Да, покарактеристично и почеста појава е кај возрасните, но не секогаш. Јас пак знам дека во исламот не е некој голем грев ако не носиш шамија...познавам многу муслиманки кои се религиозни и не се покриени (тие и ми го кажувале ова). Притисок може да вршат родителите/роднините и сл. инаку да е ептен строго правило во исламот, не е (или пак мене погрешно ме информирале). Имам една другарка чија мајка (муслиманка од раѓање) не носи шамија, а таа пак носи. Никој ја нема присилено, таа си почувствувала дека така сака (навистина никој ни тетки ни братучетки од нејзина фамилија не носат, дали има 1-2 роднини кои се покриени). Што се однесува до тоа како се облекуваат во џамија, мислам дека и кај нас во христијанството си има правила како треба да се оди во црква, но ретко кој ги почитува (долго здолниште, покриени облини и марама, ако не се лажам). Во некои аспекти, можеби исламот е построг од христијанството, не знам, го немам сосем проучено сето тоа што го налага исламот за да зборувам за тоа, но тоа што можам да го кажам е дека и христијанството си има свои закони и строги начела, кои за жал, со генерации ретко кој ги почитува затоа што како општество многу малку знаеме за нашата вера, за тоа што смееме и не смееме, затоа што сме израснати во средина каде што се'уште световното воспитување има поголема доминантност пред духовното (христијанството еве во овој случај). Еве за пример да го земеме начинот на кој функционирало општеството во поранешна СФРЈ. Со сета почит кон сите негови предности и разбирање кон сите негови маани, но тоа општество и те како го ставало световното на преден план пред духовното. Тањаммм, се согласувам дека има и луѓе кои си изведуваат религиозни ритуали, а прават шверц, криминал, насилни се и сл. Но, таквите ги има во сите религии. Тоа што го опиша ти се вика лицемерие и го има во секое село, да не збориме за цела држава или цела религиозна група. Ако малку подобро ги проучиш обичаите во католицизмот што го спомна како пример, ќе видиш дека и таму жената нема некои ексклузивни права, дури мислам дека во исламот е за нијанса и поценета.
Јас кога одам во црква обавезно сум со марама на глава, бидејки сум попска правнука, и баба ми покојна секогаш не учела дека во црква се оди покриена, со долги сукјни или панталони, без нападна шминка, со марама или шамија на глава. Во исламот, еве конкретно во Истанбул кога бев, пред самата џамија си продаваа марами исто како кај нас свеќи што продаваат и жените кога влегуваат ги ставаат на глава, а кога излегува одма ја вади. Што се однесува до католицизмот, е многу поригорозен од исламот, само не е толку тоа јавно покажано. Пре би се омажила за муслиман, отколку за закоравен католик.
Oтсекогаш ме интересирало, ама не ми текнало да прашам. Муслиманите знаеме дека имаат два големи празници: Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам. Дали постојат и други празници во чест на некој настан или некое чудо поврзано со пророците или нешто слично или се само тие два? И ова. Зошто се слават Курбан Бајрам и Рамазан Бајрам? Мислам, со други зборови со кои настани се поврзани? Се надевам ме разбирате што сакам да кажам.
Хипстер, фактите кои те иритираат се заради недоволното разбирање на одредени вредности од источните култури.Морам да напоменам дека во постари времиња секаде, а особено на истокот како дел од традицијата,опшествениот кодекс за облекување на жената, е да носи превез преку главата,кој се разликува од култура до култура,но воглавно истата функција ја врши. Почнувајќи од блискиот исток, преку инидија, па се до далечниот исток, кина,јапонија итн. секаде кодексот на жената е да биде средена и прибрана. Би можел до утре вечер да опишувам и споредувам со слики, но ќе ставам само неколку, за илустрација. Свинското месо само по себе си е приказна.Содржи преголем процент на маснотија, а хранливост нема скоро никаква. Масивно е, а после приготвувањето губи од мрснотијата и добива сосем недоличен вкус. Лошо влијае на крвните садови заради процентот на маснотија и го користеле претежно војската или народите кои живеат на поладни места. За Исламот типично е дека е создаден на Арапските простори, каде зимата е со 20 + степени. Замислете што би се случило кога некој би јадел свинско месо на таа температура, и притоа би се напил и чаша вино? Сунетот го вклучувам исто, како заштита од бактериски инфекции и одржување полесна хигиена. За се има одговор,ако човек проучи. Давањето зекат (така се нарекува милостината) е она што е пропишано според исламот и треба да е одлика на секој Муслиман. Сепак, многу битна работа е она што се нарекува дали е халал или не е. Што ако поклониш некому некоја работа кога од дното на душата не ти е мило тоа што го правиш, а го правиш присилно? Тоа е поклон без халал и истиот не добива никаква вредност кај личноста на која го поклонуваш. Суеверните често пати ќе кажат “ми се скина блузата што ми ја поклони, не била со халал“. Многу добро кажано.
