1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарате ли на тема секс

Дискусија во 'Секс' започната од mihaela.barbi, 4 февруари 2013.

  1. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Еве вака би сакала да го слушнам вашето мислење и искуство. Дали разговарате на темата секс и со кого најчесто разговарате на таа тема и од кого ги добивте првите сознанија за сексот. Оние кои се возрасни може да одговорат во нивно време од кого ги добија првите сознанија за сексот. Дали разговаравте/разговарате со своите родители на тема секс, и доколку да дали е тоа само површно или одите во длабинско разгледување на одредени ваши недоумици околу сексот. Дали ги информиравте родителите кога го имавте првиот секс или дали мислите дека треба да поразгоарате претходно со родителите пред тоа да се случи, и каква беше нивната реакција кога дознаа дека веќе сте навлезени во светот на возрасните. Ова се неколку под теми за кои може отворено да поразговараме пред се искрено без реплики и контра реплики без препукувања едноставно да размениме мислиња и доколку можеме барем на младите кои допрва влегуваат во светот на сексот да им појасниме некои работи, секако онолку колку што можеме ние а пред се јас не претендирам да ја завземам улогата на нивние родители.
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    на тема секс секогаш разговарам ама баш отворено со мажот ми се што не штима веднаш го разговараме и ја дознаваме причината за тоа па така во рекордно време се справуваме со тој промблем и затоа сексуалниот живот ни е 9 (ај да не речам 10 :lol: )

    со моите родители посебно со мајка ми никогаш не сум разговарала на тема секс ни како мома ни сега бидејки не сум блиска со неа ич повеке сум со татко ми а со него неможев да разговарам за тема секс па во времето кога го почнавме сексот немавме баш пристап сите на интернет како сега а и баш беше табу тема така со другарки си раскажувавме искуства кога се собиравме на кафе
    денеска е подруга ситуацијата на секој чекор има комјутери форуми а и самите родители се поотворени со децата мислам затоа јас секогаш им стојам на тема секс и бременост на девојките од овој форум мислам дека и таму сум активна воопшто :lol: :lol:
    во иднина кога ке пораснат моите деца отворено планирам да правам муабет на тема секс со нив додуша на син му уште сега му ја купив книгата Книга за секое момче ---па со сестричката страмежливо ги гледаат страниците со девојчиња и момчиња во пубертет и се смеат на градите или на влакната на интимните делови смешки се уште сега ама мислам дека за син ми е време да почне да осознава лека полека пошто има 9,5 години
     
    На Александар112, Festim и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  3. Butovnicka

    Butovnicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Најчесто за секс разговарам со другарки и тоа до најсити детали си раскажуваме. Првичните сознанија за сексот и како тоа изгледа ги добив од интернет, додека првичните размислувања на оваа тема ми се јавија некаде на 15 години кога почнав со истражуање на моето тело, откривање на ерогени зони..... Инаку со моите не разговарам на тема секас бидејки според нив сеуште е рано за тоа. Инаку немам некое богато сексуално искуство(за жал) сум имала односи само со 1 бивши дечко и тоа н нешто многу. Веќе подолго време (6 месеци) сум сама и сексуалните нагони ги решавам со мастурбација.
     
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Разговарам на тема секс, да. Најчесто со дечко ми, за сексот и се во врска со нашиот интимен живот. Разговарам со другарки, но ете, одкако пораснавме, мојот интимен живот и најситните детали поврзани со тој чин сакам да ги задржам само за себе. Со моите родители сум разговарала, не ми е срам, подобро тие да кажат се, отколку некој што воопшто не е искусен и нема големи познавања околу тоа. Мене искрено ми е жал кога гледам дека девојчиња се впуштаат во сексуални односи, а немаат познавања ни за најосновните работи за сексот. Затоа што сексот сеуште е табу тема кај нас, да не се лажеме. Многу се ретки родителите кои ќе ги седнат своите деца, посебно девојчиња и ќе им кажат бар најосновните работи во врска со тоа. Детето уште кога ќе влезе во пубертет, мислам деа неговите треба да го седнат и да му одржат една добра лекција за сексот. Пошо сексот не е само задоволство, носи и премногу ризици со себе, кои може многу да чинат ако некој се впушти во односи а не знае за ризиците кои постојат. Жал ми е кога гледам дека младите се помали и помали почнуваат да експериментираат со ова, а патем не се воопшто потковани со знаење за сексот. И да, јас сум за да се воведе некој вид сексуално образование во училиштата, бар децата да научат за ризиците, за начинот како да се заштитат од нив, да знаат дека самите се чувари на своето здравјее и дека сексот впрочем не е само задоволство и зезање. :)
     
    На crazylady, hermosa и Westlife им се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Од родителите тешко дека ќе можеш да научиш нешто за сексот, тие секогаш ке ти викаат немој да го правиш тоа особено ако си малолетна. Незнам што би можела да аучам од родителите а што еќе не го знам или што не сум го знаела на тие години кога почнував да бидам сексуално активна. Со текот на времето и праксата најдоо се учи и осознава сексот. А и природата сама одредила како човек без да учи некои работи да ги прави толку совршено. На пр. јас кога почнав да мастурбирам никој не ми кажа дека тоа треба да го правам, едноставно само ми дојде и го направив тоа толку совршено како да цел живот сум го правела. Значи не се замарајте воопшто да разговарате со родителите на оваа тема затоа што само ќе ви стаат повеќе ограничувања плашејки се да не направите нешто лошо.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.434
    Пол:
    Женски
    Со моите никогаш не сум разговарала. За се се образував од интернетот и од литература и знаев повеќе од моите врсници. Денес за секс разговарам само со дечко ми.