1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика помеѓу девојка за една ноќ и девојка за озбилно

Дискусија во 'Сингл' започната од MaceMacee, 22 ноември 2014.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Освен разлика во оргазми друга разлика нема. И двете се живи суштества чија интелегенција зависи од тоа колку синапси имаат формирано во нивното мозоче.
     
    На glosipgirl, Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас сакам девојка за озбилно. А сакам и за две ноќи. Каква дојде таква. :lol::lol:
     
  3. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Хаха искрен одговор ваљда секогаш постои тој триаголник една за озбилно и други за една ноќ или повеќе ама некои вешто се прекриваат додека други други глумат кокошкино слепило:x
    Играта го прочитав првото твоето мислење и не го разбрав, појаснување во инбокс ако може :o
     
  4. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    У тој случај ваљда си од ретките што имаат доволно самодоверба да го приметат тоа. Сакаш да кажеш дека сакаш подлабока конекција со типот - да не бидеш ценета само заради изглед, туку и заради нешто неопипливо - на пр. ако изкочиш со типот и пробаш подобро да му го сватиш хуморот или да му парираш на ниво, он тоа да го примети и тако даље. Или да ви текнува на некоја работа која што можеби заеднички сте ја правеле уште пред да се запознаете, па он да те памти од таму...

    Единствен проблем е што тоа сакаш да го добиеш тоа од тип што веќе го свиѓаш - тука доаѓа у игра таа хипергамија што ја зборам.

    Елаборирај на ова, ми се случи нешто слично скоро со една нова цура, и таа ме остави. Ако жена не ти дава доволно внимание на почеток треба да ми биде сеедно, или да направам нешто проактивно на тој поглед?

    к
     
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Нормално е секоја девојка да сака да биде со тип кој што ќе ја цени и почитува поради тоа каква личност е таа и поради тоа што вложила труд да биде успешна и независна личност што реално е далеку подобро отколку да бидеш ценета поради изглед и да се чувствуваш како си третирана како сексуален објект и ништо повеќе од тоа иако можеби покрај изгледот имаш и други квалитети. Проблемот е што како ние најчесто девојките велиме сите се исти за машкиот пол така се случува и машкиот пол да класифицира одредена девојка од старт како лесна само ако носи минич, деколте и нормално ако ви се подаде далеку порано од очекуваното.
    На крај вакви работи од старт треба да се дефинираат т.е да се каже кои се очекувањата на едниот а кои на другиот затоа што често се случува едниот да сака врска другиот да сака само секс и ништо повеќе. Ако не му се допаѓа некому тој предлог прво мување или што и да е па врска подобро да не плива по матни води оти на крај ќе си ја удира главата од ѕид.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Самодоверба, не многу. Свест дека заслужувам да бидам вреднувана и почитувана, да. Не мислев на нешто многу комплицирано и конкретно, туку едноставно на едно однесување коешто ќе укаже дека една жена е вреднувана и почитувана како личност, што ќе направи да се чувствува убаво. Не само поради изглед, туку и поради изгледот и нејзиното внимание, посветено време и односот што го има кон личноста.
    На една жена треба да и` се укаже дека нејзиното друштво годи некому. Дека нејзиното однесување, време, па и труд околу изгледот придонело за разубавување на нечија вечер. Без разлика дали е необавезно гледање или планираш утре да ја жениш. Се надевам малку сум појасна.

    Многу е важно преиспитувањето да почне од самиот тебе. Што во твоето однесување придонело таа да се оддалечи? Дали имате спротивставени ставови на клучни теми? Ако си ја убедил во нешто што ја оддалечило од тебе, а мислиш дека не треба, обиди се, докажи и` дека не си мислел така. Штом е тазе работата можеби и имаш шанси. Само спонтано, максимално отворено, без финти и маски. Не дека ќе изгубиш ако се обидеш. Напротив, можеш и да добиеш. Те советувам поаѓајќи од себе, сега не сме сите исти...

