Спојлер куранот која верзија и дали е веродостоен Спојлер https://www.youtube.com/watch?v=8mBs8kMTPoo https://www.youtube.com/watch?v=8mBs8kMTPoo https://www.youtube.com/watch?v=0-Jya43vnY0 https://www.youtube.com/watch?v=0-Jya43vnY0 https://www.youtube.com/watch?v=6ccJRj5IhpA
ама нејсе еве некое од моите поомилени видеа https://www.youtube.com/watch?v=w46YJC7xgvk https://www.youtube.com/watch?v=VDyOcPdC_0Y https://www.youtube.com/watch?v=OUd_4zl ... pC0hk0xvi5 https://www.youtube.com/watch?v=qnh8kdnfYyE дај Боже да се множат и сите да ја спознаат вистината амин
okcenzi... Верувам дека може да се напишат уште 100 вакви страници. И ова се факти, а разликата е повеќе од очигледна.
точно така, може уште најмалку 100 вакви да се напишат А овие ги пишав колку да видам овие нашите декларираните христијанки дека навистина овие две религии се сосем различни и дека учењето не им е слично а не пак исто Да не се лажеме, јас немам против ниедна религија се додека не се меша во мојот двор и додека нема нема последици по мојот народ, но како што тргнала работава исламов со вахабииве во мојава земја ке прави расхол А ме интересира кој ислам е вистинскиот ( сунити, шиити, вахабии, суфии, исмаели, хафџи итн)?????
Сите овие се различни деноминации на исламот. Не може да се каже кој ислам е вистинскиот. На начин на кој не можеме да кажеме кое христијанство е вистинското - православие, католицизам, протестантизам итн.
одговорот што го даде ти ( мене ми е повеке од јасно) но не беше за истово прашање, ако знаеме нели деку сунитите ги убиваат шиите, а пак овие имаат икони и цртежи на пророкот а сепак иран е наречена исламска република итн. Вахабиите настануваат во 18 век, односно цели 12 века после мухамед, а сепак се во конфликт со суфиите итн Во тој контекст ми е прашањето, плс нека одговара некоја муслиманка , а не православна омажена за баптист ( мала шала) ке стигнеме и до мт да го испрашаме ( секако ако сака да ми одговори) ))
Значи правен ми е муабетов со луѓе кои доаѓаат од Сирија, Ирак, Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, Пакистан, Либан и Иран. Секој кој е пофундаменталист ќе ти рече дека неговата деноминација е најисправната, меѓутоа имамите кои се оградуваат од било каков фундаментализам одговараат како што ти одговорив јас. Впрочем и во христијанството се уште има припадници на деноминациите кои сметаат тие се "похристијани" од останатите. Што ги прави поразлични конфликтите помеѓу суните и шиите во Ирак од конфликтите помеѓу католиците и протестантите во Северна Ирска или конфликтите кои сега постојат помеѓу МПЦ и СПЦ или СПЦ и Црногорската Православна Црква? Конфликти и несогласувања постојат секаде, а верските конфликти се секогаш најжестоките.
Незнам зошто ги рачунаш вахабистите...тие се секта која го квари исламот, нив не ги рачунај во муабет ако не ти е проблем
И те како страшна и екстремистичка вера...Како оној вашиот 35годишен на чело на ИСИЛ Абу валид кој ќе правел калифат во Европа каде наводно ќе спаѓала и нашата ни мала државичка .Ќе го речам истото што и една феминка погоре го напомена ги почитувам сите религии и националности се додека ништо од наведеново не претставува закана за мене и околината во која живеам.Не треба да се дозволи настаните од 2001 да се повторат,ниту пак скраја да е нешто од поголеми размери.Не сакам муслиманска држава ниту пак шаријатски закони(чувајте си ги во вашите средини и во земјите кои ви припаѓаат вас не мешајте прсти тука) .Толку од мене. Спојлер http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/svet/item/4716-isil-hristijanite-da-si-gi-izbrichat-glavite
Сегде има будали и жедни за туѓа крв, ама проблемот е кога тие будали и жедни за крв ќе станат мнозинство. Бог нека не` вразуми... Само сепак ме чуди дали овие од ИДИЛ се самостојни или се пак бранат нечија туѓа политика.
