Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Ајде да видиме како се третира жената во православното христијанство, бидејќи тоа беше и прашањето.

    Жената во православието зазема рамноправно место во однос на мажот. Да не цитирам, ама присетете се на оној цитат каде Господ преку Апостолот вика, дека пред Господ нема ни маж ни жена, ни женет ни мажена, ни Грци, ни Римјани, ни било која националност, дека сите се исти. Што значи уште од тој цитат жената е на воздигнато место, на рамниште со мажот.

    Во почетокот на христијанството пред да започне да се развива женското монаштво, во Црквата постоеле жени кои служеле на Црквата и се нарекувале ѓакониси. Тие жени или биле девојки или вдовици или жени кои потполно го посветиле својот живот на Бог. Постојано биле во црквата, имале благослов да проповедаат, да им помагаат на свештениците, епископите во некои служби, ги припремале жените кои го примиле христијанството за Крштение и ги поучувале во верата, потоа ги посетувале и негувале болните, правеле милостина на нив и на сирачињата... А додека денес бидејќи има служители во храмовите половина од нивната работа ја извршуваат тие (во кои има и жени), додека пак некои и денес го имаат тој благослов од својот духовник (да проповедаат), оние кои повеќе го научиле Божјото слово.

    Подоцна жената целосно се одделила од светот на исто рамниште со мажот и затоа се основани и сестринства, односно женски манастири. Во секој женски манастир постои главна сестра која е напредна во духовниот живот. Тој благослов и е даден од епископот (зашто тој го претставува апостолот и ја има истата сила на благодат како апостолите во минатото) за да го води сестринството и е наречена игуманија .
    Игуманијата го има тоа право (без навреда за исламот или за било која друга религија) што никоја жена го нема во ниедна религија. Иако жената не смее да влезе во Светињата на Светињите (Олтарот), тоа право го има игуманијата во манастирот. Пак се испоставува истото дека жената е на исто рамниште со мажот.
    Исто така целото сестринство или пак некои други жени мирјанки (жени кои живеат во светот) го имаат тој благослов да служат служба заедно со свештениците (но тие надвор од олтарот, на певницата), значи земаат учество во најголемата Света Тајна, а тоа е Литургијата.

    Додека најважното што никоја, ама никоја жена го нема во ниедна религија е тоа што жената како и мажот може да ја достигне светоста. Затоа што нема разлика помеѓу нив. Господ им дава светост и на жените. Ќе издвојам пример, а тоа ќе биде преподобната Св. Марија Египетска, за која верувам дека многу православни христијанки слушнале за неа.
    Св. Марија била блудница, го продавала своето тело на мажите, заработувала од тоа. Во една прилика заминала во посета на еден манастир, но пред врата на манастирот била невидливо врзана и не можела да влезе во него. Од тој момент таа ја разбрала својата грешност се покајала за се што правела и заминала во пустина. Живеела цели 47 години, сама со 2 леба што ги носела со себе. Тие лебови ги јадела со години, а откако ги потрошила започнала да јаде зелје (трева). Во видение му било претскажано на ава Зосим да оди и да се види со неа. При разговорот толку била света што дури и лебдела во воздухот. Св. Марија (тогаш старица), му рекла да дојде повторно пред Воскресение за да се Причести. Но отец Зосим се раболел и откако оздравел заминал на договореното место. Покрај реката Јордан, започнал да плаче и да се моли зашто мислел дека Св. Марија го чекала и си заминала. Одеднаш од другата страна на реката се појавила Св. Марија, а тој се прашувал како ќе премине. Во тој момент преподобната започнала да оди по водата и стигнала на другиот брег кај ава Зосим, а тој ја Причестил. Му рекла исто да дојде наредната година и да се видат.
    По истекот на таа година отецот заминал во пустината за да ја види преподобната, но неа ја немало. Потоа ја видел крај еден поток каде веќе била упокоена. Над нејзината глава стоел натпис како се вика и кога е почината, а тоа било истиот ден кога преподобната се Причестила пред една година. Нејзиното тело сеуште било како тогаш да била упокоена, цело и нераспаднато. Сакајќи да ја погреба и веќе неможејќи од староста своја, веднаш пред него се појавил лав кој ги лижел нозете на светителката. И на заповед од отец Зосим, лавот како разумно суштество ја ископал земјата, и тоа со истите пропорции како што била светителката. Па, така извршил опело и ја погребал достојно. Се разделиле смирено со лавот, како со некое питомо суштество, кој ја чувствувал тагата и како да плачел за неа.

