Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Ислам vs Христијанство

    предобар одговор, навистина, јас само ќе се надоврзам на последниот дел а тоа е:
    сум читала вистинити животни стории на луѓе кои пробале да се убијат неколку пати и никогаш не успеале, останувале живи против нивна волља, зашто е тоа така? затоа што навистина некој за нас одлучува, а тоа е истиот тој кој одлучил ние да постоиме и живееме, а јас го нарекувам Бог, навистина само тој одлучува кога ќе не повика.

    и на мене не ми се допаѓа самоубивањето по ниедна основа дури ни религиска, како што е тоа случај сега кај муслиманските атентатори, зашто тоа да го прават, шират негативна енергија, а самиот Куран како и Библијата (колку сум јас упатена) ги учи верниците на добрина, почитување, меѓусебно прифаќање итн.

    немам ништо против ниедна религија што постои, но имам против тие кои сакаат својата религја да ја наметнат на друг, дрзнувајќи се нит стручни нит компетентни да кажуваат која вера е правлина, а која не и да се смеаат со светите книги без разлика за која станува збор дал Талмус, Библија или Куран, тоа е нешто дадено многу години однапред, од тогаш до сега илјадници луѓе тоа го читаат, почитуваат и следат и сега некој мангуп да плука по тоа, па кој е тој!
     
    На MarchelineAmaru, zhap4e и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ислам vs Христијанство

    Не прочитав се на темава бидејќи сум крајно изреволтирана од ова што го прочитав. :x
    Каков црн паганизам море луѓе божји? :o

    Кога дискутирате не се препукувајте, ти клечиш, а ти се молиш на човек закован на дрво. Мислам дајте..
    Не е битно која религија е постара, која понова. Со сета почит, ама ниту христијанството не е нешто ново, без оглед на тоа колку години го има на земјава. Ниту совршено. Совршена религија прво и основно нема, а по тоа колку време постои светот и те како не е нешто прастара.
    По мене исламот е прекрасна религија. Живеев во заблуда, многу јасно, општество каде имаше препукување Македонија ова, Албанија она. Разлистав неколку книги, прошарав низ интернет еден добар период, и почнав колку-толку да осознавам за религијата која некогаш ми беше толку одвратна.
    Најголема маана е сметам тоа дека светата војна џихад, и самиот Куран се сега злоупотребени од страна на многубројни терористи, а овие другиве па здраво за готово тоа им го лупаат во фаца. Таа страна ја има и христијанството. Да не почнам да ги набројувам сектите. Никаде не го најдов одговорот дали навистина во Куранот џихад е претставен така и го наложува сето ова кое се збори низ народов дека го бара. Подгранките на исламот ми се баеги измешани така што во нив и нивните таму Вахаби, Хашаши, машаши не навлагам, и мене ми се каша попара во глава.
    На крај, и таа и таа религија имаат лоши и добри страни како и секоја друга. А оние вистински, прави муслимани кои не живеат во заблуда, ниту се заслепени, сепак се држат до тоа и ги почитуваат сите божества од останатите религии, но Алах е последен пратен од Бога, на нашки кажано го усовршил, па го пратил кај луѓето.
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ислам vs Христијанство

    Теси, ќе те замолам да ги напишеш имињата на тие 12. Сигурна сум дека освен тие 12, има и други што се викаат светци... е сега колку се? :?:
    И да, нешто што го слушам многу пати... обожавам... пример-нутела :D . Се смета тоа за грев, бидејќи кај нас би се сметало за грев ако обожаваш што било освен Бог.
    Прашањава ги поставувам чисто информативно...
     
  4. Cancer-4

    Cancer-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Ислам vs Христијанство

    ОГРОМНА грешка. Има Хрвати(католици), Срби(православни) и БОШЊАЦИ(муслимани). Значи муслиманите во Босна не се Срби, туку се Бошњаци. И точно дека Босанци како националност не постојат, тоа се државјаните на Босна.
     
