1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разговарање со непознати

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 23 јуни 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Темава ја отварам за да чујам Ваши мислења и искуства.

    Дали децата ги учите да не разговараат со непознати , да не земаат ништо од непознати?

    Моето дете доста отворено, во последно време кога ќе излеземе надвор се поздравува со сите, стари лица прашува дали се добри, влегува во муабети со непознати тетки и чичковци...

    Од една страна е сосема ОК, сочувствителна е и од срце прашува и разговара.
    Од друга страна не ми е по воља, незнаеме кој што мисли и каков е,зарем малку педофили и тежат на земјава.
     
    На Victorian, ohlalalala, dunika и 20 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Моите се друштвени. И со непознати прават муабет. Не правам проблем кога се со мене. Кога се сами надвор комуницираат само со познати. Сум им кажала дека ако им се приближи некој непознат, одма да дојдат дома. Ги пуштам надвор сами само доколку има познати.
     
    На edna_malecka, Аргентина *, Ladyy* и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и татко ми ме учеа дека не се разговара со непознати и не се земаат работи од непознати. Дојде еден војнички другар на татко ми на гости, човеков го гледам прв пат во животов, и вика ајде одиме на ручек во ресторан, да ја видиме Преспа. И татко ми ми вели ајде оди ти со нив, ние ќе дојдеме по вас, не се сеќавам дали и неговите деца беа, ама знам дека му реков на сите, јас не одам никаде, овој човек не го познавам. :D
     
    На marchi-cool, Victorian, candy.cane и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Искрено не само од педофили. Туку и од сите напаст луѓе. Не треба детето да порасне и да мисли дека му должи муабет на некој на улица ко што застануваат чичиња на постојки и зборат или тетки во пошта си ги кажуваат маките. Со роднини нема форсирање за гушки ако не сака. Знам дека не е ова прашањето ама да си кажам :D
     
    На Victorian, dunika, Emma2 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Моеѕо е мало, но често му повторувам дека со непознати не се зборува, освен мама ако не потврди дека е во ред...ова особено низ трите прасиња, кои не треба да отворат на волкот и црвенкапа која не смеела да зборува со волкот....низ приказна, па после му дообјаснувам за нас лично. Исто како што му споменувам дека никој не смее да го соблекува за мочкање освен домашните...
    Мал е, но и јас понатака слично на членката погоре би го воспитувала во насока да не зборува со непознати и веднаш да си дојде дома доколку непознати го муабетат и слично....
    Подобро да е дифтар отколку питом и да врзува муабет со секогоо....
     
    На Victorian, Seli20, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Откако разбира, кажувано е дека освен со деца на нејзина возраст и помали, не смее да разговара со непознати.

    Сега-за сега, сеуште се придржува до правилото... се надевам и натаму ќе биде така.
    Има 14 години.
     
    На dunika, Emma2, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Јас ги учев да не разговараат со непознати.

    Од друга страна, комуникативни деца во денешно време се реткост и убаво е таа комуникативност да се негува. Ќе и биде голема предност во животот.

    Нашите деца се многу помалку изложени на непознати од нас. Покасно почнуваат сами да шетаат и тоа до некаде го премостува ризикот. На пример, моите почнаа сами да одат во школо на 8-9 години. Подалеку одеа сами, дури на 13-14. На таа возраст веќе многу работи разбираат. Ние сами излегувавме надвор многу порано.

    @referentka ќерката сега е сѐ уште мала и можеш да и кажеш дека убаво е да разговара, ама само кога е со вас, затоа што има и лоши луѓе. Додека да почне сама да шета, ќе биде посвесна за опасностите околу неа.
     
    На dunika, edna_malecka, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Јас како мала секогаш сум била комуникативна и друштвена, така ме воспитувале, такви беа времињата тука. Ама кога заминавме во странство одреден период прв пат родниниве кај кои на почетокот бевме ми заприметија дека треба да пазам со кого зборувам до момент дури и да не трчкам по кученцата на комшиките дека има некои кои нејќат не да им ги погалиш, туку нејќат и криво да им го погледаш. И така наеднаш пред време ми беше скратено детството какво што го познавав и живеев тука.
    Сега и тука е како таму и сметам дека дете треба да дружи и разговара исклучиво со познати, а да не зема од никој ништо.
     
