Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Море јас мислам дека сите ние сме водени од еден Бог.
    Е сега народот што, како се поделил тоа незнам.
     
  2. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Како прво во тоа поглавје не пишува за тоа како жената да се разликува од мажот туку пишува за начинот на облекување на мажите и жените, за мажите пишува дека не треба да ја покриваат главата додека па за жените ако не ја покријат главата тие се срам за семејството.

    Како второ, и Исус имал долга коса и денес можеме да видиме многу мажи што носат долга коса, а има и жени што носат кратка коса. Така да долгата коса не прави некоја голема разлика за мажите и жените.

    И како трето, како може нешто да важи а нешто да не важи, ако е законот од Бога, кој го прави да важи и да не важи. Дали ова значи дека некој ги менува Божјите закони?
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    5.А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем исто како да е истригана.
    6.И така: ако жената не се покрива - нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да се бричи; нека се покрива!
    15. ..зашто косата и е дадена место превез(ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ 11:5-6-15)



    да нема забуни, не е точно дека жената-православна христијанка дека треба да стави шамија
    кога веќе проповедате, бар правилно правете го тоа

    еве дополнително

    5 А секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срами својата глава, зашто е сосем исто како да е истригана.
    6 И така: ако жената не се покрива - нека се истриже! Но ако е срамно за жената да се стриже или да се бричи; нека се покрива!
    13 Пресудете сами во себе дали е прилично жената да Му се моли на Бога непокриена?
    14 Не ве учи ли самата природа дека е срамно за мажот да има долга коса,
    15 ако пак жената има долга коса, тоа е чест за неа, зашто косата и е дадена место превез.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Тогаш има контрадикции помеѓу тие реченици. И ако христијанките не треба да се покриваат тогаш зашто мајката на Исус била покриена, зашто калуѓерките по манастирите се покриени и зашто порано кога се одело во црква жените носеле шамија?
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Епа сама си одговори. Токму така, само кога се оди во црква. Да, тогаш се носи соодветна облека, како на пример марама, долго здолниште и затворена блуза. И тоа не било практикувано само порано, туку и ден, денеска е правило во секоја црква. Дури има во некои цркви каде пред влезот делат марами за жените, за колку да можат да влезат па потоа ги враќаат. :)
     
  6. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Kalugerkite I koga setaat go nosat prevezot, ako e samo za vo crkva zasto nadvor ne go vadi prevezot, I plus nie sto imavme edna komsika sekogas koga izleguvase na glavata si stavase kratka samija
    Kako I da e si ja sakam mojata vera I gi pocituvam drugite veri I ne sakam da navredam vrz verska baza
    Toa sto me cudi e zasto mnogumina od hristijanite im smeta toa sto muslimankite se pokrivaat (ma da ne mi e jasno zasto koga toa ne vliaje vrz niv ili nivnite zivoti) I sekogas zborat protiv toa, a pak od druga strana im izgleda sosema normalno sto o i kaj niv poboznite zeni se pokrivaat. Zasto za niv ne se protivat?

    Izvinete za latinica od telefon pisuvam
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Мислам дека малку се оддалечивме од темата, зашто оваа дискусија заврши во погрешен правец, во правецот на обвинување еден во однос на друг.

    Прво и основно, секој си има право на избор и секој својата вера си ја искажува на свој индивидуален начин. И ако погледнеме малку подлабоко и подуховно, ќе видиме дека сепак надворешното е огледало на внатрешното. Не го зборувам ова конкретно за материјалното, за облеката, како човек се облекува, туку воопшто за се’ , за духовното. Затоа и реков дека секој различно ја перцепира својата вера и ја изразува на негов сопствен начин.