    Овој пример го напоменав со цел да кажам нешто важно. Жената во православието е на високо, високо рамниште. Како се удостоила Св. Марија Египетска да го достигне тоа? Од грешница станала светителка?! Толку голема што да биде втора од сите луѓе по Св. Апостол Петар и да се движи по површината на водата. Значи се испоставува првото, дека жената е рамноправна со мажот и иако е жена и таа е толку достојна колку мажот, да Бог направи место во нејзиното срце, Да живее во неа и да прави чудеса какви што Самиот Бог правеше додека живееше на земјата.

    Заклучокот е дека жената во православието е рамноправна со мажот, а тоа го докажуваат безброј факти од животот на многу жени, а тоа е светоста.

    Не треба да го знаемариме фактот дека жената мирјанка која живее во светот е исто толку важна и без разлика што не живее во сестринство, може да ја достигне светоста. И да биде сопруга и иако телесно општи со својот маж и иако раѓа деца, работи, сепак може да биде света.
    Пример ќе ги издвојам Св. Софија и нејзините три ќерки, Вера, Надеж и Љубов, Св. Матрона која била исто и сопруга и мајка и безброј други жени...
     
    На okcenzi, tessie, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ислам vs Христијанство

    Доста со тие ваши проповеди, ама озбилно.

    :rofl: :rofl: :rofl:
    Токму тоа христијанство ја има уништено жената и нејзиниот статус. Кој требаше да биде наследник на Исус, и кој го наследи знаеш претпоставувам. И каде тоа има врховно лице жена во православието пример? Јас се извинувам, но немам информираност за такво нешто, ако грешам, простете.

    Прекрасно кажано, жената, а не жените.

    Не ги мешај сите религии молим ти се, кога си очигледно ептен добро начитана само за христијанството.

    Патем, ова митчињава со светици не го докажуваат статусот на жените. Мене не ми се баш верни прикаските кои ги заповеда институција што убивала нехристијани. :)
    И нешто многу важно кои сите христијани го имаат изоставено е дека Куранот неверојатно многу ја издигнува жената. Само треба сите работи да ги погледнете од друг агол и да ја тргнете на страна вашата пристрасност.
     
    На Rock-a-Fella и lola-86 им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Никој не ви вели да верувате или не. Серафима не рече ништо за тоа како жената е третирана во исламот. Таа само си наведе примери од православното христијанство. Ако некому овие “митчиња“ не му се верни, нека не му бидат. Тие што убивале во име на Бога, било Господ Бог или Алах, ниту биле ниту некогаш ќе бидат верници. И во двете свети книги најостро се осудува убиството.

    И темава не е наоѓање маани, што кај другите не ми чини (сигурно нешто според вас не ви се допаѓа, инаку не би верувале во нешто друго), туку споделување на знаења од својата вера.
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ислам vs Христијанство

    Долниот дел од постот ни малку не беше упатен кон неа, туку општо.
    Да сакав да ја цитирам неа и да ја навредам ќе цитирам со име, меѓутоа цитирав само реченици.

    И нешто разјасни ми, папата по тебе не е верник?
    Интересно, многу.

    Уште нешто, темата за жал веќе сте допуштиле да прерасне во тоа што не требала да биде на прво место. Вие тука постови наназад се убедувате едни со други во нешто што не верувате.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Верник по мене е оној кој се води по учењата на Библијата и се стреми да биде добар човек. А волци во јагнешко крзно имало и ќе има, но тука не праиме муабет за тоа. Не можеш да ги генерализираш луѓето, постојат лица кои во вистинска смисла на зборот ја имаат прифатено службата на Бога, но меѓу сите нас има и добри и измамници.

    Папа кој прокламира убиство на сите што се различни ми е исто толку верник колку што се оние кои викаат “Убивајте во името на Алах“. За злобата и предавството не постои вера, тие ја користат како изговор за нивниот страв од непознатото.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ислам vs Христијанство

    Запрепастувачки е од ново - на ново да има такви волци. :) Зошто не правиме муабет за тоа? :^) Ако може џихад да е употребен против, тогаш и ова може да се земе како аргумент при дискусија.

