"Разделба" е инспирирана од индискиот филм Бидаи (Разделба) кој бил многу гледан во македонските кино сали пред многу години. Насловната нумера "Bidaai" ја исполнува Manish Tripathi. Содржина: Серијата зборува за две блиски братучетки кои и покрај разликите, премногу се сакаат и си помагаат една на друга. Рагини е ќерка на Пракаш Шарма, а Садана е негова внука од покојната сестра на Пракаш. Таткото на Садана ја оставил кај семејството Шарма откако заминал во Америка по работа. Така двете братучетки растат заедно како сестри и ја делат истата љубов на Пракаш. Но двете девојки се разликуваат само по кожата, Садаха е светла, Рагини е со темен ден па поради тоа ќе бидат дискриминирани во индиските традиции. Каушалија, мајката на Регини се плаши дека никој нема да се омажи за нејзината ќерка поради темниот ден додека е Садана тука и затоа решава да ја тргне Садана од куќата и со тоа да ги раздели блиските братучетки. Откако семејството Шарма се соочува со финансиски проблеми, Садана одлучува да најде работа и се вработува како дадилка во куќата на богатата Васудара. Таму, Садана решава да се омажи со ментално нестабилниот син на Васудара со цел да му помогне на семејството кое ја одгледало и на братучетката која неизмерно ја сака. Двата услова на Садана се - да му се врати имотот на нејзиниот вујко Пракаш и нејзината братучетка Регини да се омажи за Ранвир, другиот син на Васудара. Двете братучетки стануваат снаи во исто семејство, но за Садана најголем проблем ќе биде менталната болест на нејзиниот маж Алек. Улоги: Sara Khan, Parul Chauhan, Alok Nath, Vibha Chhibber, Kinshuk Mahajan, Angad Hasija
BIDAAI-РАЗДЕЛБА Глупост до глупост! Незнам до кога вака ќе ја тупат со индискиве серии што траат по 1000 епизоди и никако да се отарасиш од нив.
BIDAAI-РАЗДЕЛБА оваа серија ја даваа на тв ера и можам да кажам дека е многу добра не е како другите индиски серии
Ја има на канал 5 во 4 и нешто попладне ако сакаш погледни ја ќе ти се допадне.мене многу ми се свиѓа
многу ми се допага серијата жал ми што така ја исмејуваат и со грди зборови кажуваат за браушетката на садаха а мене ми е баш убавка и слатка, стварно многу се лоши спрема неа , а колку епизоди има
Јас случајно ја загледав оваа серија, еднаш ноќеска не ми се спиеше па седнав да гледам Неколку епизоди сум гледала, сега решив да почнам редовно бидејќи ми се допаѓа. За разлика од овие индискиве серии на сител, тука актерите знаат да глумат. А и содржината е поубава, навистина тажно за сестрите. Алек посебно, како го глуми тоа лудило секоја му чест. А симпатичен е иначе и брат му исто така. dragan4eDR од каде знаеш дека вака ќе биде??? Ако можем некаде да прочитам за серијава те молам стави ми линк. Убаво би било ако е така, двете сестри и двајцата браќа.
Ги има на youtube , а стварно добра серија и да навистина добро глумат глумците Спојлер ке бидат заедно, а плус алекс ке оздрави ама незнам како и кога и ке биде многу убав кога ке почне да глуми нормален човек
Кристинче дај некој линк мада се сомневам дека ги има со превод некаде ама нема врска, ќе погледнувам само
Јас серијава до некаде ја гледав на каналот ера ама да ви кажам преводот не го разбрав ама разбирав што се случува во епизодата како и да е ако имате нешто да ме прашате ја ќе ви одговорам
http://www.youtube.com/watch?feature=fv ... SPqCqwK9PI еве што ќе се случува понатака ама тоа којзнае кога ќе биде одвај чекам да бидат овие епизoди
Е што сега ги испомешаа термините па овие од канал5? Сега серијата ја има во 11:10, а репризата кога е? Ја имаше после 12 навечер, сега ни тоа нема.
не само што ја преместија туку и времетраењето на серијата го скратија порано траеше два часа, а сега дури нема еден час што ги изнатрупаа серииве САКАМ РАЗДЕЛБА ДА ТРАЕ ПОДОЛГО
Спојлер многу интересни работи ќе се случуваат. Ранвир и Рагини ќе продолжат да се слушаат, да се гледаат.Свадбата на Рагини нема да се одржи со овој сеа што и го договорија бракот веројатно затоашто ќе свати што е работата.еднаш Ранвир ќе дојде на денот на веридбата нешто да разговара со нејзините а тогаш ќе биде таму тој сегашниот свршеник. А и Малти ќе помага да се гледаат они двајца. А откако ранвир и рагини ќе се земат многу интересно ќе биде на нивниот меден месец посебно.
Уффф оваа Васу колку ме нервира погача, што да не мисли она дека многу е убава... Браво за Ранвир како си ја бранеше љубовта И мајката и бабата на Рагини ме нервираат Едвај чекам да се случи тоа што погоре го пиша Драганче
видете бабата сакаше побрзо рагини да се омажи, садха ја мразеше ама откако се зема со алек ја засака и бабата сакаше рагини да се земе со ранвир но мајката се противеше. наголема пречка помеѓу ранвир и рагини се мајките на ранвир и рагини, ама накрај ќе попуштат. Ранвир денес убаво и кажа на мајка му.Одвај чекам утре
Спојлер овде мајката на равир се согласува ранвир да се ожени со рагини http://www.youtube.com/watch?v=cmoyJHdO ... h_response