    Постојат личности кои од х причини и прават некои нешта, но сепак ние не сме тие кои што треба да судиме. Факт е дека постојат (како што напомна и една феминака) и дека за финансии, ја искажуваат токму на тој начин својата вера (примерот што го кажа Силвер е потполно вистиснит, зашто и јас го имам тоа во непосредна близина, од носење на марама, од имање на толку и толку деца, од толку и толку примања месечно за тоа...).
    Можеби во конкретниов случај некако иди работава на истакнување, кој поголем верник е, ама тоа нема никаква врска со она духовното. Зашто има личности кои ги гледаш надворешно „раскошни“ , а кога би стапил во контакт со нив, сфаќаш колку се духовно издигнати над тебе. Затоа и не треба секогаш да судиме по надворешното, материјалното.

    Сепак во случајов кога станува дискусија за марамата на жената, да бидеме реални само за една работа. А таа работа е најглавната работа што сите ја изоставивме, разликата помеѓу исламот и православието.
    Не знам, можеби грешам и поправете ме ако е така, но мислам дека разликата се состои во тоа што марамата во исламот е наметната за жената задолжително да ја носи на себе. Па доколку не ја носи жената, таа си има свои ( да не речеме понекогаш и ригорозни) последици.
    Додека кај нас во православието, тоа е оставено на слободната волја на жената, се’ со цел да не се гуши таа слободна волја што ја има човекот и му е дадена од Бог. И за тоа ќе напоменам само еден цитат кој буквално звучи вака:
    - Кој има уши нека чуе!
    Со ова сака да се каже, дека слободната волја е на прво место и човекот е тој кој ќе се одлучи. А дополнително, ако ја анализираме таа слободна волја, ќе видиме само едно, дека човек прави нешто или од љубов или не. Така е и случајот со марамата во православието. Има личности, има жени кои ја носат и тоа без срам од другите, од љубов кон Бог, додека другите ги понижуваат, ги омаловажуваат, ги сметаат за заостанати и старомодни...
    Ама ако направиме паралела со исламот (поправете ме ако грешам), навистина има некои поригорозни последици тоа не носење на марама. Зашто мажот ја има потполната власт над жената и тој може да и каже што и како да носи.
    Знам дека тоа дома нема никакво значење и сите си се слободни дома да прават што сакаат, ама ете пак тука ја ќе видиме вистината и реалноста во очи за она што го напомнав, за љубовта кон верата. Ретки се денес, посебно младите мусламанки кои и дома носат марама и така се облекуваат како и надвор (поправете ме ако грешам), а тоа е доволен факт на искажување на љубовта и онаа вистинска вера кон Бог. Што значи, ако погледнеме вистински длабоко во дискусијата и доколку би и се дарила онаа безрезервна слобода на жената во исламот, за таа да одлучи што и како да носи, ќе видиме само едно. Ќе видиме, дека колку што има кај нас православни христијанки со долга облека и марама на глава, толку би имало и во исламот. Зашто не сите жени се скроени исти и не секоја може да поднесе (пример во лето да носи марама и долг мантил, додека сопругот и шета по маичка) таков начин на живот. Да бидеме објективни и не пристрасни, ама таа глетка е се почеста и не можеме никој да ја негираме кога е така.
    Случајот е ист и во православието, не само кај вас. Зашто и таму и ваму, што сме ние?! Што сме, ако не луѓе со свои потреби, различни поимања на нешатата околу нас и со различни гледишта на се околу нас. Сите грешиме и сите се покајуваме за стореното :) .

    И за крај, пример би ја земала Росе, зашто ја напомнавте.
    Можам да кажам дека девојаката иако е муслиманка, ете таа е пример за нејзиното сопствено перцепирање и искажување на верата. Тоа што таа така се облекува, не е наше да судиме (можеби да расудуваме, но не и да судиме), ама сепак да признаеме дека девојката што се однесува за модата, си има свој вкус кој е за пофалба. Тоа нејзино манифестирање на надворешното, барем за мене е показател за она што го наведов погоре (ама позитивно).
    Ние сите не сме исти!!!
    Иако е муслиманка, таа е само човек и ова што таа го прикажува на себе (ако погледнеме позитивно на делото), ќе видиме дека можеби тука е и нејзината иднина. Можеби еден ден ќе биде стилист, моден дизајнер... којнзае, освен Бог. Сепак без разлика на се’ навистина треба да им се восхитуваме на таквите личности, за оној дар што им го дарил Бог :) . Додека за марамата, па и другиот начин на облека (според нејзината вера), таа најдобро си знае. Бидејќи тоа е нејзин живот, на кој јас како човек гледам позитивно за она што таа сама одлучила, за нејзината слободна волја :) .
     
