А, зошто тогаш многу од жените се забулени за да земаат пари ??? И сега таа многу верна е или трговија си прави со Исламот ???
Hема што тука така пишува во куранот знам ,ама мое мислење грубо е да натераат жена да носи превез ако не сака.Cе сеќавам на серијата Kлон,Cамира не сакаше да носи превез кога и дојде првпат менструација не кажа дома,и крај краева кога одби да носи превез ја осудија ко тетка и жаде ќе била,абре абре жално.Cепак таква е религијата ,ако така пишува веројатно има зошто,само сакам да те прашам Aмра што точно ви значи тоа ,се чува убавината на жената само за мажот така ли беше,од серијата памтам
Прашањето можеме да го одговориме само на следниот начин, со троичноста на човекот. Духовниот свет, иако навидум е далечен, сепак е најблизок. А тоа значи дека тука се работи за две природи (како природи), една е телесната (создадената), а сосем друга духовната. Што значи, дека што ќе му претставува на Бог тешкотија да се воплоти во тело и дали тоа би било нешто тешко и невозможно за Него? Не. Зашто Тој може да направи што сака и кога сака и најважно да ги руши сите природни закони. Погледнато и хронолошки за прашањето што го постави за тоа дека Бог е создаден, ќе одговориме и ќе видиме прво кога е настанат човекот, а дури потоа кога е воплотен Бог во човек (по колку илјади години). Значи, прво е создаден човекот од Бог, што значи дека Бог, Светата Троица била и тогаш исто, за потоа да дојде на земјата Бог и да се воплоти како Син Божји. И второ Син Божји се нарекува откако е воплотен, но не и претходно. Зашто тогаш во Светите Книги е запишано дека ќе дојде Месијата. Знам која е таа нејаснотија, но тука е одговорот. Штом се родил како човек, телесен човек, затоа и се нарекува Син Божји . Еве да направиме и едно разграничување на поимите. Син, значи некој кој се родил, додека Божји, можеме во се’ да употребиме, како чедо Божјо или слично, но Син Божји, тоа има сосем друга конотација . *** Да, нашата вера е монотеизам. Како што е и секое човечко битие на земјата, создадено по Образот и Подобието Божјо. Како што ни јас неможам да речам дека (прости, што ќе те земам пример тебе), Фемина0 се три личности, сепак ти си една личност. Со свој телесен дел и со својот духовен дел, душата и духот . *** Се надевам дека сега мила е се појасно .
inace ,serijata klon e mnogu glupa serija i nisto sto e pretstaveno tamu ne e po propisite na islamot, mu teknalo na nekoj reziser da snimi takva serija,a nisto ne napravil kako sto treba,zatoa ne treba da se diskutira ,od gledanjeto filmovi, zemete procitajte i ke videte zasto se nosi samija, zasto treba, dali ste primorani ili ne. poz Kj si videl/a da zemaat pari za da se zabulat ? [mod-kirilica:1izebe81][/mod-kirilica:1izebe81]
Па не ќе ги дадат пари пред мене, за јас да видам. Ама ова не е државна тајна, сите го знаат тоа, а некои и го признаваат.
Тоа што јас немам хиџаб незначи дека јас помалку верувам од тие со хиџаб. Текстот е многу вистинит, и да јас имам моден блог и се трудам да изгледам убаво ама пред се за мене, и не не е лицемерно јас не ја представувам верата во блогот се представувам себеси како човек и мојот сенс за мода, јас верувам и неморам тоа да го докажувам. Горда сум како муслиманка и многу си ја почитувам верата и тоа не значи дека не ги почитувам другите вери, имам читано и за христијанство и имам библија дома сакам да ги изучувам и другите вери, ама јас знам дека Исламот е моја вера мој избор, не ја наметнувам како што несакам некој друг да ми наметнува друга вера мене. Нема да дискутирам повеке мислам дека бев јасна.
Не мислев на тоа дали и колку веруваш, тоа си е твое право. Текстот кој според тебе е многу вистинит тврди дека жените кои се покриени се вистински верници, додека оние откриените, како ти на пример, ги карактеризира како евтин предмет. Според истиот, цитирам "И од таа причина Аллах ми наредува да го покријам своето тело; да ја скријам мојата убавина и да му порачам на светот дека јас не сум тука само за да со своето тело ги задоволам машките желби ЈАС СУМ ОВДЕ ЗА ДА АЛЛАХ БИДЕ ЗАДОВОЛЕН СО МЕНЕ." твојот Бог не е задоволен со тебе и се она што го пиша погоре паѓа во вода. Не е поентата само копи пејст да шлакнеш нешто во темава без претходно да го прочиташ. Остани поздравена, блогот ти е супер, верувај во што сакаш ама стави прст на слепоочница пред да се закопуваш вака јавно.
Јас го причитав и за мене е тоа вистина особено делот дека не сум овде да ги задоволам машите потреби бог не нè создал да бидеме бомбони за мажите ниту пак објект за забава. Хиџаб е избор барем во мојот случај и на многу други што ги почнавам.
