Разгалување на милениците

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 15 јули 2014.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Што мислите вие за ова? Го разгалувате ли вие вашето милениче?

    Мене ова ми е не прифатливо! Особено кај кучињата! Има многу луѓе што џуџестите раси си ги креваат во раце и се фрцкаат со нив, не знаејќи дека така им ја намалуваат самодовербата и тие кучиња понатаму ќе бидат агресивни и плашливи од други кучиња/животни/луѓе. И не ми е логично кучето да ти спие во кревет... се знае кај треба кучето да спие, во неговото легло во некој дел од дневната, а не на глава да ти биде качено... :fubar: Моето куче спие пред врата, лежи кај нозете кога сме во кола и и’ дозволувам да се качува на клупите во паркот, но таа ретко да сака да се качи, секогаш кога влегуваме/излегуваме луѓето одат први, а таа последна и забрането е качување на кауч и влегување во кујна. Сакам моето куче да си го знае вистинското место! :!:
     
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Јас чувам мачка и ја разгалувам уште откако е родена. Се и е дозволено. Спие по кревети, на парно, порано знаеше и на телевизор да се качи да спие ама прекина сама. Сега мерак и е, дур седиме пример во дневна, да рипа од тараса на прозор и да влегува низ прозор дома. Сето тоа праи, ама на маса не качува, нема шанси да се измоча дома или слично. Ќе умре мјаукајки на врата за да и отворам ама нема да се измоча.

    За разгалување уствари не сум, ама го праам тоа со мојава. Мала бев кога се роди и тогаш се ми дозволуваа да праам со мачката за да не плачам и сега остана така. Премногу сум приврзана за неа, и кога ќе ја видам скокам од радост. Одма почнувам да ја гњавам малце, да ја гушкам, да ја бацам :lol:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    13.022
    Пол:
    Женски
    Јас моето куче го чувам веќе 2 години. Од кога е со мене, се му беше доволено. Не е некое проблематично куче да ти прави проблем ако го пуштиш дома. Ќе си легне на земјата и исто како да немаме куче дома. :wasntme: Дома никако не мочка. Само има една неубава навика. :D Цело време и го мочка на мама стапката што е за пред врата. :lol: Човек неможе да си ја ставе стапката од него, одма ќе си ја измочка.
    Но, веќе 3 месеци не го пуштаме дома од одредени причини. :)
     
  4. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Јас имам ПИНЧЕР и пре разгалена е.со нас спие ја чуваме,ја шетаме секаде со нас ја држам во рака и последното за неа го давам ..кај малечка па и да и забранувам не е тоа ПИТ БУЛ па да не удави некого или да не изгриза влечки и слично..Се и дозволуваме се гали премногу ама и слуша знае да седи кога ќе наредиш..знае да каже кога и се мочка..знае за во кола знае за топчето каде е ..знае за надвор..БАШ е СУПЕР за мала раса,што повеќе да посакам..А ако е разгалена таа осеќа заштита од тебе..дека нема да ја изневериш
     
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    16.300
    Пол:
    Женски
    Јас имам и куче и мачор.
    Кучето ми има наполнети 8 години, ама го чуваме во двор зошто е мешавина од чистокрвна шарпланинка и азијат, па толкава мечка внатре тешко да се чува. Плус од никогаш не сакаше ни самиот да влегува внатре, го имам мамено и молено за да го натерам да влезе, ама не сака. Мрази да е затворен, плус со сето крзно на него жешко му е во затворено, па сака да се мафта низ двор и да си се тркала по тревникот и под дрвата во сенка. Со мене и со моите си е како големо плишано мече, ама не се приврзува и не верува на никој друг, право куче-чувар е.
    Мачорот сега во јули ќе ми полни 2 години, е тој е права маза. Ми се роди дома, и го чуваме внатре, иако сака да излегува и надвор да си шетка. Разгален е до крајни граници (вина на мајка ми, не дека и јас не го мазам). Не сакал вакво јадење, па ајде онакво - не сакал да ја јаде храната за мачки, па трчај купувај салами и паштети, абе глупости. Само, никогаш не прави проблеми, не се качува по маси, чека ние да му дадеме да јаде, не врши внатре нужда туку трча од врата на врата и урла додека некој не му отвори за да излезе.
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски


    Воопшто не се агресивни малите раси


    Буливо да ја имаше истата психологија со чивавата можеш да замислиш што би било.


    И искрено, повеќе би се плашела од пинчер, отколку од пит бул. Пит булот знае да биде трпелив и е свесен за неговата големина, пинчерот се сили, а потоа бара заштита од сопственикот зашто е разгалуван и несигурен (а тоа може да се постигне со едноставно кревање во раце при контакт со други кучиња). Куче е, остај го да живее како такво.
     
