Фала ти што ми ја олесни работата. А, баш сега сакав да го пишувам истово објаснување. Гледам почнаа да се мешаат поимите...
Насловот е јасен.Темава добро тргна,ама почнаа да спомнуваат тантруми и други состојби/ситуации иако не треба да се спомнуваат бидејќи има соодветни теми за нив. Одма тргаат во напад дека некоја суди врз основа на тоа што го видела во маркет или на друго место. Да,не треба да се тврди туку-така,ама не треба ни да се претпоставува дека членка што спомнала примери збори/суди без да знае. Еве,Дениција бара мислење и на сведоци и не сака да се мешаат поимите.
Се согласувам дека е застарена метода зашто ми е останато од моите Да бидам искрена, казните доминираа Сум била и 'наградувана' ама не ми било нагласено тоа, туку ете пример, сум положила тежок испит, па ајде да те почастиме нешто. Казните функционираа кај мене ама друго време беше тоа, родителите беа различни, наставници, професори. Се беше поразлично и сите имаа удел во воспитувањето. И бабите и дедовците беа построги, сега моите само го лигават малиот Ти благодарам за предлозите за литература, сигурно ќе разгледам.
Два пати го препрочитав постот. Членката никаде не спомна ќотек. Зошто едначите воспитување со ќотек? Ниту воспитување значи ќотек, ниту пак ќотекот е воспитување. Ликовите што не дошле во допир со растење деца барем биле и тие деца некогаш. Децата да, не знаат многу работи, но затоа учат и се учат најмногу додека се деца, нели. Смеење и "дете е" не е изговор, запоставување на дете до одреден степен е според мене, ама изгледа немам право на мислење на темава.
Па генерално тој авторитет и дисциплина што ги спомнува членката се постигнуваа со ќотек. А и општо, тука ќотекот решава сѐ, па и разгаленоста. Почит и авторитет со доверба и сигурност ДА, стравопочит и особено изразен страв при што детето се плаши да сподели со родителот што го мачи НЕ. Сите некогаш сме биле деца, точно, ама не паметиме сѐ. Поинаква е перспективата на детето, поинаква кај возрасниот, поинаку е кај возрасен кој не е родител и гледа од страна, поинаква кај остварен родител. Многу работи не знаеш за децата додека не ги добиеш. Многу работи што знаев како да ги правам во теорија, не се баш исти со праксата. А мислев дека знам како. Не знаев и уште не знам секогаш. Има разгалени деца, точно, ама ако ви сметаат не сте должни да ги трпите. А најмалку да ги осудувате по форуми. А ако толку ви сметаат, што да речам, превоспитајте ги.
Искрено дури и се плашам да напишам мислење на темава, моментално сум родител и стварно во себе имам преголем страв како ќе успеам да го воспитам детето, постојано читам нови работи околу воспитувањето и не знам во иднина како ќе успеам, се надевам дека ќе го научам да "слуша", одговорноста на родителот е преголема. Е доколку не бев родител ќе се согласев со членките што не поднесуваат разгалени деца, и дека тоа дете е одраз на родителот. Има деца што стварно премногу им се попушта во секоја ситуација, добиваат се што ќе посакаат и тоа е навистина лошо воспитување. Ама од друга страна се родителите кои не секогаш имаат време да му посветат на детето па љубовта и среќата му ја купуваат со играчки и со тоа што детето ќе посака само да не плаче и да не се треска од земја. Плус тука спаѓаат и бабите и дедовците што исто така се премногу нежни со децата па тоа разгалување и од таму може да дојде, нели детето само си пробува до каде може да оди, ако родителот му постави граница бабите ги поместуваат тие граници и после детето ако не добие од тебе тоа што сака ќе оди таму каде што ќе му се дозволи, и стварно не знам како да се постапува некогаш. Сега детето ми е мало и не сакам да зборувам пред време да не ми се удри од глава тоа утре, само се надевам дека ќе успеам правилно да го воспитам.
