Според мене се` додека меѓу уредувањето на некои општества кои го злоупотребуваат името на Алах во чинење на своите недела (затоа што во некои земји каде што Исламот е религија на мнозинството, жената не ги ужива своите права кои самата религија ги налага) и Исламот како религија се става знак на еднаквост и се` додека западните земји во кои владее световното, не духовното се репер за наоѓање на мааните во христијанството, на темава ќе има конфликти, а не интелектуална борба на умови и размена на знаења за другиот. Пред се`, потребен е реален и самокритичен пристап и од двете страни. „Јас сум подобар од тебе“ стратегијата не води кон тие позитивни аспекти кои можат да се уживаат при ваква дискусија. Ѕверски сегменти на (не)човековата природа како што се тероризам, силување, тепање, убивање не треба да се поистоветуваат со закони на ниту една религија.
Не сакам да те вреѓам тука на форумов како што правиш ти и да се карам за глупости ,јас ова што го имам напишано за вашата вера не го имам само јас слушнато можеш да видиш дека и друго девојче има слушнато за тоа има баш пишано под мојата редакција, значи пак ке речам јас ова не го измислив.
Значи сепак се се сведува дека имаш само слушнато а упорно тврдиш дека е вистина, баравте аргумети или цитати ви дадов кој што сака нека си мисли ама вистината една е.
Конечно да сватиш дека имам слушнато а не тврдам ,а каде прочита дека тврдам? и не замарај веќе со ова
Разлика помеѓу христијанство и исламот: И едните и другите веруваат во Исус и неговото второ доаѓање, но повеќето христијани сметаат дека Исус е син Божји или дури дека е и самиот Бог, додека муслиманите сметаат дека Алах не е човек за да има синови, па така Исус односно на арапски Иса е само пејгамбер(пророк) т.е. пратеник Божји кој ќе се врати на судниот ден.
Баш напротив, не гледам никаков материјал за дискусија во мојата една или две реченици ,туку ја немам истата потреба и желба за дискусија на оваа тема,оцигледно ти имас повеќе желба и енергија да бидеш одбрана.отколку јас напад ...позз and be cooool
Eлисабета кажуваш едно нешто како да си била приситна на истото,ма немој молимте I искрено темава Nе е критики за верите туку разликите,не навредувај ти се молам,затоа што ако веруваш во господ знај тој е еден тука за сите без разлика дали ние му се молиме со алах или боже... господ е еден!...
Општи прашања zdravo bi ve zamolila dokolku ima nekoj musliman ili pak nekoj sto znae da mi kaze koja im e molitvata kako sto e nasata oce nas t.e se raboti za bosanka pa dokolku ima vrska nacionalnosta
Неможев а да не искоментирам зарем некој вака ми ја врега верата? верувајте сите сто мислите така сте во голема греска насата вера е Чиста од овие неста кои сте ги изнакажале вакви гупости немам слуснато досега. насата вера не уЧи на слога на мир мегу лугето слога мегу мажот и жената знаете ли вие колку зените биле угнетувани пред да се појави исламот женските деца ги убивале зените немале никакви права пред да се појави исламот. Тоа сто ден денес го слусаме на ТВ демек зените муслимакни немале права тоа не е вистина. Можеби постои кај некои тоа непоЧитување спрема зената но тоа си е до лугето а не до верата насата вера не не уЧи на тоа. Зарем во христијанската вера и др.. сите луге се соврсени и сите вие ги поЧитувате сите правила?? А ато се однесува до разликите мислам дека има многу разика ние муслиманите веруваме дека иса а.с е аллахов пратеник а христијаните дека е бог ние веруваме дека аллах ниту е роден ниту пак има син тој е еден и единствен во ова сме резлиЧни во верувањата а инаку има многу слиЧности помегу овие две вери. само сакам едно прасање да поставам. Па вака вие мислите дека иса или исус е син на господ па стом мислите дека господ има син зарем и исус може да има син мислите дека постојат повеке богови? Ова многу сакам да го знам ве молам одговор ако може?? можеби на некој ке ви изгледа смесно прасање ама навистина незнам и ме интересира.
Зависи во која држава си муслиманка ,тука кај муслиманка(има исклуцоци),и муслиманка да си се родела во Ирак,Авганистан или слични државни уредувања ке те прасав кои права ке ги имаше...не сакам никој да вреѓам но биди малце пообјективна.
Исламот е настанат по допуштение Божје, како би можеле арапските и разни нивни соседни племиња да се откажат од многубоштвото и поклонувањето на Сатаната и неговите паднати ангели. Значи ние Христијаните веруваме во Еден Бог - рославен во три ипостаси(личности, лица) кои имаат една волја и една суштина. Трите лица на Пресвета Троица се разликуваат по следново: Отецот ниту е создаден, ниту е роден ниту исходи(излегува) од друга ипостас; Синот не е створен, но е роден пред сите векови од Отецот; Светиот Дух исходи од Отецот, но не е роден или створен. Без навреда, но јас не верувам дека ти ќе го разбереш ова, но мое е да си кажам. За сите други глупости за кои се обвинува Исламот не се согласувам, сегде има глупости и за тоа не е виновна ниту една монотеистичка вера (Христијанство, Ислам и Јудаизам) , туку за тоа се виновни оние кои на погрешен(глупав) начин ја тумачат и проповедаат.
