Ислам vs Христијанство Дозволено е секогаш...освен во деновите на менс..... преубаво е во џамија....исто така знам дека муслимани идат во црква и христијани во џамија,тоа не е ништо лошо, секако е господова куќа.....
Ислам vs Христијанство Сигурно мислел на молитвите кои треба да се знаат за да може личноста да ги обавува 5 дневни молитви Односно тој морал да ги научи потребните молитви за да може да се моли, но не мора да значи дека секој кој што сака да посети џамија мора да ги знае истите, особено ако станува збор за некој што не е муслиман За тие што сакаат да знаат како отприлика изгледа една џамијата внатре Спојлер
Ислам vs Христијанство Јас сум христијанка,веке подолг период сум во врска со муслиманец, кој веке е и мој вереник.Немам ништо против пријателствата, и љубовта помегу сопатници од две различни религии. Ако постои љубов и разбирање, за се останато постои решение. Навистина читам овде доста различни мислења, и можам само да кажам дека сите сме створени во еден ист свет, веруваме во еден бог, кој ние го нарекуваме ГОСПОД, а некои го нарекуваат АЛАХ. Само со верба сам во себе и во својот сопатник можеш да излезеш на прав пат. Црква, џамија тоа се за нас свети места кои по наша волја ние ги посетуваме и се молиме. Разберете, не поставувајте прашања на кои одговори тешко се наоѓаат, ако сакате да знаете како изгледа џамија, повелете , одете, нема лошо во тоа, а со тоа ке си добиете сами одговори на вашите љубопитни прашања. Поздрав до сите читатели на овој сајт.
Ислам vs Христијанство Немам ништо против туѓи религии, секој има право на избор. Доколку тие ја почитуваат мојата црква, ќе ја почитувам и јас нивната џамија. Пред Бога сите сме исти, па е сосем неважно. Не ја сфаќам простата маса со навреди испишани по ѕидови за Исламот. Исламот е религија исто како и нашата. Ако нашкрташ пет-шест навредливи збора, тој нема да изумре. Ако еден муслиман е лош, не значи дека цела нација е. Сите сме еднакви. Сите сме луѓе. Значи немам ништо против останатите религии, без разлика ислам, католици.. Јас сум Христијанка и си ја ставам мојата вера пред се`. Но мора да се респектираат и останатите. За мене тоа е клуч на човештвото.
Ислам vs Христијанство zdravo na site,sakam da kazam sekoj covek si nosi svoje greske pod islam sekoja muslimanka mora da nosi fereca i da ide vo dzamija da klanja 5 vakti namaz za naredniot svet da ima svetlina.. jas sum vo vera muslimanka po nacija sum romka. ama ja verujem i vo biblija i vo kuran bidejki se isti bozji knigi ja ne kritikujem nikogo zatoa sto sekoj si ima svoje veruvajne ako nemas veruvajne cabe ti sve [mod-kirilica:3mllyikn][/mod-kirilica:3mllyikn]
Ислам vs Христијанство Ги почитувам сите луѓе(се разбира ако се заслужни за мојата почит)безразлика дали се припадници на една,друга или трета религија.Секој поединец има право да верува во она што сака.Свесна сум дека има беспотребни дискриминации по вери,демек овој човек не е како нас..и сега ќе го малтретираме. Сепак милслам дека постојат по некои разлики во двете религии Христијанство и Ислам.Јас сум христијанка и одржувам контакни со луѓе што се припадници на Исламот.Многу ме интересира како еден муслиман ја доживува и доловува неговата религија,какви ставови и размисливања има.Ме интересира како џамијата изгледа(од чиста љубопитност)
Ислам vs Христијанство јас лично немам ништо против мусламани..уствари не правам никаква разлика мегу христијани и муслимани за мене се сите исти како луѓе..инаку јас како личност мн би сакала да посетам некоја џамија..да ја посетамммм турција ми е животна желба,едноставно ме привлекуваат од секогаш работите кај муслиманите..и секогаш сум се заљубѕвала во муслимани а сум ХРИСТИЈАНКА ...ама за мене се сите исти и според мене господ е еден..само кај христијаните е исус а кај муслиманите алах..истражете назад низ историјата како настанале работите па ке видите дека е така (нејкам да навредам никој) инаку имам повеке другари муслимани отколку христијани и прекрасно се согласувам,прекрасни личности се...така да за мене сите се исти
Ислам vs Христијанство Супер. И онака сум зиморлива. Дај немојте вакви небулози бе луѓе. Ако човек е атеист, логично е за него да не верува дека ќе гори во пекол, како што не верува ни во Бог. Ако не веруваш во нештото, не веруваш до крај. И која контрадикторност: Значи секој мора да ја прифати мојата религија, а оние што не се моја религија и не веруваат во Исус, ќе горат во пекол... Има овде побожни форумџики, ама си почитуваат различни мислења. А споредбава...vs...зашто vs? Ако е веќе за разлики нека биде „Разлики помеѓу Христијанството и Исламот“, вака асоцира на борба, а не се религиите оние кои се борат меѓусебно, туку народот кој слепо ги следи. Вака самиот наслов асоцира на провокација, ко членовите да треба да се докажат чија религија е подобра. Совет само онака...
