1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.197
    Не знам зошто почнавте да ја мешате темата. Темата не е за тантруми, а намалку за деца со посебно потреби кои ги мешате.
    Туку за деца кои родителите се му дозволуваат, секоја желба му ја исполнуват. Сакам она, ајде тоа, сакам ова, по 5мин не тоа, друго сакам.
    На детето треба да му се објасни зошто некои работи не смее да ги прави и дека не можи да има се, ако треба секој ден повторување. А не презадоволување, па после ќотек.
     
    На Stephen Amell, Veta, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Секој пат кога вербално или невербално ќе речеш "Не".
    Децата сакаат и имаат потреба од граници,бидејќи тоа значи сигурност,
    Кога се мали ,ние како родители сме извор на информации од светот ,кој може да им изгледа застрашувачки или збунувачки.
    За да се намали таа ќе речам збунетост и за да се прифатат информациите како се живее во тој надворешен свет се потребни сет правила (граници)кои родителот ги поставува.
    И ние возрасните се чувствуваме посигурно кога знаеме кои правила се за одредена ситуација.
    За децата границите се уште поважни.
    Нормално е да тестираат и да се опираат на границите,тоа е дел од нивниот развој.
    Но,воспитувањето со граници им помага да имаат одговорност за своето однесување (особено важно)а во исто време да се почувствуваат заштитено и сигурно.
     
    На CameliaMiller, Veta, Kitten и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Оти се изедначуваат трескање од земја во продавница на двегодишно и на десетгодишно дете. А не се воопшто исти.
     
    На snegulkata, Peperutce1115, Chantal и 11 други им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Имаше и порано, ама не беа класифицирани како сега појавите. Има возрасни луѓе на пример што имам читано дека на 30 години им е дијагностициран аутизам или нарушувања од различен спектар, а тоа кажува колку во наше време се обрнуваше внимание на развојот и состојбите кај децата.
    Во наше време голем дел од децата имаа страв од родителите, што не е воопшто позитивно и нешто за да се фалиме. За примерот што го даде и јас како мала со гаќи од мајка ми се појавив пред гости, па ништо страшно, децата биле и ќе останат да бидат исто љубопитни, да истражуваат и прават детски работи.

    Во врска со темата не треба да се мешаат тантруми што се дел од развојот на скоро секое дете и траат одреден период и деца кои што ги нарекувате разгалени.
     
    На Lolipop23, Peperutce1115, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    А тоа сето, оти некому што видел деца во маркет, му пречеле/ му се виделе невоспитани:D
     
    На dunika, Chantal, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Разгалено дете е она дете што го има авторитетот во семејството. Тоа поставува правила кога и што ќе јаде, кога и колку ќе седи пред лап топ или телевизор, дали и колку ќе учи, дали треба да му се купи нешто во продавница, кога треба да си одите дома кога сте на гости, дали ќе дозволи други деца да си играат со неговите играчки кога вие имате гости, итн итн. И ако не е по негово, се знае што следува. Нешто ко мал тиранин.
    Разликата меѓу тантруми и разгаленост или "испуштени конци" од рацете на родителите е во возраста. Тодлер кога е, до 3 години отприлика? Кога и после одредена возраст уште се треска од земја оти не е по негово или е разгаленост или нешто посериозно.
     
    На CameliaMiller, crazylady, Frosty! и 34 други им се допаѓа ова.
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.197
    Тантруми се некаде до 3-4години.
    Ако на некој му е тешко да прифати дека детето му е разгалено, тогаш океј е.
    И така темата се испомеша.
     
    На Bratot, tinka-mace, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    Јас не ја разбирам темата. За што треба да биде- како да ги воспитаме своите деца или како да ги преживееме туѓите?
     
    На Lolipop23, dunika, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.197
    Да си кажиме свое мислење.
    А не да се наметнуваат други теми како и секогаш да се води во свој правец.
     
    На tinka-mace, mode-kristina и nextredstyle им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    Мислење за што?
    Дали постојат разгалени деца? Да.
    Зошто се разгалени? Тоа е веќе тема за дискусија.
    Реков- темава ми е ко за сеир поставена.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам за да се разговара за размазени деца.
    Бидејки од тоа што сум го приметила не се прифаќа дека воопшто постојат размазени деца.
    Тоа е нов тренд.
    А итекако постојат.
     