А од каде тоа дека со тоа што некој е модерен е тука да ги задоволи мажите и да биде нечив предмет за забава ? Мислиш ли дали еден маж ќе примети колку убаво ти стои ланчето искомбинирано со кошулката Јас не сметам дека мода е деколтето до пупак и минич .Тоа е веќе вулгарност и желба за внимание . А тоа што некоја жена има средена коса и е елегантна , најмалку ја прави објект за забава. Текстот те осудува и тебе , не знам како не приметуваш. А и не дискутраме за нечии верувања ,туку конкретно за текстот .Според мене текстот е дискриминирачки за тие со различен избор и ги карактеризира како робови и секс машини .
Јас не реков дека една жена треба да е покриена со хиџаб, прво јас немам. Во текстот пишува дека ни се наметнати стандарди Толку од мене на темава.
Или не читаш до крај или се правиш дека не разбираш. Во текстот се наметнати стандарди ама не тие што ти ги наведе. Што би рекла на ова како продолжение, а?
Па збориш нешто што не знаеш, еве јас не знам прв пат од тебе слушам, а ко ги има такви што ќе се забулат за пари и претходно кажав тоа иде на нивната совест и тие не можат да се нарекуваат муслимани, но сепак значи има многу што се декларираат како муслимани, а не ја почитуваат верата, зборот ми беше, еден човек може да се нарекува муслуман, но додека не ги почитува прописите на исламот и се држи според тие правила, не е муслиман.Во тие правила спаѓа и носењето на шамија, секое женско од својата 14 година треба да носи шамија, но ете има и такви кои не одат во целост со правилата, па не носат шамија, но тоа секој за себе си гледа.
Како зборувам за нешто што не знам девојко, тоа и врапчињата на гранка го знаат !!! Веќе две пријателки муслиманки кои ги имам се забулија само од причина што ќе земале по 500 евра месечно, а тие пари не се малку во државава... Не дека се работи за вашата религија, јас и за нашата религија ако се злоупотребува нешто си кажувам. (ете читај по другите теми, ќе видиш повеќето што пишувале за попови, итн.) А, вие ништо не признавате со сила се правите најсовршени.
Последен пат те цитирам за ова прашање. Не се од секта. Или стварно немаш поим, или со сила ги браниш. Ова не го измислив јас сега од памет ! Самите луѓе, кои се со исламска вероисповест го имаат ова признавано уште одамна. Јас немам ништо против Исламот, ја почитувам како религија, но кај вас постојат луѓе (како и кај другите религии) кои ја злоупотребуваат религијата. Ете, и кај вас тоа го прават, толку си слепа или стварно не сакаш да го признаеш тоа? Вие муслиманите не дај Боже нешто да признаете. Се правите со сила некои верници, а повеќето поим си немаат од вера. ************************************************************ За Росе96 - Па и ти на твоите слики носиш припиени фармерки со висок струк (да не кажувам детали како изгледаат), машала се оцртано, високи штикли, напудрено лице, ланци околу врат. Дали тоа значи дека и ти си веќе во барабанот на кои ви е наметнат тој стандард на ефтини девојки? Зошто ти ако не носиш хиџаб, барем не се облекуваш малку понепровокативно ? Зошто да сме реални, многу од муслиманкиве жени ги надминаа сите граници во облекувањето. Кај нас постои еден израз: пуштен како куче од синџир. До вчера ви беше забрането, а сега не знаете што попрво да покажите на вас. Спојлер (редовно со штикли, фармерките пикнати в газ и в пич, се оцртано, па од нашиве или од други религии одат каде-каде поскромно облечени и поприбрано. Вашите и на школа одат вакви.)
Tи благодарам на одговорот Aмра.Tака е серијата е непрописно направена но беше доста интересна(заради забранетата љубов ) .Mислам дека имам читано ,колку се сеќавам беше дека жената не треба јавно да си ја покажува убавината пред мажите,само зошто ли главата и лицето се покриени,а сепак постојат и танчерки кои се разголени,мислам како оди тоа ако сакаш да појасниш,само се обидувам да сватам ,поздрав.
Па тоа сакам да ти кажам и јас, таму е прикажано дека се носи шамија, а има голи танчерки, затоа ти викам не е правилно направен филмот, затоа викам дека не направно се како што треба, сфаќаш? Покажал дека шамија се носи, а ставил голи танчерки, тоа не треба да го има, тоа во нашата религија го нема.
Темата е за разлики помеѓу Исламот и Христијанството, и не знам зошто покриеноста на жената е дискутирана токму во оваа тема, кога и исламот и христијанството имаат исти ставови. Законот за жената да биде покриена не е од времето на доаѓањето на исламот туку тоа било и претходно. Според Новиот Завет во Прво Послание до Коринќаните јасно пишува дека таа жена што не ја покрива својата глава е срам за нејзиното семејството и дека подобро да ја избричи нејзината глава. Токму затоа и калуѓерките се покриени исто како што се и муслиманките, е сега разликата е што кај муслиманите уште има што го почитуваат овој закон додека пак кај христијаните е изгубено, денеска освен калуѓерките не гледаме други да го почитуваат овој закон.
A да надополнам пишува наместо покривало,на жената и дадена долга коса,за да се разликува од мажот,така да ова мислам сега не важи.