    Не зборувам за недостаток од внимание на почетокот. Почеток си е почеток, се запознаваш, се охрабруваш што се вели во нечие присуство и тн. Со самиот развој на односот, ќе се ослободуваат и тие форми на однесување. Има жени коишто откако ќе им биде пружено тоа внимание и самите ќе се охрабрат да возвратат на истото. Не се осмелуваат први да покажат некои работи. Не` има секакви.

    Најубаво е да бидеш спонтан. Секоја од крајностите може да ја зезне работата. За ова со страдањето и ладењето праев муабет за апла праење фраер. Она кога на жената не и` се пружа доволното внимание, игнорирање, правење љубоморна, однесување како на жената да и` праиш услуга што си и` у друштво, топло-ладно игри и тн.

    Многумина мислат дека тоа задржува, но не е така. Барем не задржуваат една зрела жена којашто знае што сака. Интересот на жената се одржува со интерес кон неа, нејзините потреби, со гестови на внимание и слично. Тие што плачат по тој што ги повредил, плачат некое време затоа што се приврзале во меѓувреме, но потоа кога ќе се оладат еднаш, се` е џабе. Затоа што љубовта и интересот на една личност кон вас се храни со возвраќање на истото. Кога немаат храна и љубовта и интересот ќе си ги соберат куферите и пријатно.

    Под интерес, мислам на интересирање за одредена личност и покажување на истото, не интерес од аспект на материјална и слична на неа корист, да си појаснам.
     
    Последна измена: 24 ноември 2014
    На vaga95, Name, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Личности кои знаат да направат разлика од допаѓање, сексуална привлечност и некои подлабоки чувства кои ги имаат кон одредена личност, ќе знаат со кој би можеле да бидат една или неколку вечери, а со кој на подолг период. Ако секоја мала симпатија или сексуална тензија ја гледаш како потенцијална романтична приказна со среќен крај, тогаш ќе бараш од сите да те сфаќаат озбилно оти ти нели не си девојка за една вечер. Ако си искрена кон себе и ослободена од разни предрасуди тогаш ќе си признаеш дека со некој едноставно само сакаш да се...ррррррр....и дека тоа не те прави површна или лоша личност. Ова ррррррр за помлади не мора да значи секс, може да е само мување, петинг (лапање, драпање де). И вакви чувства можеш да имаш кон било кој, може и кон фина девојка од соседството која да не би била толку фина, би си поминале веројатно супер без стравови и ограничувања. А зошто не сакаш да се обврзуваш поозбилно со неа (него) си имаш причини, нешто ти фали, и почитувај го тоа чувство дека нешто фали отколку да базираш врска која ќе биде нели за озбилно само на тоа што нешто таму доле пулсира кога си во нејзина (негова) близина.
     
  8. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Ти дадов комплимент, бидејќи си една од посвесните постерки тука. Биди муж, земи го, и доста елаборираш :D

    Со оваа нема шанси, имаме разлики во зрелоста, тури му пепел.

    Преиспитување. Незнам зошто сум антимагнет, се осеќам стално искористен и на крај кога ќе ми помине рокот, шутнат. Од некој само ќе земам број или фб, од други ќе добиеш дејт или 5, на некој им станувам интересен, и сакаат да ме поминат за bullshit причина, без никад да сакаат да ме запознаат.

    Знаеш колку е глупо да сака некој да те помине за да ти удри рецка дека можел, без никад да те гледа како личност или да ти даде шанса за емоционално поврзување??? Од старт имаат ѕид жените, нејќат да се поврзат со некој бидејќи нели, стално може некој подобар да дојде.

    Буквално свесни се за процесот на заљубување и свесно го прекинува со тебе пред да се развие.

    Имав 8 годишна врска, и не е битно како, ама на таа девојка и се случи нешто трагично и повеќе неможе да биде со мене. Таа НЕПОСТОИ. Дадов 8 од најдобрите години што ги имам (млади почнавме, се заљубивме на 18 ) додека сите растеа и учеа за светот, станаа луѓе, ја на крај останав сам и неизраснат. Нејзе ја нема, сваќаш. Delete. Не заради нејзин избор.

