Абе ќе разберам ако некако мислиш дека Исус или било кој е Господов син, ама... кој управувал со светот додека се родил Бог? И како е можно земјата да стои мирна додека Бог мирно чекори по неа? Само Мухамед и неговите следбеници кога стоеја на планината на Ухуд, таа се тресела цела. Ајде нема да верувате во тоа. Ама знаете дека евреите еднаш побараа од Муса алејхи селам да го видат Бога на отворено. И тој немал избор, морал да му каже на Господ за тоа што сакале евреите. И само дел од Неговата Светлина паднала над една планина. Целата се створила во најмали парченца и Муса алејхи селам се онесвестил. Како би можела земјата да стои мирна додека Господ чекори по неа?
Гледам воопшто не си ме сфатила. Зарем Бог не е Семоќен? Ја доведуваш во прашање неговата моќ? Кој управувал со земјата додека не се родил? Кој рече дека Бог кога се родил Дева Марија тогаш за прв пат се појавил? Јас реков дека Тој се претстави на човештвото во телото на Исус Христос, затоа тврдам дека верувам во Господ Бог Исус Христос. И кога е Семоќен, слава Му, зарем Тој не може да одлучи ете додека чекори по земјата се да е нормално, да не се тресе земјата и се со ред како што зборуваш? Зарем Тој нема моќ да ја контролира и својата сила? Ако веќе одиме до крајности. Не ме имаш ни разбрано што сум пишувала во 10 постови уназад. Како и да е, дискусијата за разликите и прашањата околу верата нема крај, и разбирам дека не можеш да сфатиш некои работи исто како што јас не можам да разберам голем број работи во вашата вера.
И бидејќи слична дискусија имав со еден муслиман кој горе-долу ги поставуваше истите прашања и зборуваше речиси исто како вас, и бидејќи гледам дека и покрај тоа што се трудам да објаснам некои работи од нашата вера ама никако не ме сфаќате, па грешката ќе ја барам во моето изразување, поради тоа ќе цитирам 2-3 стиха од Библијата па ете се надевам ќе ви стане јасно што зборувам во врска со Светото Тројство а и општо тоа што тврдам дека Господ Исус Христос е нашиот единствен Бог Зборувам за нас Христијаните. "Ако ме бевте познавале, ќе го познаевте и Мојот Отец. А отсега Го познавате и сте Го виделе" Значи им упатува на Неговите ученици дека со самото негово присуство треба да сфатат дека го гледаат Отецот "Толку време сум со вас и зар не си Ме познал Филипе? Не веруваш дека Јас сум во Отецот и дека Отецот е во Мене?" Одговор на прашањето на еден од неговите следбеници кој прашува кој е Отецот. На што Исус нели одговара ете погоре, Толку време сум со вас зар не си Ме познал Филипе? "Оној што Ме прати е со Мене" Повторно напоменува меѓутоа само искрените верници ги разбираат Неговите параболи, оние што веруваат од срце. Тогаш Му рекоа "Каде е Твојот Отец?" Исус одговори: "Вие не Ме знаете ниту Мене, ниту Мојот Отец; ако Ме знаевте Мене, ќе Го знаевте и Мојот Отец" Ова се однесува на оние што не веруваат нели со самото тоа што Го прашуваат каде е Отецот, бидејќи да имаа очи да видат, ќе видеа дека Тој е Господ Бог. Но бидејќи не Го познале, не Го знаат ни Отецот, затоа што Тој е всушност Отецот. Значи со ова сакам само да го потврдам она што до сега 10 пати го нагласив. Дека Господ Бог е Исус Христос, дека Светото Тројство, Отецот Синот и Светиот дух се едно. Ете ако не ме разбирате мене мислам дека овие стихови се доволно јасни. И покрај тоа што Бог зборувал во параболи за да го разберат оние кои искрено Му веруваат, и затоа обично кога луѓето ја читаат Библијата скроз се губат во нејзините редови и не знаат што всушност значи тоа што го прочитале, но погледнете со срцето и ќе разберете. Има уште многу други стихови во кои Исус повторува дека Отецот е во Него и дека Тој е во Отецот. Само оние што веруваат го разбрале. И сите Негови следбеници Му се обраќаат со Господе. Се надевам сега ме сфаќате
