макиде јас не сакав да навредам никого и ако го погледниш убаво моето мислење јас не изнесувам став дека христијанството го нарекувам многубоштво туку на крајот на таа реченица има прашалник што значи дека јас прашувам односно сакам да знам по логика што произлегува од тој заклучок спомнат од фемина0. би било убаво тука да постојат луѓе со отворен дух и ум кои што се спремни да дискутираат а не на секое прашање да се одговара затоа што така треба или така било кажано. и не верувам дека мислењето ми е полно со дезинформации јас го напишав она што сум го прочитала или гледала по документарци , бидејќи премногу се интересирам за религиите. јас сакам да размислувам за христијанството да поставувам прашања и да ја сфатам вистинската негова природа без да ми биде наметнато мислење од верници или неверници. се извинувам уште еднаш ако некој се навредил но потенцирам уште еднаш дека не ми е тоа намерата туку намерата ми е да размислуваме и да коментираме со факти и логички размислувања а не со навреди и лутења.
Верувам дека немаше таква намера, но има еден дел од твоето мислење ќе те цитирам 70% од населението не прави разлика од исус и од господ бог а за светиот дух па да не разговараме... незнам која ти беше намерата дека луѓет незнаат во што веруваат, ама воопшто не се согласувам со тебе и воопшто не е така. Ако сакаш да ја спознаеш целата суштина за христијанството, податоците за христијанството не ги црпи од документарни и играни филмови имаш во изобилство духовна литература од извонредни доховни отци.
макиде пример : мојата цела фамилија е религиозна (демек) како и фамилијата на мм. но кога е божиќ, велигден итн основните работи не ги познаваат и ме прашуваат мене. според тоа тие се верници но неупатени, веруваат туку така зашто така треба. сеуште стојам на ставот дека некои луѓе не прават разлика помеѓу господ и исус. лично сум слушнала од околината. еве претерав не се 70 % се извинувам но има и такви за кои господ е исус. во врска со суштината на христијанството сметам дека е неправедно информации да се зимат само од духовната литература бидејќи истата дава податоци од само една гледна точка од она што сака народот да верува но не и од фактите. и како да не гледам документарци кога животот секојдневно се менува и имаме се понови и понови сознанија. како да го игнорираме на пример платното од торино или свитоците од мртвото море и тие се докази за христијанството и неговиот развој. јас сакам објективни извори на информации и само да кажам дека најпрво ја прочитав библијата па сите други книги... и да додадам дека нема личности што презирам повеќе од самите попови, папи,кардинали итн. можеби има вистински духовни отци но јас не сум сретнала. а и самиот исус кажал дека секој во себе си го носи бога, нема потреба од некој друг да ти биде пратеник кај бога...
joelle Ти самата си многу контрадикторна во погорните постови казувас да не казуваме и писуваме работи од рекла казала кој сто и како слуснал kao gluposti se(поточно за свекорот деверот..и т н работи сто и јас ги имав написано) ..не ми е ТУКУ ТАКА написано и јас го имам слуснато и тоа од моја МНОГУ БЛИСКА околина,а сега ти казувас не знам си колку проценти од твојата околина си СЛУСНАЛА ...за Исус за Господ... не знам што..повели линк па образувај се доколку те интересира темата http://www.hristijanstvo.com/
мене не ми е јасно дали вие навистина не ме разбирате што сакам да кажам или не сакате да ме разберете? читајте ги постовите со внимание размислете па напишете мислење во спротивно само ќе ја полниме темата со оффтопици. поздрав и секое добро
^ Јас, јас, јас те сфатив Види, ти си набљудувач, објективно ги гледаш работите и ги анализираш, па потоа ги прифаќаш или одбиваш. На темава може да наидеш на конфликт поради тоа што некој пристрасно, нормално, лично ќе ги прифати работите, поради тоа што за него верувањето е едно и нема тука шаренила и бои. Така е, како што е Ама, разбрав што сакаш да кажеш и се согласувам со тебе Колку и да се негира, кај нас многу од верниците не си ја познаваат вистински верата...ниту пак се трудат да ја научат. Поголемиот од нив се постарата генерација која и е растена во комунизмот, па денес верата половично им се потпира на вистината, на обичаите, на муабетите од другите. И јас како тебе, ме интересираат некои работи па читам, и кога ќе им кажам дека тој и тој празник се слави тоа, а не тоа и дека погрешно по верата празнуваат, пак си продолжуваат по своето. Нема лутиш тука, ова е стварно вистина. За доброто или лошото што произлегува од различните религии, поделено мислење. Иако сите религии се мирољубиви, постоењето на повеќе го предизвикува раздорот. И да, како што спомна џоел, денес се повеќе народот во име на својата религија колку што знае да направи добро, знае да направи и лошо. А јас сум си таква, сите сме луѓе пред се. Поделени по секакви основи, а во суштина од исто сме составени. Нација, вера, раса, пол, работите што не учат од мали, култури, групи, милион поделби. Се повеќе подалеку едни од други, наместо поблиски. Не го прифаќам раздорот на секаква ваква основа, а не врз карактерни особини, а посебно на религиска основа, затоа што религијата треба да учи на љубов и разбирање, а не на плукање на другиот затоа што верува во друго.