    Бев најдобар што можам да бидам, стално покрај нејзе, и сега за награда од животот сум социјално изолиран факинг антимагнет. Нема факултет, нема средно веќе, останат си сам со тие луѓе што си ги запознал во текот на тие години. Само сакав да работам и да се посветиме заедно на стабилен живот, со понекад адреналин и авантури.

    На кој му се случува тоа?? Решив да бидам ок тип, скокнав се што треба глупости да правиш од 18 па натака, евентуално ќе имавме фамилија, и на крај губам се по случаен избор. 1 во 5,000 шанси.

    И сега сум заглавен во свет каде што ти се паѓа едно од можните:
    - Фригидна, нејќе ништо да прави, нејќе да се врзува, купува време за идеалниот тип
    - Хиперсексуална - сеедно и е за врзување и љубов, со пи**** може се да освои
    - Дигната - Има шанси да биде со тебе, но само ако и дадеш под секој услов да те доминира. Да си го направи нејзиниот совршен бета сопруг. Мушка чивава
    - Најбољи опција - да чекаш да се дупи до 32-35, па кога ќе почне да губи сексуална моќ да сака уствари да се омужи со тебе, а ти да добиеш издупен сунѓер, и секој ден да си ги гледаш своите сексуални фрустрации во нејзините очи.

    Уште една вечер, уште еднаш по дома седам пред ПЦ и пијам. 3 жени што се гледавме на лабаво прекинаа во рок од 2 месеци, и 10ина други што имаше топло ладно за да на крај ништо не испадне.

    Нормално ќе испаднеш форум трол, мора да најдеш хумор негде во ситуацијата.

    Точно, се надевам ќе ми се погоди таква ситуација пак.

    На тој поглед сум ок... ваљда едноставно не вредам доволно како личност, незнам. Никад не пораснав

    Што убаво звучи тоа, така ни беше и со девојка ми...

    Ахаахахахаа....ахха... може да замислам колку добро чувство е тоа, кога нешто доле ти ПУЛСИРА и кога бираш кој предмет од каталогот на светот ќе ме отпулсира. Жени, бидете среќни на животот што го имате, извонредно изобилие е.

    Играта даун.
     
    На Captain-Omni и tessie им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ама гледаш, вака-така уште еден комплимент си добив. Саде финти сум. :D Шега на страна, ти благодарам. :)

    Ете што е работата. Ти си заробен. Не можеш да му простиш на животот и го игнорираш со тоа што дозволуваш минатото да доминира. Живиот човек има и минато и сегашност и иднина.

    За човек во убави и продуктивни години не е природна состојбата во којашто доминантна улога има минатото. Прости си, прости и`, прости му... збогувајте се со минатото еднаш. Тоа е тој ѕид којшто никоја не може да го пробие иако ти мислиш дека продолжуваш понатаму. А ти сакаш да биде пробиен. И верувам многу жени посакувале да го пробијат. Од кај знаеш дали некоја не се разочарала гледајќи во борбата со самиот себе којашто верувај била очигледна, затоа што и` се причинило дека си играш со неа?

    И почитувај ја жената без разлика на нејзиното искуство. Ти зарем не велиш „да знаев дека така ќе беше, ќе изберев да го живеам животот поинаку, да се спознавам себеси“? Секој треба да се спознае себеси, своите потреби. На тој начин ќе знае соодветно да возврати на оној којшто ќе ги оствари истите. Поарно жената да искусила доволно за да знае да го препознае во тебе. На некоја и` е доволна една долга врска, на друга тоа + неколку авантури... зависи од тоа колку жената имала можност да се открива себеси во еден однос. Во однос на ова, колку што си строг кон жените, толку си и кон себеси. Пушти ја душата, љубовта е слобода. :)

    И најверојатно не си ти анти-магнет, туку она од коешто треба да се ослободиш а очигледно ти „држи свеќа“ на секој состанок.
     