Значи на форумот за се може да се зборува од секс, религии, неверства, болести, финансии, разноразни осетливи теми за многумина ама божесачувај да отвориме тема за родители кои можеби погрешно си ги воспитуваат децата, пошто женамајкакралица или не знам кој друг комплекс. Ахам, нема проблем.
Ама од кај знаат тука на форум кој како си ги воспитува децата? Битно да си отворат тема, да ја наполнат со осуди зошто нешто било вака или онака, а ти да не останиш покусо дека сите се искомплексирани, па затоа им пречат темиве
Никој не знае да разликува тантрум од разгаленост од хиперактивност и слично, само ти, затоа да ја затвориме темата пошто само специјалисти или психолози треба да се вклучат. Која самобендисаност. Ако сметаш дека некои постови не се во склоп со разгаленост слободно можеш да се вклучиш и да доловиш поента или да едуцираш. Но да сметаш дека треба да се затвори затоа што сигурно само сеирџии ќе коментираат што замисли, не прочитале што е тантрум...е превише и за тебе. Ти кога коментираш за неверства и болести, разводи и слично, си ја поминала секоја ситуација па затоа се вклучуваш во дискусија? Зошто не бараш и тие теми да се затворат?
Оф топик, мое лично мислење е дека на теми за деца родителите некако многу лично ги сфаќаат некои работи. Еве @Annath ок се сложувам дека не можеш се да знаеш ако немаш деца, ама искрено да ти кажам од некои родители што цел ден пред ТВ го минуваат, а детето со таблет, тврдам дека знам повеќе, иако немам деца. Не знам, заземање на дефанзивен став скоро секогаш ми алудира дека некој се пронашол во темата, дури и да не е така. Некако ми нема смисла постоење на форум ако не може секој да си каже мислење. Не се ексклузивни темите за некоја група на луѓе. Размазени деца не мора да сме родители за да знаеме дека постојат, ги гледаме, сме учеле со нив, ги среќаваме. Може и од тоа нешто да се увиди. На темата, се сложувам дека децата ќе ги тестираат границите и дека авторитет е многу, ама многу битен за едно дете. Пред да ми ги извртите зборовите, не зборувам за ќотек и за страв, туку да се знае кој е родител, а кој дете. Чувството на авторитет не е само дома, туку и во градинка, и во школо и понатаму во општеството. Лично мислење мое, родител со недоволен авторитет најчесто има размазено дете.
Никаде не побарав да се заклучи темата. Само да се разграничат некои работи. Да, морам се да имам поминато за да дискутирам на одредени теми @Bridget, исто како тебе. Ама баш исто. И не ми зборувај за самобендисаност, кога реално самата си пример за истата.
Ова е невоспитано дете, а не размазено. И на деца со посебни потреби им се објаснува дека тоа не треба да се прави макар и 1000ти пат. Исто и претурање по фиоки ако ми е ок да претура фиоки дома не значи дека треба да дозволам да претура по фиоки кај другарка ми. Ама ова не би го нарекла разгаленост туку невоспитаност. Родители што не се замараат да им објаснат на децата што е во ред, а што не.
Во теми за исхрана на деца први сте да пишете што е здраво што не и зошто родителите си ги хранат децата со глупости без да се помисли на можности и финансии, ама ова е многу поразлично и далеку поосетливо. Ок
Не. Темава е - видов на пазар криви моркови, многу ми пречат. Ниту си седела моркови, ниту знаеш како растат морковите, ниту нешто ќе праиш со тие моркови, ама ете ти пречат. А да пораснеш морков е толку комплексна работа.
Мораш одма на биљарски работи да свртиш па и ти Темава не гледам зошто да не е конструктивна, само заради воведот.
