Се испомешаа работите. Има деца кај кои тантрумите се поминати ,но имаат усвоено однесување дека ако плачат ке го добијат тоа што го сакаат,манипулираат. Е тогаш плачат од тие причини и во продавници и секаде.
Koj e поборник на пермисивно воспитување?Шо е тоа? Темава цело време плива оти нема правец, глава и опашка. Дај наслов ,,невоспитани деца,, па нека се дебатираат стравични искуства со нив. Овој твојов пример е класичен пример за тоа, и не знам човек, независно родител или не-родител што не би го осудил. Ама деца што трчале пред зграда, праеле галама или плачеле во ресторан е дискутабилно и нема еднозначна врска со невоспитаност. Е затоа се тригерираат ,,мамичките,,
Океј, мислам дека е најдобро да се задржиме на деца, не на бебиња или тодлери. Зашто, како што заклучивме, тоа нема поента. Еве мислам @Cosmi погоре даде навистина добар пример во која насока би требало да оди дискусијата. А членката која ја отвори темава веќе можевме да видиме дека немаше баш некоја идеа на каде би сакала да оди оваа тема. И ве молам воздржете се од тоа кој може да коментира на темава, како и на секоја друга, секој може да напише мислење. прескокнете само, не мора на секое да одговарате.
Јас пак не знам зашто не се разбираме и се лутат мајките. За многу мало дете ќе покажам разбирање. Ама никој не треба да очекува дека ако дете демолира наоколу, дека сопственикот/вработениот, зависи каде се случува, ќе се смешка и ќе му е сеедно после да чисти и собира. Особено па ако детево е бесно а родителот си седи без да мрдне. И овде како да не преречеш?
А што се случува на лулашки, на места каде што се чека ред и едноставно не може да е прва? Дали тогаш знае и чека, дали ги почитува тие граници? Тоа е разликата. Разгалено дете кое не знае за не ќе се избута прво зашто не е научено да чека и МОРА да е по негово. Дете што сака да се истакне, да се натпреварува треба да се научи каде треба да ги истакне тие негови особини, каде е времето и местото.
Ако е од малку покултурните, ќе изменаџира, ќе измисли нови правила, нова игра во која тоа ќе има право петпати да се лизга, останатите по еднаш. Поагресивните едноставно ќе се бутаат. Кога не можат со сила да го добијат тоа што го сакаат, им се уклучува мозок за манипулација.
А зошто за момент не се смирите и да размислите дека можеби стварно треба да ја видите приказната од другата страна, па да имате толку цврсти ставови? Нормално дека може да се има став за секоја тема ама можеби стварно е различно со дете и без дете. Многу од членките што ви го посочија тоа беа со најдобра намера, од истите тие кои несебично во било кое време даваат совети во темите за бебиња и може да се научи многу повеќе од било кој доктор. Проблемот настана од сам почеток кога не се изреагира за насловот и воведот на Петре. Значи ако останува темата Разгалени деца треба да коментираме дека им се купуваат iPhone и nike патики? Па им се купуваат, зошто да не? Вие зошто купувате iPhone, кога xiaomi ќе ви ја заврши истата работа? Зошто jbl слушалки кога имате слушалки во пакет со телефонот? Дали разгаленоста ги прави во исто време невоспитани? Што се подразбира под разгаленост? Тоа што вика детето мама, мама, мама, тато (што би рекла Петре)? А што ако детето вика по родителите заради потреба или вие знаете дека вика зашто е разгалено? Некои работи не можете да ги знаете додека не се остварите како родители, па дури и да сте родител не можете секогаш да разберете зашто не се сите деца исти. Ако темата беше Невоспитани деца (што нема поента зашто има ваква тема) тогаш веќе е друга приказна и може да се наведат примери (имаше доста добри за невоспитување), да се даде мислење, искуство итн. Но, темата останува Разгалени деца, па on topic ќе кажам ич да не ве интересира кој колку си го гали детето, каде го носи на шетање и што му купува зашто вас никој не ви брца во џеб.
Сепак се важни границите од родителите. Наше е кога и во колкава мера ќе ги одредиме. Животот ќе покаже, ама се почнува и од најбаналната работа да се каже НЕ. Зашто кога ќе помине времето и ќе израсне во возрасен, да нема жалби леле зошто прерасна во ваков човек.
Што кога детето се заканува дека ќе се самоубие доколку не го добие тоа што го сака? Во одреден период од животот ќе му удоволуваш и ќе го разгалуваш но што ако дојде период во животот кога финансиски нема да можеш да ги задоволиш сите негови побарувања. Како би постапила во тој случај?