Митрополит на Навпактос Јеротеј: ВРСКИ НА ИСЛАМОТ СО ПРАВОСЛАВИЕТО И СО ЗАПАДНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Исламот се прошири од Исток кон Запад и познато е дека западното општество денес е преплавено од Муслимани. Го велам ова затоа што многумина од нас ја немаат осознаено суштината на проблемот и затоа во нашата мисла го имаме поврзано Муслиманството со Истокот. Многу европски земји имаат огромни проблеми од влегувањето на Муслиманите. Секако, не се сите Муслимани агресивни, бидејќи постојат многу личности на Исламот и поради тоа постојат тивки и мирни Муслимани, како што постојат и агресивни Муслимани. Би сакал да видиме неколку факти за процентите и за бројките на Муслиманите кои живеат во Америка, токму затоа што таму се создаде проблемот. “Согласно со Американскиот Муслимански Совет, чие седиште е во Вашингтон, денес во САД функционираат над 1500 џамии од кои 100 и повеќе во Калифорнија каде живеат околу два милиони муслимани, и свое седиште имаат повеќе од 200 студентски сојузи. Според Муслиманскиот Совет, во целата земја постојат над 165 исламски училишта, 500 исламски организации и 100 исламски весници. Според квантитетот, муслиманите сочинуваат 3,4% од вкупното население на Калифорнија, 4,7% од Њујорк, 3,6% од илиноис, 2,5% од индијана, 1,8% од Мичиген, 2,4% од Вирџинија, 0,7% од Тексас, 1,2% од Охајо и 1,4& од Мериленд. Американските Муслимани тврдат дека ја откриле Америка 300 години пред да ја открие Христифор Колумбо! Се повикуваат на кинески ракопис од 1178 година кој тврди дека првите муслимани стигнале таа година во МУ – ЦАН – ПИ (Америка). Во 1981 година беше основана првата исламска библиотека во Плаин – Фиело – Индијана. Во 1982 година беше основана исламската заедница на Северна Америка. Во 1991 година имамот Сирај Њаххаз упати молтва во американското Собрание на Гувернерите! Тоа беше првиот муслиман на кој му било дозволено да го стори тоа. Над 5000 муслимани војници служат во американската војска, но до овој момент немаат ниту една џамија согласно со Стејт Департментот. Во 1991 година градот Кунџе во Тексас го избра првиот муслиман градоначалник Чарлс Билал. Во 1992 година имамот Њаритх Деен Мохаммед упати молитва во американскиот Сенат, за првпат во историјата. Вкупниот број на муслиманите во САД денес е околу 8 милиони”1. Денес Америкнаците го сфаќаат проблемот што постои, додека до скоро ги поддржуваа Муслиманите против Православието, како што тоа јасно го гледавме во нашава област, односно ги поддржуваа Муслиманите на Балканот и Турците. Покрај тоа што Западните Христијани (Паписти и Протестанти) Го прифаќаат Христа како началник на нивната религија, а Муслиманите го прифаќаат Мухамед како нивни водач и тоа е основната разлика, сепак постојат многу елементи кои покажуваат дека Западните Христијани од страна на теологијата и на начинот на живот повеќе се сродни со Муслиманите отколку со Православните. Ќе го сконцентрирам вниманието на пет конкретни точки во кои се гледа сродноста на Муслиманството со западното Христијанство и отклонувањето на двете од Православното Предание. Првата точка е безличниот и личниот Бог. Во учењето на Исламот станува збор за еден Бог кој нема син. Значи, се нагласува единственоста и непристапноста Божја. Во Омаровата џамија во Ерусалим напишана е заповедта: Верници, да знаете дека Алах нема син. Во Коранот честопати се вели: “Твојот Бог е еден и единствен. Не постои (друг) Бог освен него, милосрдниот и милостивиот”. Според тоа, Богот на Муслиманството не е Троичен, не се состои од три личности и затоа е несфатливо дека Бог е личност. Во Суфизмот, пак, се нагласува суштината