Ислам vs Христијанство еве ако те интересира види ова е мегу пократките http://www.youtube.com/watch?v=HGQDkCi-OIY
Ислам vs Христијанство Спојлер Не верувај во се' што ќе видиш на интернет. Мене типкана на видеоно ми делува крипи со тој погледот. Па уште и описот како дури видела и убавина во камењата... Се застрелала во гради, отишла до пеколот, ја земале во рајот и ја спуштиле на кровот на куќата за да си отиде дома да си влезе во телото и така застрелана у груда, со којзнае колку изгубена крв, се разбудила ни самата по не знае колку време и успеала да бара помош. Леџит, леџит... И никој не се мајтапи. Умреш, те закопаат/кремираат. Ти дојдат на погреб луѓе поради јадењето и крај, финито. После или ќе те каснат црвчиња или ќе те чуваат дома во тегла. Рајот и пеколот ни се овде и сега.
Ислам vs Христијанство Твое си е дали ке веруваш или не. Еве верувај само на Библијата и доста ти е. Инаку не е само овој пример, разни луге зборат за иста работа , ама и чудо да видиш тешко дека ке поверуваш , само Бог може да ти го омекне срцето! Еве пример за муслиман кој поверувал во Исус! http://www.youtube.com/watch?v=0TC-TLFY ... re=related
Ислам vs Христијанство Ајде и heartless bastard сум сега Логичното гледање на некои работи ниту ми го прави срцето камено, ниту од сунѓер. А знаеш дека е нелогично да бидеш верник и Богохулник во исто време? Со самото тоа што Исус го сметаш за единствен спасител, и што еве, со видеово за Муслиманот што станал Христијанин сакаш да докажеш дека само Исус и никој друг е спасителот, автоматски те сместува во групата неверници/непочитувачи на друга религија. А Алигиери Богохулниците ги видел во седмиот круг на пеколот и истите биле стегнати околу вратот, со очите испулени нанапред. И јас сум израсната во Христијанска фамилија де, ама моите не ме праќаат во пекол секојпат кога ќе кажам нешто „против“... И биди си ти верник, ама на 33 години слепо да се раководиш според само едно нешто - не. Секое проширување на хоризонтот е добредојдено, колку и да не одговара на нашето размислување.
