Е, ова! Ова е најдобриот одговор за сите оние што погоре илјадници пати ме цитираа за да ме обвинат дека сум нарцис и си го пикам носот кај што не ми е местото! Фала ти !!!
Се мешаат баби и жаби. Имам 2 деца, поминати ми се и плачки, и трескања и тантруми, и по продавници и по кафичи, и по улици и дома. Сме имале моменти кај што изгледаат на највоспитаните деца на светот, и моменти кога биле на Господ бељата. Само следно знам, нема да дозволам заради мене и моите деца некој друг да нема раат. Еднаш на кафе збеснаа, викаа, трчаа, расфрлаа работи, се собравме и си заминавме затоа што ни јас раат кафе пивнав, ни луѓето околу нас. Ги опоменував, не ме слушаа, моментално беа некако полни со енергија која немаа како поинаку да ја исфрлат, па ја исфрлија после со прошетка и трчање надвор. Секогаш се стремам кон тоа да ги научам како треба правилно, ако сакаат нешто што не е ок, бараме компромис со што сите би биле задоволни. Не добиваат се што ќе побараат, во никој случај, но не се ни преограничени со работи. Викам, еј некогаш и урлам, па и се заканувам, јеби га... ама често сме гушнати, насмеани, разиграни. Не знам како може да пишете така црни и бели сценарија, каде што се оди од крајности во крајности како треба. Треба онака како што налага моментот, треба баланс, треба да се има и воспитување и галење. Да се негуваат добрите особини кај детето, да се исфрлат лошите особини. Тоа е процес. Ама дека ќе оставам детето мое да тепа други деца и да сака се прво да направи оти било "амбициозно" по природа, да им ги крши сите играчки на другарчињата секој пат оти така ќе го научеле светот (се случило на несакање еднаш или два пати, се понудивме да купиме нова, се случува не велам не), или да чкрта по ѕидови дома или по гости оти било "креативно и уметнички" настроено (и за тоа, имаме 2 исчкртани ѕидови, ама остана на толку оти ги учевме да си ја зразуваат креативноста на хартија)... на кратко сакам да речам, ако гледате специфични особини кај деца кои би сакале да ги негувате, најдете начин кој е ок за сите, не фаќа од прва, за нешто треба месеци, ама кога тогаш ќе сфатат. Светот би бил многу убаво место ако има компромиси од сите страни, меѓу луѓето општо, меѓу родителите, меѓу родителите и децата итн.
И ние бевме деца, никогаш немаат рака кренато на мене и никогаш не сум била "хиперактивна". А сега куга дите мудруваат, како не смее да се искара детето, па убав тој ќе плаче, ќе има последици ако го шлапнеш по газе, цели филозофии, затоа ме ги фермаат своите родители уште од градинка.
Да ги шлапкаме ако не така малце по газе? Да ке има последици и ке се одрази на ваков или таков начин. Воспитување на дете и ќотек не одат заедно.
Па еве глеам дека им зборите со најтивок тон и тогаш кога во јавност пречат и на други и занемарувате лошо однесување, кои прекраснотии од генерации ги растеме и во какви луѓе се претвараат. А да не зборам за насилство мрѓу врсници. Ама добро шо знам јас кога сите по форумиве сте експерти по детска психологија. И не реков да си го утепаш детето од ќотек, туку еднаш да го шлапнеш (читај : не со сета сила) по газето. Епа не знам дали секој толерира невоспитано дете чие однесување родителите го игнорираат. Да нашите мајки сите беа седнати со книги Развојна психологија во раце и така не израснаа во млади и воспитани особи. Немаше ќотек, имаше граници и правила поставени. Па оди премини преку нив. Од самиот поглед што ќе ти го упатат ќе те фати срам .
@CurlyBlossomGirl не треба да си експерт по детска психологија за да знаеш дека ќотекот е ќотек. Мислиш дека со шлапкање по газе/раче ке промениш нешто, а тоа нешто да се одрази позитивно кај детето?
Ако дојдам јас и те шлапнам еднаш по лице, не со сета сила ама така од око, тоа физички напад е или воспитување?
"Еве нас така нѐ израснаа родителите со шлапнување/ќотек, со викање, па немаме трауми воспитани личности сме, што ни фали?" *мисли дека добар метод на воспитување е шлапање и/или ќотек*
Баш во темата за ќотекот најдов мислење во кое една мајка бара совет зашто детето упорно не ја слуша и покрај тоа што го плеска по газе. Кога го прочитав мислењето на членката, како татко ми да го слушам кога вели „Порано нас со ремени, стапови и што ли уште не не' тепаа, па ништо не ни е“. Но, од друга страна е многу против удирање на децата. Сега не дека не постојат разгалени деца, напротив, и тоа како постојат. Но, тоа не значи дека треба да се удри. Постојат начини да се создаде авторитет и да не се разгали без да се применува насилство. Но, кому ќе објаснуваш? Споменав и дека многу често разгаленото дете се користи како аргумент за да се применува таа „воспитна“ мерка. Кажав и зошто има разгалени деца. Млади има со такво размислување. Млади! Имам колега на факултет што мисли дека и наставниците треба да ги тепаат учениците, а не само родителите да ги тепаат децата.
