Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.142
    Допаѓања:
    188.812
    Дајте фоторобот- како треба да изгледа едно дете за да немате замерки?Ама сите да се сложите:!:

    Ова дека децата се табула раза е најновото откритие од неонатална психологија или како? :?: Дали брат ми не ми е брат, иако исти родители не родиле и исто не воспитувале, а сепак сме различни:^) И останати зошто и затоа со @AgentGinger :clap:. Одете во темата воспитување со ќотек, па да продолжиме со муабетот.
     
    На Lianna Anna, Cherry333, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.751
    Пол:
    Женски
    Така е Бриџе (highfive) Ти најдобро го знаеш моето дете. Остај јас што зборам, лажам. Распрдено гомце е моето дете, не знае за не, не знае што е да губиш, да делиш итн... |(
    Карактер, ген, врска нема, се е до воспитување, пардон невоспитување :rock: Се чудам само како две деца (многу често и близнаци) воспитувани на ист начин, растени во исто семејство и опкружување, на крајот се развиваат во различни личности :?: До гените е или родителите едното го разгалувале, а другово со хитлеровски мерки е растено :wasntme:
     
    На mal.ecka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Другпат кога ќе сакаш да зборуваш за своето дете, гледај да ја погодиш темата. Зошто го вмеша во темава ако не мислиш дека е невоспитано или разгалено?
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Немој мене да ми надоврзуваш вакви срања, јасно?
     
  5. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Ако веќе мешаме браќа и сестри и тука има посебна психологија како тие влијаат врз карактерното обликување на другото дете.
    Ама не сакам да сум оф топик.

    Btw, а зошто таму би продолжиле со муабетот?? :^)
     
    На Peperutce1115 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.160
    Допаѓања:
    175.212
    Пол:
    Женски
    Има објаснување и за ова. :D Разлика во години, редослед на раѓање, пол на дете и ред други работи. Имаш типични карактеристики на првородено дете, средно, последно, машко наспроти женско во различни култури и сл. И исти родители да се ако видат грешка шо напрајле - ја исправат покасно ако станат свесни за то и низа други работи. Не вервам дека има некој шо ќе израсни две идентични деца карактерно. :D

    Децата колку шо се платно за цртање, толку и имаат предиспозиции во нив. Ама тие предиспозиции и ризици не мора да му се случат пошто сепак тука иди до израз родителите како влијание и околината генерално.
     
    На Peperutce1115, Lianna Anna, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    А зошто зборите за перфекционизам како да е добра особина? И да, има здрава и има претерана амбиција. Да сакаш да си прв во сé секогаш мене не ми звучи како здрава амбиција, воопшто.
     
    На Peperutce1115, oblace1, Ugly Duckling и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.142
    Допаѓања:
    188.812
    Тебе за фоторобот те побарав, за ќотекот подолу.

    Би продолжиле таму муабет, оти баш конкретни примери се разглабани, зошто дете се однесува насилно и како да се смени таквото однесување. Оти дете не клоца оти е размазено, некој друглед проблем е во позадина на пример.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Не знам до кога ќе пробуваш да ја затвориш темата, гледаш дека и Реин пишува, значи нема ништо спорно. Помири се и префрли се во теми за деца со вакви или онакви проблеми. Ако сметаш дека не е до детето туку до родителите, бујрум, пишувај. Само ми се чини и ти не знаеш што сакаш да кажеш и само ко досадна мува брмчиш на темава.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.142
    Допаѓања:
    188.812
    Сакам да кажам дека освен осуда на темава, решенија слабо. Ама па не мора стално да бараме решенија, може и да си брчиме за разбивање досада.Дури таму некој со 15 месечно бебе ќе си стави прст на глава, дали можеби го размазува детето. :|
     
    На mal.ecka и Autumn_ им се допаѓа ова.
  11. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Конкретни решенија за конкретен проблем се даваат.
    А општо мислење и одговор, на општи теми како оваа.
     
    На Martka, knockz и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека мали деца до предучилишна возраст можат да бидат разгалени, или пак да се однесуваат разгалено. Тоа е период кога тие деца се ги интересира и се сакаат да пофатат, допрат, видат, слушнат и изразат преку емоција па било тоа да е преку смеење/плачење/брмчење итн. Тие деца сеуште учат како да се носат со чувствата и емоциите и како да ги изразат. Да, некои се ептен тивки, мирни, повлечени кога се во гужва, други пак се поекспресивни, зборливи, сакаат да истражат, а трети пак се вознемирени од таа гужва и нормално плачат.
    Сметам дека самите родители најдобро си ги познаваат своите деца и нивните реакции со околината, па во согласност со тоа и го организираат своето време за дружба.