  5. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ислам vs Христијанство

    Читам и се срамам од тоа што го читам.Прво,не треба да се вреѓа ниедна религија!Можеме да прашуваме,да кажуваме наши ставови и мислења но кога некој греши и претерува треба да му се укаже и да му се објасни ако не знае.
    Лично ме изреволтира тоа на феминка Лин мислам беше што ставила цитати наводни од куран,и прави споредби за Исус и Мухамед,од каде тоа го извади???Ако сакаш да научиш нешто од Ислам прочитај од Куранот,а не од некоја испревртена литература,ти кога читаш знаеш што читаш,или битно е да се чита само?Друга работа,на некој не му се свиѓаше положбата на жената во Исламот,а да знаете дека жената е најценета баш во исламската религија!Можам да ти пишувам до утре,поарно сама ќе си прочиташ ако те интересира,еве ти 1 пример(Евреин му вика на муслиман-зошто ги криете жените ваши-односно зошто одат завиени?Муслиманот му одговара а зошто вие ги криете парите?и овој останува без одговор.Муслиманот вика нашите жени за нас се повредни од се и најценети и тоа е одговорот на твоето прашање,вие ги криете и чувате парите,а ние нашите жени).САМО НЕМОЈ ДА МЕ СВАТИШ ВО БУКВАЛНА СМИСЛА-ова е пример од исламска книга со раскази.
    Исламот е чиста,толерантна,мирољубива религија и најважно од се Куранот е патоказ и светло во животот на човекот,а Мухамед а.с.е личност според чии навики и дела треба и ние да се водиме и да постапуваме,тоа е совршен модел како секој човек треба да изгледа и надворешно и внатрешно.
    Исламот е религија за сите,АЛЛАХ го пратил Мухамед а.с.како пратеник за целото човештво,додека сите претходни пратеници биле посебно праќани за посебни народи.
    Спас и добра волја нека е со Вас.
     
    На Rock-a-Fella и fierce им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ислам vs Христијанство

    Суштината на сите религии е иста.
    Само приодите, патиштата се различни...
     
    На joelle и Gunshine им се допаѓа ова.
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Ислам vs Христијанство

    Ништо лично, ама ниедна религија не е добра, со самото тоа што е -религија.
    Кажувам само мое мислење.

    И спуштете топка малце луѓе, што сте се здивеле толку?
    Ако се докажувате не значи дека вашата религија е подобра. |(

    Многу е глупо и непродуктивно да дрдориш на форум и да споредуваш религии кои се засновани на љубов.
    Да биле лоши, немало да бидат тоа што се и да бидат толку распространети.
    И не се лупајте од ѕидови христијанки, за репликите на муслиманките овдека, сите информации, т.е грешки што ги пишуваат ги вадат од оние антихристијански брошури. Тоа е една работа. Друга, според кој закон на логиката и биологијата може од ребро да се создаде човек? Бу! Чисто од остеобластите се создаде цело човечко суштество кое касна од јаболкото и почна да му служи на мажот? Тоа дури е и навредливо. А околу Исламот, подобро да не коментирам. Дај освестете се малце.
    Не сум атеист да се разбереме, ама најмногу што мразам се религии и дискусии од ваков калибар.
    Peace. :)
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ислам vs Христијанство

    Читам многу коментари од типот: „А ќе можеш да ми кажеш што е тоа? Што се тие? Сум слушнала, ама не сум дослушнала.“
    Најмногу ми личи на потбуцнување, и омаловажување на одредена вера, најчесто и испрашување ко демек ти си христијанин/муслиман, чекај да видам колку знаеш ти за верата твоја. Не, јас знам повеќе за мојата. Не прашувате, туку се правите паметни. Ако толку сакате да дознаете земете света книга, и прочитајте, дознајте што сакате да да дознаете. Ако ништо друго, не ви се дава пари, во библиотека има, земете прочитајте си. Не се прајте паметни, и не се чукајте во гради дека сте верници. Господ гледа се. Не значи дека ти ако кажеш дека одиш секој недела во црква, или пак 5 пати во џамија, дека ти си исчистен од гревовите што си ги направил.

    И аман веќе со тоа препукување, и како што гледам „цитирање“ од Куранот и Библијата.

    Не дискутирајте за тема за која ама апсолутно не сте запознаени. Ако сакате да се карате, седнете на маса и дискутирајте. Или пак сакате да останете запамтени, или да ви се бројат мислења. Смешно.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Светци има многу, но апостолите (тие 12) и мачениците се на прво место меѓу нив. Тие воделе маченички и испоснички живот следејќи го учењето Божјо, посветувајќи го својот живот правејќи добри дела. Тоа не може да се богови затоа што тоа се обични луѓе. Нс можам да ти го кажам конечниот број на светци затоа што нивниот број не е конечен. Не може да ги знаеме сите луѓе кои биле маченици и прогласени за светци на овој свет. Можеби денес има некој што е прогласен.