Мала забелешка порталот што го рекламира пеперутка87 е адвентистичко-саботјански, т.е. псевдохристијански. За псевдохристијанството на адвентисто-саботјаните имам пишувано на темата на нив посветена. Велиш гледаш документарци, читаш книги итн. Сето тоа е во ред, но треба да се пази што се чита и што се гледа. Оти во книга можат да се напишат секакви глупости, а за на филм што не може да се прикаже. Вчера гледав на јутјуб еден документарец, поставен од муслиманите во кој се говореше за апокрифните евангелија и акцент се стави на Протоевангелието Јаковово (кое го имам читано, а и СПЦ го има издадено; свети апостол Јаков брат Господен е најмалиот син на свети праведни Јосиф). И што да се каже освен дека говорникот говореше делумна вистина. Вели во ова евангелие не се говори за страдањето на Господ Иисус Христос, не се говоrи за проповедта Негова, не се говори за Неговата света наука. И да бидам искрен беше целосно во право. Арно ама не го спомна главниот факт, дека во Протоевангелието се говори само за периодот до бегството во Мисир(Египет). Повеќе внимание е посветено на житијата на Пресвета Богородица и нејзините свети родители, како и на свети пророк, претеча и крстител Јован и неговите родители. Кога сме кај света Сара, преданието говори дека света Сара била со темен (па дури и црн) тен, па затоа е заштитничка на Ромите. Најверојатно света Сара била египетско дете, кое што светите сестри Лазареви Марта и Марија го нашле во коработ со кој од Иерусалим биле протерани во непознат правец. Тие две свети сестри стигнале во Марсеј и во Франција го проповедале светото евангелие. Кралската лоза потекнува од оној крал кој што преку светите Марта и Марија ја прими Христијанската вера. Света Марија Магдалина, која е различна личност од светата Марија сестра Лазарева најверојатно никогаш и не стапнала во Франција. Спојлер За мртвата жена што го доела своето дете една година и потоа оживеала Петнаесет години по Вознесението на Господ наш Исус Христос, Евреите го убиле со камења светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, ги испадиле апостолите од Ерусалим и сите оние што верувале во Христа. Имало еден од 72-јцата апостоли, по име Максимин, кој им бил пријател на Марта и Марија, сестрите на Лазара, кому светиот апостол Петар му заповедал да не се одделува од овие две жени, бидејќи нивниот брат, од страв да не го убијат Евре-ите, беше избегал на Кипар, а сестрите му беа останале во Ерусалим со Мајката Божја до нејзиното успение. Отпосле тие жени, откако го раздале својот имот на сиромаси, отишле да проповедаат како и апостолите. Лукавите Евреи кога виделе дека проповедаат за Христа, ги фатиле и ги ставиле во еден кораб без платна и без кормило за да се удават во морето. Заедно со нив ставиле уште тројца: Максимијан, Максимин и некој Колидониј, кој бил роден слеп, а Христос му ги отворил очите. Овие пет души Му се помолиле на Бога да ги спаси и да ги одведе каде што сака Тој. По Божја повелба, коработ стигнал до галскиот град Марсеј. Кога излегле од коработ, Му благодариле на Бога и отишле на пазар да си испросат леб. Но, бидејќи луѓето таму биле неверни, затоа биле и немилостиви. Градскиот судија бил бездетен. Тој видел на сон една жена која му говорела: „Ти седиш спокојно со жена ти, не си милостив и не правиш никакви добри дела, а слугите на вистинскиот Бог умираат од глад. Стани рано, отиди на пазарот, земи ги петмината странци и нагости ги добро. Ако не ме послушаш, ќе умреш од страшна смрт". Ова го видел судијата заедно со жена му, од кое многу се уплашиле. Утредента кога излегол судијата на пазарот, ги нашол и ги довел