Ислам vs Христијанство AJDE DA VIDIME KOLKAVI VERNICI STE EVE VASATA BIBLIJA STO VELI ZA SVINSKOTO MESO I ALKOHOLOT DA VIDIME KOLKU SE DRZITE ZA TOA I KOLKUI JA ZNAETE VISTINA AMA NE BGAJTE I NEMOTE DA SE MAVATE SO VAS KAMEN PO GLAVA OVA E VASA BIBLIJA I OVA PISE KAJ VAS NE KAJ MENE: ,A SVINJATA E PREZIVA I AKO IMA PAPOK, I TOA PAPOK RAZDVOEN I ZA VAS E NECISTA NIVNOTO MESTO NEMOJTE DA GO JADETE NITU NIVNATA MRSA DA JA DOPIRATE ZA VAS E TAA NECISTA (STAR ZAVET ) LEVIT 11:8-9) SVINSKOTO MESO ISTO TAKA E ZABRANETO I PO POVTORENITE ZAKONI: A SVINJATA I AKO IMA RAZDVOEN PAPOK NE PREZIVUVA NEKA ZA VAS E NECISTA NEJZINOTO MESO NEMOJTE DA GO JADETE NITU DA SE PRIBLIZUVATE DO NEJZINOT LES STARIOT ZAVET POVTORENI ZAKONI,14, 8 ) ISTOTO SE POVTORUVA I VO ISAIJA BIBLIJA PROROCKI KNIGI,ISAIJA 65; 2 -5) ZABRANA NA ALKOHOLOT VO BIBLIJATA : BIBLIJATA ZABRANUVA KONZUMIRANJE NA ALKOHOL VO SLEDNIVE STIHOVI: PSALMI IZREKI 20:1 POSLANIJA NA APOSTOLOT PAVLE POSLANIE DO EFESJANITE, AJDE DA VIDIME KOLKU JAKI VERNICII STE I DALI JA POCITUVATE BIBLIJATA I DALI IDEE SPORED NEJA. JAS JA ZNAM BIBLIJATA KAKO BEL DEN IZGLEDA VIE NE JA ZNAETE PA ETE TI ARGUMENTI VAZI OD VASA BIBLIJA E OVA NE SUM GO IZMISLILA JAS. KRST NIKOGAS VO ZIVOT NE SUM NOSELA NISUT SUM BILA KRSTENA NITU EDNO DETE OD NAS NE BILE KRSTENI NITU SO KRST NITU SUM CATENA ZA INFORMACIJA VASA TATKO IMAM MUSLIMAN MAJKA MAKEDONKA HRISTIJANKA
Ислам vs Христијанство директно од Бибилијата, рзлистај ја и види што пишува за павле и како тој станал еден од апостолите.
Ислам vs Христијанство САМО МАЛКУУУ, татко ми на сите деца ни ги даде имињата, треба на уво да се шепне, некои молитви, не знам што, а како она не била ни крстена, каква христијанка аа.. за свинското месо што кажала, дали е вистина?? О___О
Ислам vs Христијанство ахм, откако ке го прочитам куранот секога сум имала проблем како мала, не сум направила хатме (тоа значи кога ке го прочиташ куранот, на арапски) сестрите да, само јас не, ама за да знаеш ЗОШТО нешто е подобро од нешто друго, треба да ги споредиш, нели? Па ке видиме, фала ви за се се надевам не се навредивте нешто
Ислам vs Христијанство најмногу ме револтира, а верува и секој христијанин кога некој нит стручен нит компетентен ми кажува колку прав верник сум и колку мојата религја е правилна или не. ниеден стручен досега не сум слушнала да излезе и да каже која е праваилна а која не. па кои сте вие и ние да збориме, и да оспорувам Бибилија, Куран и Талмус, и мене некоја погоре да ми кажува дека тоа што го веруваат христијаните според Библијата се смешки.
Ислам vs Христијанство ах, да, уште нешто, за апостолите 12 се, така? Кои, што, зошто? interesna, искрено ке ти кажам, јас самата не ја пратикувам верата толку многу (планирам да почнам со клањање, само кога постам се клањам, и во некои свети ноќи ), аморалноста е на многу високо ниво, кај и да одиш. Сите овие се знаци на крајот на светот -.- Кога ке биде, не се знае, но се знае дека ке биде на зајдисонце, затоа тогашната молитва е најкракта, за да можеме да се клањаме
Ислам vs Христијанство ^^^Не е работата дали нешто е подобро или не,секој за своето ќе си вика дека е така подобро. Куранот го прочитав за да можам поубаво да ги разберам пријателите муслимани,значи да знам зошто и како им се адетите а не да ги убедувам што чини а што не чини. А за Аиша ,прочитај во Дали верувате во Божји чуда
Ислам vs Христијанство затоа што тие први почнале да го следат учењето на Исус кој го пропведал словото Божјо.