    12 те апостоли се луѓе одбрани од Господ Бог да го следат патот на Исус Христос (кога бил испратен на земјата) и заради тоа нели оставиле семејства имоти, се' што имале зад нив [Апостол Петар, Апостол Андреј, Апостол Јаков Зеведеев, Апостол Јован, Апостол Филип, Апостол Вартоломеј ,Апостол Тома, Апостол Матеј
    Апостол Јаков Алфеев, Апостол Тадеј, Апостол Симон].

    Maчениците пак се луѓе кои се водат според патот Божји. Помагаат на луѓето и го поминуваат целиот свој живот посветувајќи се на добрите дела и по смртта станале светци кои ги славиме за она кое го направиле, но барем јас не им се молам затоа што ниту тие ниту Богородица не можат да му противречат на Бога. И не, во ниту еден пост немам кажано обожавам. Ја почитувам својата вера и сум богобојазлива.

    И да, нема ниту една религија која е погрешна и неисправна (доколку те учи на добри дела и морално однесување).

    И аманте сите вие, доста со цинизам и препукување! Дали кон нешто толку свето и убаво како религијата треба да се пријде со цинизам? Прочитајте ја Библијата пред да нападнете. Затоа што како што има антиисламски работи на интернет, така има и антихристијански.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Простете што започнувам вака со оф топик, но да ја разјасниме ситуацијата:

    Ајде да ја провериме дискусијата од самиот почеток.

    Откако е отворена темата, факт е дека немаше ваква дискусија. Се прашуваше зошто кај вас е вака или кај нас е вака, па взаемни надополнувања на знаења од двете религии.
    Но, почетокот на дискусијата е овој (погледнете од 14 страна, па наваму):
    Прв пост, со добро се започна:

    Потоа за да продолжи на разликите помеѓу двете религии, па повеќе девојката зборуваше за Господ Исус Христос, отколку за нејзината сопствена вера (барем мене ми остави таков впечаток), односно почна да напаѓа на културен начин ( но сепак напаѓаше, што не беше случај претходно во истата тема):



    Потоа продолжи на овој начин (погледнете на болдираното), на некултурен начин:
    Продолжува со истото темпо (го болдирав и подвлеков, зашто со запирката веќе се кажува ново мислење, иако на почетокот реченицата е во глобала добра):

    И повторно продолжува (болдирано):


    ................................. И повторно продолжува, но мислам дека е доволно кажано.

    Заклучокот е следен.
    Додека не ја започна девојката тензичната дискусија, дотогаш ја немаше. Се од почеток се сведуваше на обични прашања и одговори.

    И на вас припадничките од исламот, кога некој ќе ви каже и навреди со нешто во врска со исламот, многу нормално дека ќе се јавите и пишете, односно ќе ја браните вашата вера.
    Точно тоа се случуваше и овде.
    Некој напаѓаше, а некој се бранеше.
    Значи прва не нападна христијанка, туку муслиманка (тоа е факт (без навреда), но тоа е реалноста).
    Иако рака на срце, има муслиманки кои културно пристапуваат и не на некултурен и навредлив начин.

    Сакав само да додадам дека девојката и денес некаде продолжува со истото темпо (во 90% од постовите). Мене не ми е проблем, но тоа за неа е проблем.
    Убаво кажа
    и потполно е во право.
    Но девојката мислам дека иако учела за се ова ( за исламот), треба малку да поработи на нејзината душа (најдобронамерен совет), не ги поставила темелите, а започнала да гради нагоре.
    Зашто ништо не се постигнува со навреди и мислам дека ни исламот не го пропагира тоа.

