А дали кај вас важи правилото око за око-заб за заб? Ова го прашувам бидејќи сум слушнала доста често дека важи ова правило, па ме заинтересира. Кај нас Господ Исус Христос вели: Доколку некој ви удри шамар, завртете му го и другиот образ.
Тоа око за око заб за заб не е дозволено во Исламот. Тоа е повеќе традиционално меѓу народите. Пример во Албанија има многу семејства со генерации се непријатели се убиваат едни со други, демек он ми утепал некого и јас да утепам некого од нив, тое се закони според Лек Дукаѓини, што не ни бил муслиман. Во Исламот има закони за секое зло, но доколку некој ти наштетил за нешто најдобро е да му простиш, но доколку не можеш тогаш имаш право да бараш оштета, но законски не на своја глава.
Разликата е тоа што имаме ние црква а тие џамија и разликата е ние што веруваме во Исус а тие во Алах се друго е исто исите сме луге
Една забелешка, не е вечно почивалиште само на душата, туку место на вечен престој на целиот човек. Значи пред да дојде Судот, ќе биде општото воскресение - секој човек воскресне, односно повторно ќе се соединат духот, душата и телото. Целиот човек ќе застане да му се суди. Дополнување , на човекот(кој веќе е покоен) за да даде добар одговор на Страшниот Суд, најмногу може да му се помогне со давање на милостиња на сиромаси, ако човекот не живеел литургиски живот (се трудел да живее по правилата на Црквата, редовно одел на богослужби, постел, се исповедал и се причестувал) и со служење/споменување на светите литургии ако живеел литургиски живот. Но како што напиша и Теси и секое наше „Бог да го/ја прости“, се прифаќа од Бога, како кратка молитва со која ние просиме од Бога, на нашиот ближен да му се опростат гревовите.
Kaко го тврдиш ова,како да е трет Њутнов закон и како да може да се докаже со прост експеримент.А пази, тврдиш теорија која е само теорија во книга и никаде на друго место,нити докажана ниту ќе биде.А гледам цели правила адети изнапишани доттука бидува. Страшниот суд, вечно пребивалиште,воскресенија... Еве да речеме дека тврдиш оти тие што живееле според правилата на црквата,би биле спасени.Што со оние племиња кои не живееле црковно,не знаат што е црква ни литургија...?
^Си ја утнал темата. Тука се дискутира за РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ИСЛАМОТ И ХРИСТИЈАНСТВОТО, разлики во верата, а не колку е точно дека постои суден ден, верување,неверување! Има други теми каде што можеш да го поставиш истото прашање.
Пријателе, Исак Њутн не само што бил побожен, туку еден период од животот сакал да стане и теолог. Така што, споредбата баш со Њутн не ти е баш на место.
И едните и другите веруваат и во Алах и во Исус(т.е. Иса) и во второто доаѓање на Исус, разликата е во тоа што муслиманите веруваат дека Исус е само пророк како што биле Мојсеј и Мухамед, но не веруваат дека е син Божји бидејќи според нив Бог не е човек за да има синови. А инаку зборот Алах на арапски значи Бог, затоа напишав дека и едните и другите веруваат во Алах (т.е. Бог). На пр. во Германија велат Gott за бог, но нема само поради тоа да кажеме дека германците веруваат во Гот а ние во Бог.
Имаше пред некоја страна прашање кој управувал со светот пред Бог. Според Библијата Бог го создал светот и човекот за 6 дена, а седмиот го одредил за ден за одмор. Во однос на тоа за повеќето жени на мажите муслимани, јас имам слушнато дека исламот дозволувал до 7 жени мислам, но не во ист период. Прво со една, па со друга... Јас сум православна христијанка и ја почитувам мојата вера. Немам никакви предрасуди кон останатите, секој си има право да верува.
^ Не знам за правилово до 7 жени ама не одеднаш, но знам дека мажот може да има повеќе жени во исто време, до 4. Секако под услов да може на сите 4 подеднакво да им пружи, па затоа е препорачливо доколку мажот не е многу богат да си држи една сопруга.