    Поправка, верници не се само христијаните и тие кои се водат по Библијата. Што сме ние останатите? Еретици?
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Следење на било кое верување кое те учи да си добар човек те прави верник, не нападнав никого во ниту еден момент, јас лично си се водам по Библијата, а за др свети книги не дискутирам затоа што сигурно има некој кој знае повеќе од мене за нив. Башка зборевме за христијаните...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ислам vs Христијанство

    Јас тука завршувам затоа што си го кажав моето, и tessie следен пат откако ќе добиеш контра, не редактирај мислење. :)
     
  9. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Ислам vs Христијанство

    Ајше мори ајше.Се обидував да бидам воздржана од коментирање на темава,сметам дека не сум доволно образована на ова поле,но гледано од друга точка никој не е компетентен на ова да коментира.Размислувам површински и не гледам длабоко во прописите на исламот стварно немам појма ниту ме то занима.Имам другарка турчинка која ми има раскажувано за тоа како е тешко на жените во исламот и како и е неа тешко што немаат исти права со мажите.Сакале или не владее таа патријахалност се уште во 70% на исламските семејства во 21 век.Можеби е истакната жената или слично не ме интересира ама каменувањето како што кажа нашата драга ајше(хаха) јас не го гледам како нежност.За кај нас во нашата вера сум тотално задоволна со се што го имам прочитано и не најдов нигде ниту каменување,ниту стереотипи,не планирам да објаснувам сега тука како што кажав никој не е компетентен да дискутира.Работава излезе од контрола почна да допира во ранливи точки и најдобро ќе биде клуч :*
     
    На okcenzi и anamariia.x3 им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Значи не мора да веруваш, ако не сакаш.
    Тоа што го напишав во постот е вистината, без оглед на кој му се допаѓала, а на кој не. И затоа некој кој не верувал во тоа се отцепувал и преминувал во друга вера, вера која што нему му одговарала и на неговите индивидуални размислувања.

    Темава мислам дека е јасна, христијанство-ислам. И како што некоја верничка на исламот ќе си пише и си ја брани својата вера, многу нормално и ние православните христијанки ќе си ја браниме нашата вера.

    Мислам дека никој не навредив и ни сум навела нешто против другите религии, за некој да се почуваствува така. Само го напоменав фактот дека во ниедна религија не се случува она што се случува во православното христијанство и или верува или не верува во тоа. Можеби за некој тоа се само „митчиња„ , во кои многу нормално дека не верува, но би запрашала зошто го нема тоа кај другите. Зошто само кај нас, па да се случува тоа? Зошто, се што се случува во православието ја надминува човечката природа?

    И плус уште нешто многу важно.
    Ако си ја читала Библијата, би те запрашала уште нешто. Бидејќи си донела такво мислење, да жената кај нас е уништена.
    Зошто во Новиот Завет не е напоменато, дека мажот треба да го прави тоа и тоа, а додека жената тоа и тоа? Туку целиот Нов Завет зборува за човекот (а колку што знам под поимот човек се нарекува и мажот и жената) и неговото спасение на душата, а не напоменува и потенцира само мажот или само жената (претпоставувам дека ова го имаш забележано) ?!

    Додека на твоето прашање зошто мажот го има врховното место од жената, па тоа се знае. Кој беше прв создаден, според Чиј лик, а на кој начин беше создадена жената и за што?
    И мислам дека истото е и во исламот, па колку и да не напаѓаш.
    Но кај нас е сосем друга работата и мислам дека не малку напишав на тоа прашење. Па кој што сака ќе си види и разбере (ако сака и верува).

    Еве конкретно до верничките на исламот.
    *** Зошто жена не му помага на оџата во пеењето или за некоја друга служба што тој ја извршува, како тоа што е кај нас за нашите служби и за најголемата служба, Литургијата?
    ***Потоа, зошто не одат мажи и жени во џамија заедно да се поклонуваат, што е случај кај нас, сите заедно?
    ***Еве Ајше кажа дека жената не требало да оди секој ден во џамија, зашто имала домашни обврски, додека кај нас е обратно. Кај нас Бог вели дека прво треба да го направиме Божјото (вклучувајќи го и секојдневното посетување на храмот Божји, за утрена и вечерна богослужба), а дури потоа да се грижиме за се друго. Зашто се друго е минливо и пропадливо, но духовното е она што треба да се стекне и само тоа е најважното нешто за спасение на душата. Едно големо ЗОШТО жената да не оди секој ден во џамија?
    ***Зошто жената, еве потенцирам одредена жена во исламот( еве нека не бидат сите, да не бидам погрешно разбрана), го нема тоа право што го има пример игуманијата во манастирот ( да влегува во најсветото место во џамијата (иако не сум доволно запозната претпоставувам дека постои некое такво свето место и кај вас))?