    На edna_malecka и referentka им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Мојов е таков по дечиња само. А види некој со детенце, одма по нив оди да прави муабет.
    На рандом луѓе рееетко реагира. Најчесто во маркет кога одиме, ќе види некој како одбира нешто и ќе му рече еееј ти тоа да си купиш, убаво е (facepalm) :rofl:
    Им прозборува на сите комшии во улицава, и ако некој не го отпоздрави вика: Абе здраво ти реков, речи ми и ти мене.

    Дури и за деца му зборувам дека со секој на улица не се разговара, дека не знаеме кој е и може да е некој лош. Ваљда му влегува нешто во главчето.
     
    На Skylar, LadyC, boo3 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Рефке, одлична тема.
    Немам дете, ама пред некој ден гледав социјален експеримент направен во Америка колку лесно и наивно може да наседне дете и да биде киднапирано поради зборување со непознати луѓе и невнимание од страна на родителите.
    Дел од експериментот е и во согласност со родителите да видат дали ги научиле своите деца нешто за тоа.



    Моите и ден денес ме советуваат и да не се опуштам многу во друштво на непознати луѓе, тоа од мала ми го зборуваат и ден денес ми останува врежано.

    Кога прв пат отидов кај моите во странство, тие беа на работа, јас сама во стан, некој звонеше на звончето покрај 17 часот, јас така лагано си отворив, мајка ми се скара и ми кажа дека не смеам толку лесно да отварам врата без да прашам кој е и што е, имав среќа што беше таа.
    Татко ми и цимерите се враќаа покасно.
     
    На edna_malecka, Coco31, Love 83 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие луѓе што ми смета да шетам куче и некој да дојде да го гали неповикан. Секако за деца имам поголема толеранција ама очекувам после минутка родителот да го тргне. Премногу ми е навлегување во личен простор. И поради тоа децата сметам дека треба да се учат да пазат со кого зборуваат. Двострана внимателност. Не е секој друштвен
     
    На dunika, Emma2, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Интересна е темава. Мојата е мала уште, не оди никаде сама и така. Ама спаѓа во друштвените.
    Е сега, читав пред некое време баш интересна статија на темава. Имаше поинаква гледна точка за тоа дека кога ги учиме да не зборуваат со непознати од друга страна им пренесуваме порака дека на познатите може сосема да веруваат. А колку само статистиката вели дека од познатите се случуваат лошите работи.
    Исто така во случај да се изгуби детето сепак ќе треба да побара помош од непознат. И цело време да се предупредуваат децата дека не треба да разговараат со луѓето на крајот може да им создаде страв од новите луѓе со кои ќе се запознаат.

    Имаше исто добри идеи дека наместо да ги учиме само дека со непознати не се разговара треба да ги научиме кај кого треба да се обратат ако им треба помош, полицаец. или обезбедување ако има во продавницата, или ако нема нешто такво најдобар избор би била мајка со мали деца.
    Да не ги тераме да имаат физички контакт со никој ако не сакаат, треба да е нивен избор, за понатаму да им се јасни границите.
    Или ако некој им задава чудно чувство да обратат внимание на тоа, имаше на англиски збор употребно, треба да ја најдам статијата. Без разлика кој и да е, си имаат и децата инстинкти, дури и да е познат, ако нешто не им е во ред треба да кажат.
    И секогаш да се осеќаат слободни да можат да кажат се на родителите, без страв од исмевање, казни, или други последици.

    Значи, за мене не е и ова туку така црно и бело, не збори со непознати и крај, и за ова си има нијанси на кои треба да обратиме внимание во воспитувањето.
     