    На hermosa, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Православното христијанство - извор на правата и слободата на жената



    Православното христијанство - извор на правата и слободата на жената


    Современото движење за еманципација на жената честопати, поради погрешно сфаќање на христијанските начела, се јавува како борец против христијанството, во кое гледа ограничување на правата и слободата на жената. Така, барајќи ги своите права, многу жени несвесно застануваат против православното учење кое е извор на тие права. И можеби затоа денес е толку потребно јасно да се образложи ставот на православната Црква во поглед на жената и особеностите на нејзината природа. Зашто ниедна цивилизација, ниедно философско или религиозно учење, не ја издигнале жената на толку високо рамниште како христијанството. Таа не само што веќе не е сметана за „инструмент кој зборува“, „предмет за задоволство и одржување на родот“, или „имот на мажот“ и тн., туку се вреднува како личност која е повикана на една многу достоинствена и возвишена мисија - да биде мајка на животот и соработничка на Бога во спасението на светот.
    Самото христијанство е најдобар одраз на природниот тек на нештата, највисок степен на духовно совршенство, во кое и мажот и жената го пронаоѓаат својот сопствен призив, притоа не губејќи ги правата кои и по законот Божји и по законот човечки им припаѓаат. Единствено во христијанството, жената добива можност да не се чувствува веќе како робинка, туку како слободна личност присутна во сите сфери на животот. Црквата од самиот свој почеток не ја порекнувала рамноправноста меѓу мажот и жената, но секогаш, пак, ги истакнувала оние природни особености на нивните личности, со што се одредуваат нивните взаемни односи и нивната мисија во општествениот живот. Светите Отци во мажот гледале авторитет, но за жената кажале дека е „втор авторитет, дека таа всушност поседува поинаков вид авторитет и рамноправност во достоинството“ (св. Јован Златоуст). Св. ап. Павле, пак, истакнувајќи ја возвишеноста на брачната љубов, тоа вака го објаснува: „Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа, за да ја освети... та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение“ (Ефес. 5, 25). Нагласувајќи ги внатрешните вредности над надворешните, православната Црква во авторитетот на жената гледала мајка, сопруга, девојка, сестра, која со својата нежност, кротост и смиреност ги совладува и најцврстите окови, најтврдокорните срца. Жената преку евангелските вредности е повикана да му даде смисла и нежност на светот, да го уништи декадентниот дух што денес постои во него.
    Но дали е денес тоа така? За жал тој декадентен дух, кој произлегува пред сѐ поради егоизмот и практикувањето на страстите, присутен и кај мажот и кај жената, е последица на гревот кој длабоко се закоравил во нивните срца - просто тој станал мода. Бидејќи денес постои погрешно учење за човечките вредности, сите превези на срамот, достоинственоста и скромноста се отфрлени. Можеби затоа и изјавите на Црквата понекогаш се погрешно разбрани, како дискриминирачки против жената. Всушност таквите изјави не се насочени директно против жената, туку против тој искривен однос помеѓу мажот и жената, чијашто природна последица е токму таа декадентност што денес ни се случува. И доколку таквите изјави, иако можеби малку строги, не се извадат од контекст, нашите жени во нив ќе можат да препознаат искрена загриженост и желба за повторно воспоставување на достоинството и правото што им следува, а што денешното живеење во грев одново им го одзема.