    Би ви била благодарана, доколку некој/а сака да ми одговори на прашањева :) .
     
  11. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Ислам vs Христијанство

    Би се надоврзала со уште неколку прашања до верничките што го бранат исламот ако сакат да ми одговорат,површински се разбира и во кратки цртни не ми се читаат во моментот проповеди што не ме занимаат:
    Зошто се уште кај вас постојат договорените бракови во кои гласот на жената воопшто не се почитува?
    Зошто е нормално еден маж да има по 10 жени? (харем)
    Зошто во саудиска арабија жените немаат право на глас и основни права? (за ова само што ме извести една пријателка поздрав до неа)
    и познавајќи го вашиот менталитет многу добро одговорите се????
     
  12. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Ислам vs Христијанство

    мазите во исламот не мозат да имат 10 зени,. дозволено им е 4,зени, во саудиска арабија прва зена муслиманка е прецедателка, како нема зената муслиманка право на глас? друго прва зена муслиманка, во с.арабија,е министер која е покријена по исламски правила, зената во исламот е нај добро цувана и нај добро узвисена од Aллах и од својот маз,ниту една муслиманка добра која е верницка и мазот нејзин,не е малтетирана, јас пример за мене ке ти казам од искуство,ја сум мазена за многу добар верник муслиман, се колнам во господ еден,дека јас зивеам како кралица јас идам каде сакам и правам сто сакам,знци во рамки на серијатцкиот закон во исламот сто мене ми дозволува,јас идам дрзам предаванја за исламот, цитам куран уцам,.уцам исламска скола,и дам на гости,и дам надвор од дрзавата,идам на домор со другарки,зивеам како кралица, и плус покријена сум со бурка,и на ни еден маз не искацам кој не ми е фамилија близок,сто ми фали мене???? дали јас нема право на глас ка муслиманка, знаци и многу други зени познавам сто зивеат во арабија,егибет кариро,мароко тие земји,зивеат како кралици накитени во злато во свили. усте несто,ние идеме во дзамија,ама ние не се месаме мази зени занедно,засто тоа е харам забрането во исламот. наци ние имаме мектеб,(соби)каде сто се собираат зени имаме звуцниви и го слусаме оџата кога рецитира куран, или кога дава некое предаванје за исламот, верата.
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ислам vs Христијанство

    Responsible, додека има форумџики кои сакаат да се информираат, ќе те замолам да ја игнорираш Аиша, ако имаш некое прашање, повели.
    Е сега, прашањата-оџата не пее/ :^) Чита куран. Тоа. Воопшто жената не треба да вика. Ни да пее. Знаете колку е убав женскиот глас, така? ^_^ Волшебно битие е жената. Многу луѓе се маѓепсуваат од женскиот глас, бидејќи е нежен, убав... замисли некој оженет да се заљуби? Резултат-прељуба! :!: Не мора да значи, се разбира, ама за да не дојде до тоа, доволно е жената да му пее само на мажот-ако баш толку и е ќејф да пее и да им пее на децата за да заспијат (додека во собата нема некој маж со кој не во крвно сродство, и да не и се слуша гласот, тивко да пее. И да, си приметила колку е интересен фактот што кога вика или се смее на глас некоја жена, сите се вртат?
    2. Еј да бе, таман работа, жени и мажи заедно? Е тоа би било топ, 8) Сите скоцкани, еејј, ќе ја видам симпатијата, омг, како изгледам?! :wasntme: Верувам ме сфати. ;) И да, за ова можеби не знаат многу, ама и на свадби не смееме да бидеме заедно! Веќе сфативте зошто.
    Зошто да не оди секој ден? :?: Јас не ни памтам кога последен пат сум била во џамија. Мене тоа не ми е важно. Важно е само да си свртена кон Кибла, и моли се. Толку.
    4. Не те сфатив, извини.
    Блонд.бани.
    1. Ај сети се на првиот пат кога си се бакнала со некој дечко. Пеперутки, емоции... аууууу... :inlove: Сигурно по некое време се изгубила таа важност, значење на бакнежот, љубовта... Кога ќе се омажиш со некој што не го знаеш, прва браќна ноќ, не си била со друг машко, и тој (ако е така пишано) ќе ти биде маж за цел живот. Нема да мислиш за некој друг од минатото, (кое можеби за некого е некоја форма на прељуба), ќе го цениш тој што го имаш покрај себе, бидејќи само тој го имаш! :!: Ме сфаќаш? Но не мора да значи, се разбира. Сепак се е до карактер.
    Другите прашања ти се одговорени од Аиша. Доколку имате некое друго прашање, пишете на темава, и ќе дадам одоговор јас или кој и да е на располагање.
    И да, еве нешто од моја страна, моја перспектива, во склоп со исламските верувања. Бидејќи жената е толку посебна, толку чиста, и има толкаво значење во животот, бла бла, да не филозофирам многу, токму затоа има толку правила во врска со жената. За да се сочува тоа. За жената сепак да биде примерок на искреност, љубов, поддршка и све остало.
     