Во ова тема многу го вреѓате исламот..Шо мислите вие се е како во филмојте?! Сите мора да имат по 5 жени и сл.Да можеби хз.Мухаммед рекол дека еден човек може да има 2 жени но само ако едната потврди и тој ги има сите услови пари,храна итн.И тие две жени тој не треба да ги дели итн.Исламот воопшто не е страшен.Баш има убави празници,обичаи..
Еве што вели за радикалниот ислам реисот на ИВЗ во Р. Македонија, г. хаџи Сулејман Реџепи: Реџепи: „Радикалниот ислам“ или „исламскиот тероризам“ се измислени за да го понижат исламот По повод светиот месец Рамазан, во ексклузивно интервју за порталот на албански јазик „Експрес.мк“, поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, говорејќи за „радикалниот ислам“ или за „исламски тероризам“, вели дека овие термини се измислени само да го понижат исламот. Тој во интервјуто зборува за светиот месец Рамазан како и за други теми со кои секојдневно се среќаваат муслиманите. - За ова тема до сега сум бил многу транспарентен и со непоколебливи ставови. Зборот „радикалниот ислам“ или „исламскиот тероризам“ биле измислени само за да го понижат исламот. Исламот е вера на мирот, толеранцијата, лубовта и на хармонијата. Илсамот во ниту една своја буква или збор не повикува на тероризам ниту, пак, го мотивара убиството. Да бидете убедени дека тие што повикувата на крвопролевање, тие што повикуват на терористички акти, секогаш во име на верата, таквите се исклучени од исламот, таквите немат ништо заедничко со исламот. Спротивното на ова ќе го кажат само тие кој немат ништо заедничко со исламот или не го познават исламот како вера - вели поглаварот Реџепи во интервјуто за порталот. Според него, секој кој се радикализира, било политички, или верски, тој нема никаква врска ниту со политиката ниту со верата. -Едноставно, нивниот радикализам се предизвикува од нивниот страв од маргинализација. Во двете варијанти, или во радикализам или во маргинализација, човек со таков античовечки менталитет е предодреден да биде губитник како во овој свет така и на другиот свет - вели Реџепи. превземено од http://plusinfo.mk/vest/142493/Regzepi- ... at-islamot
Со други зборови, се` што е претерано не чини. Умереноста и претставува едно од начелата на една вера.
ти изгледа немаш поим, па си тресеш овде никој не го напаѓа исламот, напротив ја кажуваме реалноста и тоа во поблага варијанта од колку што заслужува Мухамед не рекол дека може да се имаат по две жени, туку рекол 4 ама ова секако ти не го знаеш, па дојде нас да не искараш, а ако те интересира нешто слободно прашај ке ти одговориме И да во филмовите не е прикажан исламот во целост еве ти некое видео да видиш што е всушност исламот и колку е тој добар https://www.youtube.com/watch?v=IDacjKKkKSk еве како ги принудуваат христијаките да се конвертираат во таа секта ( со силување) https://www.youtube.com/watch?v=qfjbmq4vOWU еве од колку мали ги мажат и кога веке спомена празничи и обичаи еве какви ги има https://www.youtube.com/watch?v=PTBzEyP_eYE
Добар ви ден на сите.. Тоа шо се препирате погоре дека мажите муслимани земаат по 4 жени,ке пробам да го објаснам на начин разбирлив за сите : Во времето кога му стигале објавите на Мухаммед с.а.в. владеел глад,сиромаштија,различни болести од кои луѓето многу често умирале. Тој навистина дозволил еден маж кој имат можност (богатство) и доволно хуманост (иман) да се раководи рамноправно спрема сите,без некоја да биди оштетена,да земит уште 2 или 3 жени,вдовоци или сиромашни,кои на тој начин би преживеале и не би биле осудувани од околината.. Секако,на мажите и жените во тоа време,во бракот првенствено биле важни почитта и склоноста кон домот,а не луксузната кола,сексот и скапиот накит.. Секоја чест на днешните мажи кои би земале повеќе жени,со нескриени намери,од причините кои ги објаснив погоре,а тешко на тие шо земаат појќе жени само за да ги задоволат своите животински сексуални потреби.. А и кај другите религии поединци имаат по две или три жени,како и кај муслиманите,само муслиманите се во шеријатски,т.е.легални врски,а другите религии ги нарекуваат љубовници..секако без навреди Ве молам. поззз
А што ги спречува мажите кои и легално си имаат повеќе жени, да имаат и нелегално уште толку? Склони кон швалерај ги има секаде, во сите структури, како што и општо секаде не` има секакви со секакви намери (како што рече и самата). Не знам зошто им е толку чудно ова правило, бидејќи, реално си постои полигамија во ваква или таква форма на многу места низ светот и на многу начини. Мене воопшто не ми се негативни полигамните заедници (иако лично не би прифатила, не би можела да го делам мажот со друга како што и јас не би можела да се замислам со некој друг освен со тој со кого што сум). Со добра организација и третман на сите, не би требало да има проблем. Со другиот дел од мислењето целосно се согласувам.