    Последна измена: 25 ноември 2014
    На Annath и Igrata им се допаѓа ова.
  10. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    П.С. Уфффф сори за долгиот пост горе. Се надевам, некад посреќен, посреден, ќе го прочитам и ќе бидам благодарен за напредокот + наравучение да не дојдам пак до таква ситуација.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Жената е таа која бира дали вечерва (ило било која ноќ) ке биде девојка за една вечер или не! Факт, моќта е кај жените и ние бираме, а мажите можат вака на анкети да кажуваат што бирале и како бирале, а не сфаќаат дека се е до жената, а тоа дека највеќе ги привлекува убавината е точно и доволно (убавината е релативна така да на некој му е убава некоја со големи цицки и ултра згодна на некој некоја пополничка со голем задник) а тоа дека интелегенцијата им е битна ( и за двете страни пишувам) валда нема семинарска да правите па да ти треба помош или ќе вежвате матрици во 4 саат сабајле?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Хеј, мислев за мојот пост тоа горе, иначе фала и за твојот пост, се надевам и ја дека ќе се средам.. Дека иначе испадна ко демек не го читам твојот пост и само си продужавам со монолог хаха.

    "Од кај знаеш дали некоја не се разочарала гледајќи во борбата со самиот себе којашто верувај била очигледна, затоа што и` се причинило дека си играш со неа?"

    Ваљда и тоа е доста фактор, со заробеноста. Може да не сум свесен а да испаѓам фејк или празен... Роботски.

    "И почитувај ја жената без разлика на нејзиното искуство."

    Со тек на време. Премногу љут у моментот Се надевам нема да ми остане. Кога си даун сите сељаци се обидуваат да те убедат да мрзиш жени, дека они само сакаат лош да бидеш и да не ги цениш, а знам од лично искуство дека порано стално бев ептен балансиран меѓу тоа да сум ок, отворен ама и да имам лични граници (да не се понижуваш себеси) што е ваљда идеалната комбинација за однос.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Уживај, сфатив дека во приближно исто време сме пишале. Eпа го имаш знаењето што треба да го имаш, ти преостанува да си го дадеш времето што ти е потребно да простиш се`. А остај ги сељаците, да знаеја тие како треба ќе беа презафатени за да имаат време да ги плукаат жените. ;)
     
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Додека најдам време да прочитам и реплицирам, 55 постови налепивте на темава. Хиперпродуктивни сте. :lol:

    Туку, апсолутно секоја девојка прво е „девојка за една ноќ“. Нема маж кој за прв пат здогледува девојка и помислува дека сака да има нешто сериозно со неа. Првата хемија во глава е дека сака да ја легне и ништо повеќе, затоа ја ставам во категорија „девојка за една ноќ“.
    Дали ќе се претвори една девојка од секс објект во „девојка за озбилно“ зависи од нејзиниот однос, од она кое типот го бара кај неа, од компатибилноста, од икс работи кои не се правило.

    Ми се свиѓа дискусијава со Играта, па морам да ви се убацам. :P
    Бидејќи си жена, мислиш дека еден маж треба да ѝ укаже дека нејзиното однесување годи, дека е убава, дека е све најдобро, ама јас како спротивен пол знам дека тоа никогаш, апсолутно никогаш не ми донело никаква предност во освојувањето.

    Напиша погоре дека топло-ладно не задржува, но апсолутно не си во право и тоа секој маж кој се потрудил да освои девојка ќе го потврди. И овој муабет е директно поврзан со првиот пасус што ти го пишувам. Може малку ќе бидам конфузен сега, ама...
    Најдобро е да ѝ се даде комплимент дека нејзиното однесување годи, дека е убава и све најдобро, ама тоа никако да не биде директно и токму со тие зборови, туку секогаш во завиена форма, кажано меѓу редови... ако е чист директен комплимент, девојката ќе се осеќа убаво, ама дечкото ќе остане со празни раце, а нели, сакаме сите да се среќни и задоволни. :P

    Златен, немаат од старт ѕид жените за поврзување, напротив, секоја интеракција со тебе им е за сериозно, комплетно обратно од просечниот машки мозок.
    Не ме сфаќај погрешно, ама, ако не сакаат ништо посериозно, тоа е зашто најверојатно немаш што да им понудиш за повеќе. На форумов се гледа дека си забавен, интелигентен, имаш смисла за хумор, ама сето тоа мораш да го потврдиш во живо, па ако останеш само на почетната заинтересираност кај нив, тогаш толку и ќе добиеш, фб, број, дејт и френдзоун.

