Ке можеш ли да ми појасниш како си заклучила зашто не е грев според шеријатот? Еве ке ти кажам како јас знам. Се нешто што е грев се казнува а се што не е грев не се казнува. Сите закони што се во Куранот муслиманите треба да ги почитуваат, како што е да не се пие алкохол, да не јаде свинско, да се пости за Рамазан, да не краде, да не убива. Ако пиеш алкохол е грев ако јадеш свинско е грев ако крадеш е грев итн. Исто така и покриеноста на жената е наведено во поглавје ЕН-НУР, 24-31, можеш да провериш во Куранот. Исто така е во поглавје 33:59 “О пејгамберу, кажи им на жените твои и ќерките твои, и на жените од верниците да ги спуштаат облеките. Ете, тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат. А Алах е простувач и Сомилосен.“ Според овие ајети (реченици во Куранот) можеме да видиме дека е облигаторно за жените. И тоа е закон како другите закони и ако не се почитува тој закон тогаш е грев. Мухамед а.с. рекол тие што не се покриени нема да го осетат мирисот на рајот а мирисот на рајот. Но сепак да наведам дека не значи ако си покриена си го гарантирала местото во рајот. Сепак Господ на сите ке ни суди според сите наши дела и Тој ке одлучи кој каде ке оди. Но наше е да се потрудиме да живееме колку што можеме според Неговите закони. Пошто рече дека читаш книги, тогаш провери во книгите што ги учат во медресеата, провери во Куранот, барај книги со хадиси на Мухамед а.с., и други книги слободно провери, само пази да не се од некои секти и да те дезинформираат. Имаш право дека секој има право за свое мислење но ке те замолам да ми објасниш каде има дека според шеријатот не е грев
Неможам да барам книги сега. Јас моралноста жените да се покриваат им го препишувам искрено на вехабистите. Еве според ова што си го пишала ти стриктно јас не гледам дека.пишува жените да се покријат. И не не читам книги од.секти, премногу сум против нив затоа што наметнуваат.правила кажани од човек а не ос Аллах џ.ш., како и покривањето на жената. Да беше јасно кажано дека жената мора да носи хиџаб, немаше да постојат дискусии.за тоа. Куранот ништо не наметнува, па ни тоа, само луѓето.наметнуваат. Освен вехабистите иато и оние од Арабија кои реално сеуште се заглавени во минатото.
Имам една другарка која, не само што носи марама, туку и го почитува кодексов кој беше објаснет погоре. Таа има сестра која не е покриена. Ми објасни дека Е грев жената да не е покриена, но исто така, грев е и некому да му се наметнува нешто или таа самата да си наметне таков начин на живеење и функционирање без да сака. Ми рече тогаш дека тоа што го гледаме однадвор треба да не` отслика и однатре, а искреноста е голема духовна доблест...
Вехабистите се појавиле во дваесетиот век, од Шејх Насрудин Албани, и ако е така дека само вехабистите велат дека треба да биде жената покриена зашто и пред вехабизмот сунни муслиманките се покривале, и зашто и денес и тие што не се вехабисти се покриени. И ако веруваш дека е само за вехабистите консултирај се со некој теолог што не е вехабист и ке ти објасни подобро. Како и да е тоа е твое мислење и имаш право на тоа Толку од мене поздрав
Јас не пишав само.за вехабисти туку и за Арапи. Како и да е, во Куранот нема пишано правило.за тоа.освен некои извадоци кои луѓето.ги толкуваат-секој на свој начин. Јас не гледам грев во неносење марама, не затоа.што не носам, туку така гледам на тоа. Не верувам ни на некои теолози зошто сум видела колку се тие упатени во верата што е скоро ич. Се пратат некои правила кажани во човек и после се тврди дека е грев она грев ова. Како и да е, ретко навлагам во дискусии.поврзани со религија зошто секогаш наидувам на такви луѓе кои тврдат нешто. Незнам, јас обично доста правам муабет за ова ама слушам мислења, се додека ме оформам.свое.читам додека не научам па зборам.
Имаш право за тоа Тессие, и јас погоре напоменав дека во Исламот не смееш да натераш да направи некој нешто со сила ако таа личност не сака, туку само можеш да им кажеш.