    На Anie93, CameliaMiller, Stephen Amell и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не може да е табу тема само затоа што е осетлива за некои родители. Пожелно би било да се дискутира од психолошки аспект, а не -на комшивката детето истури сок врз мојот тепих и слично.
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90 и Celltica им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.545
    Пол:
    Женски
    Не е за сеир,бар не делува така.Факт е дека има разгалени деца.
    Добра тема е,само да не отиде во погрешен правец.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.968
    Пол:
    Женски
    E, да ми си здрава и жива за ова.
    Некако магично почна да се вреднува психологијата на децата и науката за нивното однесување, ама наместо тоа да вроди со плод, односно со културни и воспитани деца, то скроз обратен ефект има. Се повеќе гледаме разгалени и невоспитани деца, пардон, хиперактивни.
    Немој да му се развикаш, немој да разговараш со повисок тон, немој да му се лутиш, ништо, ама баш ништо не прави. Остави го на глава да ти се качи, во спротивно во иднина тоа дете ќе има трауми оти мајка му му се развикала.

    Со самото тоа што им се дозволува се' и им се прогледува низ прсти, во иднина нема да можат да се снајдат во животот. Не се научени дека не, значи не, пошто ако мама каже не, тоа дете ќе се скапа трескање од земја додека тоа не, не се претвори во да. Таа разгаленост поминува само кај мама и кај тато, во друштво, во школо, па и во иднина на работно место, малце потешко..
    Ама родителите си знаат најдобро.:D
     
    На Stephen Amell, Veta, Kitten и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Сум била сведок на многу случаи низ годиниве како родителите се кикотат на глупости на нивните деца. Ко што пиша некоја од членките, детето и чепкало по фиоки и донело долен веш на маса, а мајка му се клешти.
    Многу лошо според мене, скроз неприфатливо понашање.
    Не е детето тука виновно, родителите не знаат да постават, или пак ни тие самите немаат граници.
    Иам и дома пример на 20+ разгалено лигле, кое е ко мал тиранин и сите ги команда, и знам како истиот го галеа цел живот. Сите му се виновни за неговите глупости, никогаш не носи одговорност за нешто, сите се под него, он е најпаметен, најубав, најдобар, ништо не знае сам да заврши, одвратно понашање има кон сите. Не знам како иаме исти родители, али доказ дека родителите сосема различно воспитуваат две или повеќе деца.
     
    На Martka, Larahappy, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.694
    Пол:
    Женски
    Ух, факт било. Порано тие работи не беа воопшто или доволно истражени. Денеска при толкави научни истражувања и стручни литератури, да ги наречеш глупости значи си збориш на памет.
    Она што тебе ти е "факт", денеска науката точно објаснила зошто и кога се случува.

    Значи треба да се разграничи прво возраста. До 3-4 па и 5 години некогаш, се додека детето го нема совладано говорот и не знае како поинаку да ги објасни емоциите, во главчето му се дешава емоционален ролеркостер, експлозија на емоции кои не знае како поинаку да ги интерпретира, и тогаш почнува тантрумот. Дури и 5+ годишно дете, да видиш во маркет или било каде што има тантрум, не можеш одма да го препишеш на разгаленост, оти не знаеш дали и со каква состојба се соочува.


    Од друга страна, да, постои разгаленост. Обично таму каде што нема комуникација со родителот, или негде се згрешило во комуникацијата. Воспоставување здрава комуникација е веројатно една од најтешките работи за еден родител. Затоа што најлесно е да кажеш не, мислејќи дека така треба, притоа детето повторно да не разбира зошто е не, а не е да, и плус и тоа си носи сума контра ефекти, меѓу кои понатака влијае кон нарушување на самодовербата и довербата во родителот. Се почнува со одложено купување подароци или дозволување некоја работа. На пример ако веќе денес еднаш добило играчка, и посака друга, ќе му се објасни дека следниот ден ќе добие пак. Следниот ден ќе ја добие и пред да ја побара. Така стекнува доверба во родителот. Како расте и перцепцијата му се шири, и ќе биде доволно возрасно за да сфати, ќе се учи дека не може да добие се во животот.

    И вака пишано, делува едноставно а е премногу комплицирано за да се расфрлувате со термини за кои многу малку знаете. Ама хеј. Сте виделе дете што вреска во продавница, и иако поима немате со што се соочува родителот и што тој презема, сепак етикета е најлесно да се залепи.
     
