1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.021
    Допаѓања:
    37.310
    Пол:
    Женски
    И тоа е во ред според тебе?:^)
    Јас не сум тепана како мала, па сум воспитана. Некои се тепани и воопшто не ги почитуваат нивните родители. Не знам на кој начин прачката ќе те воспита, може само страв да ти набие
     
    На mode-kristina, buba4e89, Mia Fuentes и 6 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.129
    Допаѓања:
    16.333
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш дека твоите не погрешиле околу твоето воспитување?Дали можеби твојата несигурност доаѓа од тоа што од мала се си требала да знаеш и никогаш не си направила ништо по свое?
    Еве јас ќе кажам за себе.Воспитана строго,навидум можеш да го кажеш своето мислење,ама кога ќе го кажеш ќе се превртат очи или ќе испадне пак си грешка.Повторување на одредени нешта дека никогаш нема да успеам.Недоволна близина,гушкање со родителите,искажување емоции.Најпогрешното нешто.Јас секој ден им повторувам на децата колку ги сакам,и да згрешат мојата љубов кон нив е иста,ама нема да ги поддржам ако не е исправно,ќе им укажам.Им кажувам дека е во ред и да цмиздрат и да се лути и тажни.Да не собираат во себе,да искажуваат емоции.Јас сум 89 год родена еве ретко од моја возраст да знам некој дека си кажува со родителите колку се сака,колку им значат.А сите ние кога ќе ни починат родителите си викаме зошто не им кажав колку ги сакав,зошто повеќе не ги гушкав.
     
    На SkarletOHara, marchi-cool, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Се слагам апсолутно. Родена '89та, и јас немав некоја посебна близина со родителите, воспитана строго, но не се плашев да си кажам што сакам иако тоа беше ретко, не бев некое "захтевно" дете што сака се што ќе види. Но сега како мајка на две малолетни деца, ги потекувам и знам дека сум им досадна од што ги гушкам и бакнувам и на секој саат им кажувам дека ги сакам. Знаат да ме извадат од колосек, но освен повишен тон друго кај нив ме функционира. И во последно откако малото тргна во градинка кај него со зборење завршувам работа :rofl: не сум за размазување, но тргнувајќи од тоа колку мене ми фалеше како дете родителска љубов и гушкање, не дозволувам да допре до мене зборењето на бабиштата дека на дете не требало да му се покажува прекумерна љубов. Прекумерна? Па љубовта према моето дете не може да се измери.
     
    На Snowflake97, mode-kristina, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.129
    Допаѓања:
    16.333
    Пол:
    Женски
    Е баш тоа е разликата,детето што е борбено ќе си го истера своето,а детето што е посрамежливо,плашливо,ќе се затвори во себе.Моите две деца се целосна спротивност,едното е преемотивно,баш како мене.Со двете се поставувам различно,различно им приоѓам.Мм знаеше на почетокот да рече машки се не ги бацувај толку,па немој во уста,не ги лигави и сл(и он пораснат исто без некои посебни емоции).Ама сега му годи која по цел ден се галат со него,го бацуваат.Мислам дека е најпогрешно да не им се покажуваат емоции.Не дека мои не ме сакале,ама јас не се сеќавам дека ми кажувале те сакам.Тоа е она родителство како по шаблон,битно е детето да е избањато,нахрането.И секој од нас при првата грешка на детето ќе се запраша дали добро го воспитал.Ама нормално е да погреши.
     
    На Snowflake97, mode-kristina, CurlyBlossomGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    12.655
    И најбесното дете на светот да е џабе му е ќотекот некои деца имаат преголем праг на толеранција за болка и ништо не се постигнува. Секое дете може тактички да се смири, сите имаат слаба точка. Дете што е срамежливо не можеш одма да го тупнеш во околина со бесни деца и бесно дете има премногу енергија што треба да ја извади негде. Разгаленост е дете да ги пцуе сите и дда ги тепа и да не му кажуваат ништо. Како што имаше една членка тука што викаше дека е сосем нормално детето нејзино да урла да се дере во кафана, ресторан, кафич битно било кафето она да си го испие, а при тоа детето да замара луѓе по маси и тортура да врши или со еден збор за30 минути да демолира се, е ова е размазеност. Јас никогаш не сум била тепана како и секое нормално ете и јас сум правела глупости али се со исаф и еве фала богу ништо не ми фали работа после средно и не сум останала без работа сите овие години и фамилија сум створила, а да не кажам дека не се ни замарале за мене. :)
     
    На CurlyBlossomGirl, Nikolina35 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  6. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    Јас нормално дека не кажувам дека тие на убав начин ме воспитувале... Јас никогаш не бев деете... Уште од бебе требаше се да знам... И дури ако кажав нешт што не му се допаѓаше кога одевме на гости, и таму знаеше да ми се развика... Абе што да ви кажам... "Брилијантен начин на воспитување"....
     
  7. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    12.968
    Пол:
    Женски
    Од нив си научила како не треба со твоите деца да постапуваш.Извини,не сакам да навредам, родители ти се... Но, по она што го пишуваш не биле " родител на годината".
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.