абе покрај 4 дома мислиш ке мојт со уште некоја? целта на муабетот беше да ја доловам вистината за повеќето жени,зш би требало да се земвет и на кој начин е дозволено..
Абе на некои и една им е доволна главоболка. Како што можеш да видиш, го редактирав мислењето за подобро да се објаснам.
Се извинувам за оф топик, но сакам да прашам како се викаше онаа религија каде жената има право да склучи брачна заедница со повеќе од еден парнтер? Ако веќе зборуваме за рамноправност, зошто исламот не е наклонет подеднакво кон мажот и жената? Велите дека за сите лоши нешта главен виновник е ''исламскиот тероризам'' кој намерно фура таква пропаганда за луѓето да се плашат од самата религија. И да е тоа вистина, пак ќе го поставам истото прашање! Зошто бре, жената е буквално понижена, и страда сиот живот и во ,,чистиот'' ислам. Претежно сите муслимани се традиционалисти. Ретко кои ги отфрлаат прангите на религискиот замав кој завладеал со векови и ги распостелил своите корени длабоко в земјата. Жената мора да пости, а да не се лажеме постовите за Рамазан чинам беше (простете ако грешам), според мене се ужасно тешки. Не е дека не може да се стекне навика, ама на овие високи температури такви барања да се постават од било кој здрав човек, независно дали е маж или жена сметам дека се високи и премногу ригорозни. Особено мажот знае да биде особено насилен кон жената ако таа се пожали дека не сака или не може да продолжи со постот. За ова сум повторно личен сведок на два немили настани од страна на различни исламски семејства. Положбата на жената муслиманка во руралните средини, како и Бутел, Битпазар е многу лоша. Се надевам дека сешто наброив претходно не важи во нормалните здрави заедници каде мирот и толеранцијата се единствени вредности кои царуваат. Сепак за време на постот, често не е исклучена уште една појава. Пцуењето! Јас колку што знам за време на постот сите треба да се воздржуваат од лоши идеи, мисли, дела и зборови. Но, многу верници под постот подразбираат чистење од гревовите само преку правилата за исхрана во текот на тој период. Дури и христијаните го прават истото за време на постот пред Велигден, ама барем не се убиваат меѓу себе и не постојат некои појави кои отстапуваат од нормалата како на пр. колеж и убиства. Повторно никој соодветен нема да ми одговори на прашањето, зошто христијанството не располага со исти/слични мерки? И да не заборавиме, едно од најлошите правила во исламов кое ми боде очи е намерата за секс. Жената не смее да го одбие мажот, и пред или после секој чин мора да се искапени за да ја одржуваат личната хигиена. Епа, никогаш нема да дозволам религиски закрепостени правила да ми го диктираат начинот на живот и да ми ја угрозуваат положбата како жена во домот/институциите/општеството. Зошто нема на пр. ,,Радикално христијанство'' и со тоа да се вадиме демек само поединци од нас се онакви какви што се.