Аргумент може не е кога ќе родиш ќе видиш, ама откако животот ќе ти донесе повеќе ситуации за кои што си викал дека нема шанса да реагираш на еден начин, а ќе реагираш сосем на спротивниот, ќе сфатиш дека навистина не треба да се расправаш толку жолчно за работи кои не си ги доживеал.
Па така е. Ќе видиш кога ќе родиш. Детето не е кукла. И сфатете вие што уште немате деца, дека не можете да коментирате, шта би било кад би било. И јас велев дека мое дете нема дома да седи, т.е. постојано ќе оди во градинка, но еве што се случи-пандемија и баба го чува.
Кој тоа објасни за која возраст се збори, темава е несреќно и дерогативно започната. Деца се деца, од раѓање до полнолетство. Развојот им е поделен во бебе, инфант, тодлер и тие се флуидни термини, ама она што не го разбирате е дека моето на 10 месеци е мое дете, тоа што е во развојна фаза бебе или инфант е друго. Она што во воведот е "научени цел ден мамо мамо мамо" со имплицирање дека е разгалено, не е дефинирано на која возраст и е абнормално на членката, па не знам што се чудите дека мајките кои знаат дека одговарањето на потребите на детето не ги прави "разгалени" или "spoiled" ќе изреагираат. Ако прочитате кои се знаци дека детето има бихејвиорални проблеми, што е посреќен термин од разгалени, а не е дијагноза, тоа се и тантруми меѓу другото, кои исто решивте дека не се за во темава, иако тоа само така ви одговара на потребата негативно да ги етикетирате или толку знаете. Она што помодерната психологија на деца се обидува да поправи со механизми како - одговарање на потребите на децата; - да се остават да си ги регулираат емоциите дури и во јавен простор иако тоа не е секогаш пријатно за возрасните и ред ред други сеуште табу механизми; - да си ги следат инстинктите кои им викаат дека треба да се во движење па дури и во ресторан; ...е да се спречи детето да прерасне во високо сензитивна личност, да биде "people pleaser" и листата продолжува. Мислам дека во темава заклучивме дека родители што не реагираат на сите им сметаат, погодете што им смета на децата? Истото! Децата што имаат чести и ненадејни испади всушност покажуваат "cry for help", не знам термин на македонски а нема ефект буквален превод. Затоа скроз непотребно ми е да се каратеризираат деца од комшии или братучетки.
Не знам што е проблемот, како си го дефинира- некако ексклузивно ми се виде А тие мајки без разбирање, шо со нив? Јас разбирам нарушување на физички его простор да пречи, и разбирам што е невоспитано дете, ама не разбирам како може да пречи вревење и трчање, на пример. Во детали веќе да не навлегувам. А за менувањето на светогледот, хм... еве една нека се јави на која не и се сменил. Претходно ми пречеле деца што плачат и врескаат, па не сум одела по детски родендени, игротеки, сум била вклучена во адулт онли активности. Сега ич не ми пречат, напротив, имам чувство на олеснување кога ќе ми текне дека тоа не е моето... Не знам како да објаснам, ако не е моето дете што плаче, се друго преминува во шум...
Тантрумот не е измислен од мајка на 15м бебе кое не може да се справи со своите емоции ниту па вербално да се изрази. Тантруми имаат тодлерите како тогаш се подразбира дека збориме за поголеми деца?
Не смета, се додека родителите имаат осет и го следат детето. Ама во ресторан да јадеш без око да ти трепне а келнерите да трчаат по детето да не се удри некаде е стварно безобразно и без осет. И тоа сум видела и во тој случај единствено криви се родителите. Има разгалени деца и родители кои навистина се трудат да ги воспитаат соодветно. И колку да се трудат, секогаш може да се најдат во ситуација кога детето бурно ќе изреагира. Но има и разгалени родители, кои не се замараат воопшто. Нив не можам да ги разберам.
Во право си. Може темава треба да се вика невоспитани родители, повеќе смисла ќе има. Зошто зборуваме за децата, кога родителите најчесто немаат култура и манири. После тоа само се интерполира на детето. Не дека на детето му текнало да е невоспитано.
