Разгалени деца

Дискусија во 'Дете' започната од DenicijaNaPetre, 20 март 2021.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.366
    Допаѓања:
    90.357
    Пол:
    Женски
    Чекај сега.
    Значи јас ( бидејќи јас го кажав личниот пр.со каменот.)требаше да го напуштам ресторанот заедно со другите гости зошто ни сметало што ни летаат камења околу нас.
    Ма браво супер.
    Сите треба да се прилагодат на нечиј принц кој не слушнал "Не" од родителот и зошто детето сакало да фрла и не ја знае последицата.
    Ја знае родителот.
    Тој го учи како да се однесува во јавен простор.
    И не ги користи претходните генерации како изговор или споредба.
    Ќе видиме што ќе произлезе од пермисивното воспитување.
    Детето мора да има граници на своето однесување и тие ќе ги постави родителот.
    И не зборам за тантруми.
     
    На CameliaMiller, Stephen Amell, SuperGirl24 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Детето фрла со камења во ресторан, родителите не реагираат, менаџер не реагира, тој што е оштетен не реагира, сите станувате и си одите, тоа ли прочита во тоа јас што го напишав, ако вака не разбирате не ме чуди што дете нема да разбере.

    Јас не ги користам претходните генерации како изговор, психолози ги користат како база за истражување, тоа што вас не ви одговара на аргументите фактот што генерално воспитувањето во минатото имало фалинки кои допринеле за денешните возрасни во поголем или помал дел да носат помали или поголеми последици, од кои денешните родители можат да научат поефикасно да одговорат на природата на децата која е таква каква е, не се родени децата спремни да се справат со светот, особено ваков модерен со многу очекувања од нив
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.968
    Пол:
    Женски
    Се измешаа конците во темава, можеби дека беше општо поставена, и секој од различен агол си ја сфати.
    Има разлика од детенце на 1-2 години, дете од 3-4 години, претшколска возраст, па и претпубертетска возраст. Сите овие возрасти бележат големи развојни психо-физички промени.

    Треба да се разгледува темава, според мене, за деца кои нѝ се познати, кои ги гледаме често, пример внучиња, нашите деца (ако можеме да сме непристрасни :$), па и комшивчиња кои подобро ги познаваме. За останати деца, туѓи деца кои ги гледам на улица, во маркет, на игралиште, бегло и на поминување, не сакам да си стварам претстави. Не се сеќавам некогаш да имам превртувано очи и да се запрепастувам од лошо однесување на непознати деца. Си загризувам јазик и си велам само што ли им се случува, бидејќи премногу е осудувачки да си направам филм за некого таму. Сум видела трескање вриштење мавање од поголемки деца, буквално агресија. Ама ниту возраст им знам, ниту позадина, па да си земам за право да ги скенирам и коментирам. А колку само ме нервираат возрасни кога ќе зркнат во нив или па ц'цкаат аууу :envy:. Нападни и одвратни и уште да почнат со коментари, со тие погледи вперувачки...ај бркајте си работа!
    А за разгаленоста имам мислење, ама ќе ја коментирам и си формирам мислење за деца, пак ќе кажам, што ми се најблиски, чии односи во фамилијата ми се познати.
    Разгаленоста - од каде произлегува, кога и како се прашања што се индивидуални за секое дете и не може да се повлече една заедничка линија. Оваа тема се поврзува со темата Воспитување, баш ја спомна @Biljarkata , па поарно да се разгледува низ призма на воспитни стилови, бидејќи така сама по себе издвоена е повеќе осудувачка и штура. И проблемот да се бара, а и решението да се најде во родителите, уште поназад во нивното лично воспитание и убедувања, трпеливост, свесност...

    Како беше, за воспитување на деца постојат неколку фактори, во градење на нивната личност: семејството, училиштето, општеството и самоактивноста.
    Ако го коментирам однесувањето во оние први школски години, кога едно дете станува веќе свесно за причина и последица, би тргнала од семејството, како прв и најважен столб, дотогаш секако детето и многу многу не е изложено на други влијанија, ок Е, ама родителите се први и сѐ уште доста повлијателни.
    Почнувајќи од таа возраст, од 6 години со детето може да се разговара, да му се објаснуваат настаните и тоа си ствара слика, може доста добро да научи што е дозволено, добро, примерно однесување. Да научи да ги чува предметите, да ги цени туѓите граници и чувства. Кога оди на гости да знае дека таму има други правила, друг дом и не може да прави што му текне како да си е во свој дом. Ме нервира фразата "а бе дете е, нека го", како тоа да научи што е правило, што смее а не, ако слуша за него дека така вели мајката/таткото. Како да научи што е одговорност кон другите луѓе, нивниот простор и лични предмети. Па не сакам да ми дојде внук ми дома, да ми ја тегне завесата, да фрла со топка во телевизор, и тоа да се доживува како секојдневно однесување. Не може така.
    Децата се многу интелигентни и доста директно ги сфаќаат пораките. Ги тестираат границите (читај: водат инает :D) ги следат родителите во постапките, сѐ забележуваат, и дури несвесно ги восприемаат, и си одбираат модел.
    Било кој дел од личноста на едно дете не е слепа улица, туку една голема крстосница, со многу фактори.
    А факторот љубов и комуникација во семејното јадро се први и суштински. За останатите фактори, Господ да нѝ е напомош.
     
