Ислам vs Христијанство Јас сум православна христијанка и сум горда на мојата религија а со самото тоа ги почитувам и другите религии од проста причина што мојата религија повикува на почитување на туѓото а САКАЊЕ на своето. Мразењето на различниот од тебе те оддалечува од твојата религија и верба во Бога-ниеден Бог не повикува на омраза,одмазда,крвопролевање и сл. Е сега,кој колку почитува и се придржува до божјите правила е друга работа,кој колку верува,се моли,чини добри дела.. Не сум делела ниту ќе делам луѓе по вера-сите сме луѓе,па кој се однесува со мене како кон човек,така се однесувам и јас кон него.А за однесувањето на луѓето од било која вера нема да коментирам-не е мое право.
Ислам vs Христијанство Темата е разликите меѓу двете вери...Христијанка сум,и го љубам мојот Бог повеќе од самата себе... Но мислам дека кај нас ,потенцирам христијаните ,има премногу атеисти затоа што тоа е модерно,премногу наречигиверници кои за ситно би го продале своето,премногу неинформирани на кои им е страна својата вера а не пак туѓата,и пак кои дробат за истата мислејќи дека се знаат,премногу празноглавци кои не ги интересира ништо во животот,единствено ако не ги загрози лично...и некако се ми се чини дека повеќе го почитуваме туѓото а се срамиме од своето,и секогаш за други сме добри а самите за себе најлоши...искрено би сакала кај нас да има барем половина од верниците што ги имаат тие,камо среќа верата барем да ни е на пола важна како на нив,како среќа да не станевме со време толку оттуѓени, туку сплотени како нив.Тоа е разликата.Тие меѓу себе не си забиваат нож во грб.Се поддржуваат за една објавена слика на нивниот Алах,цел муслимански свет се дигна против новоснимениот филм.Секако патот кој го бираат тие ,не го оправдувам.Ниедна вера не оправдува убиства и насилства.А ние...сликата на нашиот Исус ја ставаме како мотив на една геј-парада...дали тие би си го направиле тоа самите на себе?НЕ!!!!
Ислам vs Христијанство Јас сум православна христијанка и сум горда на мојата религија а со самото тоа ги почитувам и другите религии од проста причина што мојата религија повикува на почитување на туѓото а САКАЊЕ на своето.
Ислам vs Христијанство Не знам во која тема да напишам па еве овде одбрав. Секоја религија учи убаво, за добро однесување, за етички меѓучовечки односи и секоја религија е достојна за почит. Дали ја оправдувам светата војна? Не можам да оговорам, се уште сум мала за да сватам некои работи.
Ислам vs Христијанство Муслиманка сум но ги почитувам сите религии господ е еден дали е библиа или куран и едното и другото не учи за добри работи што треба да правиме а што не треба.
Ислам vs Христијанство лиѓето не се далат на христијани и муслимани туку на добри и лоши .барем јас. а во куран никаде не пишува дека жените треба да носат фереџе .имам две другарки муслиманки и двете го кажуваат истото.мое мислење е секој да си ја почитува својата религија ама кога ќе видам пингвини по пат(извинете на изразов)ми се крева нерв затоа што така треба да си шетаат од таму каде доаѓаат а не во др држава со ова сакам да кажам дека треба да се прилагодат на тоа како се носат сите .нека си носат они шамија али оние дебели долги мантили што се влечат позади нив и зиме и лете не им требаат најозбилно.тоа е мое мислење несакам никого да навредам само си го кажувам мислењето и не заборавајте и јас имам 2мн добри другарки муслиманки!!
