Детето и залепи шамар на мајката? Два пати препрочитав ама пак така сфатив. Инаку, реков без везе е темата, отворена е баш да се коментираат децата и колку се разгалени. Ако веќе членката сакаше да каже нешто за воспитување, можеше да пише во соодветната тема или сдк.
Твоето детенце е малецко, не биди толку загрижена се е во ред- само покажува карактер од мали нозе Јас на дечињата 3от роденден им го честитам вака: среќен роденден срцка веќе си зрело за ќотек ( шега нормално). Понекогаш и јас знам да изреагирам на плачки и галама од мали дечиња, но се каам подоцна со мисла чекај твоето може бетер ќе биде.
Значи не мислам на твоите деца. Не ти ги знам децата не можам да судам. Не знам како не сфаќаш дека тоа што сакав да пишам е дека тоа што постојат 1001 други лоши однесувања, не значи дека треба да ги научиме децава да вриштат од инат и да се понашаат дрско. Be the bigger person. Веке толку се внесе во дефанзивен став, не ни гледаш што стварно пишуваме.
Чекај мал е мојов, го чекам да прооди, нема да можам да го седнам. А за другарка ти типична разгаленост, онаа инфантилна дури. Тоа е што го зборуваме тука. Разгалена од мала, допуштено многу, па како поголема има и такви испади, па тоа ќе го пренесе и на нејзини деца, аууу како така твоето дете му рече на моето, како учителот му викна моето дете, одам на тепање, не не ќе направам да го отпуштат од работа, бљак. Згадени ми се недораснати големи. И уште ако надоврземе таквите кревани деца секаде на секаков начин, на училиште вршат и булинг на другите... Последиците било кој ќе ги трпи од возрасен незапиран како дете кога требало. Муабетот е "ќе ми го трпите детево што и да прави, зашто е дете, невино е така треба, а потоа ќе го трпите возрасниот со неговите испади".
Еј за ова Оти навистина не ми ги знаеш. А дека некои се несовесни такви се со се' најверојатно. Но има и не приметуваат. Дали на ваши блиски сте им кажале нивното дете кога било невоспитано? Оти јас би. Мислам дека само така непристрасно а со љубов знаеме дека ни кажуваат за добро на детето нели... Оти има тука оговараат туѓи деца (на нивни блиски) а у очи "злато ти е детето" . Сума сумарум гад народ сме.
Хм. А кој е тој од обезбедување да и каже дали да влезе оти не им се свиѓала? Да не бегаме од темата, за некои работи не ја оправдувам, за некои не е само она, сите користат што им се може, факт.
Од кај знаеш што прават членките во реален живот? Типичен пример ти е мислењево за она против кое збориш. Осуди најголем дел од членкиве што пишале, врска немаш кои се, си правиш сопствена слика за нив, па уште и навредуваш. Срамота.
@LadyC жал ми е што си се почувтвувала дека си инспирација или тема за дискусија во мојот пост. Ниту едното ниту другото, споделив лично мислење и лични примери, без воопшто да дискутирам за туѓите деца спомнати во темава. Поздрав
Па незнам, еве нека ти се качи на спална комшиката и нека ти гази по перницата кај што ставаш глава. Ќе си смениш постела, така може едно два пати неделно да ти шета по кревет, не биди мрза, менувај постелини. Шо не ќе прочита човек, кај мене на гости внук ми од братучед ми шеташе со лом чорапи (излегува надвор со нив по цел двор шета, се урла по него ама џабе) по цел седмосед, мајка му се си смееше, ама кога си отидоа одма ги извадив за перење, следен пат кога проба и кажав на мајка му или нека се симне одма или ќе ти ги дадам ти да ги переш овие пак.
Да пропадне дискотеката бидејќи ја вратил назад? Смешки. Нити неговото е во ред, нит нејзиното. Не оди веќе таму и завршено. Ама разлигавените луѓе од икс причини мора да ја доведат работата на нивна страна, последни да си и први во сѐ. Подобро темава да биде за разгаленоста кај возрасните, од нив си патиме, ама мора и причината да ја бараме некаде. Не е тоа од вчера. Таквите како неа се потенцијална опасност во општествово. Не знаеш каде ќе налеташ на нив, скраја можеш и да настрадаш, да останиш чкрипец, да те доведат до страдање од што се искомплексирани. Таквите се тепачи, силеџии, возат лудо, газат луѓе, не прифаќаат не за одговор. Имаме во јазиков интересни описи за нив - распрдени аздисани збеснати, она кога се нема мерка во ништо. Ама тоа не е од вчера завчера, тоа си било од секогаш, од детството. Според христијанството, дете почнува да греши на 7годишна возраст; од тогаш станува релативно посвесно за своите постапки па така и гревовите му се мерат. Го спомнувам ова само за да се надоврзам на она цело време што велиме дека разгаленоста почнува околу таа возраст, а не дали детето се инаетело на 3 години. Колку се посветувало внимание на детето во соодветната возраст за неговото однесување и влијание врз другите, се гледа подоцна. Ама неминовно се гледа. Е сега самоактивноста е друг момент и дали ќе ја искористи за да се подобри, зависи од самиот човек.
