1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Тешко на деца со тебе.


    На темава.
    Нема разгалени деца, има родители не способни да си го научат детето што е во ред да прават, што не. Не способни да разговараат со интонсција на говор за да ги разберат.
    Доколку не знаете како да си го воспитате да биде пристојно детето, си има секакви советувалишта, инстутуции.
     
    На raww и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Децата умеат да манипулираат ако насетат слабост и попустливост. Виновни се родителите кои допуштаат и што треба и што не треба. Коса ми се крева кога гледам како некои ги тинтраат до бесвест, згора на се ги натураат и на околината да ги трпи кога беснеат. Ако тебе ти значи твоето дете, мене воопшто, не сум должна да трпам штети ради несоодветното однесување.
     
    На CurlyBlossomGirl, elenaklasik, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    И јас се договарам со син ми да јаде, упорно не сака.
    Се договарам да не каса други деца, упорен е.
    Мислам дека до 4 години ке се договориме.
     
    На M&M, CatL4dy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Хиперактивност, тантруми, напади и слични глупости (како што имаше пишано членката погоре) се сериозни состојби/дијагнози кои се поврзуваат со дете со атипичен развој.
    Овие термини не се појавија туку така. Не седна некој позади тастатура и рече чекај ќе ги измислам.
    Науката напредува и секое отстапивање од нормалното однесување добило и ќе добива соодветен термин/дијагноза/ состојба. Да, порано ги немало тие термини затоа што доволно не било истражено во таа област.
    Пример, дете со аутизам добива тантрум во затворен трговски центар и да тоа нема врска со невоспитаноста.
    Луѓето што вака размислуваат, ми се истите оние што бегаат од деца со посебни потреби зошто мислат дека ќе ги заразат.
     
    На Avery, ElenaOfRivendell, glosipgirl и 21 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Малку сарказам беше :)
     
    На Bozica1980, mssuniquee, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    :| добро ме тригерна, признавам :D
     
    На mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Ама темата е за разгалени деца, не за деца со различни нарушувања. Тоа е веќе друга тема, нема врска со разгаленост. Има секакви состојби што може да доведат до вакви испади кај децата.
    А дека има разгалени, тоа е факт. Тоа го пишува и во книгите по психологија.
    Не може се' да се препишува на развојните фази.
    Разгалено дете е дете што е научено да добива се' што ќе посака, што мисли дека нема да има последици од неговото лошо однесување.
    Ако е некој разгален, тој е таков долг временски период, а не само во периодот на развој.
    Пример за разгалено ,,дете" од мојата околина - на 30 години нема кренато потешко од лажица, ми се фали дека секое сабајле морало на масата да му остави мајка му 200 ден. за на кафе пред да заминела на работа, како за фалење да е. Само вака го гледам:| и не знам што да му одговорам.
    Значи, човеков нема скок во развојот и сите емоционални испади што следат со тоа. Едноставно е навикнат да добие се' што ќе посака, па и на 30 години. :)
     
    На CameliaMiller, Frosty!, boo3 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека туку така почнаа да бидат чести тие дијагнози и откако маса почна да ги користи не постои невоспитано или разгалено дете.. Порано сите или повеќето бевме како така воспитани и дисциплинирани. Ниту памтам да ми се случило мене или пак кај други да се трескаме од земја за нешто и нашите да речат дека тоа е тантрум. Туку се имало дисциплина и се знаело мера за се. Не се работи за ќотек и тепање туку родителите спрема децата се поставувале построго. Искрено, доволен беше и поглед да престанеме со лигавење и правење глупости.
    Ако го препуштиш детето само на себе, без дисциплина и воспитување фала богу дека тоа ќе има такви испади кога нешто не е по негово. Тоа вие го нарекувате тантрум иако тоа најчесто се случува поради отсуство на дисциплина и воспитување.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Да сум слушнала а ти си слушнала дека ако се оди по кејф на детето и ако еднаш не биде така и тоа почне да се лупа од земја и да вришти дека тоа е поради невоспитаност и отсуство на дисциплина а не дијагноза, тоест тантрум како што велите.
     
    На deskarada и christinnn им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ама пример беше детево од 30 години :D
     
    На M&M и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  11. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Па тоа е поентата на муабетот, ако го сфати мислењето.
    Разгаленоста не поминува туку така, и не настанува на 30 години.
    Значи тој бил разгален од мал, да не работи, да му даваат за кафе од дома му.
    Станува збор за разгаленост, не за скок во развојот :)
     
    На CameliaMiller, winnie7, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека има разгалени деца, но вистина е и дека има хиперактивни деца. Вистина е и дека постојат тантруми, нарушувања и многу други работи. Тие нарушувања не ги измислија мајките. Не ги измисливме ние. Сите тие термини се наоѓаат во развојната психологија. И не, не се глупости. Правете разлика помеѓу разгалени деца и тантруми. Како и помеѓу хиперактивни и невоспитани деца.