    Мене лично кога станува збор за ресторани, паркови и останатите места не ми сметаат децата и нивниот начин на изразување бидејќи ги разбирам. Но доколку тие деца им го реметат мирот на останатите гости или мене лично (од типот на скубење за коса, фрлање на топка во друга маса, крадење на прибор од една маса и играње со него, а истиот е опасен, трчање меѓу маси, лежење под маса и слични други примери) тогаш реакција очекувам од родителите, а не од децата, бидејќи едноставно не се во фаза на развој за да го разберат тоа што го прават. Да повторам зборувам за деца до 6 години. Понатаму тие веќе влегуваат во процес на образование и веќе ги сваќаат некои работи.
    Во студентските денови, работев во угостотелство во САД, и што се не видов, но обуката ми беше да разговарам со родителите на учтив начин за да се смири ситуацијата, и секогаш наидував на позитивна реакција од другата страна. Нас ни беа важни сите гости во ресторанот од 0 па се до 100 год.

    Е сега да се вратиме на темата разгалени деца. Додека растев имав другарче од соседството на кој се му беше дозволено само и само родителите да не се замараат со него. Тој А тие НА. Фамилијата беше поимотна и можеше да си дозволи. И така детето научи дека вниманието на родителите ќе го добие ако им плаче за нешто. Работата отиде дотаму да на 19 години се качи на покрив и викаше дека ќе скокне ако не му купат BMW. Денес неколку години подоцна тој се лечи од зависност. Едноставно родителите и нивната незаинтересираност доведоа до таа ситуација.

    Друг пример, роднина на гости за нејзин роденден пред очи на сите гости скрши мобилен телефон затоа што не бил најнов модел на IPhone и избега расплакана. Родителите повторно не направија ништо со изговор дека таа сака само најдобро.

    И ред други примери кои за мене се поим за разгаленост.
    А на темава и двете страни претераа, од тоа дека мајките не смеат да помислат да седнат 20 мин на кафе во ресторан, до тоа ако некој им пристапи да ги замоли да се погрижат за сопственото дете, да се дрзнуваат да затворат ресторан (ова незнам дали е воопшто можно, но ако е во мкд не се сомневам воопшто).

    И за крај заклучокот е дека мора да се поминува некаква обука, курс или едноставно да се вметне во образование за сите оние личности кои сакаат да бидат родители да знаат дека тие се одговорни за нив од самото зачнување па се до нивната смрт. Секоја нивна постапка ќе биде "копирана" од нивните деца и "пресликана" во одреден момент. Имањето дете е огромна одговорност и не бара само да се нахрани и израсне туку бара и да се работи со него секојдневно 24/7, 365дена за тоа да израсне во здрава личност. Факт е дека не е секој за родител, ама ако сакаш да бидеш тогаш едуцирај се и сфати дека ништо нема да е како предходно па дури и обично седење на кафе.
     
    На Peperutce1115, M.B., mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.386
    Допаѓања:
    142.806
    Има разгалени деца и тоа е одраз на нивното воспитување. Не мислам дека на децата треба да им се доволува сѐ - има работи за кои се објаснува дека не треба да се прават. За мене разгалени и невоспитани деца се исто, можеби има разлика, но јас не сум ја воочила.
     
    На Martka, oblace1, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Разгалени, зависи кој како го сфаќа зборот, премногу галени? :) Може ли дете да се гали и гушка повеќе од што треба? Мислам не. Не може да се расипе дете од многу љубов. Некој мисли дека може, за жал. Морам да го кажам овој пример. Другарка, наставничка, кажува како во канцеларија наставничките коментирале, со згрозување, како мајките кога ги земаат првооделенци и второоделенците од училиште, трчаат ги гушкаат, од тоа биле лигави децата, па само 3-4 часа поминале како не се виделе... Јас бев многу разочарана кога слушнав како педагози размислуваат дека од гушкање ги расипуваме децата.
    Летово, бремена, не одев на работа па поминав многу време во парк и можев да анализирам многу различни однесувања кај децата, тие најчесто се слика на родителите и домот.
    Само деца растени со агресија, викање и тепање се агресивни надвор.
    Кога излегуваме дали со другарки дали со маж, се бира место каде има игротека плус, многу ресторани направија додатен дел за деца, сакам и децата да си поминат убаво не да ги седнам пред телефонот. Во случаеви кога немало, не сум ја оставила малата да трчи меѓу маси , јас станувам излегувам со неа надвор трчи, па влегувам, поседува па презема маж, не можеш да очекуваш од дете дека ќе седи со саати на маса со нас. Не знам дали ова значи дека сум ја разгалила, ама ако и речам поседи 5 минути да си допијам кафето пример послушува. Во главно имаме контрола над неа, јас повеќе и допуштам да си бара свои права :) и да си се избори за нешто, не сакам да ми биде слеп послушник. Инаку децата си ги пробуваат границите, зависи колку ќе им допуштиме. Се е до нас. Да си родител значи да си вечно виновен за нешто.
    Пример ќе дадам со внуките, толку многу можат да направат глупости во минута не можеш да ги изброиш, од тепање до кршење до растурање ... И само пробај да им кажеш не. Од друга страна, сум поминувала по цел ден со нив без ни една глупост, обожаваат да им читаш, со саати ќе седат до тебе и ќе слушаат, ќе бојат ќе цртаат, па заедно играме сакаат да глумиме приказни и јас се претворам во волкот од црвенкапа. Прашање на избор е дали ќе застанеш во кујна и ќе викаш по нив, или ќе оставиш работата за подобри времиња и ќе им се посветиш максимално. Некој и ова ќе го смета за разгалување но јас сум таква, времето и љубовта за децата не ги штедам, сум дозволувала по 3 деца во спална со ќерката да скокаат, играат, растураат во детска со водени бои, мачкаат. После си се карам со маж ама таква сум. Седам во песокот со нив во парк, правиме торти...Кога ќе речам доста е ќе си одиме, сакам да ме послушаат, веднаш е веднаш. Има правила во играта и со мене и најчесто ме слушаат.
    Луѓето што им пречат деца? Ќе си кажам уште еден пример, поодамна, не викаат комшии на кафе да частат за нова кујна, не сме блиски ама ајде од атер дека први комшии одиме ние и уште еден пар. Одам јас со бебе, немам на кој да го оставам, значи не беше некоја прослава, чисто ајде на кафе, си планирав ќе поседиме пола саат и си одиме. Домаќинката разговара со другата жена, како биле денес излезени во некој ресторант, ама таму сите замисли отишле со деца па разгаламени по масите како ова, и покажува со рака на кај нас и превртува очи. Тоа беше во првите 5-10 минути, бебето седеше во раце и носев тропка си се занимаваше сама. Ни викаше ни пискаше, ниту па ќе седев ако почнеше да вика. И да сум кај сестра кога на бебе му се приспие јас си одам нема зошто да седам нели ако некој па било тоа моето да ми писка над глава. Станав за 2 минути си отидов.
    Сакав да кажам има разни мерила за разгаленост, на оваа жена очигледно поимот дете и пречи.
    А сепак родителите се тие кои што треба да живеат со грешката што ќе ја направат со децата, едн час во ресторан на некој друг ништо не е ќе се издржи, ако ккао деца немаат контрола над нив што ќе се случи кога тие деца ќе станат тинејџери? Имам еден лош пример во семејството, од дај на, па почна да си ги тепа родителите, па да се коцка...
     