Да му купиш нешто поскапо не значи по дифолт дека ќе го разгалиш. Барем сега така мислам, може и јас грешам, па ќе искочи спротивното. Познавам деца задоволени буквално со се, луксузни куќи, одмори кај што можам само да сонувам, нова кола за 18ти роденден итн, па се толку убаво воспитани, прибрани, приземни и културни. Може дека имам такви примери, па не ги поврзувам тие две работи. Детето може да се заканува со самоубиство и од други причини.
Конкретно во ситуацијава се закануваше поради тоа што не сака да му купат мотор, го искрши моторот сега сака кола. Секоја ден бара пари за излегување, родителите мака мачат затоа што не можат да му ги обезбедат тие пари. Како малечко му дозволуваа се и сешто, најскапи патики, мобилни, ама тогаш беше дете, сега е тинејџер и друга е приказната. Се сложувам и со тоа дека има деца кои имаат се, но се сепак скромни.
Малку се измешани работиве. Девојката што ја отворила темава ставила се на куп, од тодлери до поголеми деца, па затоа и можеби беа реакциите и мешањето на тантруми со невоспитани. Колку пати ми имаат превртено очи луѓе во околина кога: - Малото на околу две години во маркет плачеше на каса за две големи јајца со минијатурна играчка внатре (двете беа 200 денари) а бевме договорени да купиме само пез бонбончиња. Значи, детето само плачеше. Нит вриштеше, нит се трескаше од земја како што милувате да речете. И не, не ги купивме, излеговме со пез бонбоните и со убаво се разбравме дека не може се што ќе посака во истиот момент да се купи. -Исто малото, плаче во лифт зашто е гладно и изморено од градинка. Се наоѓа жена со нас во лифтот и почнува да го гњави, чепка, штипка, као да го теши да престане да плаче а мене ме гледа со осуда, као јас не правам ништо да си го смирам детето. А малото само ми лежеше на рамо и плачеше тивко. -Големата на околу две години имаше јак тантрум зашто не можеше 10 пати да се вози на ескалаторите во Сити мол. Првпат се соочив со чудото наречено тантрум (легнување на земја, пискање, тегнење по ескалаторот). Ја земав во раце, низ ходниците право низ врата, влеговме во кола и во истата секунда се смири. Е, луѓето што беа во молот превртуваа очи и ц'цкаа зашто нели, види ја оваа, невоспитано дете има што не знае да си го исконтролира и смири. Има плачено и зашто во моментот не сме можеле во маркет да најдеме бони топ. Дете на неполни две години не може да разбере како може во толкав маркет да нема бони топ па одлучува дека мама може да и купи полна кутија со жи животинско царство чоколатца. Излеговме со празни раце и лекција дека не може се што ќе посака во истиот момент да се купи. Ама ете, луѓе од страна превртуваат очи и пишуваат по форуми дека 70% од децата се невоспитани. Малото вчера се расплака зашто не можел убаво да нацрта диносаурус. Некогаш ќе се расплаче зашто не направил убава кула од коцки. И нормално е да плаче 4 годишно дете, и тие имаат емоции и знаат да реагираат побурно исто како и ние возрасните (или не, ние возрасните сме секогаш зен?) Разграничете прво возраст, после тоа може да се зборува за невоспитани и воспитани деца. Е, одиме и на другата страна. Големата има два месеци, одиме на венчавка кај најблизок и само што влеговме имаше две девојчиња на возраст од околу 8 години. Луѓе, му се внесоа во лице на бебето, почнаа да му рипаат, да му викаат на глас, да го штипат, да го тегнат. Мајката само гледаше од страна и рече - многу сакаат бебиња, ептен се возбудени што го гледаат. За пет минути фативме такси и си отидовме дома. Големата се дружеше со девојче од зграда, се гледавме често ама моето секогаш завршуваше со модрици и плачки. Пресеков со дружба кога девојчето кај нив почна да лупа врати и да ја затвара ќерка ми во соба, да ја штипе под маса и модрици да и остава. Кога почна да плаче, мајката на девојчето ми рече - ова твоево многу бре свилено. Имало периоди кога можело да се јаде или пие кафе во кафич, глас да не им се слушне (периодот кога беа бебиња посебно). Имаше период кога седнувањето во ресторан беше невозможна мисија (како кога бевме на одмор отидени и седнавме да јадеме пица. Големата имаше годинка, па фино лепо си седна на бетонот, па почна да лази и да ја следи мачката што се моташе околу масите. Одма станавме и си отидовме, пицата ја оставивме за подобри времиња. Имаше периоди кога децата не можеа да седат во исто место цел саат пример, па место кафич или ресторан заменувавме со кафе за носење во парк или на планина, а си нарачувавме пица и јадевме дома на раат. Зашто да, тргнувам од нас, не ми е пријатно да седам дур гледам дека на децата им е досадно и им се трча со топка место да дремат на маса и да слушаат муабети на возрасни. Е сега се веќе на возраст кога без проблем седат, јадат шлагче и си разговараат. Се во свое време. Не е нормално ни превртување на очи на, секој плач или претрчување од страна на дете во јавен простор, како што не е во ред и оставање на детето да демолира, крши, вика и ред други работи и да се правиме дека е најнормална работа и - остај ги, деца се.