    Зошто разгалените деца се разгалени? Се согласувам дека тоа однесување е научено. Но, зошто се разгалени? Затоа што нивните родители мислат дека ги сакаат со тоа што им даваат на децата сè што ќе побараат од материјален аспект. Но, на тие деца не им се посветува внимание како што имаше напишано една членка во темата за ќотекот.

    Не сум мајка, но еден ден ќе станам и затоа се едуцирам.

    Погоре се спомнува и аутизмот. Мојот брат е аутистичен. На две и пол или три години престана да зборува. Секој ден има испади, ама така прави зашто не ноже да каже ако нешто го мачи. Не сакав да го споделам ова зашто не сакам сожалувања, а и многу информации сакам за себе да ги задржа. Но, кога веќе се појавија членки кои ни делат памет како се појавиле глупости од типот на тантруми, хиперактивност, аутизам, нарушувања и слично, морав да кажам. И јас ќе го кажам тоа што го кажа една членка погоре. Исти сте со тие што сметаат дека таквите деца не смеат да се мешаат меѓу народ. Вие сте одвратни во ситуацијата, а не тие.

    Многу често гледам како разгалено дете служи како аргумент за тоа зошто треба да се применува ќотекот како воспитна мерка. Не, не постои никаков аргумент за да се крене рака на дете, вклучувајќи го и фамозното 'малку по газе или раче'. За секој удар го мислам тоа. Воспитување без ќотек не е разгалување, како што строгост не е тепање.

    Треба да се постават граници. Точно е дека не секогаш детето ќе го добие тоа што го бара. Но, кога детето ќе праша зошто не може, треба да му се даде вистинскиот одговор, а не да му се одговара со 'Така.' или 'Зашто јас така кажав'.

    Заклучок: За разгаленоста на децата се виновни исклучиво родителите.

    Се извинувам за огромниот пост, но морав да доловам сè бидејќи гледам како млади, образувани и цивилизирани личности се чудат на развојната психологија.
     
    Последна измена: 20 март 2021
    На CameliaMiller, Stephen Amell, Veta и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Не знам дали намерно или не ама ме разбираш.
    Тие "лупања од земја" за некои мали деца се нормален дел од развојот, ама за други се знак за нарушување.Кај овие вториве е полошо зашто најчесто вака од луѓе ќе им се стави етикета размазени а уствари причината е друго и децата нјмногу страдаат.
    А од страна вака да се седи и да се коментира е најлесно и најбезболно.
    Ако не ми веруваш мене, прочитај на други места, не е лошо и штетно.
    И порано ништо не било различно, ти така субјективно си мислиш дека децата биле различни, може зашто самата си била помирна па така ти се чини.
    И ако толку добро ги воспитувале децата порано, немаше да има волку разгалени и невозможни да излезеш на крај - возрасни луѓе :).
     
    На CameliaMiller, ElenaOfRivendell, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Замисли си дека сакаш да кажеш нешто и го кажуваш на твој начин, ама никој не те разбира и ти кажуваат и сфаќаат нешто друго, што ти не го сакаш. Замисли си дека имаш наплив на емоции што не знаеш како да ги искажеш и ти иде да врескаш од една страна и да плачеш од друга страна поради преголема фрустрација. Замисли си дека никој не те разбира и тоа те нервира до толку што ти иде да си ја треснеш главата од земја. Сето тоа оти не знаеш како да се справиш со тој наплив на емоции и желбата да те разберат, а при тоа немаш никаква контрола врз она што го чувствуваш. Не знаеш ни што навистина чувствуваш. Едноставно, не знаеш и го немаш научено тој механизам на контрола на сопственото однесување.
    Кога ова ќе го сфатиш, можеби, ама можеби ќе ги разбереш тантрумите.
    Дотогаш, продолжи да веруваш дека децата се разгалени.
     
    На CameliaMiller, M&M, Kitten и 22 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Па те лајкнав тебе. посебно првата реченица опишува се за темава :)
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Како црно-бело си сфаќате. Ама ок, еве разгаленост е да очекуваш сите да се однесуваат како ти што мислиш дека треба, па да имаш очекувања од туѓи деца за тоа како треба да се однесуваат, дали да врескаат или не, без да знаеш која е позадината на тоа. Некогаш е неможноста на родителот да му помогне на детето да разреши некој свој конфликт а некогаш е подлабок бихејвиорален проблем, и токму таа потреба на прва да се пресуди што е, е разгаленост.
    Збориме за деца околу 3 години, а ние тука сме сигурно 3 децении постари од нив, и немаме енергија да ги разбереме и имаме емпатија кон нив.
    Пред некое време бев сведок на куп превртувања очи на восклици на дете во продавница, детето со подобар поглед се забележуваше дека тоа го прави компулсивно, симтоматично во целата ситуација ми беа реакциите на возрасните. По мое скромно и непрофесионално мислење е дека токму тие возрасни имаат тригер од детство, зашто нели генерации растени со "ќути срамота е, има луѓе!"... што е и во ред до некаде, сепак тие возрасни имале години на учење и свесно расудување, па и анализирање на сопствените емоции, а децата само неколку години за истото, свое однесување и околината нивна.
     