дома, па ги нагостиле и им дале се што им требало. По неќолку дена, Марта и Марија почнале да ја проповедаат верата на Спасителот наш Исус Христос и кажувале колку чуда направил Бог додека одел по земјата. Кога го чул ова судијата, рекол: „Штом Тој направил толку многу чуда, ако е вистински Бог, нека ми даде едно чедо, па ветувам оти ќе поверувам во Него". А тие му рекле: „Не само што може тоа да ти го даде нашиот Спасител, туку што и да посакаш друго со чиста вера во Него, готов е да ти даде. Пробај, па ќе ја познаеш Неговата сила". По некое време, кога ја видел својата жена непразна, поверувал во Христа и се покрстил заедно со сите свои домашни. Тој станал таков верник и вистински христијанин што посакал да отиде во Ерусалим за да се поклони на Христовиот гроб. Жена му со солзи го молела и неа да ја поведе. При тргнувањето, својот дом и го довериле на Марија, на која и дал власт не само да управува со неговиот дом, туку и со сиот град: да урива идоли и да подигнува цркви. Потоа се качил на еден кораб заедно со својата жена и со неколку слуги. Првиот ден патувале добро, на вториот -дувнал спротивен ветар. Така пловејќи, дошло време и жената родила машко дете, но веднаш потоа умрела. Тогаш судијата се натажил многу, па решил да не се враќа назад, а само ги известил домашните за тој случај. Потоа им рекол на бродарите да застанат на некое пусто место. Тие застанале на еден остров, ја изнесле жената и ја ставиле во една пештера заедно со детето, кое цицало од својата мртва мајка. Мажот ги покрил и рекол: „Пресвета Богородице, Мајко на бедните, ти им помагаш на оние што се надеваат на тебе. Како што Си го родила Бога на чудесен начин, сочувај го и ова дете; прави со него како што знаеш ти". Потоа влегле во коработ и за кусо време стигнале во Ерусалим. Таму го нашол свети апостол Петар и му раскажал се што се случило по патот. Свети апостол Петар му одговорил: „Мир на тебе, чедо, затоа што си поверувал во светото учење и во светата вера Христова. А за твојата жена и за детето немој да жалиш, но радувај се". Потоа му ги кажал сите свети места каде што одел Христос и правел чуда. Судијата, откако поминал во Светата Земја повеќе од една година, тргнал за во својата татковина, а свети Петар го благословил и го испратил до коработ. Со Божја помош, стигнале до она место каде што беше ја оставил својата мртва жена со живото дете. Кога дошле до пештерата, го нашле детето како цица од мртвата мајка, која била цела и нераспадната. Многу се зачудил и со солзи се обратил кон Бога: „Боже! Ти се можеш. Голем е овој дар што Си го хранел детето со млеко од мртва мајка; верувам дека можеш и мртвата да ја воскреснеш, па да ми бидат две радости, а да се исполни и она што Твојот апостол Петар ми претскажа. Многумилостив Господе, чуј го Твојот недостоен слуга, Твојата пречиста Мајка и Твојата слугинка Марија што ме просвети и што направи да Го познаам вистинскиот Бог". И во тој час, за големо чудо, станала мртвата жена како од сон и откако воздивнала, рекла: „Благословено е твоето име, о Владичице, Која си ми го чувала телото да не изгние и си ми го хранела детето толку време". Тогаш жената му кажала на својот маж: „Да знаеш дека и јас бев со тебе во оние свети места каде што те водеше свети Петар. Мене ме водеше ангел Божји". Потоа му ги кажала сите свети места по име. Од тоа мажот многу се израдувал. Отпосле влегле во коработ и си отишле во својот град, па и се поклониле на праведната Марија и и кажале се што им се случило по патот. Тогаш во Марсеј сите жители се покрстиле, ги испокршиле идолите и си изградиле цркви во слава на Света Троица. Амин.