Извини тебе што те цитирам, ама да се надоврзам. Не ја пратам целосно темава, ама се убацив накратко да ѕирнам што сте пишувале: Аргументот "ќе видиш кога ќе родиш" не само што е комичен, туку е и трагичен. Ами ако не родам дете, ако посвојам?! Не знам зошто некои мајки не сфатат дека ако немаш дете, не значи дека немаш и мислење на темата. Гледаш, перцепираш, размислуваш и кажуваш што ти се допаѓа, што не. Отсекогаш ме нервирало одење во екстреми. Па има "мајки" родиле деца, па се десет пати понезрели од некои кои не се оствариле како мајки. Има "мајки" кои секојдневно ги малтретираат и се изживуваат врз своите деца. Кажете ми како тие "мајки" ги променило мајчинството?! На крај краева, може имам некој помалечок брат/сестра па сносувам и јас дел од одговорноста во воспитувањето на тоа дете.
Удирање и каква било друга форма на насилство е ризик, а не гаранција дека одредени проблеми ќе се развијат. Следно, продлабочва проблем. Не работи на проблем. Моментално "решение", долгорочен ризик. Имам многу пишано во соодветна тема за ова, нема и тука. Ама секој пат сум загрозена како офанзивно ваквите родители пробват да си ги оправдат садистичките тенденции. Еве и ова ќе остам тука. Во ова тема не би зборала пак за ќотек, али ако се отвори пак темата за ќотек како воспитна мерка, не уште еднаш, уште 100 пати би се повторила.
Сите зборови ми ги извадивте од контекст, јас мое дете ниту сум удрила ниту имало потреба. А и не реков да му залепиш шлаканица. Ај терајте психолози.
На толку прочитани мислења уште не ми е јасно што се подразбира под терминот "разгален". Можеби и јас сум разгалена ако не сум дете, па бар да се разграничат критериумите за разгаленост. Можеби 90 посто од децата и возрасните се разгалени па тоа ќе испадне дека и не е некој феномен во општеството. Јас на пример сакам да го гушкам и бакнувам бебето додека не го шлогирам од љубов, сакам да ја држам во раце додека не ми падне кичмата иако веќе има килажа од која ми пати грбот, сакам да ја галам во секоја прилика која ја имам затоа што знам дека нема секогаш да ми биде бебеле кое ќе сака да се гали и мази, понекогаш насабајле сакам да си ја легнам до мене иако си има ред да си спие во нејзино креветче и исто така скоро секој ден сакам да си играм со нејзе наместо да ја оставам сама да дреме во релаксатор и игрална. Некој можеби ке каже ете ја разгалува и ја разлигавува што цело време околу нејзе се мотка што не значи дека ако некој поинаку ја покажува љубовта према своето дете е помалце родител од мене или од некој друг. Од друга страна сакам и материјално и пружам апсолутно СЕ, од облека до играчки, козметики, реквизити за низ дома и штотија знам. И не тоа не значи дека нејзината љубов и внимание ги купувам со материјални работи како што повеќето милуваат да кажат, напротив можам финансиски да си го дозволам тоа. Тoa не значи дека нема да ја научам да ја цени парата и да се труди утре со свој труд да заработи и да создаде нешто свое па ако не дај боже за нешто утре и кажам НЕ или со татко нема да биде во состојба да и го обезбедиме од било која причина ке се беси и ќе се фрла од тераса. Мене моите секогаш гледале да ми пружат се што ќе посакам но и во оние моменти кога за нешто ќе ми рекле НЕ, не може, нема и сл. не сум рипала од тераса и не сум се мавала од земја. Едноставно животот продолжувал да тече даље. Како ке го ВОСПИТАШ такво ќе биде утре. Мене моите секогаш ми викале дека додека се на овој свет секогаш ама апсолутно секогаш можам да се потпрам на нив без разлика дали станува збор за материјално и духовно потпирање но во исто време ме учеа дека треба да бидам независна во секој поглед за да кога ќе ги нема успеам да преживеам на овој свет и без нив. Ако за некого ова е размазеност тогаш не само што моето дете е размазено се пријавувам и јас да бидам ставена во таа категорија на 30 и кусур години и не ми е срам. Од трета страна бесни и хистерични деца и возрасни не поднесувам. Ако е дете (од било која возраст) не значи дека кога ке ми дојде дома треба да ми го демолира станот и мебелот кој со труд и пот сум ги купила само затоа што Еј дете е така си игра. Ма немој молимте госпоЖа ! Истото важи и за мојата никој не е должен нејзините хистерии или недостиг на домашна култура да ги трпи, пошто за мене чепкање по ташни по фиоки по плакари фрлање чаши и тањири кршење туѓи играчки се недостиг на култура а не на ново модерни психолошки состојби. Драмење, урлање, трескање од земја - такоџе. Еднаш можеби несакајки ќе направи нешто од горенабројаното и ке и го прогледам кроз прсти иако ке и укажам што направила ама ако гледам дека постојано го прави тоа задева други деца и сл тогаш ЈАС како родител имам негде потклекнато и ќе се трудам да најдам начин да и ги укажам тие работи. Сума сумарум епитети им се лепат на луѓето секакви. Да се надеваме на најдоброто и да се трудиме да израснеме нормални млади луѓе кои утре светот ќе го прават поубаво место за живеење.