Ислам vs Христијанство браво за тебе јас секогаш ја гледам позитивната страна на нештата, затоа некаде спомнав некои работи кои се (по моето мислење) позитивни страни на исламската вера, сакам да ви ја покажам убавата страна, нејкам никого да го натерам да смени мислење, или да се двоуми, па сега имавте и празник, со срека нека ви е, баш денес изедов едно јајце, на тато му даваат секогаш од работа, и тој секогаш праќа баклава Искрено, подобри луге никогаш не сум сретнала, па не треба човек да се базира на тоа дека некоја вера е подобра или полоша. Алкоолот, музиката, дроагата, овие нешта се забранети затоашто те вадат од контрола, и кога човек е надвор од контрола, прави гревови, така ? Па за да не дојде до неморалност, тие нешта се забранети, јас моментално слушам музика, знам што не чини кај неа, и само дома играм (пред огледало ) а на свадби се обидувам што повоздржано . особено кога и мажи и жени се заедно
Ислам vs Христијанство да токму така, затао се револтираат верниците кога некој некому попува и продава памет колку е правилна или неправилна неговата религија, јас Куран не сум прочитала но од тоа што ми кажувале има доста сличности со Библијата, но што и да е на Судниот ден сите ќе бдеме судени но како кажав погоре, на прво место тие што му нанеле штета на човештвото.
Ислам vs Христијанство да веруваме во еден свевишен Бог и сите ќе бидеме спасени. Воглавно словото Божјо сака да ги поучи луѓето на добрина, милосрдие, правичност и др.
Ислам vs Христијанство Треба пред се да се гледа дали е некој човек а не која вера е,тогаш светот би бил многу подобро место за живеење. Јас живеам во Австралија,маалото каде живеам има секакви вери и никој со никој се нема скарано,има муслимани од Либан,Ирак и Албанци од Битола и со сите си живеам имам коректен однос,значи се среќавам и имам контакт со многу муслимани од цел свет,и со никој се немам скарано и никој од нив ми ја нема нападнато верата,ниту пак јас нивната. Ми доаѓаат на гости за Велигден,Божиќ а јас им одам на Бајрам,секој си ја почитува и својата вера ама и таа на другиот.
Ислам vs Христијанство ПОТПИС I'm who I am, and your Opinion ISN'T Needed Well, your's isn't either, so...
Ислам vs Христијанство всушност, знаете што? Јас ке кажам некои примери зошто исламот (според моето мислење) е подобра вера о христијанството ! 1. Многу научни откритија што се направени од разни научници, веке биле напишани во куранот! (а вие велите дека не сме во тек со времето, па верата не е мода, па да ги смениш правилата според твојот ќејф) А освен тоа, имало едно време во историјата (не знам точно кој век), кога творењето требало да биде строго религиозно! Во куранот има напишано-Алах, господ на световите. Значи уште пред да откриете дека постојат вонземјанците, ние веќе сме знаеле за тоа ! Првиот збор во куранот е Читај! Уште пред вие да откриете дека само со учење се напредува во животот, веќе сме знаеле ние за тоа ! 2. За да бидете чисти, лицето го миете 2 пати на ден, а ние треба 5 пати на ден да си миеме раце, нозе, коса (само предниот дел), ушите, зад уши, устата, носот, устата (ако абдесот не станува неважечки-кое се случува при контакт на рацете (пример) со масло, при крварење, и при нужда). Освен тоа, во времето на мухамед се користеле првите четки за заби (такви ни донесе дедо од аџилак), значи сме почисти ! 3. Вие само во недела одите на црква (и тоа не сум сигурна дека се придржувате строго до тоа, само во празници), а ние треба 5 пати на ден да се клањаме! Значи сме поблиску до Бога, не му се обраќаме само кога ни треба нешто! 4. За да се спречи или редуцира крадењето, тој што крадел треба да му се сечат рацете, после да видиме кој ке краде ! Или за неморалност-каменувањето, да видиме после кој ке направи пак такво нешто! 5. Денот на жената-уште пред да постои 8-ми март, ние сме имале правила за почитување на жената, Мухамед и помагал на својата сопруга во домашните обврски. Уште пред вие да откриете дека жената вреди, ние сме знаеле за тоа ! 6. Мој живот е-и ке направам што сакам со него, значи кога ке ти се смачи од животот, дозволено е да се убиеш. А кај нас тоа е забрането ! Алах ти дал душа, има кој ке ти ја земе, кога ке биде време ! Не можеш ти да знаеш подобро кога си живеел доста ! А штом самоубивањето ви е дозволено, ви препорачувам да не се ни двоумите да го направите тоа, во случај да сакате пак да се расправаме !