joelle токму тоа сакав да го прасам дали веруваат во повеке богови стом веруваат дека господ може да има син дали се многубошци? прасав но никој не ми одговори како сто треба за да сватиме и јас а и верувам дека има многу други кои не ги сватиле одговорите сто сте ги дале ве молам ако знае некој нека каже да објасни подобро. овде го процитав ова- Значи исус е зачнат преку светиот дух од отецот во утробата на дева марија( отецот не водел љубов до дева марија а дева е девствена-девица) исус е бижји син бого-човек во него е светиот дух ( еве ти и објаснување за стетото тројство ( 1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог) ) Сакам ова да го прасам знаЧи едно не свакам велите дека исус е заЧнат преку светиот дух од отецот. ако некој знае да ми објасни сто е отец сто свет дух и сакам да прасам стом велите дека господ немал никаов контакт со мајката на исус тогас како велите дека е син божји само затоа сто исус не е створен како и сите други луге? Ние веруваме дека Аллах го испратил на мелекот џибрил за да ја извести на мерием дека ке има дете и таа рекла како ке имам дете кога јас сум сеусте девица како е можно тоа џибрил и рекол твојот господар е семокен за него доволно е да реЧе биди и тоа токму ке биде знаЧи ние веруваме дека иса а.с е аллахово створење и бил како и сите нас обиЧен Човек кого аллах го створил и одредил да биде пејгамбер и да ги повикува лугето да веруваат во еден господ.Аллах на иса а.с му дал таква мок како на ниеден други пејгамбер пред него се со цел народот да поверува во Аллах но во тоа време живееле многу тврдоглави луге сто не верувале ни во едно од Чудата сто ги правел дури Aллах му дал таква мок па оживеал мртов Човек но повторно не верувале сите ЗнаЧи ние веруваме дека иса а.с бил Aллахов пратеник и Аллах го створил. Аллах е семокен и може се. Еве пример првиот Човек на земјава Адем а.с е створен од земја Аллах го створил од земја тука се гледа неговата мок и големина и тоа сто се може Аллах доволно е само да реЧе биди и тоа токму ке биде. Само ке молам на прасањава да одговори некој сто знае да објасни добро како сто јас објаснив во сто веруваме ние така ке молам да објасни и некој сто знае. Некои работи навистина не ги свакам а многу сакам да ги знам. Ви благодарам од напред поздрав.
Ова е како одговор за твоето прашање за моногубоштвото во христијанството. Си слушнала, си прочитала некаде дека христијанството е политеистичка религија ? Сметам дека ова прашање не ти е на место . Христијантсвото е монотеистичка религија и тоа значи дека се верува во еден и единиствен бог, кој создал се. А доколку навистина те интересира повеќе суштината на христијанството, мислам дека има покомпетентни да ти одговорат на тоа прашање, јас само појаснувам дека христијанството е монотиестичка религија.
не сум ни проЧитала ниту нисто само прасав бидејки стом велите дека исус е божји син стом мислите дека бог може да има син како да не се поставува оваа прасање? Ако не е така тогас објаснете подобро но веројатно ни вие не знаете. И без навреди темава е за разликите мегу исламот и христијанството ова е една од многуте разлики и јас само прасав бидејки не ми е јасно ова и неможев да сватам но не добив одговор.