Кога ќе прифатат луѓето дека не постои апсолутно никаква суштинска разлика помеѓу двете религии, туку само различна е формата на нештата, до тогаш нема да се прифатат луѓето едни со други заради религијата и ќе има и војни и се спротивно од било што било која религија проповеда. Дури и дискриминацијата и односот кон жената постои и кај двете, како наметнат, не пропишан духовно и религиски. Дали мажот има 10 жени или жената е последна затоа што е грешна, тоа е исто, формата е различна и нема врска со религија, туку со човечка малодушност и потреба да прилагоди се низ начела на некаква религија за да може полесно да наметне. Така што јас не би ги барала разликите.
Јудеизам - Христијанство - Ислам за мене е се то исто , имаат преземено се од старите пагански религии, и тоа го проформулирале у концепт на еден бог, понатаму ја упропастиле светата женственост, ја прават жената потчинета и помалку вредна од мажот (страшно) . Барем ја мислам дека „Откако Монотеизмот дојде на земјата донесе само смрт“
и те како постои разлика Во христијанството ( новиот завет) Исус дарува љубов и не учи на љубов и прошка. Во исламот ( шеријатот) дозволено е каменување, убивање, камшикување, СМРТ СМРТ СМРТ Па според тоа, ако Бог само може да ни суди, тогаш каков е тој Бог кој бара луѓе да судат и пресудуваат во негово име ( да убијат) како во исламот? Исусовото учење се ширело преку љубов, а мухамедовото преку меч Немаат апсолутно никаква суштинска поврзаност, а не разлика Едното е љубов, другото е омраза КРАЈ Спојлер ако сакате нешто повеке за суштинските и несуштинските разлики, тогаш слободно ке ви дадам уште милион примери Ме интересира, пошто во куранот пишува дека Исус пак ке се врати, зошто токму тој ке се врати ако не е богочовек? Зошто не се врати мухамед? Зошто не мојсеј или останатите? Зошто баш Исус?
Дозволено е каменување да (зависи за каков грев станува збор) Но каде си проЧитала за смрт смрт и само смрт ти се молам. Прво информирајтесе потоа зборувајте. Ако тоа го прават одредени луѓе не знаЧи дека тоа е според исламот. во Куранот го нема ова, Бог не бара од луѓето да им судат и да ги убиваат другите,туку како и во секоја вера така и во нашата за секој грев има казна но не е со смрт. Мухамед а.с го повикувал народот да се сака меѓу себе каков меЧ ти се молам. Самиот збор Ислам знаЧи Мир,во времето на Мухамед а.с жената добила најголеми права. Дотогаш женските деца ги убивале,жените немале никакви права но Мухамед а.с го забранил сето ова. И не зборувал на памет туку сето ова е напишано во Куранот кој му бил испратен од Аллах џ.ш Па ке се врати токму Иса а.с за да им докаже на оние кои го сметаа за Бог,дека тој бил само пратеник испратен од Господ за да го повикува народот во верување само во еден Господ. Не знаЧи дека сето она што го прават одредени муслимани е според Куранот. И ве молам не пишувајте сешто прво информирајтесе.
Ај препрочитај си го постов уште еднаш. Прво велиш дека е дозволено каменување, а потоа пишуваш како вашата вера проповеда мир... Многу контрадикторно. Јас колку што знам каменувањето не е воопшто мирољубив чин. А и воедно може да доведе до смрт, со што доаѓаме до тоа што го пишала okcenzi. Поправи ме ако грешам, ама ти самата си го пишала тоа и ова погоре се твои зборови.