Библијата а..? А која верзија е тоа? Бог не мора да живее меѓу луѓето за тие да веруваат во Него. Бидејќи тој е Бог! Ако веруваат-тогаш се спасени, ако не веруваат, тогаш... пеколот ги чека. Толку е просто и едноставно. Не ни цитирам ништо од Светата книга бидејќи не бидува, не верувате во нејзините зборови, а и ние немаме како да веруваме во Библијата кога не е таа истата која беше дадена на Иса. Едноставно, не може да се верува во зборовите на книга која не е автентична повеќе! Во Библија која вели дека Лут (Loth alejhi selam) го пијанеле неговите ќерки и спиеле со него, која вели дека Ноа бил пијаница, итн итн. Или на пример, како може да се чита стариот завет, за посланиците пред Иса алејхи селам, кога тие пророци кои биле Арапи ги имаат избришано евреите?! Како, ајде?! Јас тебе те прашувам. Нели се смениле зборовите од Библијата? Се смениле, и тоа е факт кој ни еден христијанин не може да ги одрекне. И тоа е тоа. Ама од друга страна, многу се интересни приказните за Иса алејхи селам. Еве да ви покажам некои омилени: http://www.youtube.com/watch?v=S3TR04-oIR0 http://www.youtube.com/watch?v=JBsVhLUAl8I http://www.youtube.com/watch?v=4ML7SpjeIaY
Луѓе, верувајте си во вашето, но не го наметнувајте на други, здодевно е да се чита навистина и се постигнува контра ефект. Важи за 2те страни. „Која верзија од Библијата“?? Библијата си е една и ние Христијаните веруваме во тоа што е напишано во неа. А заговарачи ќе има секогаш и оние кои ќе шират лоши работи и невистини. Наше е во кои извори на информации ќе избереме да веруваме. Според мене, тоа се Светите книги. Кога и извадоци од Библијата не те спречуваат во негирање на тоа што ние се мачиме со километарски постови да го објасниме, верувајќи дека е незлонамерно прашање, не знам навистина што да ти кажам. Твојата цел на дискусија е јасна. Ама не постојат само Муслимани на овој свет. Има и Христијани и Будисти и многу други... Ако јас не се согласувам со нешто, или се коси со она кое го диктира мојата вера, не значи дека е лажно, туку дека е различно. А апсолутната вистина ... е кај Семоќниот. Ќе ја дознаеме, кога ќе дојде време за тоа.
Што ќе биде поентата тогаш? Тогаш е веќе предоцна. Само уште нешто, последно, и веќе не чепкам по темава. Во ред тогаш, ако ја имаш блиску некаде Библијата, тогаш читај од Џон 17 : 3 Марк 12 : 28-30 Џон 20 :16 Џон 14 : 15-16 Џон 15 : 26-27 Џон 16 : 5-8 Џон 16 : 12-24 Џон 16 : 16 И ако своевнолно умрел на крст зошто тогаш Матеј 27:46? Нема да се зачудам ако не пишува како што гледам јас овде.
Нема да влегувам во дискусија, само ќе кажам дека овде некој не сака да сфати зошто не сака ни да допре до него она за што прашува, зошто однапред има створено свое мислење за кое незнам зошто си мисли дека неприкосновена вистина и за него друга вистина не постои и тоа мислење му дава виза и потполно право да излага мислење и прашања врз основа на факти кои не се веродостојни базирани на чуено а невидено. И незнам навистина зошто толку широка дискусија за тоа кој е во право а кој не, за тоа секако на крајот нема да најдете одговор, која е вистината секој си има право да си мисли, нели сме луѓе и бог ни дал слобода на волјата, правото на избор да мислиме, создаваме, креираме.
Е баш ова е според мене тоа што прави отпор меѓу религиите. Вадење на стих/два од контекст и извртување на поентата. Иако сите тие стихови укажуваат на она што сакавме да го објасниме со Мис Ричи, Серафима и многу други. Сите овие стихови, или барем повеќето од нив, зборуваат за единството на Тројството. За тоа дека и нашата вера е монотеистичка и за тоа дека тој кој Го спознал Исус, Го спознал и Бога. Затоа што се едно. Нашето верување е такво. Не сакам ништо да наметнувам, но едноставно сакам да објаснам дека нам ни` е правилно. И нема потреба од негирање на туѓа вера. Сте ја избрале верата во која верувате со причина, зарем не? И нормално дека верувате дека тоа е најисправно. Затоа и се вика ВЕРА. А и во самата Библија е пишано дека тој кој верува не му требаат докази, а тој кој не верува и доказите не му се доволни. Наше е да ги почитуваме различностите и да си веруваме во тоа во што чувствуваме дека треба. Светот не е создаден да биде хомоген, постојат многу различности. Во тоа и се состои неговата живописност и убавина. Јас со задоволство читам за обичаите во Исламот, делови од Куранот, Шеријатскиот законик. Не размислувам за правилноста или неправилноста. Ни на крај памет не ми паѓа да ја ставам под знак прашалник автентичноста и духовната вредност на истото. Едноставно го чувствувам како културно збогатување за уште едно познавање на самата себеси со уште едно искуство.
