Да не се провлекува низ другите теми нека стои посебна тема за ова. http://www.telegraf.mk/foto/85473-tvite ... -2014-foto Може тука да го погледнете календарот. Ваше мислење за "храброста" на твитерџииве да се разголат за да им помогнат на маргинализираните заедници?
Ауууу Од сите луѓе на кои им е очајно потребна помош во државава наша они се фатија баш за маргинализираните заедници ... И дека нема политичка позадина целата ситуација ама дај нека пишат со големи букви Сорос на корицата на календарот, барем од старт да стане јасно од каде дува ветрот... Сликите се како од некое треторазредно порно списание, дури и кучето од месец септември изгледа како да му е незгодно што е таму.
Твитерџиите денес се лути што на друг форум ги нарекле разгалени богаташи кои немаат што да прават, па се сликаат голи. Да размирдаме малку, еве како изгледа една од сликите. 25 голи луѓе за заработка од 9400 за масерките кои даваат секс, и некој очекува дека ќе бидат поддржани? Инаку, бидејќи се куп жени на форумов, еве еден маж Иако мене не ми се допаѓа ама ич, посебно во оној дел ( и ова ризикувам да го кажам, иако твитерџиите ке речат дека така зборувам оти немам видено, а они се тие кои немаат секс, наводно, освен за твитапи)
Па не би рекла баш лути туку според мене мислам дека се исплашени од критика. Ова отиде до тој степен што пред некое време видов дека ги бројат страниците на кајгана форум во однос на оваа тема. Па прават хаштагови за тоа, кое лудило ццц... Морам да кажам дека стварно не ја сфаќам намената за овој календар... или можеби до тој степен не ми се верува - ЕДУКАТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ А да се собереше некој денар за промоција на материјали како да заработиш во тешки времиња и да не станеш сексуален работник? Или во најмала рака за поддршка за легализирање на проституција и остало. Посебно ме иритира фактот што гледам дека се дига врева од страна на твитерџииве за критики од facebook, посебно од форуми... што значи ова??!!? Дека они имале храброст да се соблечат голи, а немаат храброст за критика??? Ај може и нашиов форум и темава им е на дневен ред па и за нас ќе пишуваат нешто во стилот: Фемина форум ја испиша својата 1ва страна со критики, па тие вакви онакви никакви па хејтови па ова па она . Да се изначуди човек
Да, намената е нејасна. Освен тоа што можеби сакале да се истакнат, демек ние сме храбри, можеме да направиме нешто различно. Не знам, не ги сфаќам. И храброста е многу дискутабилна тука. Лошо е направено, целиот концепт, нема никаква уметност во фотографиите, нема ништо суптилно, едноставно е грдо. Кој ќе го закачи календарот да му виси над глава? Целосна утка.
Па јас сигурно не би го закачила. Туку муабетот ми беше за оние реченици, под секоја слика. Конкретно: -"Не" секогаш значи "не". Разголеноста не е замена за согласност.- Ова ме замисли малку. Самата слика со овој текст по неа е контрадикторна... Не знам зошто, но јас секогаш читам облечена, во пижами, на пример... А и ме интересира, дали сум јас единствената која ваквата голотија, со полови органи, влакна и женски гради, ја асоцира на СЕКС? Не знам дали сум јас премногу конзервативна, но разголеноста за мене, барем на овој начин, без уметност или некоја добра причина, не ме асоцира на ништо, ама на баш ништо, едноставно некои твитерџии се соблекле и позирале голи.
Всушност муабетот е дека на кајгана сите биле ВМРОвци и затоа ги мразеле со календаров Сепак, никако не можам да сфатам како е подебро да се сликаат 25мина голи за тие пари, кога можеле да дадат по 376 денари од џеб, без да им ги видиме и пак да ги соберат парите. Иначе, познавате некој да им го купил календаров, или сами си го купиле?
Па тоа е арт. Тоа е нешто што ние обичните смртници не го разбираме. Ова е еротски арт. Yea right. Убава порака, лошо реализирана. Сликите се катастрофа. Ништо не е суптилно, ништо не ти остава на имагинација. Ете имаш кур на тацна. Имаш цицки на тацна. Да си хуман не значи да се соблечиш гол. Несфатени едни!
Мене ова не ми е храбар туку дебилен потег. Пази, за хуманитарни цели. Има милион начини да се биде хуман, голотија и хуманост не ми е импресивна комбинација. Човек кој без срам го покажува телото на цела јавност за мене не е човек за почит.
Мене не ми пречи голотијата, ама вака сликиве ич не ми делуваат убаво. Требале да се потрудат малку повеќе и им недостасува многу уметност во сето ова. Вака голи фотки може секаде да најдеш, треба да направат нешто што ретко се гледа. Ова го кажувам за според сликине од 2014, лани не знам како било.
Оф ... има разлика меѓу чиста голотија и да има уметност во истата. Поттикната од темава пребарав календарот за 2017 и реално едвај една слика ме бендиса, две преку сила. Spoiler: Јануари Spoiler: Август Сите слики мислам дека ги има тука. Ги гледам и оние од 2014 и ми се некако ... Од 2016 ми се сите некако премногу груби, неприродни.