    На Cherry333, BloodElf, Dikinzi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не само тоа, туку измешаа и разгаленост, со тантруми, со насилно однесување.
    А сите се различни состојби.
     
    На Stephen Amell, Cherry333, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Секој месец нови патики, секој втор ден нови играчки, одење по умот на детето што не знае ни како се вика... Да, има разгалени деца, но кривицата е во самите родители. Од најмала возраст телефони и таблети имаат. Се скршил едниот, му купиле нов. Зема се' без прашање и збор не му се вели. За жал, и родителите сфаќаат дека згрешиле, но доцна. Потоа мака мачат да ги "воспитаат". Како што сте коментирале погоре, потоа децата ќе си лечат комплекси врз наставниците, роднините и општо луѓето на улица што ги среќаваат. Родителите немаат ни срам ни перде. Свестете се родители; научете го вашето дете што е важно во животот, научете го да ве почитува вам, а потоа и на другите.
     
    На edna_malecka, Stephen Amell, mKdevojce и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.092
    Допаѓања:
    188.463
    Да ве почитува вас а потоа и другите. #grammarnazi:tmi:
    Во другата тема таблетот беше предуслов за имање дете, сега ова:doh:

    Имаш право инаку, во глобала тоа е. Децата со премногу се размазени. Децата со премалку се невоспитани. Чаре?
     
    На edna_malecka, poi, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам да пишувам малце од друг агол за да ја доловам суштината на приказната.

    Порано за особа која што спие со повеќе мажи за пари се велеше дека е спозноруша. И нема што тука, факт дека е еден од најстарите занаети во Светот и избор на секоја девојка. Денес за истите се вели старлета, демек елитна е..
    Порано во дискотекоте и по фирмите имаше чувари, денес се повеќе нафурани, со тоа што се малце повеќе набилдани и со назив обезбедување. Што обезбедуваат не знам, ама ајде.
    Денес децата немој да напишеш дека се размазени Боже сачувај, па родителите очи ќе ти истераат. Ќе ти најдат одма нов психолошки назив кој значи се, само не размазено.

    Јас разбирам дека некои од дечињата имаат нарушувања и тие не ми се дел на дискусија затоа што за тоа не се виновни, ама размазени деца има и тоа во денешно време 70%.
    Тоа е одлика на родителите и нивното немање време за воспитување или можеби тука игра улога желбата да се биде над другите врсници.
    Размазено дете од тип: Мама сакаш ајфон ? Оно не знае колку прстиња има на рачињата, ама битно ајфон и наочарчиња рејбан ќе има. Нека носи немам ништо против, ама имам против нивното врескање по моловите, по кафичите, кога своите баби и дедовци буквално ги клоцаат, и некои од другарчињата од клас ги исмеваат, а родителите на тоа одговараат па така тие си играат хехе. Тоа е малце знаете темпераментно...хиперактивно.
    Не, не е темпераментно, туку безобразно и до немај каде разгалено.

    И во постовите читам ако ви сметаат не одете таму и таму. Исто да ви кажам и Вам. Ако ве погаѓа толку оваа тема и вие тука не дискутирајте и готово.

    Или така не бива хм ?
     
    На Stephen Amell, Snowflake97, Ambrosia и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    9.717
    Пол:
    Женски
    Размазеност според мене е кога ке се измешаат улогите на родителот и детето. Автоматски тоа дете мисли дека цел свет може да го команда исто како и дома, ама тука веќе се соочува со проблеми. Колку повеќе расте толку фрустрациите стануваат поголеми.
     
    На mariz, Martka, Limpan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    17.564
    Пол:
    Женски
    Од кај оваа процентуалност испадна незнам.Јас пак многу ретко сретнувам размазени деца.Деца како деца знаат и да плачат и да се трескаат ама вистина не сум била сведок некој на детето да му рекол не се трескај еве ти ајфон.Секогаш сум слушала и гледала родители кои им објаснувале на децата дека тоа што го бараат во моментот неможе да го добијат.Или дека не е убаво да се качуваат на маси или да се туркаат,маваат.Можеби се движиме во различен круг на луѓе,ама еве нека се изјаснат членките колку пати биле сведоци на тоа родителот да не е заинтересиран или да го подржува детето.Јас вистина не сум била сведок на таква ситуација.

