Зошто воопшто би одела со нервозно бебе што плаче во кафана? Која е поентата на тоа? Ни ти раат ќе седиш, ни другите раат ќе седат.
@LadyC Јас би. Не поднесувам други рандом луѓе да бидат вознемирувани, а јас да сум причина. Ама, пак, јас сум јас, ти си ти. Ствар на карактер е веќе.
Ама тоа доживувањето е твое субјективно, јас никого лично не напаѓам. И јас сум по природа ист таков човек, и имам дете. Не се сеќавам било каде детето да направило драма, е сега ако плачела како бебе или тодлер, било нешто оправдано, паднала, си го одрала коленото, ама ништо сензационално. Мене лично ми беше проблем што не им велеше ,,добар ден,, на комшиите, ама и таа фаза помина, кога наполни 5 години. Е тивко со дете никогаш не е, освен кога спие, и тоа да си имате предвид
За ова да.Пишав претходно,бебе не разбира,дете до 4 години не разбира.За тие ок е,разбирливо е. Ова не е во ред. Нормално е на некој да му смета вревата,фаќањето работи без дозвола и трчањето. И да не се буни муштерија/гостин,може вработен да му пријде на родителот и да му речете извинете,но ќе може ли да го смирите вашето дете,гостите се вознемирени.На онаа маса тројца имаат деловен ручек. Може и да му рече ве замолувам да го напуштите објектот.Ова се има случено. И да не е официјално забрането,треба да се има култура.
Ако седев дома додека поголемиот ми вадеше заби, поминуваше една година запек и сл, јас требаше да не идам ни на свадби кај блиски, нити у кафана, нити на родендени, никаде. 3 години у постојан грч бев. Не ме спречи тоа да живеам. А дете ко дете, може и од без причина да е нервозно, ете заби вадело, еве конкретно во Метропол Охрид вадеше заби поголемиот. Секое идење на доручек и вечера само он плачеше. Требаше ли да не идам на одмор и да предвидам кога ќе му излага првото забче? Требаше да не користам полупансион? И често мене лично ми требало да излезам од комфор зона оти сама сум го растела па со другарка на кафе сме иделе. Ќе плачел може за нешто 5 , 10 минути, ќе најдел занимација или ќе заспиел. Не верувам дека некоја седи на кафе додека детето и се треска од земја со саати. Едноставно тоа не постои.
Во ред, ако така сметаш дека треба не планирам да ти кажувам како да родителствуваш. Сум имала прилика еднаш во кафана до мене да седнат родители и дете расплакано, се најадов набрзина и си отидов. Едноставно немам добра атмосфера и ми е неугодно. Неколку пати во маркет, парк но таму сум на минување така да не обрнувам внимание. Не ми се случувало често, но тоа ли е мерка за да имаш коментар на темава?
Деца кои нема да научат од своите родители дека туѓ интегритет не смеат да повредуваат,кога се деца ке го покажуваат на деца ако е поагресивно, а ке се претворат во примерите на возрасни кои ги кажувате. Со пермисивното родителство дозволувате и на вас и на сите околу вас да воспоставуваат свои правила и граници,а туѓите да не ги земаат во обзир,себични,несигурни,деца без слух за туѓи потреби освен своите.
Ако деловен ручек обавува некој у кафана ... А мене лично НИКОГАШ келнер не ми пристапил да ми каже да си одам. На другарка и кажаа и им ја затвори кафаната. Зависи де кој колку е моќен у нашава државичка. А многу работи не се во ред, на пример и безобразлукот да си дозволиш и ти некому да кажеш дали да си оди зашто детето му плачело ( а не знаеш што е у позадина)
За кафана и ресторан не е толку сложено.Ако сакаш поинтимна атмосфера, бираш таков ресторан.Во некои други повеќе идат фамилии и ако одиш таму ќе очекуваш и мали деца и галама, логично е. Е сега, дека баш сите ќе вриштат до тој степен да го нарушат мирот на гостите? Хмм не, еве јас лично не се сеќавам некој пат да сме седеле и некое дете да биде толку напорно да не можеме да јадеме на раат.Не викам дека не се случува ама не е ни толку често да бидеме реални. А на крајот на краиштата, ако стварно има таков испад од поголем размер, ресторанот е должен да се погрижи, заради другите муштерии.За тоа се сложувам. Ама па и на вашата дефиниција за тоа што значи галама од деца на јавен простор не знам од каде до каде и се границите?Чисто онака ме интересира, до кој степен ви е толерантно детско однесување во кафич или парк.
Супер тема во која мамичките ќе можат да си кажат колку златни дечиња имаат и како тие никогаш не се виновни за тоа што не покажале авторитет на детето за да се знае кој е родител, а кој дете. Не сум изненадена што има толку разгалени дечиња бидејќи не се виновни тие, туку еве ваквите родители кои си земаат за право да се однесуваат некултурно, како се околу себе да поседуваат и очигледно Бон Тон е непознат поим за нив.
А која е разликата меѓу мене и тебе за да коментираме на темава? Освен дека јас имам деца и бев како тебе иста се додека не родив и не видов дека не е баш лесно и едноставно да си во улога на родител.
Едно е на свадба да отидеш, на одмор, друго е дека морало во кафана да се седне со бебе кое плаче. Плус, си има ресторани со игротеки кои се фемили френдли, па никој нема да превртува очи ако некој плаче. Ако седите во тивок ресторан и детето рика нормално дека ќе има реакции. Не е страшно да заплаче и да се смири, ама да плаче постојано, да досадува по други маси не е баш прифатливо. Треба да реагираат родителите, а не, дете е де, ништо страшно.
@RainBow Дали си имала ваква ситуација? Еве јас сум немала лично. Нити дете било пред мене тепано, нити руинирало, нити се дерело со саати, а родител да седи без око да му трепне.
@Jana06 ,,Исто како јас да отворам тема со вовед 'Има многу нападни луѓе, досадни и без осет' и да пишувам зошто во маркет ми се лепат и ми дишат во врат". Аххахахахахахахахахаааааха, е ај отвори, ќе почекаме Ах, и да не заборавам, потруди се да напишеш некој поквалитетен/покреативен/поинспиративен вовед
Не е лесно,никој не вика дека е. Ама еве,ако некогаш станам мајка,нема да го носам детето со мене ако не можам да го смирам.Ако мора да го носам со мене,а некој ми се пожали од неговото однесување,ќе си одиме јас и детето.Нема да му речам на тој што се жали да си оди. Ти може ќе се обидеш да реагираш,ама верувала или не,има родители на кои око не им трепнува.Имам такви во фамилија.
Ќе седи у кафана и детето ќе се репа од земја? И тоа ќе трае и никој нема да изреагира? Ајде бе луѓееее, претерувате знаете нели?
Ви викам јас за сеир е темава, не дека некој го заболе за воспитувањето на децата. Е за кучиња да се коментираше знаеме дека сите ќе пишувавте различно. Тогаш сте сите срцушки
Јас незнам и како вие мирно седите ако децата ви плачат и се трескаат од земја во кафана. Така зимам дете и си одам дома. Одам на места каде што може да си играат (со дел за деца и сл), или одам без деца во кафана да си се опуштам и јас раат. Како ке си поминете ако вашето дете се треска од земја и ви плаче? Ке си седите и ке го гледате или? Зборам ако не се смирува Јас имам деца, ама би ми сметало и мене да има деца кои плачат и се трескаат...затоа што и автоматски ми е и жал, тоа дете плаче за внимание и таму не му е убаво.