Да,не знаеме сè.Ни една не рече дека знае сè. Рековме дека знаеме нешто за оваа тема. Никој не се буни ако детето вика по мајка му и татко му доколку има основна потреба(му се јаде или му се оди во веце). Разгаленоста оди со невоспитаност доколку родителите не поставуваат граници. Не е проблем да им се купуваат ствари на децата. Проблем е кога им се купуваат,а не им се објаснува дека ако добиле нешто денес,тоа не значи дека ќе добијат и утре.Ова е проблем за родителите,не за околината. Ова станува проблем за околината единствено ако не го слушаат ич или не го слушаат доволно тоа „не“,па ги фаќа бес и трчаат во продавницата меѓу луѓе,се бутаат,бутаат производи,фаќаат туѓи производи и го кочат редот.Дури и да не е проблем за муштериите,проблем е за вработената која реди роба или чисти.Само што средила и да мора пак наново оти нечие дете направило неред.Не е во ред. Проблем е за околината кога поради тоа што детето не слуша „не“ од родителите мисли дека мора е секогаш прво во натпревари,дека мора да победува. Или кога мисли дека му следува оцена број 5 иако не одговорило доволно на усно или писмено испрашување затоа што родителите се јавни фаци или роднини на јавни фаци.Или кога друго дете е пофалено или наградено за нешто,а тоа не е и почнува да ги малтретира другите деца.Ова им наштетува на другите деца. Ако не му се кажува „не“ на детето,тоа дете може во иднина да се претвори во возрасен кој нема да ги почитува другите,кој ќе ги гази другите и кој ќе мисли дека сè му следува.
Чека. Кога беше помала правеше проблеми, сега не. Многу разговараме и укажуваме дома и се надевам ќе има бенефит. Знае и сега некогаш да се лути ако има гужва, ама и викам ако не сака да чека ред си одиме. Можеби не е исправно ова, ама мора да научи дека јавниот простор е за сите. И доколку не и одговара, ќе си игра сама. Исто и со другарчињата. Има голем напредок во секој случај.
Има драстична разлика во воспитувањето сега и пред една деценија и повеќе. Всушност работите се сменети со развојот на технологијата, експлозија од сублиминални реклами или директен атак врз детското љубопитно око. Моите играчки ги береше во едно ќоше, добивав нова на една година, можеби за роденден. Сега се купуваат големи контејнери за да ги бере. Иако изразнав навидум нормална индивидуа, освен кога не сум, ги паметам моментите поминати со семејството, живите моменти, другарувањето со децата на улица, шетањата, патувањата, но немам силна емоција поврзана со играчки. Јас разбирам љубов да дадеш преку играчка, но напротив, се создава незаситност и стремеж за повеќе, без притоа да постои моментот на задоволство. Затоа често и постои конфликт на ,,детето" во преодот кон адолесцентниот живот, проследена со психичко незадоволство и состојби, особено кога за прв пат се соочува со овој суров свет. Всушност зборот ,,НЕ" е многу помоќен од самата афирмација на секое барање. На крајот од денот се зависи, што сакаш да израснеш. Ама човек што добивал се на послужавник, притоа служејќи се со емоции со цел добивка, тешко дека ќе ,,преживее" кога реалноста ќе го удри веднаш штом стане возрасна индивидуа.
Многу, многу, многу често слушам родители дека на своите деца апсолутно се им купуваат и никогаш не ги пдбиваат зошто децата не треба да се замараат дали се има или се нема, што мораат да знаат децата колку е тешко да се заработат пари. Не викам дека тоа не е ок, секој има свој стил на родителство. Но, мене моите не ме учеле така. Ми купувале се што ми треба, ми купувале и работи што сум ги барала, но, не во моментот кога ќе посакам. Моите ме научија дека кога ќе ми кажат, моментално нема за тоа, сум сфаќала. Никогаш ама баш никогаш не сум пиштела за нешто. Работите што ги имав никогаш не ги оштетував, тие беа мое богатство. Од мала ја ценев вредноста на парите. А ако им дозволиш што сакаат, кога сакаат, нормално е дека ќе има врескања ако баш сега не може. Така и потешко учат да го ценат и чуваат она што го имаат.