Божја. Во Западното Христијанство се забележува истиот феномен. Под влијание на ставовите на блажениот Августин западната Теологија смета дека во Бога претходи суштината, а потоа следат Личностите. Западните христијани не можат да го сфатат односот помеѓу личностите и суштината, па затоа и стигнаа до телогијата на Филиокве, која го расцепкува единството на Личностите на Светата Троица. Исто така, во западното Христијанство не можат да го сфатат поимот на личноста на човекот, кого го сфаќаат како индивидуа. Така, западните Христијански Конфесии повеќе се сродни со учењето на Муслиманството за Божјата суштина отколку со Православието кое верува во Личен Бог, во реални односи помеѓу Личностите на Светата Троица и во тоа дека Бог комуницира со светот преку Своите несоздадени енергии. Втората точка е човекоцентричниот и мистифицирачкиот карактер. Коранот се одликува со својот човекоцентризам и со својот реалистичен и општественополитички акцент. Затоа Мохамед проповеда против монашкиот живот. Повеќе се интересира за општествениот карактер на неговите следбеници. Меѓутоа, подоцна се развил Суфизмот кој се одликува со еден безличен мистицизам под влијание на неоплатонизмот, но и под влијание на еретичкото Христијанство. Токму тој човекоцентричен карактер и безличниот мистицизам го среќаваме во западното Христијанство. Она што го забележуваме во западните општества е дека се темелат на човекот, а не на Богочовекот (како што тоа го докажа во своите списи незаборавниот отец Јустин Поповиќ), но и кога зборуваат за внатрешна духовност тие се движат во еден надличен апсолутен и мистифициран простор. Напротив, во Православната Црква центар на нејзиното учење и на нејзиниот живот е Богочовекот Христос, а животот во Христа е заедница на човекот со Бога, употребувајќи го православниот терапевтски метод кој се состои од очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Тоа ја сочинува трезвеноумната Теологија. Секако, знаеме дека едно е мистицизмот, а друго е трезвеноумната – мистична Теологија. Третата точка е општествената и душевна благосостојба. Кога зборуваме за благосостојба, овде мислиме на трудот на човекот да ги задоволува своите желби додека живее во овој свет и, секако, по својата смрт да влезе во еден простор каде ќе се задоволуваат сите сетила на човекот. Таа благосостојба е видна во Коранот и во целото Муслиманско учење. Со многуженството, но и со други одредби, Муслиманот ја стекнува благосостојбата, но тоа задоволување на сетилата и на желбите ќе продолжи и по смртта. Познати се ставовите на Коранот за Рајот и, како што се верува, благосостојбата на Алаховите верници што ќе се случи во другиот живот е рефлексија и зголемување на она што можат да го уживаат уште од овој живот. Западниот начин на живот во оваа точка личи на Муслиманстото, бидејќи се интересира за задоволувањето на сетилата и за стекнувањето на благосостојба. Се работи за една евдемонистичка цивилизација, и западниот Христијанин не поседувајќи го целото аскетско предание смета дека стекнувањето на материјални добра и задоволувањето се дар и благослов Божји. Напротив, Православната Црква со аскетскиот начин на живот кој е поврзан со трудот да се ослободи човекот од себељубието и од задоволството со доживувањето на скрбта – болка, јасно се разликува од хедонистичкиот и евдемонистичкиот начин на живот како на западните така и на источните религиозни индивидуи. Четвртата точка е учењето на Муслиманите за Коранот и учењето на западните Христијани за Светото Писмо. Исламот е единствената религија во која откровението не е дадено од личност, туку со света книга. Се верува дека Коранот