Сонцето е небесно тело кое: има свој физички изглед, своја хемиска структура и свои својства. Односно, сонцето има форма на топка, жолта боја (гледано од наша гледна точка); потоа има свој хемиски состав и на крај тоа дава светлина и топлина. Дали можеме да кажеме дека има, две, три, такви небесни тела, кога зборуваме за едно исто? Нема. Туку се работи за едно тело, со свои особености. Дали може да постои светлината без да постои сонцето како небесно тело? Или пак, дали може да постои хемискиот состав, а тој хемиски состав да не нема своја форма? Или дали може да дава топлина, ако не постои неговиот хемиски состав кој тоа му го овозможува? Не. Зашто сите тие се слеани во едно, а се три различни по суштина нешта . Исто е и со се што постои на земјата. Секое нешто си има свој физички карактеристики, свој хемиски состав и свое значење, употреба или ако се работи за некој жив организам, има свое особено значење во природата. Значи од горенаведеното сфаќаме дека се’ е тројство . Тука сега го вклучуваме човекот. Човекот е создаден од тело, душа и дух. Телото сите знаеме кое е и што претсатвува. Душата и духот се во една нераскинлива целина (исто како сонцето каде не би имале светлина и топлина, доколку тоа не се карактеризира со таков хемиски состав) која му дава живот на тоа тело. Душата се манифестира во телото со чувставата, чувство на болка, радост, желба... но тие ние не можеме да ги видиме со голо око. Истото е тоа и со духот, она без што не може да постои телото ни душата. Духот размислува, создава, памети ... и најважно живее вечно и без телесното тело, не и без душата. Значи човекот е Света Троица. Зошто? Зашто Бог кога го создаваше светот рече: да создадеме (множина, не еднина ) човек, по нашиот (не мојот, не еднина) образ и подобие. Е сега ако зборуваме за Господ Исус Христос, тоа е она што објаснуваме. Роден од отецот, НЕстворен. Затоа и во право е целиот православен народ, кога не се прави разлика, помеѓу Отецот, Синот и Светиот Дух. Тие се Едно, а не три различни богови. Затоа зборуваме за монотеизам, а не за политеизам .
Ова е најголемата глупост шо ја имам прочитано.Како можи вака бе ?! Шо вие вас .. Ова ни 1% не е вистина.
значи читам читам и се изначитав милион глупости во темава,разлики скоро и да не постојат и едните и другите веруваат во виша сила.христијаните имаат доста заеднички адети и традиции како и муслиманите кои оние посовремените веќе ги искорениле и не ги практикуваат.иначе и тие имаат пости како нас христијаните,и тие се учени на почитување и култура од мали,зборувам за староседелци муслимани. поопопливо би ви раскажала за мојата најдобра другарка која ја сакам како сестра и за неа се ќе направам.ја познавам од прва година факултет и другаруваме веќе 7 години,таа за мене е нешто најдобро и помеѓу нас немало никаква разлика,а покрај нас се спријателија и нашите фамилии (инаку таа е од гостиварско).значи до ден денес сме разговарале за нашите две вери и кога убаво се раззглобивме свативме дека имаме многу исти верувања.таа е учена од мала да си зборува македонски и да си ја сака државата во која живее,без никакви предрасуди кон христијанството (исто и јас).многу пати си имаме заемно помогнато,и за неа сум спремна и живот да дадам,затоа што е вистинска личност и нема никакви различни сваќања од мене.таа ги почитува моите празници (најпрва ми честита за се,и цела нејзина фамилија), а исто така и јас кон нејзините празници. ве уверувам поради неа уште повеќе ја почитувам нејзината вера. знам дека и во 5 саат наутро да ми треба,да ја побарам таа е секогаш тука за мене. ако не сакаш нема ни да гледаш никакви разлики помеѓу овие две вери -најново е тоа што додека пред некое време имаше протести со неа заедно пребродивме,и таа прва ми се јави да пазам и дојде ме зема од работа за да ме однесе до дома зошто баш во критичниот момент јас се најдов на сред протести,тоа е уште еден пример за тоа колку е она добродушна и колку го цени нашето пријателство со ова сакам да ви кажам дка сум горда христијанка и ја почитувам исламската вера
