Изгледа си помлада, зар не правевте слични глупости? еве ме потсети и ние правевме такви глупости , крадевме кајсии и јаболки по маалото навечер и тоа поголеми сме биле, звонење на врати по згради и тоа одевме во центар во зградите за да се возиме со лифт, а пак звонење на телефони од именикот, каква забава ни беше тоа. Еве израснавме во фини луѓе. Во ред е што си изреагирала кај мајката бидејќи ти засметало, ама не знаеш дали детево е разгалено или само сакало да си игра, деца не знаат секогаш што е лошо, се надевам дека не се повтрило од како си изреагирала.
Мислам дека јасно веќе станува збор за поголеми деца, а не тодлери и бебиња. Спомнуваш тантруми како да е нешто измислено. Некогаш кога ке имаш дете и ке биде тодлер сети се шо си напишала за тантруми.
Па у реду е ама кога веќе и кажала на мајката, ваљда треба да си го седне детето и да му објасни дека не е во ред да замара други луѓе, а не на мајкава да не и чуе уво. Сме правеле и ние ама штом и каже некој на мајка ми, по разговпр со неа веќе не ми текнувало да правам глупости.
Аман веќе со мислења од типот „ќе видиш кога ќе родиш,нема да го мислиш тоа“,досадно е. Збори си за себе.За нејзе не можеш да знаеш дали ќе ѝ се смени мислењето.
Дада, знам дека може да си игра понекогаш, но поентата ми беше тоа што мајката така изреагира и мене крива ме направи, а културно се изразив. Наместо да речи добро или и таа културно да се испонаша, таа ми се налути мене. Е тука е проблемот што голем број родители вака не знаат да го воочат проблемот и се им дозволуваат на децата.
Да не знаеме што се случило, реков се надевам не се повторило од како изреагирала. Децата се деца за да грешат родителите треба да корегираат. Во ред е да си кажеш дека нешто ти пречи не да се класифицира веднаш.
Тоа и да се случи кај мене сигурно ќе треба да си ја чикнам главата, и тоа посилно. Пошто сметам дека не е ок да воспитувам деца така и да сметам дека е ок да вришти детето за се да е по негово а ја да му удоволувам. Да го оставам да скока како мајмунче по маса да мава луѓе а јас од страна да викам ако ако дете е, хиперактивно е. Тука е и коренот на проблемот и целиот муабет. Ве нервираат разгалени деца а самите такви воспитувате. Демек и ја ќе родам па ај ќе бидам ок со такви испади кај децата. Нема шанси. Па фала богу. Збориме за деца кои веќе зборуваат, разбираат па дури и знаат да манипулираат со родителите за да добијат нешто. Збориме за деца над 3-4 години, не за бебиња.
Јас кога коментирам на темава мислам на деца што веќе почнале забаваче, некаде над 5-6 години. Тогаш веќе разбираат, знаат веќе делумно што е добро што не, што би било доколку лудуваат. Не сум видела некоја со 1 месечно бебе да рика, а таа мува да не ја лази кафе да пие, невозможно е тоа. Не ни знам дали постои некој кој би замерил на бебе/тодлер и би рекол дека е разгалено.
Пред да родам потполно истото го велев. Ама откако ке родиш и ке се соочиш со растење и воспитување на бебето, и ке видиш дека тоа твое бебе не е машина а уште помалку се тоа ке оди се според твоите замисли, ке видиш дека е многу битно дали си родител или не за одредени дискусии. Синко е 20 м и веќе знае да манипулира. Едно дете може да вришти за куп работи. Ти од страна не можеш да процениш зошто, не секогаш.