Штом е дозволено каменување и камшикување, тогаш е дозволена смртта КРАЈ Мухамед војувал и војувал и го наметнувал исламот со меч КРАЈ (ако сакаш ке ти дадам цела листа на тогаш важни луѓе кои мухамед ги убил ( им ја пресекол главата) но сепак не одел напред во војувањето, туку чекал да ги фатат ( војската ги ловела) па тој да им пресуди СМРТ Јас сум информирана за исламот многу повеке од тебе, сум го проуцубвала и повеке од тебе така да те молам ти информирај се па потоа зборувај и брани нешто Пак останува прашањето кое олигледно не си го разбрала, зошто токму иса или Исус ке се врати ( освен ако не е богочовекот)? Зошто тогаш не се вратат мојсе или давид или мухамед итн? зошто токму баш само во вашата религија може човек да му суди на човек, ако се сее само љубов ? Каде е прошката? каде е покајувањето? Го нема. Одма се камшикува или каменува или му отиде главата. Те молам не споменувај други религии, немој мојата да ја ставаш на исто ниво со твојата. Исус мој најмил и најдобар, не бара од мене да му судам на тој што ми згрешил, туку бара да му простам, а со тоа да му помогнам на патот кон божјото небесно царство. ЗНАЧИ ИСУС Е БОЖЈИОТ СИН И КЕ СЕ ВРАТИ ДА ГО ИСЧИСТИ ЗЛОТО КОЕ СЕ ШИРИ КАКО КАНЦЕР И ЗА КРАЈ ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ШТО КАЖА ИСУС, ДЕКАПОСЛЕ НЕГОКЕ СЕ ПОЈАВАТ МНОГУ ПРОРОЦИ НО ЗНАЕМЕ И КОЈ Е ВОЛКОТ ВО ЈАГНЕШКА КОЖА ПС. ТИ ОБОИВ ПОШТО НЕМОЖАМ ДА ТИ ЦРТАМ
Вие изгледа ништо не сте разбрале, нели реков зависи за каков грев се работи. И оваа повеке го има во одредени држави каде го сметаат за правилно,пример ако жена изневери,ако се убие некој итн. Кај нас во МК нема вакво нешто,се е според законот, и секако дека има прошка Куранот не уЧи на простување на стрпливост, но само зборот ми беше дека некаде го има и тоа НО, зависи за што станува збор за каков грев. Па добро едно не ми е јасно,што сте се фатиле ко слеп за стап за нашава вера,гледам сите муслиманите вака муслиманите така.Добро вие ли најдовте некому нешто да кажувате,дај гледајтеси секој вашата работа. Ти прво поЧниси да си црташ и да си боиш за себе. Викаш исус божји син,го нарекуваш син а ако сега ти реЧам дали верувате во повеке богови штом го нарекуваш син,ке реЧиш не нашата вера е монотеистиЧка. Па добро како може некој да е син некому а да е еден и единствен. Па сестро земи моливи пенкала и цртај додека сватиш,ама знам пак нема да сватиш,и еден совет од мене земај проуЧувај си ја твојата вера а јас мојата ја знам повеке од било кого и ја разбирам и му благодарам на Аллах што сум муслиманка. А секако ке дојде време сите ке дознаат кој бил во заблуда а кој бил по правилниот пат а тоа е кога ке дојде судниот ден и кога сите ке застанеме пред оној кој не создал. А ти дотогаш уЧи и цртај,ама џабе ти е вистината ке ја дознаеш само тогаш.