Ете. На некој му пречи. И скроз океј е. Не секој сака дете, можи и стрикно ради викањето. Не секој сака дете во свој простор. И то е океј. 100 луѓе 100 карактери. Лично се нема случено да ми пречи али пишав искуство во јавен простор колку ми е ограничен. А кога влегвам во простор со деца се спремам за звукот. Едни од најдрагите мемории ми се во училиште и градинка. Ама то сум јас. И не треба секој исто да реагира. Зато јас бирам да сум таму, не некој друг. Ако "поинаку ќе е ко ќе родиш" релевантно, тогаш чувствата на луѓе на кои им смета се нерелевантни. И да му се смени на членките мислењето во иднина, ФАКТ е дека СЕГА има проблем. И то е релевантно и валидно. А можи и нема да му се смени мислењето.
Аргумент е од причина што се што претходно си читал, истражувал, слушал, гледал од страна, си планирал што и како ке правиш, паѓа во вода кога ке се соочиш со родителство. И јас имав многу планови, вака ке правам, онака ке правам. Знам што и како треба ама некои работи не можеш да ги пркмениш. Да почнеме од пораѓајот. Гледаш видеа, се спремаш за природен пород и на крај бебе заглавено, мора царски. Доење. Гледаш видеа, прашуваш, и оп бебе не сака да цице, не умее да фати длабоко, ти не умееш да го наместиш. Млеко премалку или премногу, молзи, пумпај. Не сакаш ад ама мора да дадеш. Јадење, мојата болна тема. До ден испланирано кога и што ке јаде. Месо вакво онакво. Се направив да јаде, ама не, карактер и нејадач сум родила. Месец и пол на 1 година само цице. Сега јаде само со мобилен. Се помирив со тоа. До пред месец дена си спиеше во креветче сега спие до мене затоа што се буди и седи буден до 1 2 ноќе. Колку и да знете паихологија, не знаете и не можете да знаете со што се соочуваат родителите секој ден. Јас не сакам и нема да воспитам тиранин. Не оправдувам размазеност. Ама вие со вашето набљудување од страна не можете да знаете се како што мислите.
Не одговарај на вакви прашања оти ќе ја заврти дискусијата сега кон тоа дека на некои луѓе им пречи врева оти не сакаат деца или ватевер, а темата не е тоа. Не дозволувај да те дефокусира
Никој не спори дека се менува светогледот откако стануваш родител, тоа е сосема нормално, природно и очекувано. Она што не може да се очекува е целиот свет да се согласи со нечие мислење зошто таа била родител, другата не била. Уште помалце на јавен форум да се прави лимитирање кој смее да пишува. Па и на крај, како знаеме дека некоја Петкана што пишува на темава има дете? Може јас имам 5, а не ви кажувам, глумам младост тука Ама прилично сум сигурна дека ако станеш родител колку и да ти се смени светогледот, некои основни ставови за што е правилно, што не, нема да ти се сменат. Спомна претходно за таблетот. Ти било неприфатливо, ок. Си станала мајка си видела дека некогаш едноставно ти бил од потреба, си го дала. Тоа не значи дека сега сметаш дека таблетот од рајот излегол, туку си го искористила во дадена ситуација. Верувам дека сега не сметаш дека таблетот е добар за развој на дете, ако така не си мислела и претходно. Сакам да кажам, некои работи нема да се сменат, нема однопаку да мислиш од се претходно. Или подобро кажано, може ќе се сменат, може и не.
Ова: Само зошто е тешко, не значи дека некој не можи да има мислење за то јер е поразличното просек и некој уште не западнал во просекот. Лично прај шо прајш. Ама мораш да валидизираш чувства и на другите ако сакаш и ти да бидиш разбрана и валидизирана шо впрочем напишав тука: Никогаш не е аргумент, и никогаш нема да биди туку е само блед обид да се оправдаш за нешто шо мислиш дека грешиш. Не велам дека грешиш впрочем и не ми е гајле ( како шо кажав, не знам ни на кој дел од спектрумот на темата си, можи и дур да се согласуваме којзнае), ама ти на некое длабоко ниво го мислиш то. Инаку не би искористила ова реченица како аргумент. Исто така одлична реченица: Премногу арогантно гледиште ќе додам. --------------- Абе јас и натаму не гледам проблем некој да неќи деца оти врескале ахахха, али во право си, не е за то темата.
