Ислам vs Христијанство Па според мене јас лично не би дозволила да има и друга жена,сега е поинаку од некогаш,а и тоа на нашите простори не е случај,преретко е таквиот случај,тоа во Арапските земји да али овде јок. Сега не може една сопруга или сопруг да доседат во брак,при најмали проблеми луѓето се разделуваат а не камо ли мажот да има 2,3 жени.Тоа сепак не е лошо,затоа што поарно да има 2,3 венчани сопруги,да е поштен,грижлив,да им пружи љубов,внимание,удобност(човек што има повеќе жени во исламот мора да биде мн.добро ситуиран иначе ако се нема средства никој не е будала да издржува 3 жени,нели).Значи поарно е според мене тоа него да има швалерки настрана...и да ја вара жена си тоа е поарно?НЕ.А ако на некој му стиска-извинете на израз ИЗВОЛТЕ земи си 3 жени и пази си ги како капка роса затоа што тие мора да бидат третирани подеднакво,штом си сакаш женчиња ќе си ги добиеш Значи тоа е многу покоректно и по фер одошто да има настрана спонзоруши и швалерки а дома децата и женаму ги оставил на милост и немилост и нема што да јадат и пијат ма дајте,и после ќе ми кажувате што е исправно а што не,а што е исправно во овој испревртен свет денес??? Јас не би прифатила брак во кој ќе има и други жени а верувам и никој на наши простори,ама не сум против вакви бракови,сум против варање во брак а ова за што зборам е нормално и пропишано во Куранот,а кој може против зборот Господов?Се што е во Куранот е совршено напишано,треба тој што го чита да размислува од многу агли и пред се да има широки видици(не е за секого)
Ислам vs Христијанство А демек ние другите немаме широки гледишта...о Боже, не мешајте нечија природа и карактер со религијата која што ја следи, немаат врска едното со другото.
Ислам vs Христијанство Што кога се случува љубов помеѓу двајца кои се припадници на различна верска исповед,во случајот ислам и христијанство? Дали е тоа во ред,дали е прифатливо? Ве молам,ми требаат Вашите ценети мислења.
Ислам vs Христијанство Па зависи од карактерот и сфаќањата на секој поединец.Според некои е прифатливо,а според некои не е.Јас имам роднина што е во мешан брак.Секаде скорп по светот тоа е нормално,кај нас искрено уште ова се гледа некако како со презир и не е баш прифатено.Зависи до човекот.Најчесто едниот ја поприма верата од другиот,и мора да се направат отстапки и жртви во прилог за зачувување на врската или бракот.Затоа што љубовта е едно али бракот и животот се комплицирани,се раѓаат деца,па која вера ќе ја следат,па воспитувањето е различно,адетите,празници,во се има разлики и се осеќаат во текот на животот.Едниот може да се чувствува потиснат,зависи...некој можда е спремен да менува вера,некој не е,се е до психата.А да смениш вера не е нешто лесно според мене,си се родил со одредени вредности а потоа се да замениш со други.Некои си ги почитуваат и 2те вери прават и муслимански и православни празници,ама тешко е...треба свесно да размисли некој кога влегува во ваква врска и да процени што добива а што губи. Дали е спремен потоа да се соочи самиот со себе,тоа повлекува многу прашања и сомнежи потоа,не може секој да го поднесе тоа што доаѓа после. P.S. за Теси сакам да додадам нека не сваќа погрешно затоа што јас не реков за Вас(вие од православна религија како што љубиш да кажеш)дека немате широки видици и дека не го разбирате Куранот,некој и од муслиманите го чита па го сваќа површно и буквално.Напишав само дека не е за секого а ти ако се навреди од мојот пост Извини ама ништо тука нема навредливо ни 1 %. Си дадов мое гледиште за нештата во врска со бракот.