Ке почнам со ред Ти живееш во демократска држава, каде судот пресудува, но не сите жени ја имаат таа привилегија. Жените родени во исламскиот свет, каде судовите работат според куранот ( шеријатот ) се убивани силуваи каменувани и несмеат да писнат за тоа. е сега спомена од тоа што зависи за каков грев станува збор, а после кажуваш ако е приимер неверство тогаш треба да се суди. Епа неверството и да е грев, е неморално, а не незаконски ( зборам за демократија и за христијанство, секако во ислам дека се суди за тоа) и некој нема право да убие некој, само затоа што бил неверен, поготово ако мажот неможе да ја задоволи една жена а не пак четири. Да не се потсетуваме на случајот со Сораја (која е 1 од милион) Исус е божји син- богочовек, роден од пречистата Богородица( Бого родица-онаа која го роди бог) дева марија ( дева=девица=-девствена) 1(отец)+1(светиот дух)+1(синот)=1 БОГ КОГА БИ ИМАЛА ПОСЛОБОДНО РАЗМИСЛУВАЊЕ, КОГА БИ БИЛА ПОНАЧИТАНА ЗА РЕЛИГИЈАТА И КОГА ИСЛАМОТ НЕ БИ ТИ ГО ЗАБРАНИЛ ТОА, ТОГАШ ТИ БИ ГО СВАТИЛА ОВА ШТО ТИ ГО ЗБОРУВАМ И БИ БИЛА ПРАВА ИСУСОВА УЧЕНИЧКА А општо познато е дека секој кој ке го нашушти исламот и премине во друга религија или пак стане атеист, тој мора да се убие. Ако сакаш за ова ке ти дадам и цитат од куран Пак ке ти кажам, дека не си ја познаваш својата религија, а не пак мојата и немој да ми пишуваш работи кои ти ги кажале мама и тато за религијата, се додека неземеш во раце сама да читаш нема ни што да ми искоментираш, а најмалку за казни или монотеизам Јован 8:1-11 Исус и простува неверство т.е прељуба на жена.Според законот на Мојсеј тие би требале да ја каменуваат но Исус им вели:Кој од вас е без грев нека го фрли првиот камен на неа! Toгаш тој ја ослободува и ја пушта да си оди без казна. Во Исламот казната за прељуба е камшикување и таа не се изменила.До ден денес во Исламските држави така се казнуваат оние жени што ќе извршат прељуба. Друго-Во исламот е дозволено насилство кон оној што ќе те нападне а во христијанството се вели-Оној што ќе те удри сврти му го и другиот образ и сакај го непријателот како ближен свој.Не убивај! еве уште еедна преголема разлика Исламот: Тој рече дека Аллах ги мрази немуслиманите. "И ги почитуваат Аллах и Неговиот Пратеник! И ако се свртиме, а потоа Аллах не ги сака неверниците! " Куранот 03:29 (32) "Бог ги штити оние кои веруваат! Аллах не му се допаѓа било кој предавник, неверник! " Куран 22:39 (3 Христијан.: Рече дека Бог ги љуби сите. "Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот." Свети Јован Евангелието, поглавје 03:16 --- надополнето: 11 јануари 2013 во 23:23 --- Ислам: Во хадисот вели дека Мухамед не само што не сакате да го даде својот живот за своите следбеници, туку напротив, ги охрабри своите следбеници да умрат за него, намамувајќи ги со приказни за Небото. "На денот на битката на Uhud со Аллаховиот пратеник, имаше само седуммина од Ансар и двајца од Quraysh. Кога непријателот ги опкружуваше, Мухамед рече: Оној кој ќе се бори со непријателот, ќе ми биде придружник во Рајот. Човекот од Ансар дојде напред, се бореа и беше убиен. Кога непријателот не опкружи повторно, Мухамед повторно рече: Оној кој ќе се бори со непријателот, ќе ми биде придружник во Рајот. Второто лице од Ансар дојде напред, се бореа и беше убиен. Ова се случуваше додека сите одАнсар не беа убиени. Тогаш гласник на Аллах вели во двајца преживеа: Што Штета што не можевме да му оддадат почит на нашите соработници ". Sahih Muslim, Книга 19, Хадисот 4413, раскажано Anas бин Малик Христијан.: Да го дадете својот живот за другите. Свети Јован Евангелието, поглавје 18:11, итн Некои разлики помеѓу Мухамед и Исус Христос - Мухамед е само пророк - Исус е дел од Светото Тројство тој е дел од самиот Господ. - Исус Христос никогаш не направил грев - муслиманите истото го велат и за Мухамед но всушност тој направил неколку гревови 1. Прекршил договор - Додека владеел со Медина рекол дека нема да ја напаѓа Мека десет години, следната година ја нападнал. 