А, зошто тие што немаат деца не смеат да имаат мислење и да коментираат. А, тие што се мајки имале мислење пред да станат мајки? Аргументот ви е толку комичен. Каде пишува јас немајка дека не смеам да имам мислење и да коментирам и зошто да не смеам? Може ја читаат темата жени што не може да имаат деца бидејќи се борат против неплодност. И тие не смеат да коментираат? Сите теми за деца треба да се само за мајки? Не ми се верува дека ова доаѓа од жени. Па тогаш нека избрише Реин што сме коментирале ние во сите тие темо пример "што би направиле доколку вашето дете е геј".
Ме праша што е ограничувачки во нејзиното мислење, ти одговорив. Секако дека секому пречат разни работи и тоа е ок. Не се разбравме. Толку.
Стварно ни јас не сфаќам што ви смета младиве што "не родиле" ви сметаат да напишат мислење. Па сите тие поминале низ колективи(градинка,школо...)сигурно се сретнале со размазени деца растени без никакви правила,може им биле другари. И нормално имаат формирано мислење и слобода да го кажат истото. Темава не е за вашите тодлери ниту пак за тантрумите кои 200 пати ги напишавте.
На ова алудирав кога реков на многу теми ми е речено дека не знам шо зборам оти не сум мајка. Ко ако станам мајка, наеднаш ќе занеќам хомос лмао.
Кажав и повторно ќе кажам дека има разгалени деца. Претходно кажав зошто се такви. И јас имам пример за разгалено дете, ама нема да се задлабочувам со случки и сè останато. Една од младите што немаат деца сум и јас. Се измешаа и тантрумите, хиперактивноста и аутизмот во темата, точно, и има цели теми за тоа. Но, никој не може да каже дека не постојат, дека се глупости и дека од никаде се измислени . И во темата за ќотекот ни кажуваат дека не се разбираме во родителство затоа што немаме деца. Посебно ние што сме против таа 'воспитна' мерка се соочуваме со ова. Таму поставив пример за разгалено 11 годишно девојче на кое татково му удрил шлаканица, а потоа ни девојчето, ни мајкава не му прозбореле додека тој бил убеден дека правилно постапил. Погодете што? Се јави една од мајките поддржувачки со слична случка и кога и' реков дека и во двата случаи родителите некаде кикснале уште од старт, добив прашање 'Како тоа кикснале?' Како кикснале? Па, сигурно децата не се разгалиле сами. Додадено беше и дека ние што немаме деца, не треба да коментираме. Знам дека малку избегав од темата, но морав да ја споменам и другата крајност. Затоа што сум изреволтирана што таму 'кои сте вие да коментирате, не се разбирате во родителство' , а овде 'што ви пречат младите што не родиле'. И за едното, и за другото имаме мислење, барем јас имам. Сега смееме да коментираме или не? Одлучете се. Иако јас мислам дека одговорот е јасен.
Штом толку сакате да коментирате за неваспитани деца, еве јас имам едно прашање за сите вас што немате деца. Како вие, некогаш кога би имале деца би се справиле со следнава ситуација : -Одите во ресторан, со едно или две деца ( еве сакате еднаш да седнете) , и вашето дете сака да шета, да чепка, пофати, и наеднаш почнува да се дере, да писка, и да се фрла од земја затоа што нешто не му е дозволено. Што би направиле? Сакам јасен и гласен одговор, за решение не прифаќам да си заминете од ресторанот. Сакам да ми кажете како ќе успеете да смирите едно дете, и да си го завршите топлиот ручек на раат !?
Знам дека никој не бара решение на темава, ама најдов еден закопан линк во друга тема, кој не е лошо да се види- за децата, гневот, разгаленоста и останатите демони http://epilepsijamakedonija.mk/archives/3713
Еве јас имам свежо вакво искуство од пред две недели. Си станавме со пријателката и со нејзината 3 годишна мала палавка, ја прошетавме надвор - маживе останаа внатре. За пола саат се вративме и ние ко нови да јадеме. Секогаш кога и се здосадуваше на малата, истото го правевме со уживање. Некогаш мора да се направи компромис, немора па топло јадењето да го јадеме.