Исус, е олицетворение на Бог. Отец, Син и Свет Дух е едно. Бог е еден, дали е Исус, Алах, Буда. За последното прашање: Бидејки Бог е мир, љубов, она што Исус проповедал. И, Библијата е една, нема друга.Може да има различни толкувања, па оттаму да се смета дека има верзија. Следно, не можеш да негираш било која друга религија, како не автентична.Освен да ја прифатиш како таква.
Точно. Не за џабе се вели дека блажени се кротките и мирните. А како би можеле да го научиме истото доколку земјата по која Тој чекори не стоела мирна...
Ке може ли некоја да ми каже се Судниот ден како е според Христијанството? Дали од кога ке умрат луѓето директно се судат и се одредуваат дали се за во рајот или пеколот, или чекаат да дојде крај на светот па после да се определат?
Во Православието, задгробниот живот започнува по смртта. Тогаш според нашите постапки, каење и мисли одиме во времено почивалиште, кое може да биде блаженство во Рајот или пак измачување во пеколот. Во овој период до Судниот ден, молитвите на светците и на нашите ближни помагаат во олеснување и спасение. Секој добар збор и секоја пофалба за умрениот и` пружа времено спокојство на душата која страда за сопствените гревови, не за џабе останала изреката „За умрените само најдобро“ (нека се зборува). Доколку до Судниот ден искрено се покаеме за нашите постапки и се промениме, Господ е милостив и ќе ни` подари спасение. Кога доаѓа Судниот ден, се одредува вечно почивалиште на душата. Или ќе го наследи Царството Небесно, или ќе страда во пеколот. Тука веќе молитвите за спас на умрената душа не помагаат. Не за џабе некаде се среќава и како Последниот суд.
Рок а Фела, не знам дали е до мене ама ми се чини дека со голема доза на провокација ги упатуваш прашањава. Уствари не ни прашуваш туку се обидуваш нешто да докажеш. 100 пати праша зошто велиме дека Исус е Бог за нас, нејаснотии околу Светото Тројство, и кога со стихови од Библијата (словото Божјо) кое е најсвето за нас, ти Го цитирав Господ Исус Христос слава Му, ме прашуваш А која верзија на Библијата? Мислам сериозна си? Зарем јас прашувам која верзија на Куранот ја читаш? Имаш доказ за ова што го пишуваш или од рекла казала? Дај ми доказ. Мислам стварно без никаков напад кон твојата религија дискутирам на темава и на крај ми зборуваш на овој начин, мислам сериозно. На секое твое прашање ти дадов одговор, со цел да ти објаснам некои работи кои си ги сметала за нејасни а ти на секој мој коментар даваш некоја провокаторска реплика. Верувај си во она што си веруваш и ако не си заинтересирана сериозно за она што го прашуваш, не знам која ти е целта воопшто што прашуваш додека јас смирено и со докази од нашата религија се обидувам да ти објаснам некои наши аспекти. Ама тоа е..
Не зборувам со омраза или намерно само да контрирам. Како и да е ја почитувам вашата книга... И јас сум слушнала дека има неколку верзии на Библијата, и сега почнав да барам низ интернет да видам дали е тоа вистина, и најдов дека католиците, православните и протестантите имаат различни библии. Само католиците имаат 9 различни библии нема сите да ги набројам, неколку само, авторизирана верзија од кралот џејмс, нова верзија од кралот џејмс, нова интернационална верзија итн итн. И дека Библијата е формирана во четвртиот век во Рим, каде многу верзии се собирани и избрани според нивната автентичност.
Јас ќе го напишам моето последно мислење на темава, и потоа не ја ни отворам. За многу работи се губи смислата, а и со обичните луѓе (со должна почит кон сите) никогаш не се излегувало на крај со вакви теми, зошто сите слепо се држат за својот стап и не го пуштаат. Моето мислење е следно: Исус рекол: Жетвата е навистина обилна, но има малку жетвари (Матеј 9:37). Сите луѓе во светов ги бараат Божјите дарови, но оној кој е мудар го бара Дарителот лично. Убаво е да се оди во храмови, но најважно е да изградите храм во душата. Оставете ги сите списи, книги, читања, зборови...И почните да го следите вистинскиот пат. Што ако некој го цитира и се величи со Исус, Буда, Мухамед, Кришна или друг, кога тој самиот ни малку не е како него, ниту оди по неговиот пат? Тука имате борба само его со его и ништо повеќе. Зарем е битно дали некој носи шамија ? И најпрекрасното лице ако ѕирка од таа шамија, што вреди ако душата е јалова ? Што вреди ако некој секоја недела оди во Црква, и после зборот Амин продолжува во световниот живот ? Најбитно е какво ви е срцето, дали сте човек и дали го барате Бог во вас. Во сите религии постојат ‘‘Десет Заповеди‘‘, само искажани со други зборови. И на крајот кога човек ќе го најде и ќе го спознае Бог, ќе сфати дека не постојат никакви разлики меѓу религиите. Спојлер И наместо овде да дебатираме, да се караме, и да бараме разлики, ајде да бараме нешто заедничко, ајде сите да го бараме Бог во нас и реално да одиме по патот кој тој го проповеда.