е испратен од Бога и во суштина тој е Божјото слово. Муслиманите го почитуваат Коранот како лично битие, а самиот Мохамед се наоѓа под сенката на неговото ветување. Коранот, според муслиманското предание, е вечен и несоздаден и постоел отсекогаш со Бога како вечно објавување на Божјата волја. Според тоа Коранот се поистоветува со откровението и од него зависи спасението. Мохамед е обичен носиел на тоа откровение. Така се објаснува тоа што во Муслиманството се незамисливи свети тајни, ниту посредник помеѓу Бога и човекот. Токму тие ставови многу нé потсетуваат на учењето на западните Христијани, воглавно на Протестантите, кои го сметаат Светото Писмо како откровение и само врз него се темелат, одрекувајќи ги Светите Тајни, светоотечкото учење, светителите, светите икони и целото дијахронично предание на Црквата. Напротив, во Православната Црква веруваме дека Откровението им се дава на светителите кои имаат достигнато до обожување, и кои го опишуваат тоа откровение во нивните текстови. Исто така, веруваме дека центар на нашиот живот е личноста Христова и доаѓаме во општење со Него, учествувајќи во светите Тајни на Крштението, на Миропомазанието, на Божествената Евхаристија, секако, со соодветни претпоставки, односно со аскетската теологија која се состои во очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Петтата точка е таканаречениот теократски торталитаризам. Исламот е еден теократски систем. Во Исламот не постои разлика помеѓу религија и држава. Мохамед не беше само пророк, туку и политички водач на неговата заедница. Коранот е и Устав на државата и, било религиозните, било политичките закони имаат религиозен карактер и произлегуваат од Божјите заповеди. Во овие рамки треба да се постави и учењето за војната која се смета за света. Земјите кои се наоѓаат надвор од Исламското владеење се нарекуваат “дом на војна” и се разликуваат од земјите кои се под Исламско владеење и кои се нарекуваат “дом на Исламот”. Ова теократско сфаќање на општеството се среќава и кај Франките кои кога ја освоиле Европа го наметнале феудалниот систем, со усвојување на сфаќањето за светата војна. Не можеме да заборавиме дека и денес Ватикан е теократска држава во која се поистоветува религиозната со политичката власт и која ја благослови светата војна, т.е. Крстоносните војни заради “свети” цели. Но и Протестантските конфесии, како што е Калвинизмот, се вдахнати од такви теократски ставови. Познато е дека војните за кои се решаваат и кои ги водат западните Христијани имаат јасен “свет” карактер, како што тоа го гледаме во нашево време. Поради тие причини сметам дека теологијата и духот на западното Христијанство повеќе се поврзани со муслиманската теологија отколку со теологијата на Православната Црква. Впрочем познато е дека како што постои муслимански фундаментализам, така можеме да забележиме дека постои и христијански фундаментализам, како што јасно се гледа кај христијанските конфесии на Запад.
Една голема разлика, меѓу Христијанството и Исламот, што најмногу ме нервира е следнава: Кај Исламот се вели око за око заб за заб. Ако некој те повреди, врати му дупло-што е ненормално. А Исус рекол, ако некој те удри заврти му го и другиот образ. Не поради тоа што сум Христијанка сега да испадне дека ги хејтам муслиманите или па ми смета нивната религија, баш напротив имам и пријатели (и тоа блиски) муслимани на кои сум им го кажала истово. Има премногу работи што навистина ми изгледаат ненормално..На пример исто и постењето, всушност го заменуваат денот со ноќта. Дење ни јадат ни пијат, затоа навечер им е дозволено се... Има повеќе вакви работи што не ми се логични..