    На Lizi, Lolipop23, dunika и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Дете што тестира граница за да добие нешто фрла тантрум, истите се нормална појава и до 6 годишна возраст. Не знам како ги исклучивте едно со друго.
    Не можам да го најдам мислењето од членка што вика дека поставува граници на ќерката па таа макар и плачела пола саат во продавница, вие ова ќе го видите и ќе речете класично разгалено дете, иако баш тоа е механизам на мајката да не го разгали, така и почна темата ако не се лажам.

    Ако до скоро се викаше не го земај бебето секогаш кога плаче ќе го разгалиш, сега наративот е дијаметрално спротивен. Така е и со ова, разгалено веќе не се ни користи како термин, а и во нашиот јазик укажува дека детето треба да е ускратено од галење, што па е начин на искажување љубов.
    Се користат термини како "презаштитено", "дете на хеликоптер родители" и слично, што секако не е добро, НО, јас не познавам возрасен човек денес кој не се изнервирал за банални нешта, кажете ми кој е тој совршен човек крајно дисциплиниран, кој никогаш не повишува тон и нема било какви негативни емоции. Гарант не постои, па така лицемерно е негативно да етикетирате дете со 5 години живот, плус што таквото етикетирање одамна е напуштено некаде каде детето се почитува како индивидуа.

    Деца со посебни потреби се спомнуваат зашто судите без да знаете, медицинска историја ли им имате на увид на сите овие деца што ги прогласивте за разгалени, а нивните родители за неспособни. Можеби баш справувајќи се со некаков проблем, реакцијата на родителите е таква каква што ја гледате и ја викате "клештење" на пример.

    Јас не прочитав ниедно мислење што вика "еве моето дете е здраво, ама е многу разгалено, јас немам контрола и не сум добар родител", стално се туѓите деца проблем, а проблемот е истиот, неразрешени трауми од детство што ви прават тригер на однесувањето на децата, зашто со вас лошо се однесувале кога сте имале испади. Ама што ќе ни е психологија, удри етикета и само строго.
     
    На Lolipop23, kukla21, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Многу се плашам од воспитување, не знам дали ќе успеам во тоа. Сакам да останам цврста и да го научам на ред и дисциплина, вредности, правила, а од друга страна се плашам да не потклекнам и да отиде работата во друг правец.
    Како и да е, се трудиме дома да има хармонија, позитива, весела атмосфера, но почнав уште сега да кажувам јасно и гласно Не! кога прави недозволиви работи. Обично ја наведнува главата и лази до мене да ме гушне. Е тука не знам како да изреагирам, дали треба да го гушнам или да го оставам. Обично се гушкаме и не ги повторува работите што ги направил. Знам дека е мал, има само 10 месеци ама не може да удира по тв со играчките на пример. И разбира, уф како разбира кога го карам и кога го фалам. Кога ќе дојде време и ќе порасне уште малку ќе му објаснувам убаво зошто и како не може да добие или да направи нешто. За понатака искрено не знам, веројатно ќе прочитам некоја литература, но мислам дека функционира методата награда и казна. Се зависи од детето.

    И да, постојат хиперактивни деца што не е исто со невоспитани деца. Моево не застанува буквално.
     
    На Anie93, CameliaMiller, Stephen Amell и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба да го гушнеш во таква ситуација, ја сфатило пораката со НЕ и после треба да знае дека и кога ќе згреши мајката уште го сака, безгрешни луѓе не постојат.
    Прочитај за стилови на воспитување, gentle parenting, attachment parenting и слични, види каде најмногу се пронаоѓаш.
    Стравот кој го чувствуваш е всушност одговорноста која си ја препознала дека ја имаш за воспитување на детето, и е показател на грижлив родител.
    Награда и казна е застарен метод мислам, и не ја дава правилна порака, туку очекување дека треба да е наградено за нешта кои се неопходни да ги почитува и направи со што се прави пинг понг на моќта, на пример ќе легнам да спијам ако после добијам повеќе време пред екран
     
    На dunika, Sexybaby86, IM.TMKQ и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.178
    Темава има вовед- ме вадат од такт разгалени деца, што мислите вие. Не знам кој правец би можела да фати:?:
    Ако фати правец, ќе ви дадам конструктивно мислење:D.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.