    Сега нафрлам, нагаѓам, ама, среди коса, облечи кошула, купи нови чевли, плус продолжи со стилот и сигурно ќе се смени нешто. :muscle:
    Инаку, ти си совршен за фаќање девојки преку форум. Теси може да потврди, дека добила чувство на поврзаност со тебе, зашто твоите зборови делуваат многу пријатно во моментите кога не раскажуваш колку си очаен. Може сето ова веќе го знаеш, ама, ако не го знаеш, послушај го мојот совет и почни да пишуваш за своите случувања во текот на денот низ призмата од виножитото, без сивило и тага. :sun:

    Сè е пазар, и ти нема да ѝ дадеш шанса за емоционално поврзување на девојка која нема што да ти понуди емоционално. Ако ти ги стави цицките на маса, ќе сакаш само да ја соблечеш облеката од неа, ама ако ти го стави и умот на маса покрај нив, тогаш ќе сакаш и емоционално да ја соголиш, нели? 8-|
     
    На SparkyAngel, evangelina.ina, Yipman2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Која е разликата тука...во ПРВАТА НОЌ со девојката ли????
    и после тоа ли ја категоризирате дали е за една или две ноќи.
    Ај ако бираме светици фини и расипани девојки треба пошироки хоризонти да гледаме.
    Ништо не зависи од една ноќ, баш ништо. И не баш од девојката, оти машкото ако ја побара утре таа пак ќе отиде со него, оти девојка еднаш ако сака да биде со тебе еднаш ќе биде пак, ако не ич не бидува.
    Ама ако машкото не ја побара повеќе секако ке остане девојка за една ноќ.
    (и после Цацко ни е крив)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Зависи од жената. Сметам дека, онаа што е доволно зрела и знае што сака и те како го цени таквото однесување. Онаа што си се сака себеси, дефинитивно го цени. На мачо моменти сум превртувала со очи искрено. Отсекогаш. Не оти сум била брилијантен ум да ги проценам од старт, не сум ги можела едноставно и крај. На оние другите моменти, дефинитивно не. Тоа е прав маж според мене, едноставно. Што не е опериран од некои основни манири.

    Секој маж... па не би рекла. Како што и сите мажи не паѓаат на слични женски игри, особено ако искуството ги научило лесно да ги осетат истите. Сега зависи од жената, ама ретко која не е свесна дека си играш со нејзе и многу често, едноставно одговараат на играта додека ним им одговара таква ситуација од икс причини.

    Многу често, вие мислите дека сте ги освоиле, а и тие едноставно си имаат корист од целата ситуација и ви фураат исти филм како вие на нив, а во меѓувреме се ладат. Наместо такви глупости, оригинални неочекувани изненадувања преку коишто се создаваат нови спомени можат повеќе да ги задржат некои девојки одошто вакви работи.

    Отвореноста задржува. Колку само врски се уништени заради тоа што од игри играње и самостојно сложување на сложувалката со вистини кои ним (не) им одговараат, остануваат неспособни за да направат нормален муабет за тоа во која насока оди врската.

    Резултатите од ова се краткорочни. Јас лично сум излегувала од таква игра затоа што сум построг тип и сметам дека и принц да е, не е достоен да ме мафта на тој начин. А не сум единствена. Далеку од единствена. Само што ретко тоа се манифестира на сличен начин. И сум се ладела, да. Затоа што неизвесност можеш да имаш со секој, а оној кој вреди искрено ќе ти каже каде сте и до каде сте во одоносот.

    На крајот на краиштата, секој треба да си биде свој едноставно. Тоа е најпаметниот и најверодостојниот совет којшто може да се даде.

    Не носи толку брзи заклучоци. Постојат луѓе коишто се на форумов да дискутираат на пример. А Играта, верувам дека форумов не му е неопходен за таа цел. Како што не му бил пред да се зачлени.