    Еве и во основно во моето одделение имаше баш голема класна разлика,ама тоа го сфатив дур отпосле,можеби кога бев средно.Имаше деца што имаа огромен број на финансии,ама бевме еднакви.Никогаш никој не ме исмевал ради мојата евтина гардероба,а и никогаш никој не ми се фалел од каде е неговата скапа гардероба.
    Дури после тооолку години дознав на одредени деца колку им се влијателни родителите,со какви фирми и функции располагаат.
    89' сум ако нешто менува.
     
    На Lolipop23, mode-kristina и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Најверојатно се движиме на различни места ;)
     
    На tinka-mace, nextredstyle и simona_baby им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас сум '90 и исто така израснав, во клас со деца на пребогати луѓе ама буквално никогаш не сум осетила разлика меѓу нас. За тие што беа ептен загрозени дававме секогаш пари за да можат да идат со нас на екскурзија итн. Размазени имаше ама не со пари туку мораа да бидат победници секаде, да бидат најдобри, во спротивно гледавме драми. Еве мм исто е израснат со богато друштво ама и денеска нема никакви разлики помеѓу никој од нив.
    Сум видела размазени деца и покрај тоа што родителите ептен се трудат, непријатно им е, бегаат од јавност кога има испад ама ете некаде потфрлиле. А искрено, деца да лудуваат, а мајките ладно да пијат кафе сум видела само во странство. Како што кажа, тука секоја мајка се труди да го смири детето на свој начин, да објасни, да разговара. Не значи дека ако и е разгалено детето, таа мајка не смее да испие кафе надвор.
    Трпиме сешто секаде, до децата дојде работата колку биле разгалени или невоспитани.
    Пречи, разбирам ама тоа е, колку вие имате право да се смеете на глас во кафана, толку тие имаат право да бидат гласни. Кој не може да издржи нека си оди.
     
    На mode-kristina, Dikinzi и simona_baby им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.880
    Допаѓања:
    129.850
    Пол:
    Женски
    Прво,ќе напоменам дека коментаров ми се однесува на разгалени,невоспитани деца,не на деца со нарушувања.
    Второ,нека пијат и јадат родителите,ама ресторанот не е нивен дом.Никој не е должен да трпи викање и трчање без прекин.
    Ајде,на некоја приватна прослава нека вреват и трчаат децата,ама кога има разни луѓе во објектот кои дошле да ручаат(кој со фамилија,кој деловно),не е во ред викањето и трчањето.Треба да се има култура.
    И маркетот не е домот.И во пандемија сме,па не е во ред дете да фаќа што ќе му текне,да се бута меѓу луѓе и да го кочи редот.
    Треба да се држи дистанца.А,и ако детето скрши нешто,родителот ќе го плати тоа,ама шефот/шефицата по кого ќе вика?
    По вработените.
    Ај,бебе не разбира,ај дете до 3-4 години не разбира,ама над тие години е веќе срамота да нема манири.
    Ако вие не сте растеле со разгалени и невоспитани,други растеле.Посведочиле на многу ситуации.
    Дете на роднина сака сè да фати,зема туѓа играчка и нејќе да ја врати.Родителите се смеат,а дома кога прави неред му се дерат.
    Соученик во средно сметаше дека треба да има петка по секој предмет и кога не треба затоа што татко му е роднина на јавна фаца.Бил од важна фамилија,му следувало.Бре... :rofl:
    Соученичка во основно урлаше 2 саати што добила 4-ка,а не 5-ка на тест иако не одговорила доволно.Не прифаќаше „не“ за одговор.Срамежливите и мирните деца од сиромашни фамилии ги третираше како да ѝ се испод ниво.
    На некои места не се дозволени викање,трчање и фаќање работи без дозвола.
    Не е лесно,ама мора да се научи дете да прифаќа „не“ за одговор.Не треба да се дозволи тоа дете утре да стане возрасен кој ги гази другите затоа што мисли дека мора да биде по негово и дека сè му следува.
     
    На mode-kristina, Veta и deskarada им се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Не треба ама не секој родител може да го постигне тоа, може и јас нема да успеам не знам. Така е, ги има многу некултурни, невоспитани, разгалени деца. Јас само не сфаќам како не може да се помине преку тоа? Плачело во маркет, па добро како тоа ќе ти го смени денот? Во ресторан разбирам, може некој седнал после напорен ден да се напие пијачка и ти урлаат деца. Смета знам.
    Еве мене ми смета кога ми дишат во врат во маркет, мажи седнати во кафана урлаат, се смеат на цел глас, нивна е кафаната. Тоа е, не им превртувам очи, не ги гледам напреку, си ја гледам мојата работа. Ако ми смета ќе си одам. И не отварам тема на форум со лош вовед за сеир на родители.
     