    На M&M, Peperutce1115, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.478
    Пол:
    Женски
    Има посебна тема за тантруми.Може има и за другите состојби/ситуации што ги спомнавте.
    Оваа тема е за разгалени деца.
    Јасно е дека не е до децата,туку до родителите.
    Најмногу ме нервираат родители што премногу им дозволуваат на децата,а проблемот наречен разгаленост се обидуваат да го решат со викање и ќотек наместо со постојани разговори.
    Не можат да најдат време да му кажат „не“ на детето и да му објаснат зошто е битно тоа „не“ ,а можат за викање,шамари и плескање.
     
    На Stephen Amell, Veta, MeowMeow и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Размазени деца не се раѓаат се воспитуваат.
    Размазено дете е дете кое се добива,бидејќи родителот не знае да каже "Не"тоа е дете на кое родителите не му поставуваат граници и дете што знае дека со врескање ќе го добие тоа што сака.
    За тоа е одговорен родителот.
    Никој нема да го научи детето на добро однесување ако не тој самиот.
    Размазени деца се резултат на непоставување граници или немање никаква доследност во поставените граници.
    Удоволување на секоја желба веднаш .
    -Досадно ми е.
    -Еве ти го телефонот,играј.
    -Сакааам нова играчка
    Допирање колата веднаш пред прва продавница.
    Се тоа ќе ги направи среќни моментално,долгорочно несреќни,бидејќи во животот нема секој да има разбирање и милост за нивни хирови.
    Размазено дете,станува размазен возрасен.
     
    На CameliaMiller, Frosty!, Stephen Amell и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.073
    Како поставуваш граница?

    :bow:
     
    На mal.ecka и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Имам внука која што е посвоена, и уште од мала се и беше допуштено ама буквално се. На неа никогаш и немаа кажано НЕ за ништо, што и да посакаше одма добиваше. Кога беше на возраст од 4-5 години и кога ке дојдеа кај нас таа се качуваше на маса да скока, отвараше фиоки, земаше работи што не смее и ако и кажеа за нешто, не чепкај таму или не земај го тоа одма почнуваше хистерично да се дере и да се ваља по земјата,да ги удара мајка и и таткои со раце, да фрла предмети по нив. И до ден денес(8 години) не знае да си игра со други деца, ако не е нешто како она што сака, ако другите деца не прават како она што замислила, одма се лути,дере, плаче, фрла предмети..
    Сега од кога јас станав родител сфатив од каде потекнува проблемот, и со сопругот често имаме несогласувања во врска со воспитувањето на дететто.
    Кога керка ми (2ипол годинки) ке посака или побара нешто што сметам дека не е дозволливо и и кажам не, пробува да манипулира, да плаче, да легнува на земја да се ваља. Јас прво што правам е, се обидувам со зборови да и објаснам зошто тоа не и го дозволувам, зошто тоа нешто не смее да го земе или прави, некогаш разбира и се смирува одма, некогаш не сака ни да ме слуша па продолжува да плаче. Во тие случаеви јас го игнорирам нејзиниот плач и нејзиното валкање по земја па макар тоа траело и половина час и повеке, кога виде дека не ја приметувам сама се смирува доага да ме гушне и после некое време си наога друга игра.
    Кога татко и е дома тој и допушта повеке и успева повеке да манипулира со него. Во смисла, и дозволува работи само и само да не плачела и да детето не се,, стресирало''. Некогаш викам во ред ајде да не бидам толку строга нека, нека и допушти овој пат,но пак не дозволувам да излегува од контрола.
    Што сакам да кажам, секој родител си го сака детето и му мисли најдобро, со тоа што јас нема да и дозволувам уште сега да манипулира со мене не значи дека јас сум лош родител, туку само на време ја учам да знае да прифати кога нештото е за Не а кога е за Да.
    Знам родители што на децата уште од мали и дозволуваат се од брзброј причини:
    -да не плачело
    -да не се нервозирало
    -оти не можеле да слушаат како плаче, на живци им одело
    -дај нека прави што сака, само на раат да ме остави, мир да е..
    , а после кога децата доагаат на возраст кога воопшто не го почитуваат зборот на родителите, тогаш тие деца се тепани и малтретирани од страна на родителите. И сега кој е крив тука? - Според некои родители криво е детето што не слушало, според мене родителот што на време не го научил детето да го почитува зборот на родителот.
     
    На Охрид88, CameliaMiller, andrejko82 и 26 други им се допаѓа ова.