пред се секој си ја сака својата религија и мисли дека таа е онаа вистинската но факт е дека треба се поцитуваат сите религии,исламот како религија се поцитува и практикува без разлика сто зивееме во модерно време и нацинот на живеење и облекување е доста променет,еве ке спомнам некои работи кои ги имаме во исламот и ги поцитуваме кога се рага маско дете се коли како курбан 2 јагнија и се прави хакика секој петок се канја џума намаз кој е задолжителен за мажите постот во месецот рамазан е пожелен кој може барем да се обиде садака се дава помош за сиромашните правење на сунет одење во хаџ има многу разлики дури и обредот на погреб е друг,кај муслиманите се бања умрениот и се завиткува во кефин ова е навистина многу обемна и интересна тема но од мене толку да оставам простор и за другите
има разлики и тоа многу еве само пример кај жените кај нас жена може што сака да прави буквално и тешка дроља да биде, еден ден ако се покае тогаш и е простено. Во исламот такво нешто нема, таквите жени се каменувани и убивани ( зборувам за шеријатскиот закон). Кај нив верата е наследна од родителите, а ако некој ја смени верата му следи смрттна казна БУКВАЛНО Во шеријатскиот закон на крадец му се сечат рацете (безразлика дали е дете) Полнолетството кај девојчињата се смета од првата минструација, што значи одма може да се мажи. Кај нив на децата почнуваат да им се сметаат гревовите од нивното описменување, значи штом дете се научи да чита или пишува и недај боже да украде нешто му отиде раката, а за поголеми работи им лета главата има разлики и тоа многу гледам на форумов ретко која ги знае тие работи, па тоа што го кажувате е традиција а не ислам
Разлики има еден куп, но и христијанството и исламот имаат потекло од јудаизмот, библијата и коранот се правени врз основа на еврејската книга(заборавив како се викаше) од стариот завет и потоа само се надоврзани приказките и доживувањата од пророците.Ова веројатно повеќето не го знаат но тоа е точно.
Разлики меѓу христијанството и исламот има многу, но главната разлика е верувањето за тоа Кој е Исус Христос. Според христијаните: 1. Исус е Божјиот Син 2. Исус е дел од Божјото Тројство 3. Исус дошол на Земјата со главна цел да биде жртвуван на крстот за гревовите на луѓето. 4. Исус воскреснал од мртвите. Според исламот: 1. Исус не е Божји Син, туку само Божји пратеник). 2. Исус нема божествена природа, не е дел од Тројството кое не постои во исламскиот концелт за Бог. 3. Исус не умрел на крстот. 4. Бидејќи не умрел, тоа значи дека и не воскреснал.
би сакала да те поправам во некои работи.. и кај нас жената може да се покае во секое време и само еден знае дали ке биде простено било во ваша или наша вера тоа е господ или аллах а навистина има закон каменување ама тоа неможе да се направи без докази и сведоци... да верата е наследна исто и како кај вас мајкати и таткоти се христијани па и ти си така исто значи и за мене а ако ја смени некој верата тоа е на негова душа никој неможе да ти суди освен еден господ или аллах... во шеријатот да дозволено е на крадец сечење на рака ама еве ке ти посочам пример може и на интернет да побараш и ке видиш сама каде е најмал процентот на кражби во светот еве јас ке ти кажам во арапските и шеријатските земји затоа што ако на еден му се направи тоа ке биде ум за сите останати а со тоа се спрешува и правење на грев односно крадењето во секоја вера е забрането и е голем грев.. полнолетството на женските точно дека настапува од првата менструација и може да се мажи исто како кај сите и тоа е сопствен избор дали ке се мажиш или не а исто и за гревовите кај женското настапува од првата менструација а кај машките од 12-13 год од тогаш почнува да се сметаат а не од описменувањето ава на пример јас знаев да читам и пишувам уште пред да почнам на училиште а тоа не значи дека од тогач ми се сметаат гревовите а за тоа да ти летне главата го нема никаде и во никоја религија па дури ни во исламот. исламот всушност е една интересна и фасцинантна вера ама треба подлабоко да се истражува за да може да се разбере и нее како што се претставува дека е се со убивање и малтретирање туку е една вера чиста и убава полна со меѓусебна љубов и разбирање... се надевам дека успеав да објаснам поубаво