    Што се однесува на жените, во Библијата се вели дека тие не треба да влегуваат гологлави во Црква, туку треба својата глава да ја покриваат. Во Црквата треба да си пристојно облечен, но тоа не значи облекување од глава до пети, т.е целосна покриеност на телото, како што тоа го прават муслиманките. Надвор од Црквата нема потреба да ја покриваме својата глава и својата коса.
    И немој да мешаш баби и жаби! Не мешај жена христијанка и калуѓерка. Жена христијанка не е калуѓерка!
    Калуѓерките се жени кои одлучиле по своја волја да го покриваат целото свое тело, жени кои одлучиле никогаш да не се мажат и својот живот да му го посветат на Бог.

    колку за посликовито објаснување ....

    [​IMG]



    и реалниот поглед


    [​IMG]





    несакам никој да навредам туку да ја погледнеме вистината во очи
    а еве што се случува кога ке се судрат слободната воља и наметнатото ( задолжителното)
    За тоа ја почитувам слободната воља , односо за тоа го почитувам христијанството


    [​IMG]





    eva_i_Deva.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • eva_i_Deva.jpg
      eva_i_Deva.jpg
      Големина на фајлот:
      93,4 KB
      Прегледи:
      204
    • d.jpg
      d.jpg
      Големина на фајлот:
      50,1 KB
      Прегледи:
      204
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    изгледа го немаш читано куранот, но пишува дека со првото добивање на менструација девојчето треба да се покрие, а нема определена граница на години

    Јас пак имам прашање:
    Зошто за бајрам колете курбан кога тој е забранет?
    Зошто во иран муслиманите имаат икони?
    Зошто постојат многу правци и поделби во исламот ( суфиии, шиити ,сунити, бектеши итн) кога нели имате само еден куран?
    Зошто некои велат дека марамата е задолжителна а некои дека е личен избор на жената?
    Зошто неможе муслиманка да пее во џамија или да подучува во џамија?
    Зошто најчесто мажите одат во џамија да клањаат а жените го прават тоа дома?
    Зошто некои клањаат само во петок а некои секој ден по 5 пати?
    Ако може одговориве нека бидат со објаснување но и со цитати од куранот и уште ова, Во куранот пишува како и кога да се тепа жена па ако може и за тоа да дадете цитат?
    Благодарам


    Зошто некои муслиманки ја покриваат само косата а некои и рацете и лицето? (јемен-турција)
    Зошто некои се цели во црно, а некои во плаво? ( иран -пакистан-египет)
    Кога ке одговориш на овие прашања ке ти сстане јасно зашто некогаш Мајката Божја носела марама
     
  10. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Секогаш сум се прашувала...дали сите вери се за еден исти бог само го слават на различен начин ,Или пак сите си слават посебен бог ? :?: :?:
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Бог е еден, начинот на славење и верување во истиот е различен. Не за џабе во некои јазици, зборот кој се однесува на религијата, во речник може да се најде и со ова толкување „обожување/восхит/славење (на Бог)“.
     
    На Emotional123 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Баш разговарав со моите на оваа тема.
    Многу пати сум слушнала луѓе од исламска и православна вероисповест како ја величаат својата вера, а ја понижуваат спротивната.
    Мојот став е ист како овој, муслиманите веруваат во Алах, христијаните во Господ и да не ги редам другите вери. Алах-Господ која е разликата?
    Еден Бог не создал, еден ќе ни го земе животот.
    Пред еден и единствен Господ одговараме за грешките.
    На еден Господ му се молиме без разлика на начинот., на еден Господ му се обраќаме.
    И џамијата и црквата се свети куќи според мене во кои му се молиме на еден Господ и затоа никогаш во животот не сум навредила црква или пак сум ја понижила и ја сметам за света куќа исто како и џамијата.