Пак ли муабетот за шамијата? Абе ајде... религиозните еврејки ја носат, калуѓерките ја носат, дури и каде постои политеизам-Индија, и таму се носи шамијата. Аман! Ама ајде да се навратиме на главното. Господ. За да веруваш во Него, треба да знаеш што значи самиот поим. Тој не создал нас и се што постои околу нас. Тој ни дава живот, и тој ни дава се што ни треба. Ако Тој е толку Величенствен за да биде Создавател на сиот овој универзум и се во него, тогаш тој ги нема слабостите кои ги имаат тие сушстества кои Тој ги создал. Значи тој е комплетно различен од се што создал. Ги нема истите потреби кои ги имаме како на пример-тој не јаде, не пие, не спие, не чувствува замор, не чувствува болка, не умира, нема потреба од друштво, нема потреба некој да е покрај него, нема ни потреба некој да го обожува, Тој Самиот Себе си е Доволен! И затоа помислата дека тој има син/ќерки/жена/во саботата се уморил/умрел на крст-сето тоа не спаѓа во верувањето на Господ и неговите основни карактеристики. Не мора никој да умре за да се спаси некој друг, кога се работи за нашите гревови. Господ знае што има во срцата, и ако навистина си се покаела и ветуваш себеси и на Бога дека никогаш повеќе нема да се повтори тоа, Тој ќе ти прости, нели е Најмилосливиот...? Во суштина ова е разликата помеѓу Исламот и Христијанството. И мило ми е што се сменило името на темата.
Ти го почитувам мислењето но сепак мислам дека не си во право. Има работи кои се од суштинско значење и кои треба секогаш да се напоменуваат како што е умирањето Негово на Крстот. Смртта на крстот значи е симбол за чистење на гревот на сите кои се родиле на овој свет. Но, со тоа не се мисли на гревовите кои сега ги правиме туку на гревот на Адам и Ева кој се пренесува и на нас. Не знам дали ме разбираш, но со умирањето на крстот Господ Исус Христос не исчистил сите нас, секој следен грев е наш избор и се разбира дека постои покајание после кое Бог ти простува се разбира доколку во истиот момент го замразиш гревот што си го направил и се трудиш од срце да не се повтори. И баш Неговото умирање на крстот е многу важно! Иако луѓето мислат дека тоа се "ситници" кои не се важни. Сите луѓе различно ги "тумачат" Божјите закони и преданија и поради тоа се создава општ хаос. Како на пример една од Божјите заповеди: Не изговарај го напразно името Мое. Оваа Божја заповед најголем дел од луѓето ја сфатиле као да не го споменуваш Бог на секое и за глупости, кога всушност значи да не Го споменуваш Бог доколку не веруваш во Него. Тоа значи она "напразно" Кога Христијаните ќе сфатат што всушност вели Библијата, односно Божјиот збор, и кога муслиманите ќе го сфатат Куранот тек тогаш може достојно да се дискутираат разликите. Од рекла - казала и од слушнав она слушнав она или јас мислам вака ништо не бидува.
