Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Зошто?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.658
    Пол:
    Женски
    Оти нема да биди топол ручекот. :D
     
    На Peperutce1115, ElenaOfRivendell, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Оу.
    Сега прочитав пак, мислам дека таа реченица изгледа мозокот несвесно ми ја блокираше, се чудам зошто за топол ручек се збори.
    Mm-kay :)
     
    На Peperutce1115, mal.ecka и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Одиме сами со сопругот и со децата.

    Некогаш се со нас и кумашините, ама и тие имаат дете.

    Истото и ние го правиме, цело време се вртиме и трчаме по децата. Јадење ни на раат, ни па топло сум каснала.
     
    На SkarletOHara, Mnik, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.580
    Пол:
    Женски
    Еве @Autumn_ пиша погоре прилично реално мислење, ама тоа не одговара на секој.

    Да се надоврзам на коментарот за кој зборував погоре на Autmn. Пошто излегуваме од периодот на - жената треба да седи дома и да раѓа додека мажот шета по кафани, да потсетам дека развиените и модерни општества се стремат кон вклучување на бебињата и децата во општеството и на нивната целосна прифатеност. Се погласно се збори за предизвиците откако ќе родиш и за многу реалната постпородилна депресија. Колку што некој сака да седне во кафуле, така и тазе мајка има потреба да седне и да шмркне кафе колку што ќе дозволи детето. Исто како што секој сака да отиде до парк, секој сака и да отиде до ресторан повремено.
    Понатака, се носат закони каде секоја институција треба да обезбеди простор за пресоблекување, доење, игротека. До таму, што дури можеш дете да земеш и на работа ако нема кој да ти го причува во моментот. Децата, учат константно. Колку што учат надвор во парк, учат и внатре во ресторан. Учат допирајќи, мирисајќи и вкусувајќи. Така всушност почнуваат да го учат светот.
    Децата во развиените општества се третираат како еднаков член на заедницата, им се обезбедуваат услови баш ради тоа што и покрај посензибилните потреби, тие имаат исти права како и сите останати да бидат на истите места, исто така се прифатени, односно се оди кон прифаќање, зошто светот нели на нив останува.
    И сега овде, ќе пише некоја се потресла поради дете што врескало во маркет. Океј.

    Развиените општества вршат вклучување и на домашните миленици, па веќе скоро секаде можеш да си седнеш со кучето.
    Ги унапредуваат правата на LGBT заедницата зошто сите сме еднакво битни членови на заедницата.
    Вршат инклузија на децата со специјални потреби. Добро, кај нас уште се прават протести против отворање посебно место за нив. (facepalm)
    И некој таму ќе седи од страна ќе му смета кучето што пафта со опашката, или ќе му смета што драгквин седи во близина, или детенце што вреви. Секогаш на некој ќе смета. Се стремиме кон еднаквост на сите, ама ни смета тоа што Мара седнала на кафе со длабоко деколте.
    И сега, кој треба да ги валидизира тие чувства?

    ОК, еве ќе имаме во предвид дека во овој момент тоа некому смета. Како да се валидизира и како е релевантно нешто хипотетичко од типот - јас кога ќе родам нема така.


    Деца што прават реални проблеми, додека родителите мува не ги лазе, се сложувам, можеме да збориме за тие невоспитани родители. На нив не можеме да влијаеме секако, ама на идните можеби. Бар оние што се отворени да учат.
     
    На nadenadia, Peperutce1115, M.B. и 12 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    Најчесто децата стануваат нетрпеливи доколку се чека подолго нарачката. Нас ни помагало тоа што покрај редовната нарачка замолувавме веднаш да ни донесат порција помфрит.
    Втора причина било досадата. Доколку нема катче за деца и детето треба да седи мирно, потребно му е друг вид занимација. Некои ресторани нудат боички и листови, но да бидеме на сигурната страна секогаш си ставав и наши во детското ранче.
    Некогаш помагале и трикови во вид на какаото да е во ист шол како нашето кафе.

    Ова прво ми падна на памет како идеи, но да не заборавиме дека некогаш детето едноставно не сака да биде таму, тука не помага ништо.
     
    На nadenadia, Peperutce1115, Harper и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Ми се допаѓа. А нели може таткото да остане со децата или да ги занимава, еве мајката нека си го изеде топлиот ручек на раат. Следен пат обратно. Значи немаме проблем со ручекот веројатно.
     
    На Peperutce1115, ForeverYoung, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    А да одиш ти да и ги почуваш, па дцајцата да се најадат?
     