    Ќе земам само еден пример иако знам дека не треба воопшто да го напоменувам, зашто тоа беше за спасение на мојата душа и за никој друг, но го разбрав и тоа дека:

    Кога и беше роденден на Ајше и пратив лп со честитка, а воедно и реков да ми прости ако нешто сум ја навредила со некој мој пост. Се симнав најдолу, ако ја гледаме човечката, верската припадност, се понижив до тој степен, да и побарам прошка, иако е од друга вера и таа беше таа што постојано ги навредуваше сите и ме навредуваше и мене (во некои нејзини постови, кои денес се избришани од модераторката).
    Го направив тоа од љубов кон Господ зашто Тој ни рече: оној што сака да биде прв (во Царството Небесно), овде на земјата да им биде слуга на сите луѓе и да простуваме бескрајно.
    Но, на се тоа девојката не врати со ништо.
    Можеби и не и беше роденден (не знам), но можеше барем една порака да прати и да каже нешто, нека беше сеуште горда, мене ништо не ми смета и нека не се извинува и бара прошка за тоа што кажала досега, но нека речеше, ти простувам (барем).
    Од ова разбрав, каде и е на неа љубовта, покајнието, каде е простувањето (претпоставувам дека на тоа учи и исламот)... сите добродетели, каде?

    Затоа најдобронамерно ти давам совет, поработи малку на својата душа.
    Ние не сме достојни да судиме на гревовите на другите кога истите секојдневно ги правиме. Затоа размисли?!
     
    На MarchelineAmaru, SexyLady, kikikikirika и 2 други им се допаѓа ова.
  11. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Ислам vs Христијанство

    живеам во маало каде скоро секој ден ромите-муслимани прават некои собири. ги викаат дербиши. гледав и видео на youtube каде правеа одвратни работи несакам да ги коментирам. но мислам дека зените не треба да се изолирани највеке албанките во македонија што не го знаат ни мкд. јазик. инаку за религијата јас сум христијанка не затоа што моите родители се затоа што мислам дека христијанството проповеда вистински правила на господ додека муслиманите со тоа што пуштаат брада, ги кријат жените не им даваат можност на живот одат во џамија 5 пати мислат дека го поцитуваат господ. тие правила не ги казал алах а тоа дека жените одат заветени дека мазите искажуваат така својата лјубов мислам ок е но не и дека не треба да им дозволиме да го поцувствуваат животот и сакам сите муслиманки во светот да ја имаат таа можност! :) ЈАС НЕ ГИ ГЛЕДАМ ЛУГЕТО СПОРЕД БОЈА НА КОЖА И РЕЛИГИЈА ТУКУ СПОРЕД КАРАКТЕРОТ !
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ислам vs Христијанство

    До сега цело време читам со добра волја и без навреди,и со стрпливост и со кажување на најдобар можен начин,секогаш гледам да бидам најкоректна што можам кон секого и мразам да правам разлики врз било која основа на луѓето,а впрочем и тоа не е потребно,АЛЛАХ не создал на сите различни,,,и никој не може да биде ист со некого и тоа треба да се почитува,затоа што тоа е Негово дело и негова волја.ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ НА ТИЕ ШТО САКАТЕ ДА ДЕБАТИРАТЕ од било која религија тоа да го правите добронамерно и на одредено ниво како што му доликува на човековиот род!Само да ве потсетам дека религијата на некој се гледа од самиот човек и кој колку верува во Господ.За мене тој што суди,навредува,провоцира и т.н не е верник затоа што таков човек нема чиста душа.
    Секој поинаку ја сваќа верата и секој и поинаку верува,битно е срцето колку и како верува,но битни се и зборовите...тие можат и врати да отворат,но можат и врати да затворат.
    Ќе ја замолам претходната феминка што пишувала да размисли пред нешто да напише,а и сите останати што само се препукувате и вреѓате.Идете на тема ИСПУКАЈ СЕ и таму бидете дрски и арогантни дозволено ви е,но овде само ја валкате темата и стварате неубава слика сами за себе.
    НЕ МЕШАЈ РОМИ,АЛБАНЦИ со Вероисповед!!!ГРЕШКА ТИ Е ТОА!Знаеш ти за национална припадност или не си чула?ТИЕ КАТЕГОРИИ кои ти ги наведе се национална припадност,а не се МУСЛИМАНИ.ИСЛАМОТ е вера а не е верата албанска или ромска.Јас сум Македонка но сум МУСЛИМАНКА.Ги мешаш поимите бе девојче.И до кога со тие стереотипи веќе аман,муслиманските жени биле неписмени,завиени,седеле дома,и незнам што....Јас еве лично ти кажувам сум високо образована,и магистратура имам(се вознемирив малце,и глупо е не сакам да кажувам вакви податоци)ама ти давам личен пример,и како мене има полно вакви МУСЛИМАНКИ Без разлика дали се албанци,турци,роми бошњаци,торбеши и сл.
    Кај нас ромската популација е послаба во образованието.но да се надеваме дека ќе се поправи ситуацијата,јас сум за секој да се образува и да се социјализира.Остави на страна дервиши и не мешај поими,,,темата е ИСЛАМ И ХРИСТИЈАНСТВО па кажете ако имате некои поучни работи а не само да кажувате работи кои не држат вода.
    И ЗА КРАЈ---НЕМОЈ ДА МИСЛИШ дека завиените жени се глупави или неписмени,има завиени жени што студираат,работат,возат најскапи автомобили и сл.Во Турција има полно такви муслиманки,,,и правилно е секоја муслиманка да биде завиена,али тоа веќе е друга тема,времињата се сменети и тоа е личен избор не навлегувам таму затоа што е осетлива тема и не сакам да навредам никого!
    Можете да давате примери вистинити и поучни,а не да се вреѓате и да пишуете се и свашта,треба да се натпреварувате во убави работи да кажете повеќе,така ја воздигнувате својата вера а не да кажете што погрдни работи,треба да кажувате што покорисни примери и случки за вашата религија-Барем јас така ја разбирам темата за разлика од вас.
    Религијата е темел на моралот,успехот,вербата и однесувањето на луѓето а не навредите и подбуцнувањата!!!
     
