Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разлики помеѓу исламот и христијанството

Дискусија во 'Религија' започната од RainBow, 26 февруари 2010.

  1. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
     
    На Tanjamm, okcenzi и EvAngelos им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Па, иако во деновите кога не се пости не ни` е забрането, ни ние Христијаните не е пожелно да претеруваме со алкохолот. Или пак со што и да е друго. Всушност, тоа е една од карактеристиките на начинот на живот предложен од овие две религии - умереност ... во се`.
     
    На Adina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Секоја вера треба да се почитува..секако за секој својата религија му е најмила и мисли дека е исправна..муслиманка сум и моите две најдобри деугарки се христијанки..тоа што некои од вас имаа коментирано дека во искамот жената е дискриминирана, погледнете што кажа денеска попот на тв дека забраниле жени да се фрлаат по крстот бидејќи мажот бил глава и тој можел да го носи крстот.. Па тоа не е дискриминација?
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    @ar.ik со овој коментар не излезе ништо подобра од оние коишто ги посочуваш. :)

    Жената не е еднаква со мажот, со тоа што улогите и` се различни.
    Нема дискриминација, но може да има праведност и таму кадешто нема основ за еднаквост. ;)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
     
    Последна измена од модератор: 20 јануари 2015
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ајде сега удрете по тоа што кажале дека мажот е крст и глава во куќата , па и е !!! Една христијанска жена во однос на религијата воопшто не е дискриминирана , има право да пости кога сака , има право да оди во црква и да се моли рамо до рамо со мажот КОГА САКА !!! читам некои мислења дека на википедија пишувало дека постојат женски водици , па јас во моите години прв пат го слушам ова , а друга работа е што на википедија може секој да пише што сака , не може интернетот да знае повеќе од разни владици , свештеници и теолози . Попот кој јавно кажал дека не и местото на жената каде што полуголи мажи скокаат во вода го оправдувам, само камо да не кажеше така јавно , ете им прилика на оние кои не го сакаат христијанството и да скокаат сега дека и ние сме биле обесправени .
     
    На Yowannty, Orthophill и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Попот си го кажа исправното и јас се сложувам..но кога некои работи се забрануваат или ме се пожелни во исламот за жената или за што и да е тогаш одма исламот се критикува..постојат мн сличности помеѓу двете вери но во последно време што не се почитуваат тоа е друга работа..инаку колку што знам јас по црквите и манастирите жената несмее да е разголена и да влегува во црква така да се моли и тука нема проблем а кога некоја муслиманка одлучила да го заштити своето тело тогаш се критикува од повеќето (не од сите).. А за правата на жената во исламот може секој да си прочита како во Куранот така и во други исламски книги и потоа да се прокоментира
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    За ова последното се чуствувам компетентна да ти вратам , секако дека жената не треба да е разголена ни во двете вери , ама ретко кој го почитува тоа , ќе ти кажам еден пример , ова лето бев во црква со многу кратки панталони , останав засрамена што влегов така , бидејќи ми дадоа да ставам од горе една долга сукња , така влегов прв пат и си ветив дека ќе биде и последен . Сега еден пример за тоа кога бев во џамија туристички во Истанбул , тогаш носев хеланки , нели најкомотно се осеќаш за патување и слично , зборот ми беше дека и таму мене и на другарка ми ни ставија сукња , а на другата другарка и други од групата не им ставија , и која е логиката сега тука ? гледаш дека , ни самите луѓе кои се вработени не знаат и не се однесуваат исто кон сите , мој совет е дека секој треба да се облекува како што доликува за верски објект , било тоа христијанка било муслиманка , јас еднаш згрешив и нема никогаш повеќе
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    51.959
    Пол:
    Женски
    Обично во машки манастири, значи каде што има монаси, на сите девојки што носат панталони им даваат сукњи, дури и да се обични долги панталони. :)
    А за кратко, тоа се подразбира дека не се носи. Нема логика инаку, не знам зошто направиле така.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ar.ik

