Нема врска ова со тоа која света книга кога излегла,да не почнам сеа да давам примери бидејќи ги има мнооогу и доста ги разликува.Логично дека никоја света книга нема негативно подучување али секоја има разлика од другата..Значи TheKiketoo грешка си имаш..sorry срцка
не не велам дека нема разлики ама се сепак слични има многу работи кои се совпаѓаат, дел од личностите(со различни имиња секако) и суштината му е иста то сакав да кажам
Јас сум православна христијанка.Многу ги почитувам сите вери,затоа што секој има право да верува во што сака.Израстена сум со муслимани и сега имам другари муслимани и досега сме немале некоја негативна расправија во врска со нашите вери.Ми се допаѓа тоа што и Куранот и Библијата не учат на добро,не учат на чесност.Е сега тоа што во денешно време се ретки тие што толку се придржуваат кон правилата кои ги има одредена вера,тоа е друго.Сакам да ги прашам муслиманките ова-дали вие палите свеќи и зошто жените не одат на погреби(вака имам слушнато,нз дали е вистина)?Извинете ако ве навредив со моите прашања.
Не палиме свеќи и забрането е машкиот и женскиот пол да се мешаат во едно место за било која причина било свадба или погреб..позз
Е ме збуни сеа... Во комшии кај мене правеа свадба и после мајка ми и татко ми беа во ресторанот. И мажите и жените - СИТЕ биле на едно место. Ова значи дека некои отстапуваат од тие правила?
Да,баш овие последните 10 години луѓето почнаа се почесто да го практикуваат овој нов "адет",зборувам за кај нас албанците..И јас сум била поканета на многу свадби,забави,родендени кај другари-ки македонци,ги почитувам бескрајно сите вери али мојата наравно дека најмногу..
има разлика во начинот на мислење и гледање на работите во двете вери. пред некој ден водев токму ваков разговор и ме интересираа многу прашања и добив многу одговори. муслиманите можат да имаат повеќе жени- мислад до 6 кажаа христијаните - само една муслиманите несмеат да пијат па не идат на блага ракија туку на мекици (и на новороденче идат на мекици ) христијаните- на блага ракија се пие муслимните- кога зимаат жена морало да се гхледа фамилијата демек од кој потекнува каква е фамилијата и да се праша дома дали може да се земе со таа христијаните -дај што даш и да не се сакаат дома важна ни е љубовта муслиманите- да идат посебно на свадба (веќе помладите не ) христијаните -не се делат од жените и т.н. има уште али втор дел понатака
^^^ добро ај не сум личност која се расправа баш нема ништо смешно ниту пак нешто е во лош контекс кажано бар според мене, јас во секој пост ставам смајли ако ме читаш, а само да за благата ракија ме потсети колку сум идела и пиела и така во себе си се насмеав. извини и ти или било кој ако навредив со нешто.
Во Босна има три етникуми Хрвати(католици) коишто се 15%,Срби(православни) коишто се 38% и Срби(муслимани) 40%.Не постојат Босанци како националност туку како геогравска одредница е повеќе.
islam-hristijanstvo jas sum albanec i imam islamska vera ucam so makedonci takov pravec sum so neam skolo na albanski jazik taka da sme razgovarale nekolku pati za ova tema islamot i hristianstvoto nemat koj znae so razlika vo dvete gllavni knigi bi rekol ne pisuva da se krade,da se pie da se pretera(vo islamsakta znam deka ne treba da se pie kaj vas toa ne znam kako e ) treba da bideme dobar i za losiot 4ovek itn itn.megutoa sekoj si ja povituva svojata vera i nikoj ne bi trebalo da se pravi glluposti so vera sepak toa e toa kade sto veruvame(sepak nema zajbanci so toa ali sekoj si gleda svoj pat i ne treba da se mesa u vera) megutoa ne znaci deka ako imas druga vera ne treba na drugar ili bilo sto da i 4estitas praznik od negovata vera so toj sllavi a ne da go navredis sepak luge sme ne sme zivotni da ne razbirame a fintava (albanci-makedonci) toa e najtragicno nesto kaj nas u mk posebno i i dvete se luge ne samo od albancite so ima luge so stv preterat so glluposti nego i od makedoncite ima takvi zaedno ziveeme zasto da ne se druzime da ima drugarstvo megu site nas toa e najubava rabota a ne luge so luge da se jadat(tepanje,glluposti drugi)so ubavi raboti se odi napred sepak ova ne bese za ova teme nego samo sakav da kazam losa strana kaj nas
Сите светски религии прокламираат единство, љубов, почитување, слога, чесност.. Па така и овие две. И треба да се водиме по овие правила..
Ислам vs Христијанство верници во права смисла на зборот се луге кои ја почитуваат својата и секако разлицните од нив, т.е сите оние кои веруваат во Бог без разлика како го нарекуваат Господ, Алах итн. јас сум православна христијанка и јас се гордеам со тоа, а христијанството се темели врз љубов кон човековиот род така да ние не би требало да имаме против другите религии јас лично немам, и драго ми е кога ке прочитам тука дека и други го делат истото мислејне со мене големо поздравче до сите
и јас исто така сум пораснета во таква средина и повекето се муслимани, не палат свеки забрането им е, и на погреби не се мешаат ама на свадби одат заедно само не се факат во оро до некој друг маз освен до својот или евентуално до братот. кај нас сега веке иманекои нови правила исламот зеде еден друг правец само некои од нив знаат сто тоцно прават а повекето сум сигурна оти незнаат. мазите пуштаат бради и носат фустани а зените носат фереџе и сто е многу лошо имаат многу предрасуди кон христијаните јас многу сум блиска со нив бидејки заедно зивееме тие ми се комсии познаници пријатели и слично ама сепак си придаваат значејне дека Господ е само нивни и само за нив се мисли он а Христијаните оти ке одат во пеколот многу ми е зал сто почнаа да се големи фанатици и ептен да се уназадуваат
Ислам vs Христијанство Јас лично сум муслиманка, си ја почитувам мојата вера, но тоа не значи дека мора да ги мразам христијаните. Јас сум се дружела со христијани, сум идела дома кај нив и ред други аботи, секој си има право на свое мислење и своја вера, тоа што јас сум муслиманка а мојата другарка е од спротивна вера мене воопшто не ми смета, дури ни моите родители не ми го забраниле тоа. А за тоа што го кажа `` PandinusImperator`` за тие што на нивните жени ставаат фереџе и мажите носат фустани, тие веке спаѓаат во СЕКТИ, и даваат секакви предрасуди за христијаните. Исламски е жената да носи шамија, и долга облека но не е исламски жената да носи фереџе, како прво за муслиманите е забранета црната боја, а нивните жени носат црно фереџе...