во која и држава да си верата е иста и не уЧи на исто но лугето не се исти секој си прави на свој наЧин како ке свати така си прави знаЧи тоа е до лугето а не до верата ова сакав да го казам дека ние жените муслиманки ги имаме сите права и не е според насата вера да се тепа Жена и сите тие други работи сто ги слусаме на тв сакав само да каЖам дека премногу гресни работи се мислат за оваа вера ако некои глупави луге го прават тоа незнаЧи дека сите се такви и дека верата на тоа ги уЧи. Како сто кажа ортхопхил секој на свој наЧин си тумаЧи и си проповеда.
Како што гледам, ако беше и ти Христијанин, ќе знаеше што пишуваш. Вака на сите им даваш погрешни информации. Башка што во друга тема напиша дека „ако и Муслиманите се прекрстат во Христијани, ќе го пронајдат мирот“. Забележав дека освен тоа што кажуваш приказни и упорно се обидуваш да ја оправдаш само твојата вера (за која веќе сум збунета и не можам да сфатам која е) не пишуваш ништо конкретно. Башка напиша дека „не се согласувам“ што значи дека толкувањто е според тебе, а не спиред Библијата или било што друго (бидејќи напоменав дека сум збунета за тоа на која вера припаѓаш, што не мора да наипшеш но не мора да убедуваш дека само таа е онаа правилната).
OmniaVanitas што има да барам во Библијата за обичаите што ги имаат браќата муслимани? Јас напишав, а ако ја разгледаш и самата ќе видиш дека овде се изнапишаа милијарда глупости против муслиманите, кои врска немаат со здравиот разум. Ама нејсе. Ај сега кажи ми какви погрешни информации дадов? Дека Бог е Света Троица? Дека баењето и гатањето се ѓаволски дејанија? Е знам дека тоа те погоди. Еве и сестрава муслиманка ќе ти потврди дека баењето и гатањето и во Исламот е гнасно. Јас не се срамам да кажам што сум по вероисповед. Јас сум Православен Христијанин и верувам во Троединиот Бог. Ама што си ти и во што веруваш (иако од далеку се гледа дека веруваш во басми и магии)?
Па зарем ти не напиша во темата за магии дека и ти знаеш дека постојат? И ако јас верувам во магии тоа ме прави каква поточно религија, не разбрав добро? Уште пред да почнеш да те известам дека прашањево во најголема мера е реторичко. Ако начекав некој форумџија (нема да етикетирам) да ми поставува дијагнози за религијата, сум јанаредила работата (ама не велам дека не ме интересира твојот одговор). А зошто би ти кажала тебе каде припаѓам? Ако си доволно човек ќе ме прифатиш онаква каква што сум според моите карактеристики, а не според мојата верска припадност. Башка, темава е да се зборува за разликите помеѓу исламот и христијанството, а не да пишуваме кој која религија е. Си постои тема за тоа на која религија припаѓаме. Ако сакав да напишам, тоа ќе беше местото.
ова е многу добро прашање, јас сум атеист но ме фасцинираат религиите и сакам да научам што е можно повеќе. на пример не знаев дека за алах верувате дека ниту е роден ниту има син и тоа за мене е откитие и е позитивно тогаш би значело дека алах е еден едиснтвен како сила како нешто надприродно да кажам а не како господ што се претставува како човек... а за исус има доста теории дека имал ќерка и цврсто сум убедена и дека тој бил пророк но подоцна го возвишиле како син господов и ја заплеткале религијава и твоето прашање подигнува дискусија ако господ е господ и исус е син негов божествен дали христијаните се многубошци? како и да е многу е нејасно она со отецот синот и светиот дух и да не претерам ама едно 70% од населението не прави разлика од исус и од господ бог а за светиот дух па да не разговараме... според моите верувања и сознаниа до ден денес, религиите се создадени со цел да се обедини еден народ за да се заштити од одредени тирани во тие периоди кога обичниот народ бил угнетуван. религиите се создадени за да се контролира народот во позитивна гледна точка да биде мируљубив и да следи одредени правила. за жал денес религиите претставуваат најголемиот извор на насилства од неупатени и необразовани луѓе заведни од одредени идеалисти. и сакам нешто да додам одкога прочитав неколку мислења. навистина е неблагодарно сите негативни работи да се препишат на исламот. ова е посветено на elisabeta што спомна за свекорот што требало да се секса со снаата. сте чуле ама не сте разбрале, ако ја имате прочитано книгата нечиста крв на пример ќе знаете што всушнот се случувало порано и во која религија ... не ширите дезинформации и невистини за одредени работи. ако не знаете прашајте, затоа се темите.
Од твоето мислење произлегува дека од твоја страна воопшто не благодарно да христијанството го нарекуваш многубоштво, со такво мислење сметај дека зборуваш воопштеноо и твоите зборови се упатени кон сите христијани, за што ниту имаш факти, докази ниту пак имаш право така да го нарекуваш. Доколку те интересира природата на Бог во христијанството обрни се кон овде на форумот доволно компетентни луѓе да ти ја доловат суштината, ако не подобро да молчиш. За дезинформации да не зборуваме целото твое мислење е полно со такви. Не сакав да дискутирам на оваа тема зошто секогаш буди многу дискусии од кои произлегуваат нервозни навреди и револт заради повреда на верските чувства, но твоето мислење е доволно навредливо за мене па затоа и го напишав ова мислење.