    ar.ik Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    ја незнам како биле облечени твоите другарки или ти да коментирам за тоа..но знам јас кога бев имав облечено тесни панталончиња па и мене сукња ми дадоа а на другарками која имаше облечено доста широки панталони и подолга блуза не и дадоа што е сосема во ред бидејќи не и се оцртуваше ништо
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Знам дека не се носи , и кажав секогаш одев пристојно во Црква , така облечена не планрав да влезам ама ми беше успат и ете непромислено влегов , не е до толку страшно за еднаш колку што се осеќаш мизерно потоа ,:)
     
    На tessie и crimson им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Е тоа и ми беше поентата. Тебе не ти е убаво кога некој спомнува нешто такво за Исламот и тука најпогрешен одговор би ти било да одговориш со сличен коментар за Христијанството. Не ти се сите Христијани виновни за тоа што група луѓе рекле. Ако ме читаш низ темиве поврзани со религија, ќе сфатиш дека јас сум првата што се спротивставувам кога се зборува нешто што не треба за која и да е религија. Но и мене како верник ме боли што некој ќе пише нешто исто толку неубаво за Христијанството. Јас не сум виновна што некој друг го повредил претходно.

    Значи, одете контра на оној којшто ве напаѓа, не напаѓајте цела една заедница, религиска или каква и да е. На дискриминација најлошо е да се одговори со иста мерка. Сами себе си се побивате. На тоа ми целеше муабетот, а дурбини и огледала и двогледи не ми се потребни се`уште видот ме служи за толку колку што ми треба, фала Богу. Основно правило на конструктивна дискусија.
     
    Последна измена: 20 јануари 2015
    На Rama и franca им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    НЕ. Попот само си истресе глупост и тоа е тоа. Фрлањето по крстот е традиција а не запис во Светата Книга. Така да нема врска ова што го кажа. Водици секаде се прославува различно и не е со некои прописи.
    Колку за бонус информација-Имало женски свештеници..во почетоците на црквата и тоа во католичките цркви..Подоцна тоа е исфрлено од пракса....
    Тоа е уште случај во некои други цркви евангелската и некои лутерантски цркви Толку.


    Е сега зашто има само машки попови. Затоа што 12 апостоли биле само мажи а поповите се сметаат дека ја продолжуваат работата на апостолите т.е. учење негување и ширење на христијанството.
    Жената во христијанството е претставена преку Богородица(особено во православието каде се смета за најчиста душа) и тука како може да ми кажете дека жената е дискриминирана во христијанството кога веднаш после Исус се слави ликот на Богородица( толку почитуван и масовен празник ), а жената во христијанството е вклучена преку монашката дејност. Одете по манастирите и ќе видите дали има или нема жени.
     
    Последна измена: 21 јануари 2015
    На EvAngelos, peperutka87 и Rama им се допаѓа ова.
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Расправајте си се вие пак околу религиите, јас само набрзинка нешто да кажам. Dont mind me too much.

    Христијанството и Исламот се две релегии базирани на првата монотеистичка религија, јудеизмот. Сличностите меѓу себе се многу големи, а најслични се во навиката на нивните следбеници да ги мразат останатите и посочуваат кон нив дека се грешни. Од друга страна, учењето на сите три се темели на исти нешта - љубов, добрина, понизност, почит, ред...

    Многу ги почитувам верниците на двете религии и многу се радувам кога ќе видам како за своите празници се буди тој верски дух. Исто толку се гнасам што сум човек кога ќе видам како на секој друг ден од годината верниците се однесуваат спротивно на правилата наметнати од религијата која ја почитуваат.
    Она што ми е највеќе безврска е што сме 2015 година, а луѓе се самоубиваат во име на фиктивни владетели на небото и земјата. Мислам, супер е тоа што религијата е водич и потпора во нивните животи, но, ако некој имал време и живци да прочита таква епска читанка како библијата и куранот, тогаш сигурно можел да седне и да прочита нешто за вселената, за ѕвездите и содржината на планетите милиони светлосни години од тука, бидејќи и тоа некој го проучил и го имаме на дланка.