Ислам vs Христијанство Има веќе теми за ова, оваа тема е за религиите, а не за љубовни проблеми. Доколку имаш таков проблем обрати се во тие теми, а можеш и да прочиташ мислења за ова во истите. ljubovni-problemi/nasite-roditeli-se-protiv-mojata-vrska-albanec-makedonka-t1131 ljubovni-problemi/seriozna-vrska-so-musliman-t6051/
Ислам vs Христијанство Верувам во Бога, но не верувам дека тој е едно суштество, долгобрадиот старец на небото. Верувам дека е она што луѓето го нарекуваат Бог во сите нас. Верувам дека Исус, Мухамед, Буда и сите останати биле потполно во право. Погрешиле само луѓето кои ги превеле и толкувале нивните пораки. - John Lehnon
Ислам vs Христијанство Ајде докажи ни ти нас на вернициве од обете религии дека тоа што го напиша е навистина докажано! Всушност ,која е твојата религија? И што ја прави подобра од овие две?
Ислам vs Христијанство Моето прашање го упатувам кон припадниците на исламот... Ова лето имав можност , на мое задоволство , за прв пат да присуствувам на свадба кај муслимани.Беше многу убаво и интересно , само нешто не ми беше јасно ,а ми беше срам да прашам да не испаднам проста ....Кога се појавија момшето и невестата во хотелот таа пошна да прави нешто со рацете како да игра , но не го мрдаше телото, некој адет....Па ме интересира дали некој знае што претставува тоа ....и уште нешто - Што значи црвената лента на невестинскиот фустан? Фала,поздрав
Ислам vs Христијанство Невестата не игра со целото тело.Таа има едно марамче во десната рака,и само со раката игра,и телото нежно полека го движи, бидејки е невеста треба полека и нежно да го тера орото,а тоа што носи црвена лента на венчаницата тоа значи дека е девица. Зашто што фали ако мажот има две жени??? Ете мојот маж има две жени, ја сум прва таа е втора, јас го натерав да се ожени и јас му ја најдов, со неа си пиеме кафе секое сабајле, навистина сме како нај добри другарки,ама во секој брак ова не се слзува таква убавина.
Ислам vs Христијанство Сите си веруваат онака како што сакаат.За мене постои само еден бог Исус . Но не ми сметаат муслиманите,како што за нас постои Исус и за нив постои Алах.Иначе стварно ме интересираат обичаите на муслиманите
Ислам vs Христијанство Исто и јас ги почитувам другите вери, и не ја наметнувам мојата на другите... Едино што многу ме интересира е џамијата.. Јас сум христијанка, и мислам дека на жените муслиманки не им е дозволено да влезат во џамија, а баш ме занима како изгледа внатре...
Ислам vs Христијанство Дозволено е и жените да одат во џамија само кога се во тој период од месецот не одат иначе не е забрането а имам јас другарки христијанки и влезени се во џамија да видат како е внатре така да не е ништо можеш и ти да влезиш
Ислам vs Христијанство Прашање до припадниците на исламска вероисповест... Во мојот град има само една џамија , никогаш не сум видела жени да влегуваат или да седат во дворот . На претходниот коментар прочитав дека им е дозволено и на жените да одат , па ме интересира дали можеби влегуваат од некој друг влез? Другото прашање е Дали има одредено време од денот кога се оди во џамија бидејќи секогаш гледам како се збираат во дворот околу 20 луѓе па потоа одат и колку пати дневно може да се оди ? Исто така ме интересира што се чита внатре , дали се кажува една иста молитва секој пат или пак се читат делови од Куранот ? Инаку јас живеам веднаш до џамијата но никогаш не сум влегла внатре а многу ме интересира како е , но не знам со кого и кога би можела да влезам
Ислам vs Христијанство Кај нас во џамијата има 2 катови и едниот е за жените едниот за мажите, мажите и жените не се клаљаат на исто место а не си видела жени во џамијата највероватно затоа што обавуваат намаз дома и да има одредено време за намаз тоа е кога клањаат 5 пати во денот .... па кога клањаат кажуваат молитви од куранот а инаку ако имаш некоја другарка муслиманка слободно влези јас имам влезено во црква од љубопитност да видам како е а и мои другарки христијанки се дојдени со мене во џамија да видат како е
Ислам vs Христијанство Навидум различни патишта, а иста цел.... Сите вери се темелат на исти учења, прикажани преку различни Богови, Светци.... Голема грешка е да се споредува и дебатира која религија е подобра. Религијата е чиста. Оставете ги луѓето кои истата ја носат и ја злоупотребуваат. Не ја идентификувајте религијата според луѓето.