Да де. И ти мене пример ме посочуваш денес неколку пати. Мене ми се у уста ставени само тие мене што ме ставија освен @danichap која презентирајќи ги нејзините деца како се однесува со нив лично она никој не и замери оти ви се допаѓа она кое го пишува? @Mnik па му се качуваа син ми и негова другарка, скокаа на него, заедно играа и сл па на крај сменив постелнина кога заминаа. Не е дека беше крај свет, живи сме . А инаку пр клуч ќе заврши работа некому ако му смета и ако го знае детето какво е. Или требаше да и дадам на другарка ми да ги испере?
А ме интересира дали ако детето твое направи штета негде, на пример скрши нешто чинија/чаша или украс или скине нешто, ќе си платиш?
Јас никогаш не реков дека таблетот е предуслов за да имаш дете, напротив од секогаш сум против тоа. Сум растела без таблет и еве пораснав, а верувам и дека повеќето тука сме растеле така. Чаре нема... Родителите решиле така. Имам приметено дека најмногу размазени се првите, најголеми деца. Родителите чекале дете и кога го добиле крајно се' му допуштиле. Пример познавам едни, детето дома ја има деформирано комодата од телевизорот и збор не му се рекло. Доаѓа дома, мајката си седи и си ужива со телефонот в рака, гла не крева. Детево лумпува и крши се' што му излегува пред очи. Се обидува и нашата комода да ја демолира. Желузините одамна ги извитка, па и на едно место и ги скрши. Мајка ми мака мачи да го смири, а мајка му гла не крева. Дури пред некое време ја скрши омилената играчка на сестра ми. Мајка му се смееше и рече "ќе ви купиме ново". Детето е крајно разгалено. Дома се' му се дозволува. А ако случајно некој му рече нешто, почнува да квичи. Тоа нема почит ни кон своите родители, а камо кон други.
Зависно колку си близок со тој кај што скршил. Ако ти е некој близок и да сакаш да платиш, тој нема да сака. Сепак сите сме кршеле чаши или чинии некаде, па и на возрасен се случува. Ако скрши некој уред (телефон, лаптоп) треба да се плати или да се купи нов. Најдобро е да се воспита детето да биде внимателно, за да не дојде до таков инцидент.
Ве читам... деца што сакале во се да бидат први биле разгалени? А сте слушнале ли за компетитивни деца? Амбициозни? Перфекционисти? Јас имам едно такво дома. Не сметам дека е многу разгалена (во граници е, а ако некој за сопственото дете каже дека не го разгалува барем малку, лаже) ја учиме да дели, да ги почитува другите, на културно однесување, итн... арно ама ете таква е, секогаш сака да е прва. Не е само со другарчиња таква и со нас е. Не дозволува помош, секогаш сака се сама да направи и нормално некогаш нема да и успее и плаче. Ја учиме и работиме со неа многу и има подобрување во однесувањето, ама сметам дека сепак тоа ќе и остане карактерна особина до крајот на животот, можеби ќе се научи да ја контролира. И не е недостаток на самодоверба, тоа има за извоз. И љубов од родителите, а и посветеност. И сега, некој од страна да ја гледа како се однесува ќе рече разгалена била, не сме и посветиле доволно внимание Абре сВе психолози
Ок, сфативме, иден директор ќе е твоето дете, од мали нозе се гледа. Карактер е тоа, директор се раѓаш. Сме слушнале инаку и за компетитивност и за перфекционизам, само мочли што нос не знаат да си избришат не знам баш дали знаат што е перфекционизам и амбициозност, знаат само дека сакаат да бидат први и подобри од другите и не знаат да поднесат пораз оти од дома не ги научиле дека е нормално да губиш. Ама, да речеме дека носи ген на иден лидер, а против природа не можеш.
Јасно е дека децата се раѓаат како празни табли и родителите ги воспитуваат понатаму, што е тотално логично. Ако беснее, крши а мене мува не ме лази, или сум го оставила до таа мера да не знае што прави, тогаш грешката лично во мене ќе ја барам, некако во некој момент сум згрешила. Сум видела и деца кои стигнуваат до мера да маваат со клоци по родители и да ги тормозат. И секогаш се чудам како така дозволиле. Кај мене дома се знаеше секогаш кои се родители а кои се децата. А што прочитав погоре, можеби не сум родител и доволно компетитивна да зборувам, но добро е да се всади во детето дека не секогаш ќе е прво во се... За подоцна да не се разочарува, и да ја бара грешката само во другите.