@Jana06 Ете јас не го прочитав воведот, туку се надоврзав на последните страни. Не те сфаќам кој овде гледа сеир на родителите. И не ти го сфаќам тоа ако лудува да си отидам јас од ресторанот а, него жива сила не го сопира. Зошто? Може и јас сум чекала цела недела за да си поседам во ресторан и тука некое невоспитано ќе рика на цел глас до мене за да си оди дома, а седат до мене. Колку и да го игнорирам смета. Друго е во маркет оти можеш да го поминеш, ама во ресторан, кафана? Прво тоа е недозволиво во ресторан и родителите ќе добијат опомена од келнер или што и да е.
Вие што немате деца, само едно да ви кажам : Немаше други емотикончиња, па со ова да доловам ! Не гледај, не слушај , не зборувај ! Се се враќа, се се плаќа. И јаа така велев за кога ќе имам деца. Иако се трудам максимално да бидат воспитани, пак се случува да ми заурлаат надвор. Знаете што правам ? Зимам во раце и пут под ноге. Затоа сега кога ќе видам друго дете да рика надвор, само главата си ја вртам. Оти знам..и кај мене ќе биде така
Ама јас не се спротивставив на ниеден став, јас не реков дека е ок. Само ви кажувам дека е таков светот, на сите ни пречи нешто ама вртиш глава и продолжуваш. Еве јас уште не сум видела келнер да опомени родители или пијани мажишта што трескаат по маси и пејат гласно. На плажите на Халкидики не ви сметаат мајките кога се дерат по децата од 20м да излезат од вода? Кој ќе ги опомени? Ќе станеш и ќе си одиш. Ги имало и ќе ги има, зошто и како лудуваат не е наша работа зашто не можеш да знаеш што му се случува на детето во тој момент. Родителите се криви и никој друг.
Да, ги опоменуваат пијаните возрасни луѓе. И не може да ми споредуваш плажа со кафана. Едноставно не може. На плажа може да се преместам, а од кафана да си идам дома оти некое е некултурно и не може родителите да го смират. И ова за Халкидики некоја навреда ли треба да е оти само до таму треба да си дозволе сиромашното македонче хаха? Во Охрид не цркаат мајките или во Црна Гора?
Охрид поскап ли е од Халкидики? Јас кога сум одела во кафани, никој не опоменувал пијани гости кои се гласни, пеат, играат. Ги опоменуваат да не се качат на стол, да не се испрља штофот.
Како да ви кажам, маркет, кафана, све тоа се јавни места. И секакви возрасни и секакви деца. И никој посебно не ми пречел никогаш, на никаков екстрем од однесување не сум сведочела. Е добро, има досадни тинејџери на каса во маркет понекогаш, па морам да ги чекам за да си ги купат неопходните сникерс и кока-кола на пример, ама ете, не ми пречат дотолку за да отворам тема за нив. Ме потсетивте, и јас имав деца на свадбата. Прилично темпераментни, значи од фамилија ми биле децата, не некои рандом. И искрено ми беше малку шубе, шо бес може да направат, ама поминавме чиста 10 ка. Не знам, можеби некои нови деца растат сега, некои опасни предатори кои го загрозуваат светскиот поредок, кој ќе го знае. А можеби децата се само огледало на општеството кое сите заедно го правите.
Не мораш дома, премести се во друга кафана Халкидики ми дојде прво зашто таму сме цела Мк и Србија. Во Охрид кај што одам млади има само, во Црна Гора не сум била 15год.
Не знам како да ти кажам, ако е дете и е некултурно може родител да си го смире и тоа е поентата на цела тема. Оти на крај на денот се си има граници и светот би бил еден хаос ако сите се понашаат како без мерка. Поздрав Биља. @MilaSs12 жал ми е, не одиме на исти места, тоа е.
Јас последен пат кога го видов светот, таков беше- хаос без мерка. Од возрасни на деца се пренесува. Со сиот ризик да звучам како @WildMk - кое е вашето решение?
Решение е, ние генерациите кои следат да земеме пример и да не сме тоа. И знам дека на вас возрасните се ви е тоа комично пошто и вие сте биле со такви замисли. Ама, мислам дека треба да е свесен човек околу себе. А, како го гледаш ти светот, тоа е веќе друго гледиште. Пошто за мене хаос е друго. Пак ќе кажам поздрав. Не знам оти се толку лутете и сфаќате се дека е личен напад кога реалноста е дека сите различно гледаме на работите.
И баш поради тоа што сите различно гледаме на работите,треба да прифатите дека е нормално на некој да му смета врева,фаќање работи без дозвола и трчање. На некои места тие постапки се забранети,а треба да се има осет и на места каде што не се официјално забранети.Не се истрчувајте со тоа „ти смета,оди си“,тој што е културен не треба да си оди,туку тој што е некултурен.
А зошто ме поздравуваш постојано? Нигде не видов личен напад-дискутираме. А дискутираме баш за различното гледање на работите, Пример- во авион, пред многу години, пар патува со девојче 3-5 години отприлика, и детево не може да се замолчи поинаку освен со таблет. Јас, без дете, превртувам очи и викам- јас со моето идно дете, ова, вака, никогаш! Погоди каков е епилогот. Среќа не сум превртувала очи на деца во продавница или во кафана, оти стварно такво нешто немало Или не сум ги забележала, или не постоеле.
Абе никој нема да ме спречи да седнам у кафана и кафич за да: Дојам Се смеам на глас со моите деца Едното ќе плаче оти е бебе и мож забче вади Другото може ќе плаче за сладолед у сред јануари па ќе се караме... Ќе галамам, ќе галами и моето дете. Кому му смета нек си оди. Ич око нема да ми трепне. И мене пред 3 дена ми сметаше комшијата пијан до 00 што пушташе ужасно гласна музика и се дереше пијан па него ич гајле не му беше. ...Бон тон и култура не се учи кај дете преку ноќ. Кафаните не се на вашите мајки и татковци па да кажувате кој да влага. Додуша кажете си бе. Мож полесно ќе ви е, а?
Па не знам, репликите ти ги доживувам во вид на личен напад. Јас сум по природа човек што не галами, не сакам бучава. Не сум била во улога на родител ама сум била како постара сестра, братучетка. Ако земе да плаче прво или дома или надвор ќе се обидам да дознаам што му е. Дете е сепак, не треба да кине живци оти не можам да му купам камионче. Ти кога шеташ со твоето дете и кога плака за ништо така го шеташ, без мува да те лазе?
Хмммм.. Јас би рекла дека доколку во кафана моето дете е она што вришти и што се треска, јас треба да напуштам територија, а не останатите гости затоа што моето дете е она што вознемирува. Е сега, ако уво не ти чуе за другите тогаш друга работа.
Добро колку вакви деца сретнувате на дневна база за да толку ги приметувате во животот? Деца пред зграда и на улица, ви пречат ли?
Да. Баш вака. И научи дека нема да добива се што ќе посака. Не сум се дерела Не сум му се изживљавала. Само сум игнорирала. Па ете, не ми смета мене. И туѓи викале и моите викаат и тоа е. Ете, баш не би станала буквално. @Angie1432 на криво дрво се' му смета.