Ислам vs Христијанство bas se soglasuvam so tebe srckaa dekaa eden den i vo mk ke go smenat mislenjeto za mesanite brakovii..inace jas se zapisav vo italija na fax i ovde imam mn drugari i drugarki muslimani,nema nikakvi predrasudi mego verite,bas naprotiv site se druzime i se pocituvame....jas nemam nisto protiv muslimanite..za mene site luge se isti i gi cenam spored delata so gi pravat vo zivotot ne spored toa dali se muslimani ili hristijani [mod-kirilica:wu1jyt2s][/mod-kirilica:wu1jyt2s]
Ислам vs Христијанство Би сакала да се надоврзам за посетата на џамии. Пред 3 години бев во Турција и посетив две џамии. Прекрасно искуство. Прекрасни споменици на кулурата и религијата. Ја посетив сината џамија во Истамбул, и верувајте дека, кога влезете внатре се останува без здив. За мене не претставува никаков проблем да влезам во било каков религиски објект. Ниту во џамија ниту во катедрала. Доколку имате можност посетете џамија, а уште подобро да има некој со вас да ви раскаже за обичаите на верниците. Се на се, прекрасно искуство!
Ислам vs Христијанство Ме интересира кои молитви треба задолжително да ги знаеш за да влезеш во џамија . Имам комшија муслиман и се сеќавам дека кога го прасав дали оди во џамија ми рече дека прво морал да научи некој молитви , па ме интересира ако знае некој кои се тие и колку се , или пак не е вистина тоа ? поздрав
Ислам vs Христијанство ВРСКИ НА ИСЛАМОТ СО ПРАВОСЛАВИЕТО И СО ЗАПАДНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Исламот се прошири од Исток кон Запад и познато е дека западното општество денес е преплавено од Муслимани. Го велам ова затоа што многумина од нас ја немаат осознаено суштината на проблемот и затоа во нашата мисла го имаме поврзано Муслиманството со Истокот. Многу европски земји имаат огромни проблеми од влегувањето на Муслиманите. Секако, не се сите Муслимани агресивни, бидејќи постојат многу личности на Исламот и поради тоа постојат тивки и мирни Муслимани, како што постојат и агресивни Муслимани. Би сакал да видиме неколку факти за процентите и за бројките на Муслиманите кои живеат во Америка, токму затоа што таму се создаде проблемот. “Согласно со Американскиот Муслимански Совет, чие седиште е во Вашингтон, денес во САД функционираат над 1500 џамии од кои 100 и повеќе во Калифорнија каде живеат околу два милиони муслимани, и свое седиште имаат повеќе од 200 студентски сојузи. Според Муслиманскиот Совет, во целата земја постојат над 165 исламски училишта, 500 исламски организации и 100 исламски весници. Според квантитетот, муслиманите сочинуваат 3,4% од вкупното население на Калифорнија, 4,7% од Њујорк, 3,6% од илиноис, 2,5% од индијана, 1,8% од Мичиген, 2,4% од Вирџинија, 0,7% од Тексас, 1,2% од Охајо и 1,4& од Мериленд. Американските Муслимани тврдат дека ја откриле Америка 300 години пред да ја открие Христифор Колумбо! Се повикуваат на кинески ракопис од 1178 година кој тврди дека првите муслимани стигнале таа година во МУ - ЦАН - ПИ (Америка). Во 1981 година беше основана првата исламска библиотека во Плаин - Фиело - Индијана. Во 1982 година беше основана исламската заедница на Северна Америка. Во 1991 година имамот Сирај Њаххаз упати молтва во американското Собрание на Гувернерите! Тоа беше првиот муслиман на кој му било дозволено да го стори тоа. Над 5000 муслимани војници служат во американската војска, но до овој момент немаат ниту една џамија согласно со Стејт Департментот. Во 1991 година градот Кунџе во Тексас го избра првиот муслиман градоначалник Чарлс Билал. Во 1992 година имамот Њаритх Деен Мохаммед упати молитва во американскиот Сенат, за првпат во историјата. Вкупниот број на муслиманите во САД денес е околу 8 милиони”.