Око за око , заб за заб го има и во нашата Библија само во стариот завет , А Исус друго проповеда . Не разбирам многу обичаи и кај нас и кај нив . Не сум многу запознаена со исламот па да судам . Мене пак не ми е јасно , и што ми е најнелогично во исламот тоа што мажот може да има 4 жени Не и смета тоа на женските припаднички ? Еве некоја ако сака да одговори
Може да има 4 жени само со согласност од првата жена. Курбан Бајрам претставува потчинување на Аллах. Всушност, празникот ја прославува послушноста на Ибрахим кон Аллах, симболизирана преку настанот кога тој прифаќа да го жртвува својот син Исмаил, по Божјата заповед, со цел да ја покаже својата љубов и вера. Во последен момент Аллах, преку Архангелот Гаврил, исраќа овен за да се жртвува наместо детето. Во спомен на целосното потчинување на Ибрахим кон Бога, муслиманските семејства жртвуваат овен или овца, но понекогаш и други животни како што се крави или кози. Прославата трае 3 дена. Првиот ден е најважен, бидејќи мажите одат во џамија и се молат. Потоа тие одат да жртвуваат овен или овца. Го сечат животното на 3 дела: првиот се дава на сиромашни луѓе, за да имаат храна на овој голем ден, вториот е за пријателите и соседите, а третиот е за човек кој ја принесува жртвата и неговото семејство. По ова, тие одат на гробишта да ги посетат починатите предци и блиски членови на семејството и да се молат во нивно име. Прославата се одвива во домот на најстарата личност во семејството, а луѓето исто така одат во посета во домот на други да им посакаат среќа, здравје, и слично. Рамазан Бајрам Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. За нас секој петок е празник т.е. џума тогаш верниците одат на молитва и е многу голем ден. Во петок кој ќе се избања, што е можно поубаво, да се очисти и да се опере, колку што е во можност да го облече најубавото одело, што го има, добро да се намириса со мирисот на своите домашни ,а потоа, порано да тргна на Џума-намаз, така да поминувајчи низ џамија да не рздвои ни двајца луѓе во сафовите , ќе му бидат опростени неговите гревови направени спрема Аллах во периодот помеѓу двете џуми, ова и изминатата. (Бухари, Ибн Маџе)
Е ова не сум го знаела , мислев дека е избор на мажот . Епа тогаш согласност во ова време ќе добијат на куково лето
Да ве поправам во едно- око за око заб за заб е стар хамурабиев закон- дел од хамурабиевите закони што стоеле испишани на големи плочи на укиците, плошрадите во Вавилон Кој е постар незнам, али не е баш стрикно муслуманско правило, пред се би рекла закоравен драконски закон. Други коментари по темава немам многу, си го напишав моето комплетно мислење. Да би можела да бирам религија незнам дали би ја одбрала христијанската православна, но не би можела себе си да се видам во муслуманска религија. Но ги почитувам сите обичаи и верувања и на двете.
Не е точно.Ова не било никогаш и никогаш нема да биде (според мене).Ако е така,кажете ми која жена сака маж и да спие со друга/други?
Душо а што не е точно ??? Во исламот е практика ,мажот може да ожени до 4 жени , прогуглај малку ќе видиш ( нема тука според тебе , што е факт , факт е ) .Еве јас гледајки серии мислев дека изборот дали ќе земе уште жени е на мажот .Впрочем една феминка ми одговори дека било само со согласност од првата жена . Е сега зошто се согласуваат тие жени мажот да донесува уште жени не знам . Ама знам дека ниедна нормална не би дозволила
во денешниов модерен свет тоа не постои но во исламските земји го има,таму жените никој не ги слуша мажот е главата.
Според мене, нема некои големи разлики, всушност постои само еден Бог, само различните религии го замислуваат на свој начин и даваат свои имиња...Христијаните-Исус, Будистите-Буда, Евреите-Јахве, Муслиманите-Алах и тн... П.С Јас сум си горда христијанка
Не е точно ние христијаните веруваме во светото тројство отецот ( Бог/Алах), синот ( Исус) и светиот дух.А муслиманите веруваат само во Алах или кај нас отецот Исус не го сметаат за негов син, туку пратеник месија, кој Бог го пратил на земјата
И јас бев , сум и ке бидам горда МУСЛИМАНКА. ♥ А шо се однесува на оние прашања шо ги имаше зошто не смееме да јадеме свинско месо и да пиеме вино.- За ова си има посебна приказна, и се надевам дека сите муслимани ја знат.А исто така и јадењето на свинско месо мислам дека е и малце штетно. Исто така сретнав и едно прашање дека со мантилите и долгите суќни биле ко пингвини Вакви зборој мислам дека воопшто не треба да се користат.Секој си ја почитува и си ја сака својата вера , ама не треба да ја навредува и другата вера.Некој можеби така сакат и така ке си се облекуваат.И за то има посебна приказна т.е. посебни причини.Никој не смеј да навредува тука.Секој ке ја сака и почитува својата вера , ама нема да ја навредува верата на другиот и неговата вера треба да ја почитува!!!