Сепак има разлика. Во христијанска вера Бог ни ветува сигурно простување доколку се покаеме. „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (1 Јованово 1:9, Библијата) „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.“ (Римјаните 10:13, Библијата) „ Вака говори Господ... А Јас, заради Себе ги бришам твоите престапи и не си спомнувам за твоите гревови.“ (Исаија 43:14,25, Библијата) „Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.“ (Псалм 103:10-12, Библијата) Прекрасно е чувството да знаеш дека Бог ти простил. А има суштинска основа на која Бог ни простува. Не е тоа замижување со окото, ниту е тоа прогледување низ прсти (како што се вели кај нас). Бог ни простува на основа на Христовата жртва на крстот каде што Исус плати за гревот на секој поединец кој што ќе се покае и ќе поверува во Божјото Спасение. „Тој (Исус) е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.“ (1 Јованово 2:2, Библијата) А дали тој закон важи и за мажот кој силувал? Знаеме дека жената која извршила прељуба се каменува. Но што е со мажот кој извршил прељуба? Дали има некој евидентиран пример каде што маж бил каменуван затоа што извршил прељуба? 1. Кај сите христијани не е така. Католиците и православните ги крштеваат своите бебиња и тие се сметаат за христијани со раѓање. Но дури и кај нив, тие се слободни да ја променат својата вера кога ќе пораснат. Кај протестантите пак децата не се крштеваат како бебиња, туку крштевањето се врши само кога детето ќе биде доволно зрело и кога самото и САМОСТОЈНО ќе одлучи да стане христијанин и јавно да ја исповеда својата вера со крштевање. Ако подоцна се премисли и реши да стане муслиман или будист, никој не му брани. Во некои семејства можно е притисок од родителите, но сепак секуларната држава му гарантира право на слободна вероисповед на детето и тоа може да побара заштита доколку родителите му пречат во тоа. 2. Во Шерјатските држави казната за одлучно напуштање Ислам и јавното исповедање на новата вера е смрт. Се разира, тие не бесат веднаш, туку ќе те викнат на разговор, ќе те ислушаат зошто си решил да напштиш Ислам, потоа ќе те убедуваат да се вратиш во Исламот, да се покаеш од „неверието“ и сл. Е ако и тогаш не прифатиш, тогаш биди среќен ако ти дозволат да ја напуштиш државата. Ако пак решиш да останеш и си доволно влијателен за да не бидеш погубен, тогаш не смееш на никој муслиман да збориш за твојата вера, бидејќи тоа ќе се сфати дека ти сакаш да ја наметнеш својата вера и на други муслимани, а тоа пак е казниво со смрт. Значи слободата на вероисповед е забранета во Шерјатските земји. Зборот „Вероисповед“ е кованица од два збора „Вера“ и „Исповедање“. Верата де јуре е дозволена, а исповедањето де јуре и де факто е казниво со смрт. Од друга страна муслиманите кога одат во земји со доминантно христијанско население, тие не само што можат да си ја проповедаат својата вера и да вршат исламизација, туку дозволено им е и да пишуваат анти-христијанска литература (и тоа го прават) која што директно ја напаѓа христијанската вера. И не само што им е дозволено тоа, туку државата им дава и штанд на саемот за книгата Колку може да биде „сопствен“ изборот на едно девојче што за прв пат добило менструација? Девојчињата на таа возраст се уште во основно училиште, им се попречува образование. Една докторка ми кажа дека во Шерјатските држави, заради малиот процент на образовани жени, имаат недостик на женски гинеколози. А бидејќи мажите не ги пуштаат жените кај машки гинеколог (бидејќи не смее друг маж да гледа и чепка таму), жените страдаат од вагинални заболувања. Греота. Се надевам дека сега имаат најдено решение за овој проблем.
Е и мене ме интересира приказната зошто кај Муслиманите е забрането. Имам многу познаници кои ги бунело како во Библијата е споменато дека не треба да се јаде свинско, а Христијаните јадат. Тој дел се наоѓа во Стариот Завет, поточно во Тората која е света книга на Евреите. Затоа дури и денес, религиозните Евреи не јадат свинско месо. Според неа, сите животни кои имаат раздвоени копита и преживаат се чисти. Свињата иако има раздвоени копита, не прежива и затоа е нечиста. Значи не само за свињата, туку и за зајакот, камилата и тн. Исто имаше и за водни животни кои немаат лушпи/перки...не паметам точно. Додека пак, според Новиот Завет, човекот не може да се извалка од нешто што му влегува преку устата во утробата, а не излегува од срцето.