    Последна измена: 23 март 2021
    На Nikolina35, mode-kristina и Jana06 им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Па ако се случи втор пат, а ти не изреагираш, ќе си ги переш пак ти. Незнам што бара дете да гази по бебешка постелина. Ти би го оставила твоето така во туѓа спална? Ако е да, преиспитај се колку имаш почит за туѓиот простор. Што ако дојде истото дете утре пак истото го прави, а пример имаш само две бебешки постелини, а првава уште не ти е испрана? Сеедно ќе ти е? Се си има граници, децата треба да си ги знаат до кај им се.
    И мојот 2 годишен син отвара дома фиоки, лумпува, ама во туѓа куќа несмее и не го прави тоа, зошто сум изреагирала/реагирам на време.
     
    На Martka и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Од дамо влагање во маркет ги пуптаат како од ланец, по улица знаат да си ги држат за рака и во раце а во маркет незнаат.
    Па врискање на цел глас.
    Мама ова го сакам тие одма купи му го.
    Не смееш да му кажеш дека немаш пари, или неможе. Нема врска што дома нема ни да го погледне.
    Уште очи не отворило тие со телефоните одозгора.
    Па уште горди "Лаура чепка по телефони, немој да го чепкаш оред нејзе ќе ти го земе".
    Телефони, таблети најнов модел. Малку се изгребал, одма другиот ден ново.
    Ти го држиш во скут го фаќаш за рачиња, лице, коса тоа со сета сила те мава те скубе. Мајката "Ништо ништо деца па ти".
    Не смееш да му кажеш "немој не чепкај таму".
    Не смееш да му подвикнеш одма вриштат.
    Седнати во кафана, на свадба било што, рипаат скокаат.
    Седнати на гости фрлаат салфетки. Во соковите шеќер ставаат па тоа прска, ерупција се дешава.
    Па родителиве со нив се смеат.


    Деца се до 5-6г преку сила.
    После тоа претерано е.
     
    На AgentGinger и SugarHoney им се допаѓа ова.
  17. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Ехх па и ти. Тантруми и излив на емоции се тоа немој така, што ако те кубе или ако масата на куп ја стаи, големо чудо.. :rofl:
    Сеа ќе ти држат и на тебе предавања како појма немаш од психологија. Пошто тие имаат ама некако контра ефект им има кај децата.
     
  18. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено на врата да ми ѕвони неколку пати, и кога и пишав на мајката јас сум била крива и сум можела поинаку да се изразам.
    А што и реков? Ми ѕвони на врата и бега, те молам направи нешто не знам главата каде ми е од учење.
    И сега дај кажи кој е крив тука?
     
  19. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, дали имаш дете?
     
  20. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Што е битно дали имам дете?
    Тоа што имаш дете не ти дава поинаква перцепција на таквите однесувања кај децата, кои се должат на неправилно воспитување и разгалување. Ако сега ми смета детето да скока по маса да фрла сва и свашта да пишти и вришти само бидејќи не е по негово нешто ќе ми смета кога ќе и јас ќе родам.