    На Dikinzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Па ги чувам некогаш, на луѓе што ми се блиски. На рандом луѓе, не.

    Само после да не и пишете на некоја во снаи и свекрви како тоа некој помагал дома :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.658
    Пол:
    Женски
    Ти не им ги знаеш околностите на сите.
    Сум чувала деца на блиски.
    Со секакви луѓе сум растела.Гледав како се однесуваа како деца,гледам како се однесуваат како родители.
    Знам со што се соочуваат.
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.580
    Пол:
    Женски
    Секако, пишав и претходно. Кај мене беше така. Едниот дур јаде другиот занимава дете. Ама двајцата сме сме се издувале надвор. Цело семејство намирено. И ден денеска, јас туркам празна количка и пијам кафе, маж ми трча по бебла, потоа обратно. Кому му смета нек не гледа.
     
    На SkarletOHara, Dikinzi, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Супер, баш убав пример. Сериозна сум, стварно ми се допаѓа.
     
    На Yowannty и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Епа на тие укажи им како е паметно да ручаат, веројатно ги познаваш подобро од што ја познаваш @Yowannty
     
    На Mnik и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Ама што ти е со ставов? Значи си правиме муабет, не кажав некому како треба. Аман форум е, не знам што сте толку нервозни. Баш кажав дека ми се допаѓа тоа што пишала @Yowannty, а ти очигледно имаш некоја потреба адвокат да изиграваш. Дајте искулирајте малце, и не знам како не разбирате дека е форум. Никој не ви дојде дома да ви се меша со децата.
    Тригерд.
     
    На theowndemon, ForeverYoung, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мене уште ми е смешно како тоа смисли како да се организираат за ручек со констатација ете немаме проблем со ручекот, прејако, значи смешно ми е не се напнав, уживај разбрав што сакаш да кажеш
     
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Хаха, баш ти верувам дека не се напна :D
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    17.163
    Пол:
    Женски
    Темава е за разгалени деца или дали да се носат деца во ресторани, кафичи?
     
    На theowndemon и deskarada им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.665
    Пол:
    Женски
    Јас не сфакам од каде го извадивте муабетов сега дали смееле или не да седнат млади родители со деца.:?:
    Секако дека смеат.
    Ама секако треба да се внимава и на другите.Јавниот простор не е само ваш.
    Но,поборниците на пермисивното воспитување ке најдат секаков изговор .
    А ако поставиме ситуација седите на ручек со вашето мало,кое си седи ,и доаѓа дете од 4-5 год.го закача,го кубе.му зема играчка,бега..не ја слуша воопшто мајка му,па почнува вашето да плаче,вие мирно ке прифатите дека детето имало потреби,а не дека мајка му не поставила правила.|(
    Или може се, додека не го нападне некој интегритетот на вашето дете.
    Инаку на блиски им прекинаа одмор во Грција,поради теророт што го правеше детето(4) на другите гости во хотелот.
    На жените и девојчиња ,им ги креваше фустаните,фрлаше од балкон предмети сопственост од хотелот,ги корнеше цвеќињата и ги фрлаше во базен.
    Дете било,мајката вели.
    На пола одмор менаџерот ги замоли да се спакуваат.
    За се има граница на однесување и поднесување.
     
    На Peperutce1115, Harper, christinnn и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Ете, ова е разгаленост. А не оти надвор, во продавница или било каде плачело.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.393
    Пол:
    Женски
    Никој не рече мајките да не излегуваат од дома со мали деца. :) Не знам зошто се тригернаа некои толку. Колку добри ресторани има со игротеки каде можат да се занимаваат децата, додека родителите ќе имаат време барем раат да каснат нешто или кафе да пијат. Не знам еве, зошто да не го однесам детето на такво место туку во кафич каде излегуваат само млади и нема ништо за занимација освен можеби телефонот да му го дадеш да гледа цртани или игри да игра, инаку место нема да го додржи и ни кафе испиено раат ни ништо. Или уште подобро, ако е убаво времето во природа. Имаме право да коментираме и ние без деца што сме, како мислиме дека е подобро да направиме.
    Инаку скроз сум за секаде да се обезбедува простор за мали деца и миленици, само ете ние како држава малку доцниме со светот, то е.
    Малку се забега од темата, ама ова главно произлезе од тоа што се зборуваше за разгалени деца (деца, не тодлери и бебиња инаку) во ресторани.
     
    На Peperutce1115, Harper, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.