    На MarchelineAmaru, fancylady и Serafima им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Пост на место, посебно болдираното :clap: .

    Те молам, најискрено те молам lola-86, бидејќи си муслиманка ова малку повеќе да и го објасниш на Aisha (без навреда за неа, туку нај добронамерно).
    На овој начин треба да се одвива дискусијата, она што постојано го потенцирав, но никој не ме разбираше. Се надевам дека тебе повеќе ќе те послушаат и некои други личности.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Се' додека на различностите во поглед на религија се гледа на овој начин на кој што се гледа на овие простори, ќе има подбуцнувања, цинизам, напаѓање, горчина...

    Она во кое што веруваме не го одразува никого, освен нас самите, нашите ставови, очекувања и тн. и треба на тоа да се гледа како на мошне приватна работа карактеристична за самиот човек, а не како на една одлика која карактеризира цела група луѓе како добри или лоши...па и близнаците кои надворешно си личат како јајце на јајце и од една утроба излегле, не мора да се исти по карактер, а не ни можат да бидат. Она што не' краси нас луѓето е индивидуалноста. Е така. Нечија религија не треба да претставува цел на напад и закана никому, како и ниту еден наш личен избор, а тоа религијата и е...личен избор.

    Светот е базиран на спротивности и тие спротивности со правилно сфаќање на работите можат да живеат во една хармонија без едното да го напаѓа или негира другото.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    А да, за малку ќе заборавев да споменам нешто многу важно на темава. Значи христијаните не се идопоклонци и не го замислуваат ликот на Господ...мислам каде имате видено икона од Господ? Тие икони се со ликови на луѓе кои живееле на земјата, обични луѓе и нивните ликови биле насликани според специјални документи и сведоштва како тие луѓе изгледале навистина.

    Тоа е и причината зошто сите икони се насликани со таква автентичност на цртите и се др. како ист човек да ги изработил. Значи Св. Димитрија, Св. Никола, Дева Марија, Св Јован, дури самиот Исус Христос и останатите живееле на земјата како луѓе и нормално нели, постоеле луѓе кои сведочеле како тие изгледале.
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Има многу сличности меѓу двете религии затоа што и двете учат како да се биде ЧОВЕК. И во двете строго се забранети лажењето, крадењето, убивањето (иако има исламистички групи кои убиваат заради вера исламот го забранува тоа), изневерувањето на блиски луѓе, без разлика дали си муслиман или христијанин акко ги почитуваме сите правилата на верата ке живееме заедно во мир. Ева да замислиме сите да сме иста вера а да не го почитуваме нејзиното учење ке настане голем хаос. Треба да живееме според својата вера и да се стремиме да ги натераме луѓето околу нас да живеат по тие правила ако и тие се од нашата вера. Ако не се треба да ја почитуваме нивната.