Денес Америкнаците го сфаќаат проблемот што постои, додека до скоро ги поддржуваа Муслиманите против Православието, како што тоа јасно го гледавме во нашава област, односно ги поддржуваа Муслиманите на Балканот и Турците. Покрај тоа што Западните Христијани (Паписти и Протестанти) Го прифаќаат Христа како началник на нивната религија, а Муслиманите го прифаќаат Мухамед како нивни водач и тоа е основната разлика, сепак постојат многу елементи кои покажуваат дека Западните Христијани од страна на теологијата и на начинот на живот повеќе се сродни со Муслиманите отколку со Православните. Ќе го сконцентрирам вниманието на пет конкретни точки во кои се гледа сродноста на Муслиманството со западното Христијанство и отклонувањето на двете од Православното Предание. Првата точка е безличниот и личниот Бог. Во учењето на Исламот станува збор за еден Бог кој нема син. Значи, се нагласува единственоста и непристапноста Божја. Во Омаровата џамија во Ерусалим напишана е заповедта: Верници, да знаете дека Алах нема син. Во Коранот честопати се вели: “Твојот Бог е еден и единствен. Не постои (друг) Бог освен него, милосрдниот и милостивиот”. Според тоа, Богот на Муслиманството не е Троичен, не се состои од три личности и затоа е несфатливо дека Бог е личност. Во Суфизмот, пак, се нагласува суштината Божја. Во Западното Христијанство се забележува истиот феномен. Под влијание на ставовите на блажениот Августин западната Теологија смета дека во Бога претходи суштината, а потоа следат Личностите. Западните христијани не можат да го сфатат односот помеѓу личностите и суштината, па затоа и стигнаа до телогијата на Филиокве, која го расцепкува единството на Личностите на Светата Троица. Исто така, во западното Христијанство не можат да го сфатат поимот на личноста на човекот, кого го сфаќаат како индивидуа. Така, западните Христијански Конфесии повеќе се сродни со учењето на Муслиманството за Божјата суштина отколку со Православието кое верува во Личен Бог, во реални односи помеѓу Личностите на Светата Троица и во тоа дека Бог комуницира со светот преку Своите несоздадени енергии. Втората точка е човекоцентричниот и мистифицирачкиот карактер. Коранот се одликува со својот човекоцентризам и со својот реалистичен и општественополитички акцент. Затоа Мохамед проповеда против монашкиот живот. Повеќе се интересира за општествениот карактер на неговите следбеници. Меѓутоа, подоцна се развил Суфизмот кој се одликува со еден безличен мистицизам под влијание на неоплатонизмот, но и под влијание на еретичкото Христијанство. Токму тој човекоцентричен карактер и безличниот мистицизам го среќаваме во западното Христијанство. Она што го забележуваме во западните општества е дека се темелат на човекот, а не на Богочовекот (како што тоа го докажа во своите списи незаборавниот отец Јустин Поповиќ), но и кога зборуваат за внатрешна духовност тие се движат во еден надличен апсолутен и мистифициран простор. Напротив, во Православната Црква центар на нејзиното учење и на нејзиниот живот е Богочовекот Христос, а животот во Христа е заедница на човекот со Бога, употребувајќи го православниот терапевтски метод кој се состои од очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Тоа ја сочинува трезвеноумната Теологија. Секако, знаеме дека едно е мистицизмот, а друго е трезвеноумната - мистична Теологија. Третата точка е општествената и душевна благосостојба. Кога зборуваме за благосостојба, овде мислиме на трудот на човекот да ги задоволува своите желби додека живее во овој свет и, секако, по својата смрт да влезе во еден простор каде ќе се задоволуваат сите сетила на човекот. Таа благосостојба е видна во Коранот и во целото Муслиманско учење. Со многуженството, но и со други одредби, Муслиманот ја стекнува благосостојбата, но тоа задоволување на сетилата и на желбите ќе продолжи и по смртта. Познати се ставовите на Коранот за Рајот и, како што се верува, благосостојбата на Алаховите верници што ќе се случи во другиот живот е рефлексија и зголемување на она што можат да го уживаат уште од овој живот. Западниот начин на живот во оваа точка личи на