А да ги чепнеме бабите и дедовците, ако? Мислам на нормално функционално семејство, со поставени правила, во кое секој родител си има своја прописна улога, колку имаат влијание постарите во тоа да ја закашкаат работата? И вашето мислење за некои старски фрази кои сѐ уште се изустуваат, како на пример: кога се удира дете од нешто, па некој ќе почне да го мава предметот, за да го смири плачењето, лоша маса, ти си крива што ми се удри Трајче (ама ова сепак се прави дури се помалечки дечињата ) ; потоа фразата "дојди кај дедо, кој смее тебе да те чепка, срам да му е, ти ми си најпаметен, најубав, ќе го истепаме тој што ти рече така... ела баба да ми ти купи играчка, каква сакаш ќе добиеш, ти ми си најумен дрн дрн. Знам, нема толку опасно во ваквите фрази ако се поретки. Сепак можда сите сме ги кажале од милост, ама кога постануваат секојдневие, дали водат кон спротивна насока?
@Bridget генерално објасни, @Cosmi исто така, јас не навлегувам во детали, само едно треба да е јасно: децата се огледало на родителите. И за воопшто дете 7 годишно (мхм) да не ме разбере дека не треба да го тегне мачорот за опаш (затоа што мачорот ќе се одбрани нормално, па ќе биде уште и крив дека се одбранил, а детето ќе има доживотна аверзија), нешто фали во тоа како е воспитано, и не зборувам за дете со било какви развојни пречки. Туку за дете чии родители мува не ги лази генерално, возрасни се и невоспитани. Исто како случајот кога 2 годишно дете буквално неколку пати ја зема и стави на рамо ташната на непозната жена од соседна маса и се шеташе низ кафич, а мајка му со мене на маса НИКАКО не изреагира. Како треба рандом женава да постапи? Сериозно? Дефинитивно не и' беше сеедно, на крај ја скри ташната. Другаркава моја се смееше; не знам само што беше смешно. Не може да не се поставуваат граници, не може. И како, и што, и ако некој не знае постојат стручни лица да помогнат, ама не е решение удоволување на се'. Оти долгорочно е лоша услуга, светот нема никому да му ги удоволи сите желби. И нема врска ова со тантруми и деца со посебни потреби, има врска со пред се', невоспитани и разгалени возрасни, децата не се ништо виновни тука. И да, постојат лоши родители, не туку се тригернувајте мислејќи дека некој баш за вас зборува и тантрумот на 2 годишно дете. Немање граници е секогаш со лош исход, оти дете без граници ќе стане возрасен без граници. И не, не треба И НЕ СМЕЕ да се малтретира дете, ни физички ни психички, ни по раче, ни по газе, никако. Ама затоа децата не се самостојни, туку имаат одговорни за нив нели, старатели, кои одлучуваат за нив. @Annath тоа што го објасни е одличен пример дека мора да имаме повеќе разбирање, но исто така, некои родители (никогаш деца!) мораат да разберат дека светот не се врти околу нив и нивните деца.
За однесување на децата во општеството и за нивните права, guess what, сите сме одговорни и сите имаме право на мислење. Вашите деца не се ваша сопственост, не се ваш предмет, немате ултимативно право што си сакате тоа да си правите со нив. Тие најпрво припаѓаат на општеството, најпрво се наши сограѓани, а потоа се ваши деца. Така што родителот може да мисли дека е сосема ок да си шине детето од ќутек, јебига, и ние без деца имаме и право и должност да го заштитиме од родителот. За да студираш и да си стручен во детска психологија на пример, не е услов да имаш дете. И второ, за однесувањето на сите припадници во едно општество, сите имаме право на мислење. Ако јас како некој што не е родител, приметите дека нешто не сосема разбирам, ок е да пробате да ми објасните, а "немаш дете па врска немаш" не е аргумент, толку е едноставно. Не, немам дете, ама не треба ни да имам за да знам дека не е ок да го "воспитуваш" со шамари, дека не е ок едно дете да малтретира друго дете, а јас на Тошо да се правам оти не сум мајка, па можеби е сосема нормална игра нели. Некои работи немаат врска со родителство, и она што родител го има за право како сака да воспитува дете, туку имаат врска со колектив, а ние како колектив сме сите должни да создадеме здрави, самостојни, паметни индивидуи. Твоето дете е мојот утрешен доктор, адвокат, учител, банкар, шофер, сестра, ју нејм ит. И те како е моја работа, и сечија работа. И друго, полни сте со разбирање се' додека некое друго дете не нападне ваше. Ете сосема нормално си седите во кафич, доаѓа рандом дете, му зема цуцла на вашето и си ја пика во уста, па ја фрла на земја, му зема играчки од раце и му ги крши, го штипе, вие викате НЕ и тоа не престанува, родителите викаат - остај, деца се. Еве како вие, како родители, ќе постапите?