    На Cherry333, glosipgirl, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Керка ми исто како керчето на Рефка, како мала муабетеше прилично сп возрасни. Тетки додуша обожаваше, чичковци не нешто особено.
    Како тодлер ако видеше мајка со дете, ќе пристапеше на мајката, не на детето.
    И после тодлерство беше како " старо-мало", уживаше со возрасни, интересни и беа. Не и бранев, ама увек била надгледувана. Кон 4 годинки веќе почнавме да и кажуваме дека сите луге не се исти, дека има некои кои сакат да наштетат на деца, а и самата била во ситуација маж во парк да им пристапи к8га биле заедно со друго девојче, среќа свекрва ми забележала, и интервенирала одма.
    За во кола имавме речено, никогаш, ама никогаш да не влегува со никого без да не праша нас.
    Имавме сериозен прекршок од девојка што ја чуваше керка ми.. Дома кај нас повикала другарка, ај тоа, со керка ми со кола плус некои други отишле да гледаат мебел во Тетово. Факен Скопје- Тетово без да ме праша што селакп немаше да дозволам. Ова додека и беше доверена на чување , ние на работа. А самата девојка имала порано тешка сообраќајка со последици од возикање во друштво . Ако не ја убиев тогаш девојката, не жи се веруваше на ушите сопствени. Оваа мојата кажа. Животот ми се скрати тогаш.
    Генерално, јас сум за баланс. Муабети да. Гости одењр ако те викнат ,подароци примање и особено сами машки особи кои ќе пристапат, непознати, не...па слушаше фала богу. Како врвршр време , се повеќе детали и дававме. Татко ми оп- троп , шо на ум то на друм,и имаше раскажано за мажи кои киднапирале деца( ко демек жени да не можат) и сфати сериозно зверчица, иако јас сакав посоодветна за предшколско дете прича.
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
    На candy.cane, dunika, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. Ќерка ми има 2 години и секако не оди сама никаде. Кога ќе види некој непознат во парк пример не им зборува ама кога ќе виде дете трча да си игра со него.
    Би ја учела да не разговара со непознати и да не зема ништо од непознати.

    Имаше пред некое време се вртеше низ социјалните мрежи едно видео во кое кажуваше како некое девојче се спасило од киднапери со тоа што со мајка и имале некоја тајна лозинка т.е некој таен збор кој го знаат само таа и мајката.
    Киднаперите пробале да и "направат филм" дека мајка и ги праќа да ја земат и да ја однесат на некое место на кое таа ја чека, но девојчето рекло кажете ја лозинката. Тие нормално не ја знаеле и девојчето се спасило.
     
    На Skylar, edna_malecka, Emma2 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Моево ако види во двор куче со сопственик веднаш сама влага во комуникација:" како се вика"..."лелеее колку е слатко".
    Ако и одговори газдата (најчесто одговараат) многу лесно може да ја примами на пример да го погали кучето.
    Додуши сама не е пуштена ама ќе дојде ред и сама да излезе.

    Се плашам од нејзината искреност и доверба во секого.
    А кога ќе и речам дека не е убаво така да разговара со секого ми поставува прашања на кои морам конкретно да одговорам а кога ќе дадам одговор од што е мала и не размислува таа моите одговори ги кажува пред сите:headbang:
    На пример, на комшии возрасни на прашање " кај си ти малечка си пораснала" им има речено " мама ми рече да не ви зборам зашто сте лоши"
    Таа така си сфатила од цел муабет и така презентира:|
    Срам ме изеде
    Луѓето се толку скромни и воспитани и не заслужуваат таков однос, посебно не од дете.
     
    На Skylar, candy.cane, dunika и 18 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    На таа возраст и мојата беше иста.
    Ќе го надрасне тоа, верувај ме...
    Посебно кога ќе тргне на школо.
     
    На candy.cane, piksooki, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Вчера пак шок од неа.
    Цел ден е дома.Сака да излезе пред зграда ама нема деца..нема со кого да игра.
    Ај, нека излезе со тротинет.
    Високо приземје, па ја пуштив сама, ја гледам од балкон..нема улица, нема коли.
    Поминува " една" комшивка, ја прашува дали оди во градинка, мојава како касета да има голтнато и кажа каде одиме, каде се шлапкаме во вода.,па ќе одиме за неколку дена, па таму има мачиња и им носиме храна(facepalm)

    Јас ја викам да си дојде дома, таа разлага како некоја стринка(facepalm)
     
    На dunika, Emma2, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не е страшно тоа...
    На 2-3 години, прслукот го викаше 'цицки'.
    Влегуваме во продавница за долна облека, ги гледа прслуците наредени ко сардини, и кажува на глас пред сите: Мамооо!!! Види колку цицки има овде!!

    Се изнасмејаа сите, се изнасмеав и јас и ај со здравје :lol:
     
    На Skylar, candy.cane, dunika и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.142
    Пол:
    Женски
    Кога мотивот е голем ,забораваат на советите дома да не се разговара со непознати.Го ставав порано видеово.


    @referentka
    земи му куче на детето:!:
     
    На dunika, WildMk, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Јас ко мала сум била првово девојче, затоа и си добив убави совети во странство.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.