Tие што ги наброја се преведени изданија, а не верзии со суштински разлики. King James Bible е авторизиран превод на англиски јазик на Светото Писмо. И нормално после тој да излегуваат и други изданија затоа што англискиот во 1611 година не е ни одблиску ист со англискиот денес. Баш англискиот е еден од јазиците кои претрпелe многу динамични јазични промени, најчесто предизвикани од политичките случувања. Зборувам за борби, окупации и сл. Aко споредиш стихови од таа верзија и од денешната верзија на македонски на пример, ќе видиш дека суштински разлики не постојат. Библијата е иста и секој преведувач најмногу се трудел околу автентичноста. Преведувачите знаеле што прават затоа што биле учени луѓе, затоа што оние кои ги разбирале хебрејскиот, старогрчкиот и латинскиот јазик биле навистина учени луѓе затоа што тие знаења биле привилегија која ја уживале малкумина. Затоа има и фусноти и појаснувања. Јазикот претрпува промени, одреден збор може да значи нешто друго денес. Со таа проблематика се занимавале луѓе кои животот што се вели им поминал во проучување на тие јазични разлики. Не дека некој си пишувал од ќеф што му текне. Главната цел на овие преводи и била Светото Писмо и Божјиот збор да биде достапен за секого. Поради тоа истите овие преведувачи се откажале од привилегиите кои им ги нудела аристократијата и најчесто се осудувале на живот во прогонство и страдание се` со таа голема цел, да го споделат Зборот со сите затоа што на некои им одговарало рајата да срка она што други и` сервираат, т.е. не и` одговарало да го разбира Светото писмо. RHS, ти си праша најнормално и затоа никому не ни пречеа конкретно твоите прашања и не те ни посочија во одговорот, но кажи ми искрено. Како би се чувствувала ти, за твојата вера, иако упорно се докажуваш, да ти речат дека тоа во кое веруваш не е вистинската света книга, туку некоја верзија, односно дека веруваш во лаги? Дали нема да те боли душата? Едно е да прашаш, а друго е упорно да се убедуваш со другите дека нивното е неавтентично како што прават некои други на кои им објаснуваш со километарски постови, па ај да им стане појасно цитираш и Библија што е нешто свето за Христијаните а они на тоа ладно те прашуваат „А која верзија е тоа?“.
RHS, а според вашата религија за судниот ден како е ? Мислам и мене ме интересира дали е слично како кај нас или?
Одприлика слично е и кај нас, со мали разлики. И кај нас кога луѓето умираат се како во некој сон, и чекаат додека дојде судниот ден. И тогаш сите оживуваме повторно, но не само духовно туку и со тело. Кога човек умира неговата книга се затвора и останува отворена само во три случаи. 1. Кога има напишано некоја книга и луѓето добиваат знаење од него, на писателот му се пишува како добро дело. 2. Кога ке направи некое добро дело, што и после тоа луѓето ке видат аир од тоа, како пример да насадиш некое овошје или да направиш некоја чешма каде има потреба или некоја друга хуминатарна работа. 3. Добри воспитани деца, деца на прав пат што се, од кои што луѓето само добро ке видат од нив. Додека се чека за судниот ден неможеме да се покаеме, имаш можност да се покаеш само до последниот здив. Но, на Судниот ден не значи дека ако си за во пеколот и таму ке одиш. Господ е голем и неговата Милостливост нема крај, и ние секогаш велиме не знаеме со што можеме да го придобиеме рајот. Кога на човек ке му се суди Господ ке бара некоја причина било каква само да го спаси. Мухамед а.с. рекол лубовта на Господ према луѓето е поголема од лубовта на мајката према своето дете. Господ знае што имаме во душата и со каква намера ги правиме работите. Пример, Мухамед а.с. кога го видел еден човек рекол дека тој ке оди во рајот (како пророк можел да знае некои нешта што ние не знаеме), затоа што тој кога и да легнел да спие на никого лошо не мислел, и да му погрешиле нешто тој ке им простел, ете тоа била неговата причина за во Рајот.
Незнам дали има некој поставено такво прашање ако има изнинете ме дека неможев да читам се.. Ме интересира ако може некој да ми каже како изгледа џамијата внатре, некои основни работи за неа, дали е дозволено сите ( мажи, жени, деца муслимани ) да одат, што треба да носат и слично
Внатре нема икони и такви работи, има само убави шари, можат да одат сите, само што никогаш жените не се испред мажите, не клањаат испред нив (за да нема лоши мисли). Жените треба да бидат покриени (во долги ракави) и марама на глава, мажите не смеат во шорцеви и такви работи.