    Друго и да сакам, не можам да коментирам. :x
     
    Последна измена: 25 ноември 2014
    На Annath и De-lovely им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ние може да се правиме на три и пол и да сакаме да не постои разлика,или пак да посакуваме дека онака баш европејски веќе се живее на балканот,ама може само да сакаме....
    Па затоа да пишуваме дека нема разлика.
    Ете да земеме една иста девојка,а двајца машки.Со едниот за една ноќ а со друѓиот веќе да тера како што е наведено во темава,на озбилно.
    Да,таа е истата,со иста интелегенција,убавина итн,но дали е иста во очите на двајцата мажи тоа е друга приказна.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Веројатно никогаш не сум бирала глупи мажи, така што досега никој не ме прашал со колку сум спиела. Ако ме прашал, кој и да е, тоа му е последно прашање упатено кон мене. Веројатно би му рекла...со доволно за да знам дека сите беа подобри од тебе. Да видам дали ке му се крене у блиска иднина :)

    НИе жените сме криви што сме нарекувани курви ако спиеме со повеќе. Мислам дека мажите поретко викаат, онаа е курва, спие со мажи, ама ниедна жена не испушта да каже дека некоја е растурена оти мењала дечковци. Сами си ставаме епитети. Место да се бориме да не гледаат исто како мажите, ние се омаловажуваме во однос на сексот. Што му е битно на светот, на некој, на било кој, што правам во кревет? Помала душа иам така?
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, crazylady, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама не се работи за немање манири ако на девојка не ѝ кажеш директно „убава си“. На крајот на краиштата, што ти делува посекси?
    - Убава си!
    или
    - Не знам што си направила, ама нешто од шминката страшно ти ги истакнува очите!
    После убава си ќе речеш само фала. А второво, замисли ти не ни имаш ставено шминка, каков коктел од комплименти е, а пак остава простор за да помислиш „шо му е на овој, кое машко гледа какви очи имаш“?

    Знам дека генерализираме обилно, ама малце мистика не е мачо момент, напротив. :)

    Отвореноста не задржува. Често читам во темите за совети „разговарај со него, кажи му што те мачи“. Тоа е убаво во теорија, но во пракса разговорот ретко решава нешто, зашто прво луѓето се многу едноставни и се владеени од идот, најчесто затоа и се идиоти. Сурови и едноставни, кога ќе се обидат да разговараат за некој проблем кој ги мачи, ја наметнуваат својата желба и потреба која се раѓа длабоко внатре во нив и сето тоа завршува со караница.
    Затоа и има преку 80% од бракови и сериозни врски во кои има некаков вид на изневерување, зашто луѓето лажат и кријат со цел да не си направат проблем и да не го повредат партнерот што самите пред себе го дефинираат како „љубов“.
    Овие бракови остануваат, во кои еден од партнерите се решил да молчи и голта сè што другиот ќе му даде.

    И секако, постојат оние интелигентни парови кои разговараат, кои по некогаш ќе исправат некој проблем потиснувајќи дел од сопствените потреби на сметка на компромисот и оние кои по разговорот сфаќаат дека се некомпатибилни и си заминуваат едни од други во потрага по некој подобар.

    Затоа и премногу често гледаме убави и паметни луѓе кои се сингл до длабока возраст, зашто дури и без разговор сфаќаат дека таа некоја икс личност, не е доволно добра за нив. ;(

    Не донесов заклучок, напротив, напишав „нагаѓам“. Дискутирам. :)
     
    На mims-89 и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Oчигледно искуствата и окружувањето не` натерале ставовите да ги формираме во различни насоки и не можеме да се убедиме во спротивното. Tи имаш искуства со една појава, јас пак со спротивната на таа. Така што we can agree to disagree. :)

    Инаку за манирите, не зборувам само за комплименти, туку едноставно за создавање на атмосфера во којашто таа би се чувствувала убаво, вреднувано ... како да објаснам...
     
    Последна измена: 25 ноември 2014
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.