Ислам vs Христијанство Ги почитувам и двете вери. Јас сум христијанка, но немам ништо против муслиманите. Нема да речам дека во верувањата на едната или другата вера нема разлики. Има! Но тоа не е причина верата да не се почитува. Не велам дека ги почитувам сите луѓе од муслиманка вероисповест, не ги почитувам сите бидејки некои и не го заслужуваат тоа иако според Библијата треба секој да се почитува. Но, тоа не значи дека сум неверник. Сакам да кажам едно нешто што ми пречи кај муслиманите кои ги познавам: кога си со нив во друштво те почитуваат, не прават разлики и се е океј, ама ако не си тука или тие мислат дека не си сум чула многу навреди. Значи тоа се меѓусебни разговори меѓу муслимани во кои зборуваат лошо и ги навредуваат христијаните. Тоа не е во ред. И друго нешто што ми пречи е зборот „каури“. Каурите биле христијани за време на 5вековното Турско ропство, но дали тој израз треба сеуште да постои? Македонците биле под тоа Турско ропство цели 5 века и во тој период многу македонци ја промениле својата вера. Од тогаш и произлегле денешните торбеши. Но, денес, во ова време, кога сите сме рамноправни, дали зборот каури заслужува да биде употребуван? Мене лично многу ме навреди што тие сеуште го употребуваат тој израз и така ги нарекуваат христијаните! Инаку, ги почитувам нивните празници, нивните обичаи, нив како луѓе, често се интересирам за нивните адети за свадби, за погреби, за одењето во џамија и тие се интересираат за мојата вера. Сепак и исламот учи на правење добри дела, на верување во Бог, на меѓусебно сакање и почитување. А тоа е тоа што е најважна лекција и кај христијаните. Едит: Rock-a-fella зошто имаш толку лошо мислење за христијанството и за Исус? Каменувањето и сечењето на рацете е осакатување на личноста која грев. А Исус рекол: кој е невин нека го фрли првиот камен! Камен никој не фрлил. Значи никој не е невин, ни безгрешен. Ни тој кој ќе го каменува или кој ќе ги отсече рацете на крадецот или грешникот не е невин. И тој има гревови. Луѓе сме сите и сите грешиме. За самоубиството: зошто мислиш дека е дозволено? Кога некој решил да се самоубие не прашува дали смее или не, едноставно го прави тоа! Еве ако ти е важно, самоубиените не се носат во црква и не ги отпева поп. Тоа покажува дека Господ не го одобрува самоубиството! А зарем кај вас никој не се самоубил? Клањањето вам ви е обврска(тоа не те доведува до Бога, ако не е искрено и од срце), а ние се молиме кога ќе почувствуваме дека имаме потреба да сме поблиску до Бога и тука има една голема разлика! Да правиш нешто од срце бидејки така се чувствуваш е многу подобро, отколку пет пати да се помолиш зашто така треба.
Ислам vs Христијанство Самоубивањето не е дозволено, во христијанството се смета за грев исто така, како и кај вас. Не знам од каде ти е тоа. Ти ги прочитав, објаснувањава, разбирам револтот од каде е бидејќи темава ви забегала во напаѓање за тоа која религија е боЉа, а и оние кои почнале и оние кои се надоврзале не им текнало пар ситници во врска со нивната религија. Хрисијанството не е само православно, има разлики од едното и другото исто како што и исламот не е само ислам, си има разлика од држава во држава. Ја имате една Турција за пример. Истокот на Турција е поблизок до оној ислам во остатокот од исламските земји, додека Европскиот дел на Турција се модерни, современи луѓе. Христијанството денеска кај нас е исто така модерно современо, не е она традицијоналното кое што го спазувале и почитувале нашите баби и дедовци, кои впрочем доколку ви се живи сте виделе како шетаат со шамии, пак и ако не тие, се уште има такви што шетаат со шамии, или сте заборавиле на нашето минато. Пак и ете ви ја за пример Русија. Можеби не секаде во неа, но се уште една од традициите што си ја почитуваат и јас лично сум видела и млади жени в црква да влезат со шамија, од почит кон Бога, пак и католиците, го имаат со шапка (не сите го почитуваат, но тоа е). Тоа е по прашањето за шамиите. А, јас имам другарка Турчинка, чие семејство е токму од овие модерните, образованите, какви не само во Турција (како нејзе ќе сретнете), но и кај нас и не само помеѓу Турците, но и Албанските фамилии, бидејќи и такви Албанци познавам, кои што ја почитуваат својата религија, но се образовани, модерни луѓе, кои излегуваат од строгите, традиционални размери на нивната вера, и тоа секако не ги прави помалку верници од другите. Прочитав некаде и за свинското дека јадат и дека пијат. Пак и луксузот да се опиваш и да прејадуваш е исто така грев во христијанството, пак сите го правиме и не само што го правиме по