Форумџика на годината

Разлика помеѓу грегоријанскиот и јулијанскиот календар

Дискусија во 'Религија' започната од DS10, 26 декември 2025 во 20:05.

?

Дали МПЦ треба да го прифати грегоријанскиот или ревидираниот јулијански календар?

  1. Да

    1 глас(а)
    16,7%
  2. Не

    5 глас(а)
    83,3%
  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    5.390
    Пол:
    Машки
    Читам деновиве како многу луѓе честитаат „католички Божиќ“, што покажува колку не сме информирани како народ околу оваа тема. Во суштина, не постојат два Божиќа, католички и православен туку е еден и ист празник за сите христијани, а разликата не е во верата, туку во календарот според кој се пресметува датумот.
    Католичката црква го користи грегоријанскиот календар, додека дел од православните цркви, меѓу кои и МПЦ, сè уште го користат јулијанскиот. Дополнително, во државите со католичко мнозинство, државниот и црковниот календар се исти, додека кај нас црковниот календар заостанува зад државниот. Во западните земји, Божиќ, се слави на 25 декември кој се паѓа на ист ден и по црковниот и по државниот календар, додека пак кога кај нас по црковен календар ќе биде 25 декември, по државниот календар веќе дошло 7 јануари.
    До 1582 година, сите христијани го славеле Божиќ на 25 декември според јулијанскиот календар. Поради наталожена грешка во пресметките, папата Григориј XIII тогаш вовел реформа и го создал грегоријанскиот календар, со кој биле прескокнати 10 дена за да се усогласи времето. Од тој момент, црквите што го прифатиле новиот календар почнале да го слават Божиќ на датум што одговара на 25 декември според новиот систем, додека оние што останале на стариот продолжиле по старо. Односно тие што го прифатиле новиот календар, Божиќ го прославиле 10 дена порано, додека тие кои не го прифатиле календарот продолжиле да го слават Божиќ на 25 декември кој по грегоријанскиот календар сега веќе бил 4 јануари.
    Со текот на времето разликата се зголемувала:
    – во 1700 година +1 ден
    – во 1800 година +1 ден
    – во 1900 година +1 ден
    Денес таа изнесува 13 дена, па така 25 декември по јулијански календар паѓа на 7 јануари според грегоријанскиот. Оттука доаѓа впечатокот дека православниот Божиќ доцни, иако реално станува збор за различен календарски систем. Ако грегоријанскиот календар не бил толку широко прифатен, денес можеби ќе се зборуваше дека католиците слават порано, а не обратно.

    Во 1923 година, Милутин Миланковиќ го создава ревидираниот јулијански календар, кој астрономски е попрецизен и практично се совпаѓа со грегоријанскиот. Овој календар денес го користат Вселенската патријаршија, Грчката, Бугарската и Романската православна црква. Кај овие цркви, сите празници со исклучок на Велигден, се слават заедно со западните римокатолици.

    Дали МПЦ треба да прифати некој од поточните календари, грегоријанскиот или
    ревидираниот јулијански и Божиќ да го прославува на ист ден како целиот остаток од светот?
     
    На Bitter-Sweet и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Машки
    Ниту еден календар и ден кога го славиме Христовото раѓање не ја менува суштината на верата. Дури и точен датум кога е роденден нема многу поблиску може да се каже дека има 2 датуми кои се најреални за смрта, а многу по тешко за раѓањето.
    Нема врска кога се слави по битна е суштината зошто се слави..
    А тоа што честитаме не е дека не знаеме дека еднаш се родил Исус или дека не се знае суштината за календарот, само зошто не би честитал на некој што тогаш го слави? Тој се радува тој ден слави, сигурено би се почувствувал убаво да му честитам исто како и јас кога некој би ми честитал денот кога јас го славам.
    Може да се смени и сите да славиме во ист датум тоа сепак ништо нема да смени..
     
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    5.390
    Пол:
    Машки
    Не мислев да не честитаме Божиќ на католиците, туку дека е бесмислено да се вели "католички" или за две недели "православен" Божиќ, поентата ми беше дека е истиот Божиќ само по различен календар, односно дека подобро би било да се рече Божиќ по грегоријански календар отколку католички Божиќ.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.859
    Пол:
    Женски
    Не би требало да смени, но од друга страна премалку познавање имам да знам зошто поголемиот дел од православните верници сеуште го празнуваат 7. јануари како Божиќ.
    Поделба е голема.
    Најнов пример е Украина, каде е донесена одлука 7. јануари да биде Ден на програмерите, иако народот мнозински тој ден го слави Божиќ.
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Машки
    Прочитај го воведот на темата многу убаво има објаснето @DS10 зошто е така.
    Нека биде нема врска тоа, Божиќ си е Божиќ нема врска со програмерите и не е нешто што би пречело за да си го прослават Божиќ верниците.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.435
    Допаѓања:
    10.664
    Пол:
    Женски
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.859
    Пол:
    Женски
    Па ако мораат да одат на работа тој ден, не можат да прослават.
    А и програмери како замена е симболично.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Машки
    Неработен е за верниците од таа вера си пишува еве и кај нас православна земја сме за сите е неработен 7ми Јануари, ама си пишува 24ти Декември неработен само за верниците од католичката вероисповед, пријавуваш на работа дека си католик и дека славиш Божиќ..
     
  9. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Ние сме многу информирани,во Христијанството,постојат католици,православни,протестанти.Начинот на кој се организирани црквите е различен и православниот пост и католичкиот не се исти пред БОЖИЌ,исто и поповите наши и католици.Ништо не треба да се менува,се си е во ред како што е .
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    2.859
    Пол:
    Женски
    Не ме разбираш.
    Во Украина има две украински православни цркви...слават различни датуми на Божиќ.
    На едните верници им се укинува 7.јануари, нека си слават програмерите тој ден, ко да е битно ....8)