    На ViktorijaMari, lola-86 и Rose96 им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство

    Ти благодарам Rock-a-Fella за одвоеното време и за одговорот. Секој си има свое обајснување и гледиште на нештата во својата вера.

    Отворено да се искажам за да не бидам погрешно разбрана од ваша страна, верничките на исламот. Ќе кажам само неколку зборови.
    Искрено оваа споредба немаше да ја направам никогаш и искрено не ни сакам. Не сакам ни да реплицирам, ни да цитирам нечии мислења, но некои некогаш толку се со навредлива содржина, не кон мене, зашто мене што сакаат нека ми прават, нека викаат, навредуваат... и се ќе поднесам, зашто знам дека тоа ќе биде за спасение на мојата душа. И иако мислат дека на тој начин ми направиле нешто лошо, се лажат, зашто ми ја прават најголемата добрина, т.е. несвесно се повеќе ме ставаат во Божји раце. Најмногу ме боли кога некој си дава свое мислење и од непознавање на нештата го навредува најсветото, Господ Исус Христос. Тука простете, но животот го давам за одбрана.
    Ниеден мој пост несакам некој да навреди, да омаловажи и да се почувствува некој така. Сакам само барем малку да дадам пример, дека верата во религијата шири љубов, простување, помагање, трпение, смирение... и се со цел да се смириш и понижиш самиот себе, да бидеш слуга на ближниот, за своја штета, но за корист и благосостојба на ближниот, без разлика дали е твој близок или не.

    Друго сакав да напоменам.
    Се ова го наведов со цел да им објаснам на х личности кои очигледно им беше намерата да провоцираат, дека жената во православитето, не ни турната, згазена, непочитувана, уништена...И никој нема да ве преобрати вас во верата, па ни вие нас. Тоа е повеќе од јасно. Но, како и да е, оваа дискусија за жената ја завршувам овде, зашто мислам дека напишав и повеќе од доволно. Зашто секој си верува во она што сака.

    И уште еднаш им се извинувам на верничките на исламот ако некако поинаку разбрале некој мој пост и се почувствувале навредени ;) . Простете заради Бог!
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    Во тоа е и проблемот. Во секоја религија си има објаснување зашто истата почитува вакви и вакви правила. И прашања од типот на кај нас е вака поради тоа, а зашто кај вас е така се сосема во ред додека едните не почнат да ги напаѓаат другите, па вашето е погрешно, моето е исправно. Ете на пример, јас уживав и во постот на Серафима и во тој на Рокафела (оние за жената во христијанството/исламот) зашто, ете, и двете ме едуцираа и видов како две различни религии гледаат на една работа. И доколку вака продолжи дискусијава би било супер.

    Иако немам доволно познавање од другите религии, сепак мислам (доколку грешам, нека ме исправат) дека во суштина ниту една религија не напаѓа никого и доколку ги нападнете другите, било христијани или муслимани, не сте направиле ништо со кое Севишниот ќе се гордее со вас. Убаво имаше пишано некој погоре, за религија не се учи од интернет туку од светата книга, ма како и да се викала. Затоа што заговори на религиозна база имало и ќе има, а хендикепот на пишаниот јазик е во тоа што со изоставување на една запирка може целосно да се промени значењето на изразот (па колку пати ни се случило да дојде да се скараме со некого ради нецелосно разбрана СМС порака... е замислете го истото со цели книги).

