути. Децава не се во спектарот на аутизам. Многу им се допушта на децата. Не може мое дете мене да ме превоспитува и заќутува. И дете треба да се научи на може/ не може, има/ нема.
Да ги седнеме моето и твоето едно до друго у живо па да видиме дали навистина е моето разгалено I DARE YOU