    Библијата и Куранот се свети книги со слична содржина, каде што Господ ги кажува правилните работи кои да ги правиме или да не ги правиме.
    Истото го пишува не убивај, не кради, не лажи и тн.
    Ја почитувам Библијата како и Куранот.
    Јас лично признавам секаква вера (освен сектите- вехабизам-јеховини сведоци-црна ружа бла бла)

    Иако признавам, многу ме фаќа инат кога некој ќе ме понижи како муслиманка, ама не паѓам на тоа ниво да возвратам, затоа што навредувањето на нечија света книга или светилиште го сметам за грев.
    Тие луѓе се за мене многу ниски и безвредни.

    Многу ми е жал што останатите не размислуваат вака, што наместо почитување и слога има само навреди и понижување.



    Е сега ќе пдгпвпрам само на тоа што го знам (зошто навистина не сум премногу упатена во религија ама го одговарам она што го знам)
    1. Курбанот за празникот Курбан Бајрам се коле и СЕ ДАВА НА СИРОМАШНИТЕ- на тие што немаат, односно тоа е начин на кој им се помага на другите. Има правила за поделбата на курбанот значи третина иде кај роднини-семејството, третина кај сиромашни, третина на пријатели и соседи.
    значи се коле од причина да им се помогне на другите. И тоа дека Куранот го забранува незнам од каде ти е.
    KURBAN

    Kurban je vrsta ibadeta koja podrazumijeva žrtvu određene vrste životinja, brava ili govečeta u određeno vrijeme s ciljem približavanja Allahu dž.š. Ova vrsta ibadeta je vadžib, a ustanovljena je naredbom Kur'ana i Hadisa Božijeg Poslanika.

