1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлика помеѓу дечко за една вечер и дечко за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од MaceMacee, 28 ноември 2014.

  1. MaceMacee

    MaceMacee Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Бидејќи ја отворив темата за разлика помеќу девојка за една вечер и девојка за озбилно сега би сакал да видам мислења и на оваа тема да не бидат нарушени дискриминирани двете страни.

    Видовме што имаат да кажат момците на темата девојка за една ноќ и девојка за озбилно, а голем број девојки добија интерес да прокоментираат на оваа тема од свој аспект. Ако девојката за една ноќ според момците требаше да биде „надарена“, разголена, секси, пијана - каков треба да биде дечкото за една ноќ?

    Каков живот води - таква девојка бара, тоа е мојот начин за дешифрирање на мажите. Ако е љубител на кафани и клубови и го сретнам на некое такво место, знам дека бара девојка за забава и ништо повеќе. Таквите обично се полесно достапни, додека дечкото кој бара сериозна врска обично води помирен живот и голема е веројатноста дека ќе го запознаам преку заеднички пријатели.
    Симона (24), Скопје


    Генерално, за мене маж за една вечер е некој со кој претходно веќе сме имале нешто – значи бивши дечко, мувач или секс пријател. И секако, клучен е сексот кој сте го имале претходно – ако бил добар, никој не може да ве сопре па макар да го направите тоа и во тоалет во диско. Не би се решила да легнам со некој што прв пат го гледам во животот. За озбилно е оној кој ќе се потруди малку повеќе – но, ова не може да се оцени од една вечер, особено не ако сте и двајцата под дејство на алкохол.
    Катерина (29), Скопје


    Дечко за една вечер посебно доколку го запознаам во ноќен клуб би го препознала по неговите прашања упатени кон мене, од типот – „Дали сум слободна подоцна“ или „Дали ми се допаѓа неговиот автомобил“. Доколку ми ги постави овие прашања очигледно е дека сака да го испробаме само неговото задно седиште од автомобилот и ништо повеќе. Дечко за врска би се поставил многу поразлично, би те прашал дали може да те испрати до дома, а потоа би договорил состанок сред бел ден. Прво би се обидел да ме запознае, да стане мој пријател, а дури потоа мој дечко.
    Нина (21), Скопје


    Дечкото за една вечер слободно им приоѓа на девојките, нарачува пијалок за нив без да ги праша, постојано го коментира нивниот физички изглед и употребува веќе застарени финти за да ја придобие, нормално само за една вечер. Другото утро сигурно нема да се сеќава ниту што кажал. Главен адут му е автомобилот купен од неговите родители и веднаш ја нуди девојката да ја одведе дома со него само за да добие нешто по пат.

    Дечкото за сериозна врска внимателно ти се приближува и се распрашува за тебе индиректно. Не сака да биде во центар на внимание и не сака да се експонира премногу, доволно само за ти да го забележиш. Договара состанок и остава на тебе да одбереш место и време бидејќи не сака да остави впечаток на дечко за една вечер. Во текот на состанокот ќе се плаши да не каже нешто погрешно и со тоа ќе забележиш дека е дечко кој сака нешто повеќе од тебе освен секс.
    Даниела (25), Неготино


    Дечко за една вечер можам да најдам секогаш кога ќе го посакам, зашто сметам дека девојките бираат и знаат како да манипулираат. Единствено треба да се одбере само кој дечко е за една вечер. Знаат и машките денес да глумат недостапни и недопирливи, па не претерувам со пребирање кога не е некој што одамна ми се свиѓа. Важно е да има само јака хемија и да бидам на чисто со себе дека не очекувам ништо повеќе од него. - Дечкото за врска сметам дека тој е оној кој треба да ме освои, да ми пријде и да знае што сака.
    Ивана (19), Скопје

    Главната разлика е во начинот на кој приоѓаат. Дечкото што сака секс авантура само за вечерта, директно го кажува и бара тоа. Тој не ти бара број, не те части пијачки, туку те прашува што правиш откако забавата во дикотеката ќе заврши. За разлика од него, дечкото што е „материјал за врска“ се труди многу повеќе. Тој нема да те праша каде ќе продолжите, туку ќе те праша што правиш утре, задутре, дали си за кафе, вечера...Ивона (23), Скопје


    Оној што постојано ти се фали со своите квалитети две минути откако ќе го запознаеш и не ти дава збор е дефинитивно дечко за една вечер, со кој сигурно не би сакала нешто повеќе. Кој трпи некого постојано да сака да биде во центарот на внимание и во секоја негова реченица да го користи зборот – „Јас“? Дечко за врска е оној што нема да ме осудува, нема да ме прашува за моето минато и тоа со колку мажи сум спиела досега бидејќи единствено ќе го интересира само мојата иднина со него, а не минатото со бившите. Тој нема да биде нападен, ќе биде внимателен и добар, едноставно како да сум се запознала себе си, само во машка верзија. Андреа (20), Битола


    Сметам дека нема поента во дечко за една вечер. Подобро е да имам врска и редовен секс, отколку случајни излети кои не знам како ќе завршат. Сепак сексот не е толку наивен за да биде само задоволување на потребата и да може со сигурност да се заштитам дека утредента нема да чувствувам нешто повеќе. Затоа, ако веќе мора да бирам секогаш би го одбрала оној кој ми се допаѓа подолго време и со кој посакувам врска, па и да не се случи, барем ќе бидам среќна што не е некој случаен и непознат. – Тина (28, Скопје)


