Епа да, тоа што покажаа од следна епизода изгледа сестри ќе да се. Па веројатно криеле од истата причина, затоа што Амбика е црна па сигурно Васу се срамела од неа. А гледаш и они сестри со браќа се омажиле, сега и Садха и Рагини исто.
Ранвир уште еднаш докажа колку ја сака Рагини,без разлика што мислат и зборуваат другите. А онааа Шитла/Шитал како ли беше,ми идеше косичено да и го искорнам
Како може од сопствената сестра да се срами? Мојата сестра да беше најгрда и најцрна најмногу ке ја подржував и бранев.. И Амбика не е толку мн црна,малку да,ама сепак убава жена си,а и мн паметна. Ама ај ова е доказ дека не само што се најглупи во Индија туку и наглупи сценарија прават. А Ранвир се виде дека мн ја сака Рагини,ете сеуште постои вистинска љубов иако е само во филмовите/сериите. Ама Искрено Садха и Ранвир повеке си одговараат,не дека е бела и убава,ама повеке си одговараат.
Лелее стварно, каква глупост човече. Они ќе и кажувале која да ја избере за снаа. Чувај боже! Плус тоа ајде се скара само со една, они сите и се налутија. Еден ќе прдне сите ќе се ука*аат. Ете уште еден доказ дека им е џабе богатството. Богатите луѓе можеби имаат статус и име, ама што им вреди кога не се подржуваат во најважните моменти, без разлика дали добри или лоши. Инаку кога сме веќе кај Васу, не ви се чини дека се тоа синото сари си го носи? Ај она не толку, ја покажувале и во друго, ама бабата на Рагини дефинитивно само тоа белото си го носи. Садха вчера ми беше многу убава со пуштена коса...
Денес ми беше ептен глупа епизодава Се само околу она со Амбика се вртеше,а вистина ми е жал за женчево. Иначе вистина ќе се повтори “историјата’’ ,и Садха ќе биде како Васу Јас не верувам,Садха има добра душа и многу ја сака Рагини
нема да стане како неа зашто ќе одат заедно со Ргаини и Ранвир на меден месц и многу убаво ќе си поминат
Епа ова на Ранвир беше СВЕ ЗА ЉУБАВ! Навистина интересно беше бе, не е нормален. И гласот како го беше направил... Многу ми беа убаво девојките Садха најубава ми беше на првиот ритуал, ама и сега беше убава. Вчера сите беа во жолто а денес сите во зелено. Забележавте? Само Рагини денеска не ми се допаѓаше, тоа сари некако како да ја смалуваше, а и косата и беше како мрсна и немиена. Ме изнервира само мајката на Рагини(сеуште не можам името да и го запомнам). Цел живот ја чувала Садха и сеуште не научила каква е, дека е добра личност. Како да не знае колку се сакаат со сестра и, многу криво ми падна кога и зборуваше дека таа ќе и прави на Рагини како Васу на сестра и. Овца една, ми изгледа како воопшто да не ја сака Садха.
баш за сцената со ранвир викав дека ќе се изнсмеете одмана ја ја знаев и колку и да ја гледам пак ќе се смејам и песната он што ја пееше беше преубава еве ја оригиналаната http://www.youtube.com/watch?v=uzs1ZoLzwMw а и филмот е многу убав еве го со српски превод http://www.youtube.com/watch?v=Jm7xwAx_ ... ults_video
Ае денес како ме изнанервира мајкае на Рагини Садха толку е добра и мила незнам како можеше тоа да и го изнаречи. Ранвир ме насмеа А и многу ја издолжија со ова ритуаливе,една епизода цел ритуал...Ајде нека се земат веќе аман
Садха ми е најубава од сите , а и дека во приватниот живот се вика Сара,уште толку ја засакав Незнам јас зошто Рагини постојано ја навредуваат дека е грда, па што ако е црна мене ми е баш слатка и убавка ..срцка е.. А онаа мајката на Рагини како се вика Каушалија како ме нервира со она за Садха се што го нарече .. ми идеше да ја убијам.. Ептен ми е грозна и одвратна ..
како се вика филмот ,многу сакав да го гледам ама никогаш неможев да го најдам а има ли и српски превод за да го разберам
Кутриот Ранвир,заради ѓупката го претворија во Боки 13 Од цела серија најмногу ја почитувам Садха,Васу и Алек.Одлични глумци,одлично глумат,браво. Рагини ми е толку одвратна и лигава,неможам да ја смислам.И самата си е виновна затоа што ја навредуваат,од самиот почеток знаеше дека така ќе биде а се палеше да се земе со Ранвир.Па не е глупава,се најде во богати,ама од една страна мислам дека не испадна паметна затоа што мислам дека Васу планира нешто.Васу ја поддржувам и жал ми е за неа.Никоја мајка не сака детето да земе Ружна Лети
Не ја гледав цела епизода денес и ме интересира кој син е на амбика??и која е цената што ја платила амбика оти е црна??
се вика Kal Ho Na Ho има превод на српски се разбира http://www.youtube.com/watch?v=Jm7xwAx_7lA а за сите што се заинтересирани за индиските филмови и серии придружутете се во оваа српска група https://www.facebook.com/groups/189141101151551/