2. Насилство и убиства - Мухамед се користел со убиства и насилство за да ги преобрати луѓето во Ислам. Исус ги преобраќал своите следбеници со проповеди и примери. Тој никогаш не употребил сила дури и кога бил напаѓан од непријателите. Никогаш не им дозволувал на своите ученици да употребат сила. 3. Полигамија - Мухамед имал 12 жени и 12 конкубини за време на својот живот. 4. Се ставил себеси над другите - Мухамед проповедал дека луѓето не смеат да имаат повеќе од 4 жени. Но, сепак за себе рекол дека може да има повеќе и тоа и го направил имал 12 жени кога умрел. Рекол дека никој не смее да се земе со своја блиска роднина. Сепак тој тоа го направил се земал со жената на својот посвоен син. - Исус Христос направил многу чуда за време на својот живот. Тоа го потврдиле многу сведоци, тоа го потврдува Библијата, тоа го пишува и во Коранот. Сите чуда што ги направил Исус биле за да ја исполни својата мисија на Земјата. вакви сведоштва за чуда кои ги направил Мухамед нема никаде. Ако е потребно ке ти ги пишам и имињата на сите жени од мухамед - Мухамед се залагал за освојување и покорување на неверниците - Исус е Принц на Мирот (Исак 9-6-7) - Мухамед заедно со своите следбеници убил илјадници (освојувајќи ја Арабија и Блискиот Исток) - Исус не убил никого а спасил многумина. - Мухамед велел Преобрати се или умри! - Исус велел Верувај и живеј! - Мухамед проповедал дека сведоштвото на жена важи половина од сведожтвото на мажот и дека жените одат во Рајот ако го задоволат мажот - Исус велел дека мажот треба да ја сака жената и да биде спремен да умре за неа. - Мухамед ги повикувал своите следбеници на борба - Исус рекол - Моето царство не е на овој свет, ако беше ке ги повикав моите следбеници да се борат. - Коранот вели - Бори се за волјата на Алах (Коран 2.244) - Библијата вели - Ние не се бориме против месо и крв и нашето оружје не е физичко (Коринтјаните 10-4) - Коранот вели - уништи го секој Паган каде и да го сретнеш (Коран 9.5)- Библијата вели - проповедај му на секое суштество (Марко 16-15)
Во Библијата се вели... Внимавајте на лажните пророци, кои доаѓаат во овчја кожа но внатре се вистински волци (м.з. кој проповедаше мир а беше освојувач?) ке ти препознаете по нивните плодови. Грозјето не се бере од откорнати и скапани грмушки. Секое добро дрво носи добри плодови. Секое лошо дрво носи лоши плодови. Лошото дрво не може да донесе добри плодови и обратно. Ух еве уште еден цитат од Коранот што го најдов на нет... Коран, Сура 4-34... мажите се управувачи на работите на жените...За тие(жени) што се сомневате дека се противат и се своеглави натепајте ги! ова е доста незгодно нели!? Да видиме за робови и робовладетели 1.Робот може да се силува(КKur'an 33. 50, 4. 24, Hadis Sahih Muslim vol. 2, #3371, Bukhari Vol. 7-#137, Bukhari Vol. 5-#459) 2.Робот може да се тепа (Sirat Rasulallah stranica 496) 3.Муслиман не добива смртна казна за убиство на роб(Kur'an 2:17 Инаку доста интересно е што навистина Муслиманите сакаат да го оправдаат фактот дека имало робови со тоа дека тие всушност биле слуги,дека не биле малтретирани,дека се одело на постепено ослободување на робовите...ако е така зошто робството постои и 1000 години после Мухамед кај муслиманите?Всушност и ден денес во некои Муслимански земји има ропство како Судан и Мауританија-во 21 век!Во северозападен Пакистан девојчиња под 5 години се продаваат на аукции,во Авганистан девојки меѓу 5 и 17 години се продаваат за 100 долари?! ...Не ви текнува за побуната на робовите во Ирак кои беа присилени да работат во рудник и во која побуна загинаа десетици илјади луѓе?