    Дечко за една вечер може да ми биде само некој што ми претставува предизвик, ми делува недостапен или одамна го посакувам. Важно е само да е згоден, популарен, фраер од кој не ни очекувам нешто многу паметно или некое специјално случување, само да си поминеме убаво барем една вечер. За таквите немам чувства. Дечкото за врска може да не е ни блиску убав како фраерот, ама важно е да ми го посветува целото внимание, да сака да ми угоди, да знае да ме сослуша и да ме обожава. – Даниела (24), Скопје


    Јас мислам дека разликата помеѓу дечко за врска и дечко за една вечер се неговите погледи и допири. На пример вчера се запознав со момче кое веднаш седна до мене, почна да ме гушка, да ме бакнува во образ, да ме гризе, пред неговите и моите пријатели, во пијана состојба. Мислам дека момче што сака нешто посериозно со тебе не би го правел тоа. Неговиот поглед шараше наколу во здолништата на девојките околу нас и тогаш сфатив дека тој сака само секс и ништо повеќе. Подоцна дознав дека истото го правел со сите девојки што ќе ги запознаел. Дечко за врска не би го правел тоа, тој би внимавал на неговиот говор, поглед и допири во врска со мене.Марија (22), Охрид


    Не бирам специјално дечко за една вечер, туку едноставно може да ми се случи ако сум добро расположена, малку поднапиена и да ми биде симпатичен. Со тоа што се случува нешто меѓу нас на пијанo, на прво видување, јасно ми е дека е само за таа вечер. Дечкото за врска, секако мора да го знам од претходно, да знам работи кои ми се допаѓаат кај него, покрај физичкиот изглед, да сме имале некаква комуникација претходно и да можам да се замислам во врска со него. – (Ана, 25), Скопје

    Преземено.

    Oчекувам ваши размислувања на оваа тема поздрав!
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    На другата тема коментирале машките а овде... женски бе, каде сте? :D
    Значи кога и да излезам во клуб можам да завршам со некој, да си поминам убаво и се да остане на тоа. Ама не сакам. Јас сум личност повеќе за врска и голема е веројатноста да посакам да стапам во контакт со типот после проводот таа вечер. Е сега, може да испадне и дека не ми одговара за врска па ќе морам да го шутнам.
    Досега имав 2-3 неуспешни врски кои и немаа некоја смисла уствари па сега точно знам што сакам и каков дечко сакам за врска. Не само за врска, за цел живот, годините веќе не ми се за играчки. :D
     
    На PaLaVa, lunchy, SAMIRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum sakala decko za edna vecer. Mislam deka najubavo moze da se pomine so nekoj koj go poznavas , a ne so nekoj stranec. Mozebi decko za edna vecer e interesna i vozbudliva rabota ama sepak jas sum za pozeriozni raboti :) Sekogas koga ke izlezam so nekoj izleguvam ne samo da si tepam dosada edinstveno mozam da ne sakam vrska vo slucaj ako toj e sosema nesto treto od toa sto se predstavuval.
    A sto e razlika ete toj sto ti e samo za edna vecer ne ti e griza za nego ke si pravis sto sakas i nema da razmisluvas dali nekoja postapka bi go povredila nego ili ne zosto mnogu ti e gajle za negovi cuvstva sto e krajno necovecki i sum protiv toa mnogu.
     
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Кој има потреба од секс а не сака обврски немам ништо против ако се впушти во потрага за дечко за една вечер.
    Разликата помеќу дечко за една вечер и сериозна врска е следна кај едниот има само секс и ништо друго, :devil:ниту разговор, ниту близина, ниту емоции туку само привлечност можеби и сексуална складност.
    Кај дечко за сериозна врска убавината лежи токму во тие емоции, чувства, долги прошетки,разговори, водење љубов, заеднички навики, желби, патувања, заедничка иднина. :angel:
    За себе би рекла дека не се впуштам во потрага по дечко за една вечер и не се задоволувам со трошки затоа што јас сум девојка за повеќе вечери дури и за цел живот.:angel:
    Ама пошто животот приредува изненадувања не велам дека никогаш не би имала нешто со некој убавец за една вечер ама едно е сигурно ќе се потрудам да испаднат повеќе вечери.:devil::angel:
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Абе видете вака, колку и да штрумфувате, колку сакате математики прајте...едино решение за да ја дознаете разликата е само да пробате, оти се останато искажано и раскажано не може да се сфати...а од проба глава не боли:D
     
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Мене ми е стварно мило што имало такви како мене. Мои другарки поголем дел без проблем би имале onenight-stand “врска“. Ја тоа не го можам, а и не сакам. Си сакам врска!
    Е сега, за разлика има разлика.
    Дечко за секс ке ти се филма, и ке алудира повише на физички изглед без да сака да те запознае нешто повише и подетално. Тоа од прв пат се приметува. А вториот тип си иде пополека, на сигурно. Ке има и дејтови, и слушања по телефон, раговори до доцна навечер, прашања у врска што е тоа што те интересира и сл. Едноставно, овој вториот само си ја разглдува територијата во која влегува, јер и мажите се свесни кога станува збор за врска дека си треба да си претпазлив колку-толку.

    :)
     
    На ku4ence, PaLaVa, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.708
    Допаѓања:
    42.927
    Пол:
    Женски
    Епа овие за one-night stand се колку за провод/задоволување на потребите/исполнување на меракот и не се ништо озбилно нели.
    Што биде-биде и секој по свој пат.
    Дечко за врска- дечко кој ќе ме сфаќа, почитува, ќе биде искрен со мене и ќе ме цени, кој ќе ме исполнува и физички и емоционално и према кого ќе имам емпатија.И обратно секако