    На mode-kristina, LadyC, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    27.284
    @Jana06 Оти толку лично ја сфаќаш темата?
     
    На moonlight-girl.55, mode-kristina, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Оваа тема не е за сеир на родители, туку една реална слика во 21ви век.
    Зошто со сила ги испревртувате работите не знам. На пример има и други теми кои што мене лично ми сметаат, на некои од вас се океј па истите не ги ни отварам.

    Се нешто, а ве додирне или се даде некоја критика да се заклучи темата.
    Браво бе.
     
    На mode-kristina, tinka-mace, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    7.890
    Пол:
    Женски
    Имам еднаш пишано мислам, ќе пишам пак.

    Бев еднаш на една свадба и имаше едно дете, 7-8 години. Почна првиот танц, ја тргаше невестата за фустанот, за велот, девојчето од култура само се смешкаше и не знам колку пати повтори на културен начин да оди кај мајка му. Мајка му наместо да го прибере да не го уништува моментот, отиде на сред сала и го снимаше. Да, го снимаше.
    Заврши тоа, почнаа ора. Се затрчуваше со сета сила да се бутне меѓу луѓето дур играа па мораш да пазиш цела вечер да не се удри и да се одбие од тебе оти ќе падне глава ќе скрши може и крив да испаднеш. Мајка му, изговорот беше се радувал, дете, што да му правиш.
    Финишот беше кога го донесоа десертот на масата. Го тргна чаршавот, паднаа неколку чинии се искршија. Келнерот учтиво ја замоли мајката да го тргне дур собере се од на земја да не се исече, а она се навреди оти детето и било угнетувано, го грабна под рака и си замина.

    Остана таткото и викаше дека детето така прави оти е многу паметно и високо темпераметно па затоа не треба никој да помисли дека е невоспитано.

    Па како да ви кажам, да сум невестата не би сакала вакво нешто да ми се дешава на свадба. Треба да се има осет, култура и граница за се. Не се врти светот секаде околу едно дете, љуби га мајка.
     
    На moonlight-girl.55, edna_malecka, mode-kristina и 11 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.880
    Допаѓања:
    129.850
    Пол:
    Женски
    И пред оваа тема биле направени теми поврзани со однесувањето на децата.
    И тие ли се за сеир?
    Не се.Не е и оваа.
    Сосем нормално е на некој да му смета врева и друго несоодветно однесување.
    За во маркет конкретно,не ми смета плачење на дете,ми смета кога се бута,кога фаќа работи,а родителот не реагира.
     
    На mode-kristina, deskarada и Veta им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.868
    Допаѓања:
    11.968
    Пол:
    Женски
    А детето со типичен нормален развој е? Зашто на 8 години би требало да знае посвесно да се однесува, па и на таква веселба. Ауч. Шта речи...
    Не бе, има и размазени возрасни, еее колку ги има и низ град, не смееш да го погледнеш онака а не пак нешто да му контраш. Има има, и тепачи се станати. Туку, ќе речам кај деца од школска возраст разгаленоста може да се "регулира", да се поработи на односот, ама пак до родителот е бе. Пак детето него го гледа што прави што зборува. А истото разгалено дете, ако продолжи по таа линија, како возрасен се соочува со потешки форми на незадоволство, на фрустрации, баш како што пиша една форумџика погоре. Вистина, тоа незадоволство се чувствува лично и свесно, а позади секоја детска разгаленост, стои некаква родителска недоволност, непосветеност.
    Арна си е темава, има што да се кажува, и се поклопува и со други теми.
    *Е тоа што немаме видено мислења од стручни лица, да има дебатни емисии на телевизија, да слушнеме различни ставови, како порано што имаше ;( , друг муабет, патиме по тоа. Сѐ е сведено на политика, евтини серии и црна хроника.
     
    На mode-kristina, SkarletOHara и Autumn_ им се допаѓа ова.
  19. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    7.890
    Пол:
    Женски
    Да. Детето ми е комшивче. Не сум сигурна дали има 8 ама тука некаде е, помалку од 7 нема сигурно. И баш затоа и ги спомнав годините.
    Да е друга ситуација, никогаш не би помислила вака.
     
    На mode-kristina и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    @GirlRose @Veta Каде тоа јас напишав да се заклучи и по што приметивте дека лично ја сфаќам? Баш немам причина лично да ја сфатам. Како што вие си давате ваше мислење, така и јас.

    Од овој вовед јас само тоа можам да го заклучам. Им се пикнала дома и ги анализира децата како се однесуваат со родителите. Се разви убава дискусија и се надоврзав да го кажам моето мислење. Исто како јас да отворам тема со вовед 'Има многу нападни луѓе, досадни и без осет' и да пишувам зошто во маркет ми се лепат и ми дишат во врат. Можеше поинаку да биде креирана или едноставно да си напишеше мислење во СДК.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.