    На 1209 и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  7. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    хахах жити се пит бул трпелив ?! Инаку пинчот и да те "нападне" само ќе се насмееш. Премало е а и му одговара таков живот знам не чувам од вчера
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    16.300
    Пол:
    Женски
    Без разлика на раса, секое куче може да биде трпеливо или пак агресивно, само зависи од тоа како ќе биде воспитано.
    Лично не сум љубител на малите раси, малку ми се како прераснати стаорци, само сакав да се надоврзам на твоево мислење дека, цитирам: „пинчот и да те "нападне" само ќе се насмееш“ - баш и нема да се насмееш, како што велиш ти, бидејќи колку и да е мало забите му се доволно големи за да би те повредило, а лично имам видено случаи како погорниве видеа.
    Само ете, пак ќе си се повторам - без разлика на големина и раса, доколку е правилно дресирано, секое куче може да биде трпеливо и нежно.
     
    На theowndemon и elenkata20 им се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Верувaлa или не. :)





    И нa кучињaтa зa бoрби им oдгoвaрa тaкoв живoт, aкo гледaме пo твoе. Акo пинчoт ме нaпaдне немa дa се нaсмеaм, туку ќе се oбрaтaм нa сoпственикoт дa си гo вoспитa кучетo. И мнoгу ме нервирa кoгa ќе ги пуштaт oд лaнец, oвие се силaт нa мoевo, еднaш и гo кaснaa, a сoпствениците oд стрaнa се смеaт. Ќе видиме дaли ќе се смеaт кoгa ќе му дoјде нa мoетo преку глaвa и ќе му врaти. Сaмo штo тaa нaјмнoгу штo ќе нaпрaви е дa зaлaе глaснo кoлку дa гo исплaши.

    Мoетo куче личи нa гoлемa плишaнa игрaчкa (тoa нa мoментaлниoт aвaтaр), нo гo третирaм кaкo куче и е 10 пaти пoсреќнo штo имa дoзвoлa дa трчa слoбoднo и сaмoуверенo дa се дружи сo другите кучињa, a не дa ми биде сенкa и дa зaвиси oд мене.

    Дa дoпoлнaм декa пoзнaвaм женa штo чувa шaрплaнинци и 1 пинч. Пинчoт неќе дa влезе дoмa, сред зимa тoј нaдвoр сo шaрплaнинците седи. Игрa кaкo куче, трчa кaкo куче, не е нoсен вo рaце кaкo игрaчкa, живее живoт кaкoв штo зaслужувa.

    Знaм декa мнoгу гo сaкaш и сaкaш дa му oвoзмoжиш штo пoлесен живoт, нo сo тaкoв третмaн сaмo гo oттргнувaш oд тoa штo е, не му дoзвoлувaш дa биде куче.
     
  10. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    Мојава мачка едино ако се рачуна за разгалено што не сака само сува храна да јаде, туку и течна. Мислиш штрајкува со глад дур не и ставиш и течна да јаде :D
    А за со други луѓе и прв пат што ги гледа, мирна е се гали, не знам ни колку мачки напаѓаат луѓе мала е шансата ваљда.
    За се друго супер си ја сметам, не прави глупости никакви :lol:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Мислaм декa ти кaжувa нештo преку штрaјкoт. ;) Слушaј гo миленикoт. :)
     
  12. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    Така е зборот не е дека воопшто не јаде, ама многу помаце од кога е со течна. Многу ги сака тие кесичките, мислам дека тие месцата за минута ги јаде и после среќна преде :D
    Ама и давам од двете заедно и така се си јаде :lol:
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.326
    Пол:
    Женски
    Прво ќе искоментирам дека ОБОЖАВАМ Пит Були! И имам кажано дека иако сум голем љубител на животни расите како пинч, чивава, па и пекинезер ми се најмалце привлечни баш заради тоа што според мое искуство до сега- тие се тие што се најагресивни. Но, не ги генерализирам и знам дека тоа индивидуално за секое куче како што е за секој човек индивидуално колку е добра или лоша личност. Прости ми се луѓето што ги мразат „агресивните“ раси.

    На темата, имам лабрадор па и да сакам не можам на горенаведениот начин да го разгалувам.
    Не се согласувам со тоа дека на кучето не му е местото на креветот. Јас кога би можела дома да го чувам, баш таму би му било местото. Седум месеци живееше со мене дома и заедно си спиевме, ама други команди си слушаше. Сега е во двор делумно заради моите дома, делумно заради тоа што ми беше жал да седи затворен, а е многу хиперактивно куче и од кога е во двор е многу посреќен.
    Иначе морам да признаам дека го имам малце повеќе разгалено. Кога го зедов бев мала и само јас го воспитував и сум многу слаба на него.
    Разгален е во смисла што не се плаши од мене многу, и не ме слуша за одредени работи. Си тера по свое. Но, сега машала во последно како што е пораснат е многу позрел и многу побрзо и појасно се разбираме.
    И мислам дека се подобро ќе биде!!! Сега имам и повеќе време и повеќе сила, и повеќе знаење да го довоспитам, а тој е толку паметен што и сега може да учи команди без проблем.
    И го сакам најмногу на светоооооот!:l:
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    9.602
    Пол:
    Женски
    Зa тoa мислев. Акo се изглaднувa сaмo зaштo билo дехидрaт знaчи требa нa ветеринaр дa се нoси. Кoгa немa друг избoр мoрa нештo дa јa зaсити. :) И вaкa и тaкa дехидрaтoт никoгaш не е нaјдoбрaтa oпцијa, туку спрoтивнoтo.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.