Ислам vs Христијанство Не ми е јасно...зашто луѓето се замараат со работи во кои не веруваат... Уште помалку јасни ми се “убедувачите“... твоето не чини, ако не го одбереш моето, ќе се зезнеш. Како може некој во некого/нешто да не верува, а толкави дебати да развива за истото... Се` додека не се навреди изборот на другиот, или пак упорно се тера сосила некој да го одбере неговото, секој има право да зборува за своите гледишта без да биде нападнат. Извинете, ама бесмислено ми е Муслиман да зборува дека Христијанството не чини, или Христијани да го карактеризираат Мухамед дека бил ваков и таков, или пак атеисти да не го вадат Господ од уста...Ако тебе не ти чини таков живот, има други на кои им чини...помири се со тоа. Едноставно, живејте по сопствен избор и оставете на другите луѓе да го прават истото. Атеистите никогаш нема да можат да ги разберат верниците и обратно затоа што, едноставно таков начин на живот избрале и едноставно не сакаат да ги разберат. Верниците од различна вероисповед пак, никогаш нема во целост да го разберат гледиштето на другиот, но сепак може повеќе да се разберат затоа што имаат нешто заедничко: и едниот и другиот веруваат во нешто натприродно. Расправииве се излишни. Едноставно, треба сите да се прифатиме и да се почитуваме онакви какви што сме. А тоа би требало сите да знаеме да го правиме, без разлика дали веруваме во натприродното или не. Тука не игра улога само религиската разлика, туку и културната во целина. Како на пример, што никогаш нема во целост да сфатам зашто Бугарите климаат со глава за „не“, кога ние тоа го правиме за „да“. Ќе ми се објасни, ќе разберам донекаде, ќе го почитувам, но нема да го практикувам за да не бидам погрешно разбрана во својата средина и кругот на луѓе кои го споделуваат моето сфаќање на работите, а од друга страна пак, нема него да го исмејувам кога клима со глава за “не“ затоа што нему му е правилен тој гест, ако за мене не е. Не е дека тој не го знае гестот за “да“. Го знае, но кај него е поинаков. Aрно рекоа погоре...угледајте се на Серафима...колку мене лично ме има научено, па сепак, иако моето познавање на религијата не се споредува со нејзиното, не ми судела, туку ако сум и` побарала ука, ме поучувала. И во христијанството важи истото за “оној дел од месецот“ . Тогаш жената е нечиста и не треба да се допира до ништо свето ниту да оди во црква. Јас тие денови ниту Библијата ја допирам, ниту ништо што имам дома а е осветено.
Ислам vs Христијанство Ама чекај, не дека муслиманите не веруваат во Исус, туку не веруваат дека Исус е син божји, туку дека е еден од пророците. Просто-едноставно. По не знам кој пат. Видеото не планирам да го гледам.
Ислам vs Христијанство Aerodrom стварно незнам по која логика Атеистите би ишле у пеколот ... По логиката на Данте ?? Па добро нели сте верници и би требало да ги прифатите и сакате сите. како така сите што не веруваат у Бог ке ги ставате у пекол ... Значи еве ви контрадикторност. Нели треба љубов да има, да не се гледаат разлики и слични ствари. Еве ти ко верник што правиш... И една работа ке ти кажам, ко шо кажа calliope секој ке си верува у тоа што сака. Стварно се глупи и ниски овие ствари дека ке идат у пекол сите шо не веруваат у тоа шо верувате. А најголема глупост од Верник имам слушнато дека сите шо живеат у Третиот свет, т.е. у Африка, им е тоа така затоа што не верувале у Бог. епа И темава искрено боде очи. Ама пак и пак ке кажам секој ке верува у тоа што сака, и никој ама никој нема право некому да му наложува ниту пак да го осудува а најмалку да го праќа по некакви си пеколи и што ти ја знам .... А и ова од интернет исрцпени работи, ама ич не постирај да не се бламираш само. Зашто сите можеме да направиме и измислиме слични работи, само колку ете да се покажеме некаде низ светов...
Ислам vs Христијанство А кај ќе одат ако не во пеколот? Мислам еве хипотетички, ако постои Бог, рај и пекол, а ти си атеист, кај мислиш дека ќе завршиш?
Ислам vs Христијанство Во лимбо. Заедно со многу кул батиња ко Аристотел, Александар Велики, сите неродени бебиња и куп други познати историски личности. Теее, ама сте и вие црно и бело.
Ислам vs Христијанство Па не сум јас црно/бело само кажувам како е во библијата...Ако си верник ке си веруваш во тоа, а ако си атеист нема што да се замараш...Мислам ти можеш да веруваш и дека ќе се реинкарнираш, ама тоа нема врска со христијанството