Ислам vs Христијанство ^^^^ Еј ова не сум го знаела... Дека спаѓаат во секти и дека е забрането фереџе и црна боја... Уствари колку работи не знаат муслиманите за христијаните и обратно. Го знаеме само тоа што го гледаме. И јас имам многу другари и другарки муслимани и стално си збориме за оваа тема, односно, јас им раскажувам за христијанството, они мене за исламот и колку слични работи има во двете Свети книги, меѓутоа овој податок не сум го знаела.
Ислам vs Христијанство Јас сум православна христијанка.Сум се дружела со многу муслимани и сеуште се дружам,така што знам многу за исламот.Секогаш за Бајрам одам кај нив дома на баклава,а за Велигден јас нив им давам бојадисани јајца.Нема ништо лошо во тоа.Според мене речиси и се е исто,само што тие Господ го викаат Алах,и уште некои ситни работи.
Ислам vs Христијанство Ива дојди кај мене за Бајрам ќе те послужам со баклава,многу вкусна ја прави мајка ми,ммм прсти да лижеш..
Ислам vs Христијанство Јас сум исто православна христијанка. Ја почитувам мојата вера, но и сите останати вклучувајќи го и исламот(религии мислев). Не ми се дискутира многу на вакви теми, но само едно ќе посочам како пример тука: Нешто најмногу што почитувам кај муслиманите е тоа што , кога слават Бајрам или Рамазан, обичај им е побогатите муслимани да помогнат на посиромашните, за и тие да имаат богата трпеза за празникот. А, кај христијаните кога се слави Велигден(сега чест на исклучоците),ама богатите печат јагниња, на нивната трпеза има од пиле млеко што се вели , дали при тоа се сетиле дека соседот до нив неможе да си дозволи едно кило јагнешко да купи и да испече или роднините негови? Не е пресудно да се има богата трпеза на вакви празници, важно е семејството да биде собрано и во хармонија да си го прослават празникот, но зошто не отидат богатите да им помогнат на сиромашните(и децата на сиромашните сакаат за Велигден да јадат јагнешко, салати и торти).
Ислам vs Христијанство драго мие сто вие јасно оти се секти!!! многу се интересни, а за предрасудите сто ги имаат за христијаните тоа ке им го казе Исус Христос на судниот ден кој за кеде е!!! поздрав Srculence--91
Ислам vs Христијанство се согласувам, меѓутоа и христијанството ги има истите правила, но се разбира кој да го прочита тоа а камоли да го спроведе. т.е да се помогне на сиромаси!!! ако повекето од нас седнат и прочитаат сто зборувал Исус ке знаат сто треба. он јасно кажал гладен бев ме нахранивте, болен бев ме утешивте,бос бев ме облековте... итн. значи!!! ако на оние кои немаат храна им биде дадено од вашата рака, знаци како да сте му дале на Бог и со тоа си обезбедувате угодно место во вечниот живот. тоа е наста вера, правејне добри дела!
Ислам vs Христијанство se soglasuvam so site so mislat deka ne treba lujgeto da se delat spored religijata tuku spored delata i karakterite , se prasuvam so mislite za vrski pomegju makedonec/albanka i albanec/makedonka?
Ислам vs Христијанство Јас сум христијанка, сум се дружела со муслиманки, сме си кажувале работи за нашите вери, ја почитувам секоја вера, дури и онаа на Индијците што веруваат во многу богови! Верата е богатството на еден народ! но во никој случај не оправдувам врска помеѓу двајца од различна вера!
Ислам vs Христијанство зошто не оправдуваш? ако се работи за вистинска љубов? во светот има такви случаеви на куп, и не мислам до колку двајца се во врска од различна религија треба да се откажи еден од нив од својата религија и да ја смени поради другата личност. Може да бидат заедно без разлика на тоа што секој си има различна религија.
Ислам vs Христијанство тоа е мое мислење, сепак секој со својата религија, а ако ја почитува нема да стапува во односи со некој од друга религија! нашите религии не го прифаќаат тоа! со согласувам дека во светот има такви случаи, но доколку сакаат венчавка мора едниот да ја смени религијата! А доколку не сакаат благослов од Бога, тогаш не се ни некои верници! Тоа е само мое мислење и не мора да го почитува никој!
Ислам vs Христијанство Јас оправдувам врска помеѓу луѓе од различна вера ако се случила љубов тоа е,ќе си се прифатат какви што се само не оправдувам еден одн сопружниците да се откаже од својата вера,обиќно тоа е жената,нека си тераат секој своето зашто да не неможам да прослават и велигден и бајрам во својот дом?
Ислам vs Христијанство се согласувам со beatris, сметам доколку навистина се работи за вистинска љубов, нема мажот да ја тера жената да ја менува религија без разлика дали е муслиманка или македонка, ако ја тера со сила тогаш не се работи за вистинска љубов. Еден ден и кај нас луѓето ке го сменат мислењето за ваквите бракови, сега за сега многу назад сме од светот. И сметам дека нема врска со тоа дека ако некој е во врска со личност од друга религија дека не верува во бога, бога бил тој што му ги вркстил патиштата и тој ке одлучува дали се верници или не кога ке му дојде денот.
Ислам vs Христијанство me interesira dali imate drugar/ka koj sho bil vo vrska so lichnost od druga religija? i dali uspealo toa ? kakvi bile reakciite od nivnite najbliski?
Ислам vs Христијанство Да не ја уништуваме темава, веќе има дискутирано за тоа. vrski/so-nekoj-od-druga-vera-ili-sepak-ne-t165/ ljubovni-problemi/dali-da-se-omazam-so-covek-od-druga-vera-t1660/ ljubovni-problemi/nasite-roditeli-se-protiv-mojata-vrska-albanec-makedonka-t1131/
Ислам vs Христијанство Јас имам другар оди со муслиманка, кога дознаа од кај неа, ја затворија дома и не ја пуштаат сега да излези никаде! Но тој веќе имаше односи со неа, па сега не знам што ќе прават... се извинувам за офф топик!
Ислам vs Христијанство Другарка ми одеше со муслиман, кој меѓу другото не и мислеше добро, а нејзе не и доаѓаше паметот, па еден ден со една друга другарка отидовме до кај неа дома, и кажавме на мајка и. Секако не се во детали. Скрена жената, но на наше барање не ја казни, само ја советуваше како од толку машки со него се фатила. И така ја оддалечивме од него и денес ни е многу благодарна. И јас се извинувам за оф топик.
Ислам vs Христијанство Околу ова имам огрооооомно мислење . Еве вака пред се не е битна верата туку верувањето во нешто нека е тоа и молив и гума и господ и алаџ сите сме исти луќе и тие постат и ние постиме и тие слават бајрам и ние славиме велигден. Религијата мора да сватиме дека е направена за да луќето имаат нешто кое што ќе им ги оправдува гревовите ..подоцна е проширена како пропаганда .. американците сакаат да го нема исламот колку асмо документарци има и ред други работи. треба да сватиме дека тоа нешто не постои не сум атеист побожна сум христијанка сум ама свесна сум дека господ или алах си самиот ти духот во тебе што го имаш полн со харизма били весела или тажна сам на себе си владател и муабетот ми беше да не гледаме многу во црните кутии бидејќи твто денеска е обично американско срање
Ислам vs Христијанство Докажано е дека Исламот се демели на лага, само исамските фанатици не сакаат тоа да си го признаат. Христијанството од фруга страна е перење на мозок.