Ислам vs Христијанство mislam deka mnogu pogresno se izrazi nikoj nema pravo da kazuva zanekoj drug kako i sto da nosi sekoj si znae za sebe nikoj nisto ne im veli na tie sto goli setaat pa ne bi treablo ni na tie sto odlucile taka da odat so ferege sekoj za sebe si znae najdobro. Zarem ti mislis deka od mestoto kaj sto doagaat tie nema i hristijani i dr.. pa tie gi trpat ne velat niss za toa sto se goli ne znaci deka ako si vo arabija treba i ti da si kako niv sto ako ziveeme vo makedonija i sega treba da sme site isti? Sekoj si ima pravo da bidi toa sto saka i da pravi toa sto saka. [mod-kirilica:3kxroix6][/mod-kirilica:3kxroix6]
Ислам vs Христијанство Христијанка сум, сум имала конаткти со Турци, Босанци, Албанци. Не ми се допаѓа ТОА ШТО МУСЛИМАНИТЕ МЕЃУ СЕБЕ СЕ МОГУ РАЗЛИЧНИ, ЕВЕ ТУРЦИТЕ ПИЈАТ АЛКОХОЛ, АЛБАНЦИТЕ ВИКААТ ДЕКА НЕ ТРЕБА, А ВО СЕНДВИАРИ НАРАЦУВААТ СВИНСКО, РОМИТЕ МУСЛИМАНИ ОД АЛБАНЦИТЕ КА НАС НЕ СМЕЈАТ ДА ОДАТ ВО ЏАМИЈА БИДЕЈЌИОВИЕ СИ ЈА САКААТ САМО ЗА НИВ, НЕ САКААТ РОМИ, НЕ ПРИМААТ. ТУРЦИТЕ И БОСАНЦИТЕ ОК МИ СЕ, АМА АЛБАНЦИТЕ ЈАС НЕ ГИ СФАЌАМ, КАКВИ ВЕРНИЦИ СЕ КОГА ТИЕ НЕ НАВРЕДУВААТ ДЕКА СМЕ НЕВЕРНИЦИ, ИМААТ НАМЕРА ДА ДОМИНИРААТ, ПЛАТА ЦРКВИ, ДЕМОЛИРААТ, КАКВА Е ТАА НИВНА РЕЛИГИОЗНОСТ И КОЈА Е ПОЕНТАТА ОД 5 ПАТИ МОЛЕЊЕ НА ДЕН. ТОЈ ШВЕРЦА ДРОГА И С МОЛИ 5 ПАТИ НА ДЕН, И ДОМА ЖЕНА МУ КАКО ЖИВОТНО ЈА ТРЕТИРА И ВЕРНИК БИЛ. ХИСТИЈАНИТЕ И КАТОЛИЦИТЕ СЕ МНОГУ МИРОЉУБИВИ, ДУРИ КАТОЛИЦИТЕ ГИ ПОЧИТУВАМ ЕПТЕН. ИМААТ КУЛТУРА, ЗРАЧАТ , ДОБРИНА, СЕ...ДА ТИ Е МИЛО ДА СЕДНЕШ ДА ЗБОРУВАШ СО НИВ.
Ислам vs Христијанство Здраво. Имам едно прашање навистина ме интересира можеби е глупо но сакам да знам. Еве: тие што имаат тука пишано дека се муслиманки, дали се албанки или македонки??? Никогаш не сум сретнала чист македонец а да е муслиман .. има ли такви? Еден човек ми има кажано дека ако е муслиман неможе да биде македонец пошо кај македонците владее христијанството. Па сега откако читав се збунив. Иначе јас сум христијанка и ги почитувам муслиманите имам многу пријатели од Косово, Турција итн. Иако понекогаш се чувствувам понижена од нивна страна.
Ислам vs Христијанство Xристијанка сум и тоа длабоко верувам во христијанстото...нашата вера е чиста и води кон правилни вредности,секако ако се придружуваш до нив,исус умре за нас и ние сите треба да го почитуваме тоа и да го величиме и да живееме живот според 10-те заповеди,за подобар живот.
Ислам vs Христијанство Е сега дали тој пред мене имало турци или албанци ги имало и двете јас не знам ни турски ни албански си учам македонски си ја сакам мојата држава и горда што сум од тука...кога се запишувам пишам муслиманка македонка...е сега за тоа кај кого како, а што дали сум чисто македонка или албанка или турчинка...јас си одлучив дека сум македонка и муслиманка е сега дали некој ќе свати така или ќе каже не е или било што тоа е за него...за мене вака Да се надоврзам за тоа дека муслиманите ги тепале жените или албанците или било кој сакам само да кажам дека тоа не е до верата дека тоа според мене е до личноста....
Ислам vs Христијанство Македонците како и сите други народи во Европа се поисоветуваат со Христијанството бидејќи тоа било првата религија која била општо народно прифатена, по доаѓањето на Турците дошло до прифаќање на муслиманската религија од страна на одредени граѓани.. така да сепак и Македонците муслимани се Македонци и ја така ги прифаќам...