Ај и јас да искоментирам нешто Јас сум крстена во православната христијанска вера , меѓутоа сметам дека било која вера и да се земе е најпрво создадена за да на народот му се создаде страв, за да не прави лоши и противзаконски дела, а второ да може полесно да се контролира народот од страна на црквата која е во соработка со владетелите(ова зборам уште не почетокот на религиите). Затоа многу пати доаѓам во конфликт со татко ми кога ќе почнеме да дискутираме на тема библија и религија, зашто јас секогаш имам прашање што го оспорува нештото во библијата(за коранот незнам зашто не сум го читала). Е сега ќе речете "е па ти се декларираш како атеист". Не јас не сум атеист, тие воопшто не веруваат во никаква натприродна сила како на пример што е кармата кај далекуисточните религии,јас сум агностик, некој кој што сеуште бара докази за некакво божествено постоење. Е ај сега малку он топик, сум дискутирала многу на оваа тема со еден другар од тунис, и дојдов до заклучок дека суштински никоја вера не се разликува, сите пропагираат морал и етика, можеби со една разлика што исламот е малку по конзервативен во одредени земји. Имам многу пријатели и колеги што се муслимани и воопшто нема никакви замерки или префрлања, баш напротив си се дружиме и си честитаме празници, дури еднаш моите беа поканети на муслиманска свадба во арачиново и ми раскажуваа дека биле поделени машки-женски и дека оџата кога дошол просто се изненадил кога татко ми му кажал дека е христијан. И за крај сметам дека светот треба да сфати дека поделбата по религија воопшто нема да ни помогне туку баш напротив дури и ни одмага зашто проклетата телевизија пропагира секакви лаги само за да ги раздели луѓето, за да се истепаат меѓу себе и да им ја олеснат работата на скриените владетели на светот
Некогаш на влегување во темава, имам чувство како во насловот да стои „неправилности“, а не „разлики“ меѓу овие две религии. Главни теми од кои изискуваат вакви чувства се покриеноста на жената (и како истото тоа е поврзано со духовните учења во кои не е само Исламот) и концептот на Светото Тројство (кој беше повеќе од убаво објаснет од Серафима). И за двете си има убаво објаснето некој пост поназад. Жално е што се`уште постои простор за благо препукување. Може да се праша за нејаснотија и да се објасни нормално. Но, од изјави од кои се чувствува благ презир и претпоставка дека туѓото е неисправно нема потреба. Иако дискусијата со текот на годините на темава бележи подобрување во квалитетот. Прво, секој верник го боли таква изјава дека неговото не е добро и правилно. Како второ, најисправното го знае само Господ и ние ќе го дознаеме во вистинското време. Затоа што Божјите патишта се нецелосно поимливи за човековиот ум. Затоа наше е да веруваме, а во што ќе веруваме, зависи од патот кој ни` го покажува срцето. И да даваме иста почит кон припадникот од другата вера, која ние ја очекуваме за возврат oд другите.
Но, оној кој не верува во Господ и не читал Библија, од каде да знае дека тоа е Божја заповед !? И зошто ако не верува, да го засега Божјата заповед !? И тогаш ќе сфатат дека не постојат разлики. А, не достојно да ги дебатираат.
Што се однесува на овој дел, не велам дека на оној кој не верува да го засега Божјата заповед, туку на оние што дебатираат а се прокламираат како верници, треба прво да ја разберат па да ја дискутираат па тек потоа да споредуваат. Тоа ми е муабетот. Значи Божјата заповед ја зедов како пример. А за оние што не веруваат не мора ни да обрнат внимание доколку сметаат дека тоа не ги засега. И покрај тоа што Божјите закони се за сите.
Искрено, некои работи секогаш ми биле необајсливи во Христијанството. Не сакам никого да навредам, а најмалце христијанството....туку само информативно, сепак и темата е за да размение знаење Значи во Исламот е Господ е еден, тој создал све (вклучувајќи и ангелите и луѓето), тој нема потреба за нас, ние имаме потреба за него, тој е семоќен и само тој ни суди. За неговото постоење и негови закони луѓето ги учеле пророците, но сепак и пророците се луѓе, и не се возвишуваат како во христијанството како светци или па да се молиме на нив. Додека пак кај Христијанството Господ е создаден од 3. 1 отецот + 1 синот (човек) + 1 светиот дух (ангел) = 1 Господ ( проста математика 1+1+1 не може да биде пак 1 туку ке биде 3) Според ова испага дека Отецот не створил сам све туку и синот негов и светиот дух учествувале? Тогаш според христијанството кој ке суди на судниот ден Ако Исус е дел од Господ зошто тогаш тој се молел на Господ? Ако Исус е Господ дали тоа значи дека луѓето имаат повеќе сила од Господ за на тој начин тој да пати од нив? Човек не може никогаш да му наштети на Господ... Секоја вера учи на правдина, тогаш ако тој бил распнат за туѓи гревови каде е тогаш тука правдата да невин човек пати за некој друг? Исто така не ми е јасно за првобитниот грев, секој е одговорен за своите гревови, што сум јас крива или некој друг за гревот на Адам и Ева? Ова се некои работи што не ми се јасни...
Спојлер Добро прашање. Е сакам и јас да прашам едно прашање. Во ова тројство (ако не се лажам така се вика) Синот е Исус така? А Отецот и Светиот дух. Може ли тоа некој да ми го објасни што значат?