Муслиманстото, бидејќи се интересира за задоволувањето на сетилата и за стекнувањето на благосостојба. Се работи за една евдемонистичка цивилизација, и западниот Христијанин не поседувајќи го целото аскетско предание смета дека стекнувањето на материјални добра и задоволувањето се дар и благослов Божји. Напротив, Православната Црква со аскетскиот начин на живот кој е поврзан со трудот да се ослободи човекот од себељубието и од задоволството со доживувањето на скрбта - болка, јасно се разликува од хедонистичкиот и евдемонистичкиот начин на живот како на западните така и на источните религиозни индивидуи. Четвртата точка е учењето на Муслиманите за Коранот и учењето на западните Христијани за Светото Писмо. Исламот е единствената религија во која откровението не е дадено од личност, туку со света книга. Се верува дека Коранот е испратен од Бога и во суштина тој е Божјото слово. Муслиманите го почитуваат Коранот како лично битие, а самиот Мохамед се наоѓа под сенката на неговото ветување. Коранот, според муслиманското предание, е вечен и несоздаден и постоел отсекогаш со Бога како вечно објавување на Божјата волја. Според тоа Коранот се поистоветува со откровението и од него зависи спасението. Мохамед е обичен носител на тоа откровение. Така се објаснува тоа што во Муслиманството се незамисливи свети тајни, ниту посредник помеѓу Бога и човекот. Токму тие ставови многу нé потсетуваат на учењето на западните Христијани, воглавно на Протестантите, кои го сметаат Светото Писмо како откровение и само врз него се темелат, одрекувајќи ги Светите Тајни, светоотечкото учење, светителите, светите икони и целото дијахронично предание на Црквата. Напротив, во Православната Црква веруваме дека Откровението им се дава на светителите кои имаат достигнато до обожување, и кои го опишуваат тоа откровение во нивните текстови. Исто така, веруваме дека центар на нашиот живот е личноста Христова и доаѓаме во општење со Него, учествувајќи во светите Тајни на Крштението, на Миропомазанието, на Божествената Евхаристија, секако, со соодветни претпоставки, односно со аскетската теологија која се состои во очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Петтата точка е таканаречениот теократски торталитаризам. Исламот е еден теократски систем. Во Исламот не постои разлика помеѓу религија и држава. Мохамед не беше само пророк, туку и политички водач на неговата заедница. Коранот е и Устав на државата и, било религиозните, било политичките закони имаат религиозен карактер и произлегуваат од Божјите заповеди. Во овие рамки треба да се постави и учењето за војната која се смета за света. Земјите кои се наоѓаат надвор од Исламското владеење се нарекуваат “дом на војна” и се разликуваат од земјите кои се под Исламско владеење и кои се нарекуваат “дом на Исламот”. Ова теократско сфаќање на општеството се среќава и кај Франките кои кога ја освоиле Европа го наметнале феудалниот систем, со усвојување на сфаќањето за светата војна. Не можеме да заборавиме дека и денес Ватикан е теократска држава во која се поистоветува религиозната со политичката власт и која ја благослови светата војна, т.е. Крстоносните војни заради “свети” цели. Но и Протестантските конфесии, како што е Калвинизмот, се вдахнати од такви теократски ставови. Познато е дека војните за кои се решаваат и кои ги водат западните Христијани имаат јасен “свет” карактер, како што тоа го гледаме во нашево време. Поради тие причини сметам дека теологијата и духот на западното Христијанство повеќе се поврзани со муслиманската теологија отколку со теологијата на Православната Црква. Впрочем познато е дека како што постои муслимански фундаментализам, така можеме да забележиме дека постои и христијански фундаментализам, како што јасно се гледа кај христијанските конфесии на Запад. Митрополит на Навпактос Јеротеј ПРЕВЗЕМЕНО ОД ПРЕМИН ПРОТАЛ: http://preminportal.com.mk/content/view/1638/65/