Како да не ми пречи преразмазено дете што кога ќе влезе во маркет и ќе му земат 10 нешта и баш 11 што ќе му падне на памет нема да му го дозволат, почнува хистерично да вреска? Не му го даваат телефонот - истата песна! Итн, итн... Што да не е така родено??? Не, не, извинете! Така е научено! Ми смета, нормално, само не знам дали повеќе детето или родителите што не си ја чукнале главата. Само би сакала да дополнам дека кога се сака, сè се може! Ах, да, подоцна и ако се знае како! Што сега, само ќе праиме деца, а после што ќе им даде Господ?! Ќе се упраат, мали се?! Хахаха, ајде ве молам... НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ! Се согласиле или не, тоа е
Деца се и на 8-10-12 годишна возраст. И тогаш ли имаат тантруми? Мислам дека најчесто родителите секако го сакаат најдоброто за децата и се трудат да ги воспитуваат на сосема спротивен начин на кои самите биле воспитувани. Тој начин обично бил крајно авторитативен и често вклучувал физичко и психичко насилство. Ама се оди во друга крајност и е ултра пермисивен. Некои не сакаат да се натегаат и објаснуваат со детето, па полесно е да му попуштат. На некои едноставно им е мерак да го гледаат среќно и му допуштаат се. Но дали тој начин на воспитување на детето ќе му биде од корист? Сметам дека не. Ќе има развиена самодоверба, тоа да. До кога? Не може цел живот сите наоколу да му ги исполнуваат сите желби и некогаш некој ќе му каже не. Мислам дека тогаш многу потешко ќе му биде да го прифати тоа и можно е дури да му се сруши таа самодоверба. Се намалува и задоволството од чувството за успех, ако се му е сервирано на тацна. Се намалува креативноста, ако не мора да се помачи да смисли начин како да добие нешто. Се воспитува да не почитува авторитет, да не почитува граници и да не знае како правилно да функционира во општеството и не гледам како тоа би му било од корист.
Вери интерестинг ми се оние со ЌЕ, јас ЌЕ, јас вака Ќе, јас онака нема, итн... А обично 99% од тие кои рипаат како нема да прават кога ЌЕ станат родители, подоцна стануваат најголемите лигуши чии деца се најпрепаменти, најчувствителни и да, најразгалени. Некој умен човек рекол: Прво скокни, па речи оп. Пих, што знае тој?
Воспитувањето на деца е една од потешките и покомплицирани работи за еден родител, колку нам да ни изгледа лесно и никогаш не оди по книга. Можеме да читаме колку сакаме развојна психологија, да консултираме стручни лица, на крајот од денот, доаѓаме дома и имаме дете, посебна индивидуа која си има свои сопствени чуства и особини. Има деца кои едноставно се мирни, незахтевни и со нив е лесно да соработуваш, а има и деца кои од мали се потемпераментни, бараат повеќе внимание, работа. И со едните и со другите мора да се работи. Некогаш како родители сме свесни дека знаеме да поминеме граница и да дозволиме децата да манипулираат со нас, со што долгорочно води до разгаленост. Секое дете помалку или повеќе е разгалено, работава е да не ја помине границата. Кога ќе ја помине границата е она што треба да не загрижува. Да ги оставеме настрана состојбите како АДХД, сензорни нарушувања, аутизам, зборуваме за разгалени деца. Обично кога работите излегле од контрола детето се претвара во мал тиранин. Дете е да, ама малтертира се околу себе, од родител до баба, до другарчиња. А никој не е должен да го трпи неговото однесување, неговата разгаленост, само затоа што неговите родители потфрлиле, не успеваат да го воспитат и полесно им било да го разгалат до степен да се околу себе малтертира. И не е тоа тантруми, не е емоционална нестабилност, АДХД или слично. Тоа е разгаленост, која за жал понатаму и може да прерасне и во некоја психичка состојба. Не знам, не сум психолог. А за тоа е виновен само родителот. И да, таквите деца не се должни да ги трпи никој, не можете да бидете заложници на нивните хирови Нема совршено воспитани деца, но има граници. И секако родителот треба да биде родител, а не другар. Авторитет и почит, не страв, ама мора да се знае кој е родителот, а кој детето.