    Е тоа многу лесно може да се искористи за вжештување на нечии глави што може да доведе и до конфликт од кој ќе профитира некој друг.That's how wars get started нели? Затоа, читајте ги самостојно и немојте да се плашите дека нема во целост да ги разберете. Важното е да се извлече најдоброто од својата религија и истото да се применува. А интерпретации на една песна од 5 стиха може да има милион, а не па на книги со толкава вредност, полни со мудрости. Сепак, Божјите патишта се разликуваат од човековите, не можеме секогаш да знаеме зошто Бог направил нешто да се (не се) случи. Тоа го знае само Тој.

    А темата е незгодна и ранлива и не можеме да останеме имуни на нападите врз она што нам ни е свето, факт и затоа не е ни можно да се игнорираат таквите работи.

    Мојот омилен професор на факултет еднаш ми кажа дека ги има прочитано и Библијата и Куранот. И јас нормално го прашав каков ефект имало тоа врз него и тој одговори дека со тоа што ги прочитал и двете книги му помогнало подобро да ги согледа разликите како во другите луѓе, така и во спротивностите кои се борат во самиот него. И ми препорача да го прочитам и Куранот. Со ова тој не предал никого, ниту омаловажил, ниту една религија не пропагира такво нешто.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ислам vs Христијанство

    Гледиште на нештата во својата вера... :^)
    Спомнав некаде Алах, пророк, Куран? Не...
    Моето објаснување беше од реална гледна точка.
    Постојат исклучоци. Секогаш ќе постојат.
    Но тоа не значи дека поради некои исклучоци, ќе ги смениме правилата. :^) Од едноставна причина што другите ќе го злоупотребуваат тоа. :!: А и нема да биде фер. :!: А Бог е праведен! :!:
    Еј, да, сум заборавила на едно прашање (дури сега го приметив). Во врска со имање повеќе жени. Да, срцето не може да се подели. Ама гледате дека повеќе сме жени (во светот). Прочитав некаде дека во 2020тата ќе има 4 пати повеќе жени од мажи. Е ајде сеа? :^) А тоа на времето се правеше за да не останат жените по улици, (оние кои немале родители, или не знам што) и да бидат малтретирани и искористени. :worried:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Ислам vs Христијанство

    И пак и пак и пак дискусијата се сведе на ние сме во право, вие грешите. Тоа е, се'уште не сме подготвени да се соочиме со разликите на другите луѓе. Жално, навистина жално...особено за суштество како хомо сапиенсот.
     
  18. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Ислам vs Христијанство

    Расправате за две различни религии и сте ставиле vs. во средина? Ова е бокс меч или?
    Религиите е едно од многуте нешта што не се дискутираат и споредуваат. Секоја индивидуа си почитува своја вера и си има свое објаснување за истата.
    simple as that
     
    На LivingGlam и Dgirlll им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ислам vs Христијанство


    Ох мила, оххх :tmi: .

    Прво и основно, требало да ја болдираш целата реченица. Зашто заклучокот од мислата не беше со навредлива содржина и навистина незнам која е целта на твоето искажување и што сакаш да кажеш. Ни напоменав ни јас некаде како што напомена ти Алах, пророк, Куран или Господ Исус Христос, Библија, ни апсолутно ништо со цел да споредам и навредам некој.
    Поентата беше дека секој дава свое објаснување преку најразлични примери за полесно да се објасни и разбере својата религија. Те пофалив и затоа и ти се заблагодараив.
    Но изгледа, воопшто не си ме разбрала и затоа донесуваш таков заклучок . Значи не ја разбираш ни прифаќаш благодарноста. И вистински ми е жал, што од една прекрасна реченица со позитивна смисла ја претвори во негативна и навредлива. ;(
    Сепак ти си знаеш!
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ислам vs Христијанство

    Не се навредив јас воопшто. Само ви кажував дека ова е лично моја гледна точка. За секој од примероците има посебни делови во Куранот каде што се објаснува. Да не ме сфаќа некој букфално, поради тоа го потенцирав. :!: Не за друго.