Секој пат кога ќе ставам римел или креон имам црно долу под очите. Не знам како на другите тоа не им се појавува. Се нервирам и не знам што да правам кажете неко совет дали треба посебна крема да нанесувам или нешто друго е проблем. :roll: Модератор: При пишување на мислењата користете кирилица.
od koga ke ja nanesis rimelata so cepkalka za usi iscisti go delot pod ocite (dokolku imas crni tragi) i povtorno nanesi kamena pudra na toj del i na kraj naprskaj si fiksator za sminka na ocite (koga prskas zatvoreni da tii bidat ocite) dokolku nemas fiksator probaj so obisen lak za kosa rezultatot e odlicen i nema da imas problemi so sminkata
Многу е битно и каква крема/пудра нанесуваш... Ако подлогата е масна и лицето добива сјај после неколку часовен make-up тогаш ефект на растечена маскара секако ќе има, во најмала рака пресликување на трепките... Затоа најдобро е да се користат хидрантни креми и пудри кои не оставаат сјај... Пудрата во прав може да помогне но и да одмогне ако е во преголеми количини...
Јас да ти кажам најискрено смени го римелот, затоа што јас имав купено римел од Авон и трепките големи ми ги правеше, арно ама ми се разлеваше, да трепнев бев со отпечатоци од трепките и го сменив и сега користам Miss Sporty и супер нити се разлева, ни ништо, а не е водоотпорен, нормално претходно ставам пудра, па сенка, моливче и на крај римел и никаков проблем не сум имала со овој римел. Модератор: Во иднина при пишување на мислењата користете кирилица.
Мислам дека со добра маскара не би требало да го имаш овој проблем. Исто така сум читала дека доколку ставаш на долните трепки маскара може да се случи раэлевање.И мислам дека водоотпорна маскара не би требало да се раэлева, ако ти е голем проблем ова би можела да подраэмислиш да купиш водоотпорна. навистина е потешка эа симнување, ама нема да го имаш проблемот
Пред да нанесеш маскара или креонче стави пудра на очните капаци онака тенок слој ќе бидат посветли а и ќе ја задржат шминката подолго на очите.И носи си во ташната блажни марамчиња па каде и да си и колку и да ти е разлеана маскарата со еден потег под очите ќе можеш да ја исчистеш
Едноставно: Прво малце пудна на очните капаци и исто под очите + водоотпорна маскара и готово. Немој да ставаш претерано многу маскара, а исто внимавај да не се препотиш
И јас го имам истиот проблем со секоја маскара, сум пробала многу, верувајте секој пат различна купувам за да ја пронајдам вистинската, но не е до маскарата и до самите очи е. Јас имам чувствителни очи кои ми солзат и ретко која маскара ја поднесуваат. Користам само маскари са чувствутелни очи но џабе, пак го имам истиот проблем. Е сега случајно пронајдов едно решение и сега за сега немам веќе проблем со разлевање. Сум заборавила да ја затворам и неколку дена една маскара ми стоела отворена и се подзасишила, кога ја нанесувам многу подолго ми трае од претходно и немам проблем со разлевање.
И јас страдам од истото..пробај со пудра на очните капаци да не ти се разлева или откако комплетно ќе нанесеш маскара и креон исчисти го со чепкалка за уши тоа разлеаното црно
Јас ја користам од авон СУПЕР шок во специјално издание што е како зебра...Прва маскара да ми се погоди толку не се ни разлева не се ни рони супер е, и тетка ми имаше ист проблем како тебе има чувствителни очи и она си ја зема таа и не се жали...Преубава е!!!
И јас го имам истиот проблем но не само со маскарата туку и со моливче за очи...секогаш кога ставам ми се размачкува нагоре....со пудра...без пудра истото е!
Купи си пудра на база на вода, значи хидратантна, да не е на база на масло и одкако ќе го ставиш моливчето ќе натапкаш камена и готово
Добри совети во врска со пудрата ама ако често ти се навлажнуваат очите тоа е тоа што ја разлева маскарата и смени си ја купи си водоотпорна во Јуник има само што се доста поскапи од останатите по цена од 1000 и нешто денари
Еднаш ставив фиксатор за шминка од кај другарка, и навистина ми стоеше, не се разлеваше. Иначе јас секогаш со чепкалка го поминувам одоколу местото за да се осигурам дека нема траги..