    Христијанка сум ама колку повеќе дознавам за исламот се помалку го почитувам како вера. Не сакам да ги кажам причините за тоа оти ке настане тука голема расправија. Еве читам книги и за будизмот и за евреите и се повеќе им се восхитувам на нивните учења а од друга страна се разочарувам од исламот. Пораките од Куранот се прекрасни ама исламот како религија не ми се допаѓа ниту нивниот начин на живеење, ни култура ништо. Дури добивам впечаток дека на тие нивните хардкор верници целта им е само да го напаѓаат христијанството не знам зошто имаат антихрист комплекс.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ислам vs Христијанство

    Епа од таквите како тебе настанува хаос на темава...ај продолжете сите да си ваѓате очи,некои луѓе не можат да сватат со убаво па шират негативна енергија и фрлаат боцки.А сега знам што следи,втора рунда на препукување.
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    ЛОла јас само си го кажувам моето мислење а на темава не ни планирам да дебатирам. Ти си таа што ме цитира игнорирај ме и точка.Јас само кажав што ми се допаѓа а што не. Кавгите настануваат кога некој како тебе ке го цитира некој шо си кажува свое мислење.На оваа тема дебатирам со луѓе што мноогу ги познаваат и двете религии а не со виртуелни разговорници каде ни јас знам ни ти знаеш кој колку ги познава религиите. И самата имам кажано дека ваквите теми треба да се сведуваат на прашање одговор (пример јас да те прашам за исламот ти да ми одговориш и обратно) а не на давање свои мислења и на дискусии затоа што ако навитина го кажам моето мислење со темава а кое е засновано на факти а не на празна слама е тогаш ке настане хаос од такви цитирачи од кои не можат да постојат ваквите теми.

    Ај да не сум оффтопик ке напишам нешто и ке го испрегледам 10000 пати дали има навредлио нешто.

    Освен сличните правила на живот во двете Свети книги има и многу други сличности. Еве на пример постот. И во двете религии се пости иако на различен начин. И во двете религии децата и болните не мора да постат. И во христијанството и во Исламот се верува во еден Бог (за кој јас сметам дека е истиот) а и во двете религии се појавува Божји пратеник. Слични се и обредите кои се прават кога некој ке умре. И во двете религии мртвиот се измива па се закопува во земја. Во црква или џамија секој треба да оди чист (не за џабе се бањаме пред Велигден) само што голем дел од христијаните ова не го почитуваат и како ке им дојде така одат во црква и пијани и секакви. И двете религии верниците кои имаат повеќе треба да помогнат на сиромашните преку давање пари или облека, муслиманите тоа го прават за Бајрам, православните христијани оставаат пари во црквата, а католиците имаат најразлични организации за собирање на таквите средства. И во двете религии има многу пагански обичаи и симболи (не набројувам да не навредувам). И во двете има по еден ден во неделата одреден за задолжително одење во свет храм. Кај нас е недела а во некои муслимански земји петокот е неработен бидејки тогаш се оди во џамија. И кај едните и кај другите постои стравот од судниот ден кога ке ни се суди за нашите гревови. И кај едните и кај другите се оди на аџилак (кај христијаните се поретко). Има уште многу такви примери да не навлегувам во детали ова се само најосновните.
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Еднаш напишав и не ми претсавува проблем уште еднаш да го кажам истото. Малку подолго, но мислам дека не претсавува проблем за оние кои го љубат Бога и ќе прочитаат.

    Во претходните постови некои вернички на исламот, поставија прашање, зошто ние ги почитуваме светителите, кога тие се луѓе, а со тоа сме биле на еден начин идолопоклоници (иако беше можеби со навредлив тон, го занемаруваме и исклучуваме тој дел :) )?

    За да се разбере вистинската смисла на верувањето и почитувањето на светителите треба да се тргне од старт, односно од самиот почеток.