    Uzvišeni Allah dž.š. veli: “Zaista smo ti mi dali najveće dobro, ovog i budućeg svijeta. Pa klanjaj svome Gospodaru i kolji kurban. Zaista je onaj koji te mrzi bez spomena.”(El-Kevser, 1-3)
    “Do Allaha neće stići njihovo meso ni njihova krv, nego će do njega stići vaša bogobojaznost. Tako vam ih je On potčinio da veličate Allaha zato što vas je uputio na Pravi put. I obraduj dobročinitelje.” (El-Hadždž, 27)
    “Reci, Moja molitva, moj kurban, moj život i moja smrt pripadaju samo Allahu Gospodaru svjetova.” (El-En'am, 162)
    Mudrost propisivanja kurbana
    Ovom vrstom ibadeta postiže se:
    a) udovoljenje Božijoj naredbi, odnosno slijeđenje prakse Božijeg Poslanika;
    b) oživljavanje prakse Ibrahima, a.s., i sjećanje na njegovu spremnost da žrtvuje ono što najviše voli, sina Ismaila, kao i spremnost Ismaila, a.s., da žrtvuje najviše što ima, život;
    c) socijalno zbrinjavanje ugroženih u islamskoj zajednici, briga prema njima da se bajramski dani provedu u potpunoj sreći i zadovoljstvu, kao i povezivanje i učvršćivanje odnosa unutar rodbinskih i prijateljskih krugova;
    d) zahvala Allahu, dž.š., na opskrbi i blagodatima kojima nas je počastio.
    2. За муслиманите во Иран незнам зошто имаат икони но во муслиманската вера се забранети затоа што е забрането Алах да се претставува во каков било лик или пак ете икона. За ова ваљда не морам цитат да ти вадам- општо познато е
    3. Тоа е исто како во Христијанството што со текот на времето се правеле римокатолици, православни, протестантизам, а сите имате една Библија така?..... (Односно многу од нив се секти во кои што спаѓа и вехабизмот)
    4. За марамата, зависи како кај кого. Пр кај вехабистите е задолжителна. Кај нас не е туку е избор на жената. П.с морам да се надоврзам- и христијанките носеле марами- не ми тупете со муабетот дека биле потурчени. Добар е примерот со калуѓерките. Или не давајте одговор со прашање |( Или знаеш или незнаеш. Ако немаш одговор ќути!
    5-6 Ако беше доволно информирана ќе знаеше дека има многу жени кои завршиле медреса и пеат и учат. И нормално можат да се клањаат во Џамија најнормално како и мажите, но можат и од дома исто како што можат и мажите. (Всушност имам прочитано дека по правило не треба ни жени ни мажи да се клањаат од дома туку само во Џамија). Тоа девојко е наша Света куќа која не прима сите подеднакво како мажи така и жени исто како и црквата.
    7. Кај нас се клањаат 5 намази (без разлика дали клањаш секој ден или не) кога се клања џума намаз (значи клањање во петок) тогаш тој што клањал џума намаз не мора да клања САМО пладне намаз. Другото се мора за се клања!!
    И последно
    Da li je prema islamu mužu dozvoljeno da udari svoju ženu?
    Često se optužuje da Časni Kur'an dozovoljava jedan vid nasilja nad ženom. Prije nego pomno
    osmotrimo ajet koji se kritikuje, osnovano je da se primjeti da je za bolje razumijevanje Časnog
    Kur'ana neophodno uzeti u obzir život i ponašanje Časnog Poslanika s.a.v.s.
    Hazreti Aiša je opisujući Časnog Poslanika s.a.v.s. rekla:
    "Njegov život je bio poput Časnog Kur'ana." (Muslim)
    U samom Časnom Kur'anu se kaže:
    "I ti nesumnjivo posjeduješ visoke moralne odlike."(68:5)
    Dakle i praksa, sunnet Časnog Poslanika s.a.v.s. nam u ovom slučaju mogu mnogo koristiti i
    pomoći:
    Časni Poslanik s.a.v.s. nikada nije nijednu svoju ženu udario i kategorično je objasnio kako
    zahtijeva isto takvo ponašanje od istinskih pravovjernih muslimana (Abu Davud).
    Kada je Časni Poslanik s.a.v.s. čuo da neki muževi tuku svoje žene, rekao je:
    "Oni sigurno nisu najbolji među vama." (Prenosi Ahmad, Abu Davud i an-Nasa'i)
    Nadalje on je objasnio:
    "Najbolji su među vama koji su najbolji prema svojim ženama, a ja sam najbolji među vama
    prema svojim ženama." (Tirmizi, u: 40 lijepih dragih kamenja, str.84)
    Ipak je bio običaj kod Arapa predislamskog doba u ekstremnim situacijama da tjelesno kazne svoje
    žene. Iako je Časni Poslanik s.a.v.s. bio izvanredan primjer dobrog postupanja prema ženama,
    uprkos velikim naporima mu nije polazilo za rukom da običaj tjelesnog kažnjavanja potpuno
    iskorijeni.
    Temelj odnosa između muškarca i žene
    Časni Kur'an uvijek i iznova naglašava da ne sadrži kontradiktornosti, kao na primjer ovdje:
    "Zar oni onda ne razmišljaju o Kur'anu? Da je on bio od nekog drugog osim od Allaha, oni bi
    sigurno u njemu našli mnoge protivrječnosti."(4:83)
    To znači da gore navedeni ajet 4:35 mora biti shvaćen uzimajući u obzir pozadinu i kontekst
    mnogih drugih ajeta koji opisuju generalno odnos između muškarca i žene. Ajet se treba shvatiti
    tako da ne bude sumnjiv niti kontradiktoran sa ostalim ajetima, kao na primjer sa ovim veoma
    bitnim ajetom o odnosu između muškarca i žene:
    "A od njegovih znakova je i ovaj da je On stvorio za vas partnere od vaše vrste, da se smirite
    uz njih, i stavio je ljubav i milost između vas. U tome su, zaista, znakovi za ljude koji
    razmišljaju."(30:22)
    "One su odjeća vaša, i vi ste odjeća njihova."(2:188)
    "i one koji potiskuju ljutnju i opraštaju ljudima; a Allah voli one koji su
    dobročinitelji."(3:135)
    "i družite s njima na lijep način; a ako vi njih ne volite, može biti da vi ne volite jednu stvar u
    koju je Allah stavio mnogo dobra."(4:20)
    Obećani Mesija objašnjava:
    "Odnos između muškarca i žene treba biti poput odnosa između dva iskrena prijatelja. Supruge su
    prve koje svjedoče visokim moralnim vrlinama jednog muškarca i njegove povezanosti sa Bogom. I
    kako jedan čovjek može očekivati da bude u miru s Bogom ako se loše odnosi prema svojoj
    supruzi?" ( Al Hakam, 24. decembar, 1900. godine)