Збориш како твојата генерација да е пример за правилно израснати луѓе.Прво тргни од фактот дека тој став ти е погрешен.Многу работи во израснувањето од минатото се погрешни и убаво е што денешните мајки повеќе се фокусирани на тоа да го менуваат начинот на воспитување. Не ви ја разбирам опседнатоста со минатото кога имаме шанса за напредок.Погледни и направи споредба помеѓу земји каде применуваат многу посовремени методи и во воспитување и образование и утепани земји како нашава. Тие деца што ги збориш што тепаат врсници, не ти треба многу логика за да ти текне дека се израснати од луѓе за кого ќотекот е од рајот излезен.Размисли за тоа и најди ја поврзаноста.
Никој не ти извадил зборови од контекст, туку факт е дека и плескањето е штетно, а ти упорно велиш дека нема никакви последици. @theowndemon напиша цел пост за ова. Не мора да си психолог за да го знаеш ова. И кога има потреба да го удриш? Ниеден удар не е заслужен. Детето може да биде убаво воспитано и неразгалено и без да ги применуваш тие насилни мерки. Воопшто не е штетно да прочиташ развојна психологија, а ако толку не сакаш, прочитај го постот на Демон, па тогаш кажувај дали ти вадиме зборови од контекст или не. Да се разбереме, никој не рече дека нема разгалени деца и сите знаеме што е разгалено дете и зошто е такво. Но, тоа не значи и одење во друга крајност. Да, и фамознот плескање по газе е насилство. Терај и ти со величењето на минатото.
Апсолутно. Ако одиме по таа аналогија на работите тогаш нека не коментираат членовите во политички теми оти не се политичари, или во теми за здравје оти не се доктори. Стварно мене глупо ми паѓа кога ќе прочитам "не смееш да коментираш, не си родила". И за второто, болдираното. Баш и јас тоа го имам пишано порано на темава, не мора да е од мене излезено па да го воспитам. Сме имале помало брат/сестра/братучедче. За мене игнор не е решение. Сум ја чувала братучетка ми многу пати. А, почне да лудува седнам ја, и и кажам човечки и ќе се смири. Може нешто во вид на награда, пример "ако поседеш мирна ќе одиме после ова во парк" и ќе се смири. И пак ќе кажам, родителствувањето не е воопшто лесна работа, но детето е суштество што сака цело време внимание.
Јас кажав еднаш ке се повторам пак, правото на говор не може да ви го одземе никој. Имате право на мислење. Верувај не е исто да воспитуваш брат, сестра, внука и свое дете. Таму не донесуваш ти одлуки и не си ти тој кој е одговорен, може ке се потрудиш ама сепак родителите се тие кои одлучуваат за детето. Додека кога си родител цела одговорност е врз тебе, една од најтешките работи во животот. Ама тежината не можиш да речеш дека ја знаеш се додека не ја осетиш на свој грб.
Што ќе се повторуваш кога последната моја реченица е еднаква на твојот одговор. Знам дека не е исто, не го негирам тоа. Ама, си има додирна точка пошто изгледа тоа е критериум да се коментира овде.
Не сакам да солам јас ум за тоа како да ги воспитате вашите деца, напротив, ќе ви кажам како јас се изградив како воспитана личност. Од мали нозе, па се до ден-денес моите родители не ми допуштаа ништо лошо да не правам и по мое. Инатот што го имав ми беше избиен со прачка. Јас никогаш не бев третирана како мало дете, јас од раѓање требаше се да знам. Никогаш не ми попуштаа да им се лигавам, одма ми викаа не ми се лигави многу. Тој беше начинот на моето воспитување.