дома, а го правиме и по погреби, по венчавки, каде ќе стигнеме. Пак, постите се пости за да постиш, од нив само децата се исклучени, сите останати треба да постат според христијанството за да се прочистат од гревовите и да го дочекаат празникот, пред кој постат чисти. Колкумина се тие кои постат, јас лично да ги избројам деновите во животов мој колку пати сум постела една шака ќе ми е доволна. Пак и оние кои постат, од што тие се откажуваат, кога јадат прејадуваат, макар макале само пинџур со по цел килограм леб пооделно. Во врска со тоа дека исламот потекнал од христијанството, дека куранот бил создаден според Библијата некаде што прочитав, тоа ви се толку штури тврдења, пак христијанството да не би да е првата религија. Да не би пред неа не постоеле други. Прочитајте и за сите останати религии, за сите држави ќе увидите и самите дека не станува збор за прашање која прва се створила, бидејќи и двете се создадени за да донесат ред, во неморално општество, да постават извесни граници за да нема безредие и хаос. Разлики исто така има. Но, како што нашето христијанство се менува, така се менува и исламот, се менуваат всушност самите луѓе, бидејќи тие се оние кои правеле пиши бриши во светите книги. Тоа, што мене лично во исламот не ми се допаѓа е позицијата на жената Спојлер (за што, ќе речам, доколку не им се допаѓа ќе се изборат самостојно, како впрочем и жената на овие простори и на западот се изборила, бидејќи и нашата Библија не е нешто многу мила кон нејзе... но нема да вадам цитати, за да докажувам што не ми се допаѓа, само ќе останам на спомнато ) , сакатењето или убивањето поради грев. Бидејќи и самата ти велиш на пример за крадењето: „4. За да се спречи или редуцира крадењето, тој што крадел треба да му се сечат рацете, после да видиме кој ке краде ! Или за неморалност-каменувањето, да видиме после кој ке направи пак такво нешто!“ , а од друга страна пак, потоа подолу велиш: „6. Мој живот е-и ке направам што сакам со него, значи кога ке ти се смачи од животот, дозволено е да се убиеш. А кај нас тоа е забрането ! Алах ти дал душа, има кој ке ти ја земе, кога ке биде време ! Не можеш ти да знаеш подобро кога си живеел доста !. Пак, доколку Алах ти дал душа и само тој може да ти ја земе кога ќе е време, зашто да е човекот тој кој ќе ти суди за останатите гревови, Алах треба да е тој кој ќе и суди на твојата душа, како што е и кај нас во Библијата. Но, плусеви и минуси има и кај вас и кај нас. Важното е според мене, како човек се чувствува, не како другите му налагаат. Не сум јас помалку верник од оние кои постат, не се сметам за грешник бидејќи не одам секоја недела в црква, доколку јас се обидувам да живеам живот кој е сепак горе-долу во склад со христијанските догми. Одењето во црква и 100 пати во текот на еден ден, нема да го направи некој поголем верник од мене, ако пред секое негово одење в црква направил некоја глупост од типот и опцул се живо по список на жената пред него, бидејќи му го земала редот, токму кога тој требало да се докопа до свеќите.
Ислам vs Христијанство подобар одговор не сум читала досега, ја имаш мојата почитт и ви благодарам што го земавте во предвид мојот револт изразен во претходниот одговор, но збеснав во тој дел дека Мухамед имал односи со 9-годишно дете, тоа беше скроз претерано. Вистина е, времињата се менуваат, лугето се менуваат, и општеството има големо влијание во самите нас, сепак, тоа општество не опкружува и според тоа се прави нормата на тоа што е нормално или не, или што е модерно или не. Но, тоа е... Инаку, не знаев за самоубиството, знам дека млади луѓе си сечат вени, и тоа е навистина трагично, но... тоа е, сепак секој за себе ке си одговори...
Ислам vs Христијанство Чекај, чекај...Ова е тотално погрешно, и би ве советувала да пазите кај ги вадите информациите од интернет, бидејќи како што знаеме, секој има пристап и можност. Само чисто онака да ве демантирам госпоѓици, НЕМА КНИГА КОЈА СЕ ВИКА МУСЛИМ .... ! И да има, ниедна книга муслиманите не ја прифаќаат освен Куранот (А да не навлеземе во теории на заговор, според кои се верува дека пуштени се изданија на „непријателите“ на муслиманите....а ги има многу) Алах никого не мрази, и нашиот пророк Мухамед ни заповедувал никогаш да не им ја наметнуваме нашата вера на другите, Исламот е вера на покорност, дисциплина љубов, ред... и МИР. А за пропагандата против Исламот, имате повеќе документарци кои ќе ви ја кажат вистината.... Многу сум вознемирена од „степенот на незнаење“ на госпоѓицата Линн, или како и да е, поради фактот дека има одредени личности, неинформирани.