    El–Nahl, ajet 126.:

    ”Ako hoćete da na nepravdu uzvratite, onda učinite to samo i u onolikoj mjeri koliko vam je učinjeno, i ako otrpite, to je doista bolje za strpljive.”
    Ili da razumjemo ovaj ajet u okviru principa “Oko za oko, i zub za zub”, što znači, ako ona prema tebi nepravdu učini riječima, i ti njoj riječima uzvrati, a ako bude nepravedna prema tebi praksom svojom i ti njoj uzvrati istom mjerom, rastavljajući se u postelji od nje. I na kraju, ako te fizički napadne, uzvrati njoj, ali istom mjerom, nikako više od toga.


    Ај беее луѓе информирајте се кога веќе сте решиле да пишувате тукаааааааа
    Тоа е кај вехабистите кои што се платена секта со цел да се оцрни вредноста на Исламот...капиш?
    Кај вистинските муслимани хиџабот е избор и само избор ЛИЧЕН ИЗБОР на жената дали ќе го стави или неее (освен во Џамија каде што мора да носи, и кога клања и на погреби) И НЕ СЕ ПЛАЌА |(

    Ама како самоуверено ги пишувате работиве - глупостиве алал да ви е :D
     
    На tessie и Rose96 им се допаѓа ова.
  13. Irena18

    Irena18 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    :D
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, Emotional123 и tessie им се допаѓа ова.
  14. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Емотионал123 би сакала да се надоврзам со твојот одговор.

    Во Иран се Шиити, нивните молитви се многу поразлични од нас, тие не клањаат туку имаат некои ритуали со играње и влегуваат во транс. Во нивните свети куќи они обично имаат и слики.Шиитите се појавени после умирањето на Пророкот Мухамед а.с. и тие велат дека Господ згрешил, дека пророк требал да биде Али, братучедот на Мухамед а.с. а не Мухамед а.с.

    И што се однесува до марамата за сите муслиманки е истиот закон дека треба да биде покриена но до човекот е кој како сака да го почитува тој закон. Тоа го има во Куранот суре(поглавје) 24/24-31.
    Според Исламот жената треба да биде покриена цела освен рацете и лицето, тоа што некои го покриваат и лицето, тие така сакаат но не е задолжително. Но сепак, според Исламот не можеш некого да натераш со сила нешто да направи ако самиот не сака, значи сепак доколку жената сака да се покрие ке се покрие, доколку не сака нема да се покрие но сепак треба да знае дека тогаш тоа е грев за нејзе.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    А што се однесува до покриеноста, јас имам слушано за некаков кодекс или нешто слично, нели нормално покрај марамата, рацете да се покриени до зглобовите кај дланките, а нозете до глуждовите и нормално целосно покриено деколте. Има врска ова со законот за покривање во Исламот или подоцна си е формиран тој кодекс?

    A за колењето курбан на Бајрам, на Христијаните им е чудно претпоставувам, затоа што кај нас со доаѓањето на Исус веќе нема крвни, туку само бескрвни жртви (на празник во црква одиме со лепче и варена пченица, некогаш се остава растително масло, овошје или пак само се палат свеќи). Во Стариот завет има крвни жртви, па со тоа претпоставувам дека и во Јудаизмот се` уште постои крвната жртва (поправете ме ако грешам).

