1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлевање на маскарата

Дискусија во 'Лице' започната од ev4e, 28 ноември 2009.

  1. ev4e

    ev4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    19
    Секој пат кога ќе ставам римел или креон имам црно долу под очите. Не знам како на другите тоа не им се појавува. Се нервирам и не знам што да правам кажете неко совет дали треба посебна крема да нанесувам или нешто друго е проблем. :roll:

    Модератор: При пишување на мислењата користете кирилица.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  2. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    пробај стави малку пудра на очните капаци нема да се разлева шминката
     
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    od koga ke ja nanesis rimelata so cepkalka za usi iscisti go delot pod ocite (dokolku imas crni tragi) i povtorno nanesi kamena pudra na toj del i na kraj naprskaj si fiksator za sminka na ocite (koga prskas zatvoreni da tii bidat ocite) dokolku nemas fiksator probaj so obisen lak za kosa rezultatot e odlicen i nema da imas problemi so sminkata
     
  4. Lady-Mistique

    Lady-Mistique Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Многу е битно и каква крема/пудра нанесуваш... Ако подлогата е масна и лицето добива сјај после неколку часовен make-up тогаш ефект на растечена маскара секако ќе има, во најмала рака пресликување на трепките... Затоа најдобро е да се користат хидрантни креми и пудри кои не оставаат сјај... Пудрата во прав може да помогне но и да одмогне ако е во преголеми количини...
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас да ти кажам најискрено смени го римелот, затоа што јас имав купено римел од Авон и трепките големи ми ги правеше, арно ама ми се разлеваше, да трепнев бев со отпечатоци од трепките и го сменив и сега користам Miss Sporty и супер нити се разлева, ни ништо, а не е водоотпорен, нормално претходно ставам пудра, па сенка, моливче и на крај римел и никаков проблем не сум имала со овој римел.

    Модератор: Во иднина при пишување на мислењата користете кирилица.
     
  6. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Мислам дека со добра маскара не би требало да го имаш овој проблем. Исто така сум читала дека доколку ставаш на долните трепки маскара може да се случи раэлевање.И мислам дека водоотпорна маскара не би требало да се раэлева, ако ти е голем проблем ова би можела да подраэмислиш да купиш водоотпорна. навистина е потешка эа симнување, ама нема да го имаш проблемот ;)
     
  7. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Пред да нанесеш маскара или креонче стави пудра на очните капаци онака тенок слој ќе бидат посветли а и ќе ја задржат шминката подолго на очите.И носи си во ташната блажни марамчиња па каде и да си и колку и да ти е разлеана маскарата со еден потег под очите ќе можеш да ја исчистеш
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Едноставно:
    Прво малце пудна на очните капаци и исто под очите + водоотпорна маскара и готово. Немој да ставаш претерано многу маскара, а исто внимавај да не се препотиш ;)
     
  9. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    И јас го имам истиот проблем со секоја маскара, сум пробала многу, верувајте секој пат различна купувам за да ја пронајдам вистинската, но не е до маскарата и до самите очи е. Јас имам чувствителни очи кои ми солзат и ретко која маскара ја поднесуваат. Користам само маскари са чувствутелни очи но џабе, пак го имам истиот проблем. Е сега случајно пронајдов едно решение и сега за сега немам веќе проблем со разлевање. Сум заборавила да ја затворам и неколку дена една маскара ми стоела отворена и се подзасишила, кога ја нанесувам многу подолго ми трае од претходно и немам проблем со разлевање.
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    8.027
    Пол:
    Женски
    И јас страдам од истото..пробај со пудра на очните капаци да не ти се разлева или откако комплетно ќе нанесеш маскара и креон исчисти го со чепкалка за уши тоа разлеаното црно
     
  11. Dance989

    Dance989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Јас ја користам од авон СУПЕР шок во специјално издание што е како зебра...Прва маскара да ми се погоди толку не се ни разлева не се ни рони супер е, и тетка ми имаше ист проблем како тебе има чувствителни очи и она си ја зема таа и не се жали...Преубава е!!!
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    И јас го имам истиот проблем но не само со маскарата туку и со моливче за очи...секогаш кога ставам ми се размачкува нагоре....со пудра...без пудра истото е!
     
  13. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Купи си пудра на база на вода, значи хидратантна, да не е на база на масло и одкако ќе го ставиш моливчето ќе натапкаш камена и готово:)
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добри совети во врска со пудрата ама ако често ти се навлажнуваат очите тоа е тоа што ја разлева маскарата и смени си ја купи си водоотпорна во Јуник има само што се доста поскапи од останатите по цена од 1000 и нешто денари:)
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Еднаш ставив фиксатор за шминка од кај другарка, и навистина ми стоеше, не се разлеваше.
    Иначе јас секогаш со чепкалка го поминувам одоколу местото за да се осигурам дека нема траги..
     
  16. Bubeeeeee

    Bubeeeeee Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    0
    Стави пудра :) на очните капаци.
     
  17. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Пробај со водоотпорна маскара. :)