    И тогаш, ако пак некој сака да си го одземе животот заради Господ, стварно ќе се откажам од секое логично сфаќање на верниците, зашто можам да разберам некој да сака да се убие откако ќе падне во депресија сфаќајќи дека неговиот живот и тело во однос на време/просторот кој е присутен во универзумот не е поголем од неколку милијардити дел од зрнце песок во однос на целата наша планета и тотално е бесмислено да се бара одговор на прашањето „која е смислата на животот“... ама никако не можам да сфатам некој да сака да се убие за слава на Бога.
     
    На Hipster, imelda, Marossa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.055
    Допаѓања:
    12.791
    И сега има христијанки кои во црква влегуваат со марама. Се зависи од жената. Ептен не оди во кратки панталони, сукња, со маици на тенки прекорамки да влегуваат.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Stom se spomne islamot odma se fakaat za teroristi, pravata na zenite I ostanati gluposti nametnati od strana na podednakvo ograniceni ludje..Samo zatoa sto ne pripagate na taa religija ne mozete da gi znaete blagodetite I pravata koi gi ima zenata vo islamot, kolku e vsusnost pocituvana I cuvana..Megutoa izlisno e da se zboruva koga umot ne vi e otvoren za poinaku da gi poglednete rabotite..Sekako so isklucok na nekoi clenovi !

    A da..I barem ednas bi mozele da gi poglednete slicnostite vo religiite a ne samo razlikite..ne postoi losa vera ili vera koja propoveda omraza..site veri propovedaat mir ljubov razbiranje I vera vo bog, vzaemno pomaganje..
    Ne gi mesajtr novonastanatite ekstremisticki sekti koi sledat svoi pravila a ne ona sto e napisano vo svetata kniga. Pojava na sekti ima I vo drugite religii no nikoj ne gi osuduva poradi toa
     
    Последна измена: 27 јануари 2015
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.055
    Допаѓања:
    12.791
    Просветли не на сектите во другите вери. Колку приврзаници имаат тие? Некои
     
  18. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Pa ne sum sednala bas da gi brojam, ama samo zatoa sto nekoj odlucil da odi po toj ekstremisticki pat, ne znaci deka edno (da receme) cetiricleno semejstvo e privrzanik I gi podrzuva site nivni gluposti samo zatoa sto pripaga na islamskata religija I site treba da se stavaat vo ist kos..ima razlik od obucen covek vernik I privrzanik na nekoi fanatici..Ajde sea da gi stavime site germanci vo eden kos deka se nacisti samo poradi Hitler
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.055
    Допаѓања:
    12.791
    Сектите за кои зборуваш беа актуелни порано. Колку што знам тие не беа опасни за околината. Се затвараа, се молеа и откако ќе бидат заведени се самоубиваат мислејќи дека се жртвуваа за господ. Но, тие не се разнесуваа со бомби за да убијат 20 луѓе од друга вера или да бесат и колат. Тие самите се самоубиваа верувајќи дека се жртвуваат за господ.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не мозе маз да се гризи за 4 или повекје зени,знаци под услов рамноправен да бил....дрн дрн ,мозе само финансиски да биде рамноправен на друг нацин не е мозно!!!!која зена заљубена би делела маз со друга...нема логика никаква,добро ајде ако не е хју хефнер хахаха,сите религии проподеваат добри работи љубов мир разбирање,но ретки се муслимани сто ја гледаат зената со мир и разбирање...ова го казувам од лично искуство од блискиот исток.еднаквост ,права помеѓу маз и зена???- и донт белиеве ит ....за такво нешто не станува збор,ниту обид нешто да се направи,и во такви услови да прасас зена муслиманка ке ти казе дека она е најсрекна на светот :drunk:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.