    Има една приказна во Библијата кога Бог бара од Аврам да го жртвува својот син Исак (да ја тестира неговата лојалност кон Бога) и Tој кога гледа дека Аврам е готов да го послуша Бога, не му дозволува да крене рака на сина си и на местото на Исак се појавува овен и Аврам него го жртвува. И во Куранот ја има истата приказна само што според Исламот се верува дека Аврам (таму Ибрахим) го жртвува Исмаил (синот на слугинката Агара, во Куранот Хаџер), а не Исак, синот на Сара.

    Претпоставувам (поправете ме ако грешам) дека оваа приказна стои зад традицијата и празнувањето на Курбан Бајрам кај Муслиманите (курбан-симбол на жртва).
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Да, сакав да ја напишам приказнава ама постов ми беше премногу долг и го објаснив на друг начин, а во право си.
    А за марамата, незнам дали си муслиманка ако си онда и кај нас има многу поделени мислења.
    Неносењето марама не претставува грев за жената.
    Постирав пред некое вр.видео каде хафиз Бугари го објаснува настанувањето на прекривање
    Кога на Мухамед а.с. му дошле гости, мажи, тие гледале.во неговата жена цело време. Не само на него туку и други жени, па тие предложиле жените да се покриваат за да се зажтитат од грешните мисли.и погледите на.другите мажи.
    Јас лично и луѓето кои јас ги познавам, не го сметам за грев никако тоа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Прашање за муслиманките:
    Сум слушнала дека тие жени што ќе одлучат да носат шамија, кога ќе ја стават, мораат да ја носат засекогаш. Не може ако им текне после неколку години дека не сакаат веќе да носат, да прекинат да носат шамија. Дали е ова точно?
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за појаснувањето, Emotional. :) Инаку сум Православна Христијанка, но имам читано и за вашата вера, поради тоа што отсекогаш ме интересирале овие две религии а и поради тоа што сум изреволтирана од многубројните пропаганди што отсекогаш ги имало и ќе ги има и од двете страни кои создаваат отпор меѓу нас, а во идеална ситуација би требало да не` сплотуваат и да не` збогатат со искуство повеќе и со пошироки видици.
     
  19. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Во право си за кодексот на облекување Тессие. Кај мажите е дека треба да бидат покриени од над папокот до подколеници, да не се носат тесно и да не биде имитација на женската облека.
    За жените е дека треба да бидат покриени како што спомна и ти рацете до зглобовите на дланките и нозете до глуждовите, облеката да не биде проѕирна и да не биде тесна. Марамата да не биде врзана низ врат туку да ги покрие рамениците и градите, да не се носат упадливи бои туку бои во посмирени тонови, и облеката да не биде имитација на машка облека.
    Овој кодекс е од времето на Мухамед а.с. и е основан врз база на Куранот и хадиси т.е. кажувањата на Мухамед а.с. Според Исламот сите муслиманки вака треба да се носат, и не зборам за некои секти.

    Емотионал123, не велам дали според мене или според тебе е грев, туку според шеријатот тоа е грев е сега дали тоа на нас ни одговара или не тоа е друга работа :) Според Исламот овој кодекс на облекување е фарз (облигаторно) за жените, и секој фарз што не се почитува е грев. Тоа е како што се законите во државата ако не го почитуваш те казнуваат.
    А за тој хафиз Бугари не знам кој е никогаш не сум слушнала за него и не знам од каде го земал неговото знаење. Јас ти кажувам според тоа како учат во медресеата (исламски школи) и сите Исламски теолози се согласуваат со овие закони. Доколку сакаш да дознаеш повеќе можеш да гуглаш ни интернет и ке најдеш доста информации.

    И за Курбан Бајрам си во право Тессие :) , за приказната на Аврам и Исмаил, и точно е дена курбан бајрам е основан на тој случај.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не е грев според шеријатот и затоа не е грев зпоред мене. Ама секој по свое.
    Не ги гуглам овие работи, секогаш читам книги.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.