    Кога Адам и Ева беа избркани од Рајот како резултат на непочитувањето, непослушанието кон Бога дека не треба да јадат од плодот на забранетото дрво ( коренот на постот), тие умреа. Нивното умирање беше тоа што тие ја изгубија благодата Божја, го изгубија највредното, го изгубија Бога. Зашто додека живееа во Рајот тие беа бесстрасни, чисти, а најважно постојано се молеа на Бога. Во тој момент им беше одземена таа благодат и Божјото присуство, постојано да се молат и сеќаваат на Бога. Затоа по изгонувањето од Рајот и покрај тоа што Господ на еден начин ги казни со најстрашната казна (изгонувањето), тие се должни со својот понатамошен живот да ја стекнат Божјата љубов, за Тој да им прости за нивниот грев и повторно да го добијат Бог во себе. Од тој момент секој роден човек на земјата го носи на себе прародителскиот грев на Адам и Ева, а тој се брише со светото Крштение. Никој човек не е безгрешен. Значи човекот пред да излезе од Рајот бил свет. Таа состојба била својствена само за човекот, како творба од самиот Бог, според Својот Образ и Подобие.

    Оваа состојба треба да ја стекне секој човек во својот живот. Не е целта само човекот да се роди, живее и умре, туку да стекне вечен живот, да ја стекне вечноста. Така оние луѓе кое се ова го разбрале тие потполно се посветиле на Бога, целиот свој живот.Тоа е она најважното што го стекнале самите светители. Тие ја добиле таа благодат, а тоа е Божјото присуство во себе. Тоа го кажува самиот Господ Исус Христос, дека треба да бидеме совршени како што е совршен самиот Господ. На друго место уште Господ Исус Христос вели дека во душата на праведниот човек ќе направи Свој дом во кој Ќе живее. Тоа е суштината на светоста.
    Тие луѓе во себе го стекнале Бога и ние православните го почитуваме тоа. Ние се поклонуваме на самиот Господ во тој човек кој ја достигнал и вкусил вечноста уште додека живеел на земјата. Не се поклонуваме на иконата како на дело или предмет туку се поклонуваме на ликот кој е на неа.
    Како што секој од нас има лик и се дели од мнозинството други луѓе, така и светителите (убаво објаснување на tessie , погоре :) ) .

    За полесно да ја разбереме светоста на тие луѓе кои се удостоиле со неа, ќе го наведам само следниот факт.
    Човечката природа на секој од нас ја гледаме секојневно, преку нас и преку сите луѓе. Но сега како би го обајсниле тој природен феномен кој само светителите го имаат? Нивните мошти (телото) се чудотворни, миризливи со опоен мирис, а од каде тој доаѓа? Или тоа парче од моштите (рака, прст...) како може да мироточи, од каде се наоѓа таа маслинеста течност со која се оросуваат тие? Во манастирот во Рајчица (Дебар) денес се наоѓаат мошти од Св. Георгиј ( малечок дел од неговата рака), а монахините сведочат дека кога еднаш годишно го отвораат ковчежето со моштите, памукот на кој стојат е целиот воден, можеш да го стегнеш и од него да истече миро, како?
    Како се ова може да се случува?
    Како се ова може да се случува кога знаеме како мириса човечкото тело. Не се избањај една недела, последиците се гледаат, а пак да се распаѓа телото! Прашајте ги гробарите кои постојано копаат, со каков опоен мирис се среќаваат, иако човекот е починат долг период.