види бона, тоа што вас ви го пишува во куранот е напишана со една цел а тоа е да му се верува на куранот па за тоа исус кај вас е само обичен човек значи исус е зачнат преку светиот дух од отецот во утробата на дева марија( отецот не водел љубов до дева марија а дева е девствена-девица) исус е бижји син бого-човек во него е светиот дух ( еве ти и објаснување за стетото тројство ( 1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог) ) исто така куранот т.е мухамед неможе да тврди за нешто што било 600 години пред него а мислам на делот кај што ве излажал пофротно да не верувате во исус за неговото распнување исус беше распнат на крст поради нашите гревови и беше воскреснат на 3 ден како што и беше години пред тоа пишано -проповедано за него самиот куран има многу контрадикторности па ако започнеме ке нема крај за тоа почитувај го исус и неговото учење и верувај дека тој беше мачен распнат и воскреснат поради нас и за нас поздрав и се најдобро точно така никој не смее да се меша во ничива религија и секој ке си ја сака и почитува својата дека сепак бог е само 1 за сите значи и за марамата на глава го има кај католиците а не е побарано ниту задолжително еве за православните Но сепак ниту мажот без жената ниту жената без мажот ги бива во Господ. Оти како што е жената од мажот така е и мажот преку жената а се е од Бог. Размислете сами во себе, прилично ли е жена да му се моли на Бог гологлава? Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? Но ако жената си ја остави косата тоа е чест за неа бидејќи косата и е дадена место покривало е сега за носењето на марами се мили на ѓените кои се молат во црквите ама не за обичната жена туку за свештеното лице-калуѓерка СПОРЕД ПИСМАТА НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ i sekoja zena, koja se moli ili prorokuva gologlava, ja sramoti glavata svoja, zasto seedno e -kako da e istrizena. Ako zenata ne saka da se pokriva, togas neka se strize: ako, pak, e sramno zenata da se strize ili brici, togas neka se pokriva;" 1 Koritjani 11:5-6 Овие писма Апостол Павле ги пишувал за да ги советува за редот кој треба да го имаат внатре во црквите бидејќи сепак биле новоформирани сеуште почетници.А конкретниве цитати се однесуваат за положбата на жената во црквата внатре. на жените во црквите не им е дозволено да имаат свештеничка улога.Тоа “да поучува“ се однесува на поучување во црквите. Исто и за нормите за облекување т.е. додека се моли да и биде главата покриена.Во тоа време начинот на облекување бил таков да женската популација носела големи марами. Денес во црквите може да се користат и шамии и шалови и сл. добро кажуваш дека секој треба што сака да си носи и да кај нас се е дозволено ама дали во ирак иран или саудиска арабија е така е не е тамо христијаните се секојдневно убивани а христијанките се силувани и присилени на брак со мсулимини за тоа го сакам христијанството дека дарува љубов за разлика од некоја друга религија ..... во исламот носењето на хиџаб е задолжително дури кажано е дека колку влакна од косата на овој свет ке и се гледаат толку змии ја чекаат на оној свет и еве
Имам читано извадоци од Куранот и има страшни работи, без навреда за муслиманските членови на форумот, тоа е мој личен став. Барем за мене, како жена, се страшни и не знам што би правела да сум родена во такво општество. Најискрено, страв ми е од тие работи како џихад, и самоубивања и дека ако умрат млади рај ги чека на другата страна, што уште од мали ги воспитуваат на тој начин Имам читано цитати од Куранот и во едно поглавје вели дека мажот треба да ја удри жената ако таа не му е послушна. Таму во куќата е главен најстариот маж. На пример, и да отидеш на гости кај некој, а си најстар, тебе ќе те слушаат. Дека жената треба да се покрива, на +40 степени таа од глава до пети да биде покриена-бурки, chador, шамија, чорапи. Не мислам дека секоја муслиманска жена го сака тоа. Специјална женска полиција што оди по улиците за да ги проверува жените дали правилно се облечени. За други нешта, не сум толку запознаена, ако погрешив ќе прифатам критика.