Ислам vs Христијанство Mногу битна ствар е што луѓето кога ќе им се спомни друга религија од рисјанството,одма те поврзуваат со албанец,турчин,ром итн. Исто како што на секое споимнување албанец, им асоцира на муслиман.Најбитно е човек да ги разврсти овие две работи: РЕЛИГИЈА И НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ. Ако некој е муслиман, може да е БИЛО КОЈА НАЦИОНАЛНОСТ. Ако некој е македонец,може да биде БИЛО КОЈА ВЕРА. Во антички времиња,македонците верувале во повеќе богови, големата мајка (Македонија),Македон итн. Подоцна добиваат инстант христијанство и одтогаш го поврзуваат христијанството со македонците,што буквално нема никаква врска муабетот. Тоа што членот macedonia.timeless не знае да разликува национална припадност до религиозна припадност, е негов/а проблем. Ако според муабетот ако македонец бил муслиман, имал “немакедонска крв“ тогаш доста македонци меѓу нас со православна/католичка и било каква хриситјанска вероисповед имаат мешана крв. Па колку само низ мк шетаат луѓе со турска,арапска,ромска,германска,алжирска крв тоа чудо е. Една нација ја прави Традицијата,Јазикот и културата. А не религијата или генетиката, таа низ цел свет е измешана.
Ислам vs Христијанство Јас ги прифаќам Македонците муслимани, и ми пречи што некои ги нарекуваат “торбеши“. Некои дури ги постоветуваат со Албанци, не се Македонци се и ок се луѓето.
Ислам vs Христијанство Извини алтар. Јас реков дека никогаш немам сретнато таков и сакав да,знам дали има такви. а не дека не знам да разликувам религии јас да ти кажам живеам во околина со луге од различни држави и различни религии а сите македонци тука се православни и затоа. И не дека имам нешто против муслиманите или слично. повекето од моите пријатели се муслимани и ги почитувам. Јас никогаш им немам кажано нешто во врска со тоа секогаш тие започнуваат со нешто демек христијаните ги мразеле но јас игнорирам за да не дојде до кавги.
Ислам vs Христијанство Јас сум православна христијанка и многу сум горда на тоа.Ги почитувам и другите вери но имам една забелешка кај Исламот...Зошто женските им се потчинати на машките???Така пишувало и во куранот ''Машкиот глас е посилен од женскиот!'' Се извинувам ако не е точно но сепак тоа јасно се гледа...особено во земјите на исток.
Ислам vs Христијанство Рака на срце, истото го има и во православието и католицизмот - благодарејќи на божемниот „апостол„ Павле кој во своите посланици го извитопери Христовото учење за рамноправност. Последиците од тоа жената ги чувствуваше со векови а ги чувствува делумно и денес. Патем го поздравувам мислењето на tessie и апелирам до модераторите да го променат насловот од „Ислам vs. христијанство„ во „Ислам и Христијанство„
Во средно по историја имавме домашна задача,прокет ватевер, во венов дијаграм правевеме разлика Ислам и Христијанство. Од тоа научив некои работи за Исламот кои никогаш не сум ги знаела. Суштината е таа, двете религии имаат пишани свети книги(Куран и Библија) свети места(Аџилак и Мека), свети храмови (Црква и Џамија),свето лице во кој веруваат(Алах и Бог), свој пророк или како уште да го наречам кај нас е светиот син (Мухамед и Исус Христос) имаат свети празници кои ги почитуваат и едните и другите. Двете религии се базираат на слични вредности, но имат разлини обичаи и практики. Мислам дека според мое видување, муслимаството позатворена и построга релгија со посторги правила на однесување и повеќе ограничувања за разлика од христијанство. Прво и основно, жената е во понеповолна положба него мажот, самата утврдив со свои очи. Во џамија мажот може да влага со кратки ракави жената никако, мора да биде покриена, освен главата и рацете и нозете од глуџд до грклан. Мене тие факти ме иритираат и страшно ме лутата посебно во 21 век. Повеќете од религиозните муслиманки мора да носат фередже, немаат право на избор(не сите некои имаат, помодерните, но ппстарите ретко кој не ностат, барем марама на глава) Потоа забрана за јадење свинско и пиење алхохол,не сваќам зашто и не почитува ограничивања од таков тип,зашто се безпотребни и несуштински. Имаа муслиманство имногу позитивни карактерисики, почитување и вреднување на постарите луѓе и грижа за нив,посебно што е изразена,кај нас е таа помалку застапена, давања помош на сиромашни за бајрам мислам беше итн... Ги почитувам и двете, но не сум ништо посебно ни запознаена ни воодушевна од ниедна од нив. Имам малку поинакв гледиште за овие работи,поише се потпирам на еволуција и доведување на голема самосвет на човекот, отколку страв од божја казна. Мислам дека за тоа нема потреба од религиски норми, туку дека самоит човек треба да биде самосвесен што прави и зашто. Далеку сме од тоа, далеку, но мислам дека можеби еден ден човештвото ќе го досигне тој степен на свест