Еве јас ќе напишам мислење, можеби поинакво од она кое Христијанството би го кажало. Мое мислење е дека многу делови кои се кажани, напишани, пропагирани од Христијанството не се вистинити, се сокриени, отфрлени, заменати со некоја намера и цел. Верувам дека Адам и Ева постоеле, но не на овој начин на кој се прикажани. Исус се жртвувал, а не плаќал туѓи гревови, никој не може да плати туѓ грев, секој си ја плаќа својата сметка. Исус е дојден како спасител, во смисла, кога на земјата владее духовна пропаст, Господ праќа некој за да влијае на позитивни промени на Земјата и универзумот. Така се дојдени многу Аватари. (Со тоа што Исус не бил Аватар) Господ е еден. Нема двојство, нема тројство. Нема дуелност. Спознанието дека се е едно, еднота го покажува тоа. Но човек треба да биде во високо развиена духовност за да стане свесен за тоа, а дотогаш ќе прави само делби, поделби, бројки.
За објаснување на Светото Тројство, најубаво објаснето си има Серафима. Си земав за храброст да болдирам одредени реченици. И после ова убаво и исцрпно објаснување, кој ќе инсинуира повторно дена нашата вера не е монотеизам, ќе си го сфатам како препукување, за што навистина би ми било жал доколку се случи.
Ако не си сфатила точно зошто тврдиш дека е така? Прво, и во Христијанството, Бог е еден. И Тој нема потреба од нас туку ние од Него поради тоа секогаш им ја остава вратата отворена на сите грешници, за да се покаат додека сеуште можат. Второ, светците и кај нас се луѓе, кои исто така згрешиле но се покајале па му служат на Бог. Тоа што Христијаните се молат и на нив е нивна грешка, бидејќи вистината е дека треба да му се молиш само на Бог Исус Христос, па Тој ќе дејствува дали преку Петар или Павле, само Тој знае. Значи и сите што се верници знајте го ова, многу луѓе се во заблуда, молете се на Господ Исус Христос, не на светците бидејќи Тој слуша и помага кога треба. И Тој одредува што ќе биде понатаму. Ама стариве ете, повеќе ги слават светците отколку Него. Трето, имаш сосема погрешна претстава за Светото Тројство и упорно се обидуваш да ја докажеш на многу прост начин а не е така воопшто. Затоа велам дека многу коментирате а малку знаете. Светото Тројство - Отецот, Синот и Светиот дух не се делат на три посебни работи. Како што се си има физички изглед, така и тоа, како што се си има свој дух, така и тоа. Отецот, Синот и Светиот Дух се едно! А не три различни богови мислам без врска. Потоа, Бог е еден, и само Тој ќе суди на судниот ден. Ни ангели ни светци тоа нека биде јасно. Ние сите познаваме само еден Бог Исус Христос, а тоа што ете луѓето навистина прават грешка и се молат на светци повеќе отколку на Него, тоа е нивни пропуст. И да, како што велиш Нему никој не му може ништо, но Тој е доволно милостлив да ги остави и тие што е Му можат ништо да го казнат (не знаејќи што прават) за да се исполни словото Божјо, да се исполнат Неговите зборови. Што се однесува за Адам и Ева, тие се наши предци. Зарем не си слушнала за префлување на гревови од колено на колено? Сега ќе ти појаснам. Додека биле чисти, шетале без облека низ градината. Да не должам, кога земале од плодот на животот и покрај тоа што Бог забранил, Бог ги протерал нели, укажувајќи на неколку работи како и тоа дека ќе прават срамни работи (општење или секс ете).И дека Ева ќе трпи огромна болка при породот (како и сите жени на светов). А знаеме дека Марија го роди Исус без никаков контакт со друг маж. Е сега тоа општење продолжува и продолжува и секое новородено дете е родено од самиот грев. Разбираш ли? Значи со самото раѓање го носиме нивниот грев, за кој исто има решение нели Бог е милостлив. Исчистени сме од гревови со Неговата смрт, е сега за се понатаму сме сами одговорни баш како што кажа. И покрај тоа што за Христијаните е најбитен Новиот Завет од Библијата, бидејќи Бог така рекол а ова што го објаснував е од стариот завет, каде се се прави според закони и правила. Гревот како грев си останува, сите знаеме дека сексот е нели, да не речам чувствителна тема, срамна работа нели... уште од мали не учеле така па дури и на неверниците.. И грешка си, Му наштетуваме баш сите, со секој грев кој е против Неговата воља. Ама ете, во Христијанството има битна работа, а тоа е слободата на избор. Тој те остава сам да одбереш дали и во што ќе веруваш или не. Дали ќе грешиш или не, па подоцна си ги сносуваш последиците. Најважно е дека Тој те учи што е добро а што не, а што ќе одбереш е твое.