Побуната траела 11 години- за ова сведочи и книгата "The History of Islam", Robert Payne, p.185 Разлика- "Aлаховиот пратеник нареди да на сите Еврејски мажи и деца им кои стигнале пубертет им се отсече главата.Тогаш Мухамед ги подели имотите ,жените и децата на Еврејското Qurayza меѓу муслиманите." (Tabari VIII, stranica 3 и потоа од Коранот- 5. 33. Казна за оние кои се против Алах и пратеникот негов кои војуваат и чинат неред е да-се убијат или распнат или да им се изсечат нозете и рацете или да се прогонат од земјата.Тоа им е понижувањето на овој свет а на оној свет ќе ги чека големо патење. 9. 5. Kога ќе пројдат светите месеци,убијте ги многубожците кај и да ги најдете,заробете ги,и на секој пролаз дочекувајте ги!Па ако се покајат и молат тогаш оставете ги на мира зошто Алах енавистина опростува. 9.29.Борете се против оние на кои им е дадена Книгата а не веруваат ни во Алах ни во оној свет,не сметаат забрането она што Алах го забранува,и не ја почтуваат вистинската вера(исламот) „На блудницата и на блудникот, на секој од нив поединечно удрете им по сто стапа” (Ен-Нур, 2).На крадливецот и на крадливката отсечете им ги рацете” (Ел-Маиде, 3. Христијанство Сите сме божји чеда. Ислам Сите сме божји робови. ШЕРИЈАТ 1)Таков е шеријатот.Ако не сакаш да го прифатиш Аллаховиот говор ти не си муслиман(одпаднуваш од вера од старт).Аллах џ.ш ти забрани хомосексуалност а ти сакаш да бидеш хомо во таква држава со такво уредување,тоа е невозможно.Исламот не вели дека не повредува никого,повредува виновници.Пр:На лоповот му се сече раката,блудницата се каменува до смрт,хомосексуалците се убиваат,тоа е казната. 2)Муслиман со муслиманот е брат по вера.Непријател не можи да ти биди човек кој е ист како тебе во неговото верување.Ако алудираш на луѓето што се припишуваат на ислам а не го практицираат онака како бог бара од нив,тогаш тие не се верници.Односот со нив,поучлив и благ но и умерен.Тие што сакаат да учат за ислам,се трудам да им го пренесам тоа што знам.Тие што не сакаат да учат,нивна одлука.Се трудам понекогаш ако видам дека грешат,тогаш им објаснувам дека тоа и тоа е забрането во исламот,се трудам некако да им го доближам исламот до нив(во онаква форма каква што треба да биде) 3)Во шеријатска држава не се толерира друга вера: Вака оди принципот 1-Му го предаваш исламот како вера,доброволно.Ако сака ќе прифати ако не 2-Ако не прифати,мора да плаќа данок во таа држава 3-Ако не плаќа данок,го обавестуваш да се исели 4-Ако не сака да се исели,тогаш се убива КАКОВ Е ТОЈ бОГ ШТО ТИ ДАЛ ЖИВОТ, А ЧЕКА ДРУГИ ДА ТИ ГО ОДЗЕМАТ? жените на мухамед Ali Dashti, исламски теолог ја составил оваа листа на жени со кој бил интимен пророкот Мухамед. Khadija Sawda Ayesha Omm Salama Hafsa Zainab (of Jahsh) Juwariya Omm Habiba Safia Maymuna (of Hareth) Fatima Hend Asma (of Saba) Zainab (of Khozayma) Habla Asma (of Noman) Maria Rayhana Omm Sharik Maymuna (not of Hareth) Zainab (third one) Khawla Duba „Аиша рече: Алаховиот пратеник (нека е мир над него) ме ожени кога јас имав седум години. Пренесувачот Сулејман вели: или шест години. Тој имаше однос со мене кога јас имав девет години.“ (Abu Dawud 2:2116, p.569) Едни хадиси велат 6 години, други 7, но да не ситничариме. „Аиша рече: си играв со кукли. Понекогаш алаховиот пратеник (нека е мир над него) влегуваше во мене кога девојките беа со мене. Кога тој ќе влезеше, тие излегуваа, и кога тој ќе излезеше, тие влегуваа.“ За да не испадне дека јас лупам глупости или лажам, затоа ги пишував и деловите и стиховите од куранот и хадисите, за да може и самите да проверите и уште еднаш, за оние кои мислат дека ове две религии се слични, ете ви докази дека се сосем различи и дека имаат премалку заедночко ПРЕМАЛКУ (Sunan Abu Dawud 3:4913, p.1373)