Здраво на сите! Јас сум од Летонија,по народност сум русинка, ама 3 години живеам во Бугарија, во Софија За тоа време успеав да забележам неколку разлики во менталитетот меѓу бугарите и русите. Во врска со тоа сакам да поставам едно, можеби чудно прашање Знае ли некој каква е разликата (ако воопшто постои) во менталитетот на бугарите и македонците?
Мое мислење е дека Македонците се малку помек народ од Бугарите. Бугарите ги сметам за братски народ, ги сакам и почитувам и ми оставиле впечаток како позитивни. Е сега дел од Бугарите си ги присвојуваат македонските дејци и херои како Гоце Делчев, Јане Сандански, Никола Вапцаров, Цар Самоил...Големи разлики мислам дека нема.
on letonija,rusinka sto zivee vo bugarja a se interesira za razlikite megu makedoncite i bugarite ??? ajdee beee
Неможам да ја разберам каде е твојата врска со Македонија..од каде желба за аватар со срце за Македонија??
Ako sluchajno planirash da doagjash vo mkd da zhiveesh ili bilo kako, ne ti preporachuvam. Spored mislenjevo shto si go napishala, imash podobri varijanti.
@Ваља мислам дека веќе ти е доволно јасно што менталитет сме ние Македонишн пипл!?? Народ за сеир, за играње курташак, не многу вреден ама за трачари невидени,незнаеме да чекаме на опашки како што имаа Бугарите, ние одиме еден преку друг, незнаеме за ред...стално сме спремни да правиме слави, затоа сме и православни по вера..знаеме да бидеме злобни до срж и да се испоколиме поради партии ама имаме и прекрасно срце полно со добрини кои ги вадиме само на посебни особи
Чувствувам потреба да ви ја разкажам целата моја историја бидејќи се чини, дека никој не ми верува овде Сега сум надвор, за 20-30 мин. се враќам сакам
Е па затоа што прво би сакала да го научам македонскиот јазик како што треба, и немаше да биде лошо да си најдам некој македонец Засега немам никој
Родум сум од Летонија, но моите родители се руси, тие дошлe да студираат во Летонија и останале засекогаш Живеев речиси 24 години во Летонија, во Рига, со една желба да избегам оттаму при првата можност во некој поголем град. Додека живеев во Летонија, патував многу низ Европа. Имам одено речиси во секоја европска држава, вклучително и Бугарија. Откако го завршив филолошкиот факултет (на бугарски се вика бакалавър)во Рига, решив да ги продолжам моите студии и аплицирав за магистерска програма во Милано. Бидејќи не успеав да најдам ништо соодветно (и да е на англиски, бидејќи тогаш знаев не повеќе од 3 зборови на бугарски)) во Софија, избрав да пробам во Италија. Потоа речиси една година се обидував да најдам работа и имав само 2 краткотрајни работи. Во овој момент ми напиша една моја пријателка од Софија.Таа ме покани да дојдам кај неа и ми кажа дека може да ми понуди соба додека не најдам вработување. Штом добив таква порака, јас го собрав багажот, си ги платив сметките за 1 недела и дојдов тука Првпат ја посетив Софија во 2009 година. Од тогаш сонував да можам да живеам овде. Во 2012 имав можност да го остварам мојот сон и да се преселам во Софија Навистина многу сакам странски јазици, особено се интересирам за словенски јазици, како нашите Одлично владеам неколку јазици, меѓу кои англиски, руски (мојот мајчин јазик), романски и сега веќе бугарскиот го зборувам речиси течно.Што се однесува до бугарскиот, мислам дека тој е навистина многу сличен со мк. Граматиката им е речиси еднаква и тоа ми помага доста да го овладеам македонскиот јазик. Ете
@Ваља Јас пак мислев ќе кажеш дека сакаш да се преселиш во Македонија, затоа што сме трета најбрзо растечка економија во Европа))))
@Ваља заборави да ни кажеш од каде го знаеш толку добро, море оригинал граматички, Македонскиот јазик?
Да, ваква опција постои кај мене Одивме во Скопје, Охрид и Битола во мај годинава. Скопје е еден од најубавите градови во светот. Сакам да го посетам повторно во март, затоа што не ни стигна време. Бевме само 3 часа таму.Да беше градот малку поголем, би се преселила во него
Фала многу за комплиментот, ама засега воопшто не умеам да зборувам мк, никогаш не сум го пробала, затоа само пишувам Едноставно секој ден слушам многу македонски емисии/ серии/ македонска музика и така околу 1 година