Пак доаѓа до израз непростливоста на Господ. Господ им ги прости тие гревови, да не им ги простел, тогаш не би бил Адам посланик, и не би му дал Господ свети листови со неговите наредби напишани. Истото се случи и со еден од неговите синови, и тој бил посланик. И нему му беа дадени листови. Па ако не умрел за нашите гревови, мислам... ова го кажува секој христијанин. Тогаш зошто Господ дозволил да се жртвува човек? Се сеќаваш пред него кога Абрахам требаше да го жртвува својот син? И потоа наместо него, жртвуваше јагне? Па зошто сега да се жртвува човек? И тоа Исус (alejhi selam)? И зошто некои луѓе веруваат дека тој е Бог? Бидејќи вратил човек од мртвите? Па тоа се случило и порано, кога еден од евреите убил друг, и не се знаел кој го вршил убиството. Со парчето месо, тој се вратил во живот само за да покаже кој го убил. И ете, не е тој единствениот. Или бидејќи зборувал во време кога другите деца не зборуваат? Тоа се случило и порано. Пример, кога една слугинка на Фараонот не прифатила да верува во него дека е Бог, па тој ги фрлил нејзините деца на голем казан со врела вода. Последното дете било сеуште на доење, и таа за момент се двоумела. Детето прозбори и и` рече да не се грижи, бидејќи се на вистински пат. Или бидејќи му го вратил видот на еден човек? Па и роднината на Мухамед патеше од видот, тој се помоли на Бога, и тој веќе немаше проблеми со очите. Многу посланици вршеле секакви чуда па никој не рече дека сите тие се Господови синови. Но има и други кои велат-ние сме Господови чеда. Или бидејќи немал татко? Па, Ева немаше мајка. Адам немаше ни мајка ни татко. Па и не сте единствените кои верувате дека Бог има син. И евреите така веруваат. Ама и има некои од вас, христијани, кои рекоа дека Мухамед е последниот посланик. И двете беа попови. И ако не веруваш во сите посланици, тогаш верата не е комплетна. Ама нема врска. Ова и порано се случи. Дојдоа христијани кај Мухамед (алејхи селам) за да дискутираат за верата, и дојде време за молитви. И Мухамед им рече да ги вршат молитвите во неговата џамија. И тие прифатија. Кога завршија, им рече да го прифатат него како последен посланик, но тие одбија. Но не се знае, секој може да се преобрати.
^ прочитај ми го мислењето погоре (доколку сакаш). Тоа е мојот одговор и на овој пост да не пишувам наново бидејќи истото ќе го напишам Не доаѓа до израз непростливоста на Господ Бог Исус Христос. Баш напротив, во нашата вера се се сведува на простливоста Негова-слава Му бидејќи ни даде за слобода само да се покаеме од срце, ништо друго, за да ни прости. А за чудата што велиш, ех, не се работи дека го величаат заради чудата, тргнувам од мене. Тоа дефинитивно не е точно, само што на луѓево поради нивниот скептицизам мора да им покажеш чудо за да веруваат. А Тој самиот вели "Кој има очи нека види, кој има уши нека чуе", што значи ако си слеп во срцето, кој сака чуда нека прави нема да поверуваш. И ден денес се среќавам со луѓе кои ми велат, "ако постои тој твој Господ, нека направи чудо, нека докаже сега во моментов", па и во времето кога Тој шетал по земјава, сигурно не би му поверувале од немајкаде, само на зборови. Но далеку од тоа дека вербата наша во Него е заради неговите чуда. Целта на Исус Христос за луѓево е љубов, радост и мир. Да Го спознаат Него, а еднаш штом Го запознаеш секогаш ќе имаш мир во срцето. А не кошницата со леб која нахранила 5.000 луѓе.