    Веќе го напоменав чудото со Св. Нектариј Егински, каде и по 50-100 години кога го отвориле неговиот кивот (ковчег) цветовите кои ги ставиле до него (на него), биле сеуште свежи?! Кој ги гледал, кој ги полевал со вода, каде е нивниот корен за тие 50-100 години?
    Потоа разговорот со животните (за некои невозможно и чудно), од житието на Св. Серафим Саровски. Кога две жени заминале да побараат благослов од старецот, ги сретнала една мечка. Жените се исплашиле и почнале да паничат, зашто мечката веќе се кренала на своте 2 нозе за да ги нападне. Но, од некаде наишол старецот (бидејќи видел дека се во неволја) и и рекол на мечката смирено „ не ми ги плаши гостите туку немам ништо што да ги почестам, побарај нешто да ги послужиме’’. Мечката послушала и заминала. По 1 час се вратила, а во рацете држела саќе со мед од диви пчели. Ете колку разбираат животните, ако си смирен по душа.
    Друг пример е примерот од Отечникот.
    Авата (старецот) имал свој ученик и му бил послушен, толку послушен што го заборавил своето јас. Во се го слушал, да му речел да оди, ќе одел, да кажел дека магарето лета, ќе речел лета, се правел. Еднаш во близина каде живееле во пустината имало некоја хиена која му задавала проблеми и на другите монаси. Ја виделе пред нив дека поминува (бега), а отецот на смеа му рекол да одиш и да ја фатиш хиената и плус да ја донесе. Тргнал монахов да ја бара, ама не трчал туку одел и викал, авата ме прати по тебе, каде си, морам да те однесам кај него? Се замрачило него го нема, авата се загрижил, што да прави сега! Во еден момент влегува монахот со хиената околу врат и ја носел исто како врзано јагне, таа мирна, ни мрдала ни преткала. Кога го видел тоа отецот, само што шок не добил од глетката. Брзо му рекол да ја изнесе и пак да ја пушти, ама на заминување и рекол повеќе така да не прави. И навистина хиената повеќе не се вратила во тој дел.
    Старец Пајсиј Светогорец, кога во неговата келија влегла пчела, другиот човек што бил заедно со него почнал да ја брка со нешто. А отецот му рекол да престани. Дека таа не сака така на неубав начин да ја бркаат туку на добар. И рекол да дојде до него, а таа дури и застанала на неговата рака. Ја отворил вратата и таа летнала од неговата рака.
    Која душа ја има тоа животниче (пчелата), кој разум за да разбере, кои уши да слушне? Кој друг од нас може да го направи тоа?! Никој, нажалост.

    Истото се случува и важи за иконите. Иако се од дрво, камен, бои и насликан е ликот на светителот/светителката. Сепак се тие чудотворни. Не се сите, туку одредени, како, зошто? Тоа од една страна зависи и од оној кој ја правел, колку неговиот живот е свет. А од друга и најважна страна, е Божјата промисла и волја.
    Навистина е чуден фактот и необјаслив за неправославните како е возможно тоа? Е возможно, зашто тука не е замешан човек туку Бог. Затоа и иконата мироточи, затоа е чудотворна и постојано се прават безброј чудеса, затоа и природните фактори на уништување не ја уништуваат.
    Пример е иконата на Св. Јован Бигорски што денес се наоѓа во манастирот, таа лебдела во воздух. Иконата на Мајката Божја во Грција пловела исправена по морето и не потонувала, за на крај столб од небото да се појави и да ја крене во воздух и носи во небесните височини, а постојат безброј други чудотворни икони кои иако се уништувани на секој можен начин и палени и кршени, тие гореле, но не изгорувале.

    Значи се ова се должи на Бог. Оној што заповеда и на Кој целата природа се покорува, зашто Тој ја создал. И затоа Тој во буквална смисла го кажал и тоа што е напишано во Светото Писмо: Да бидеме свети како што е Он свет; секој кој Го бара и неговото тело е чисто (духовна чистота) во него Тој ќе се всели; а Св. Апостол Павле вели: Јас не живеам, туку Господ живее во мене.
     
    На okcenzi, La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    кој ти казал дека албанките не иделе во дзамија дека се кријеле дома???? јас сум албанка, мајка ми е македонка татко и е албанец,јас сум доволно образована, зборам 5 јазика, идам во дзамија, не секој ден,засто во замија зена не мозе да иде секој ден,засто таа има семејство сто треба да се гризи за него, друго ние зените идеме секоја недела во џамија уциме куран го уциме исламот го уциме арабскиот јазик, дрзиме предаванја, 80% од насите уценици се христијанки сто доагаат да го изуцуваат исламот, а тоа ние зените сто сме покријени,никој нас не не покрил со сила,тоа е задолзително во насата вера, а тие сто ги гледас така завиени, со самиј косите како грпки од камила ги носта, со сукни тесни сто им се оцртува телото, и сто идат со мантили кратки,тие ли ги замислувас дека се завијени, ? тие како прво не ги знаат осноцните работи за исламот нит серијатот (исламскиот закон) да идес во мека медина така како сто идат денсниве зени не прописно облецена ке те каменуваат, засто тамо нема закон како на груевски,туку серијатцки според исламот, кај нас зената во исламот е многу издигната за разлика кај вас, во васата вера, процитај добро како се третира зената во христијанството цитај во куранот како се третира зената во исламот,мозес да процитас во куранското подглавје ниса (zena)