Доцниш.Веќе е објаснето за што е темава и за кои деца треба да се дискутира,а за кои не. Темава е отворена од членка која нема дете и која кажа дека сака да види мислења и од родители и од луѓе кои не се родители,ама биле сведоци на некои ситуации. Темава е за разгалени деца,деца над 4-5 години,не за помали. Ние кои не сме мајки не идеме во теми кои се апла за мајки. Скоро сите сме растеле со разгалени деца.Факт е дека има разгалени и невоспитани деца и е сосем нормално на некој да му пречи нивното однесување. Во темава коментираат и членки кои се мајки,ама имаат разбирање дека на некој му пречи вревење,фаќање работи без дозвола и трчање и дека никој не е должен да го трпи тоа. И тоа што ти си сменила мислење за однесувањето на децата,не значи дека и некоја друга ќе мисли поинаку кога ќе стане мајка.
Не збориме за бебиња. Ако не можам да проценам зошто писка и вриска 4-5 годишно дете тогаш подобро би си го дала детето во дом. Муабетот беше што кога детето вриска поради тоа што нешто не е по негово. Или пак се качува на глава на други, растура се по дома а мајката вели ако дете е, хиперактивно е.
Па во поново време ретко да слушнеме дека има немирно или невозпитано дете. По зборовите на мајките или се работи за хиперактивност или излив на емоции или тантрум. А не дека навистина имаат врска. Туку да се најде оправдување треба за својата непосветеност врз детето кое повеќе во телефон зјапа а не во мајкаси.
Мене не ми се смени мислењето , ама детето не е кукла и играчка па да мислиш ти како ќе речеш тоа оп у строј и ќе те слуша. @Mnik зашто не донираш пари за гладните деца у Африка, наместо шминки да си купуеш? Ако ме сфати де. Цепидлачиш и сигурно твоето дете од 2 години љуби га мајка се' слуша.
Е само за мајки е! Ете, треба осет да имате и да не влагате и коментирате вие без деца. (Еднакво е на ние со деца да не ви идеме у кафич)
Не смееш да имаш мислење за брак ако не си мажена. Не дај Боже да коментираш за деца ако немаш свое. Не смееш да имаш мислење за живот во заедница ако живееш одвоено. Невработените немаат појма како им е на овие што работат, немаат право на мислење. Не ова, не она. Ај ако не 2-3 теми да вртиме секоја од нас, да не се осети некоја увреџена зошто се пронашла себе и детето свое во критикиве
Шо е проблемот со мислењето? Два пати го препрочитав после твојот коментар. Буквално кажва дека секој можи да коментира кај сака. Шо е точно. Ако некој му смета ваљда тој некој е затворен во некој меур со истомисленици оти на темава очигледно не се сите истомисленици. Следно, ќе те цитирам и тебе: Точно дека не е исто во теорија и реалност. Ама светогледот можи да ти се смени ама и не мора. Аргумент не е "ко ќе родиш ќе видиш". Имаш работи шо во теорија се точни али тешки за исполнување. Само зошто се тешки, наеднаш другите не се во ред по автоматизам јер се прифатливиот просек. Стварно, не знам кој став го имаш ти на темава, прв пат се ми е измешано и не читам имиња, ама и понатаму "ќе видиш ко ќе родиш" не е аргумент. А вервај за многу работи ми имаат речено овај "аргумент" и тоа за работи кои поинаку се длабоко врежени во мене. Ставовите на родителството можи да ми ги смени само напредокот на психологијата, ништо друго. Јас и ти можи исто мислиме idk и после праќање на мислење баш ќе препрочитам. Ама и понатаму "ко ќе родиш ќе видиш" е се сем аргумент.
Ако ја цепидлачам, извини ти го т*пиш. Значи прочита негде да имам пишано дека се слуша? Баш е многу бесен, ама не го ограничувам за се, познавајќи го, во ресторан, кафич со него не сме отидени, туку си шета во природа, трча скока, без цело време да викам не таму, не тоа бла бла бла. Ама по туѓи куќи е да ми извиниш мора да слуша или си знае дека "мама ќе го остави сам дома, а она ќе си оди на гости и ќе си игра со Мила и Иван" пример. Ти ако би го оставила детето да шета по туѓи спални и да отвара фиоки и шкафови, јас не го оставам и прифати се дека не сме сите родители исти,како и што неможе да сме исти.