Мажот има право на 4 жени, но сите знаеме дека на просториве кај што живееме ние маж со повеќе жени е реткост..и за мажот да земе втора жена му треба дозвола од првата, доколку нема дозвола несмее да земе уште една.. Така да тие што имаат повеќе жени, имаат дозвола од жената.. Е колку денеска ние младите сме спремни да го делиме мажот се знае нели.. Иако никогаш неможе да се знае дали сме единствена жена или мажот има и швалерка (што е чест случај)
А да да,бара дозвола од првата зена,и првата као нема да му даде нели???и она е самата свесна дека мора да даде дозвола,тоа е како про форма,правило де,а за прелјуба не дискутираме на темава,се знае дека прељуба не е дел од религијата.
Православна сум и верувам во Исус во црквата.Си ја сакам религјата ама сите војни, карања, убивање на невини деца и луѓе се почнати поради различни религии.Сите сме луѓе, сите веруваме во бог само сите бог го нарекуваме како што не учи религијата.Христијаните Исус, муслиманите Алах.Пред Исус луѓето во што верувале?Во бог, велеле Исус е божји син, муслимните во што веруваат во бог, во Алах.Јас тука не гледам разлики освен што пророците ги учеле луѓето на различни правила.Моето мислење е ова, не сум читала многу на оваа тема, ова ми е мислење кое сум го стекнала од животот, од телевизијата и луѓето.И нема место за расправии, само што секој си има нешто во главата да го мрази оној другиот.
Постојат повеќе разлики меѓу христијанството и исламот. 1. Јас би започнал со природата на Бог. Христијанскиот Бог е објавен како Тројство, еден Бог во три личности (ткн. ипостаси): Татко, Син и Свет Дух, додека Исламскиот Бог е едноштво (еден и сам). 2. Следната разлика е во врската меѓу Бог и луѓето. Исламскиот Аллах има 99 имиња, но ниедно од тие имиња не е „татко“ Луѓето што ќе се покајат и вратат кај христијанскиот Бог се наречени „синови и ќерки“, а во Исламот тие се наречени „робови и робинки“. Тоа е многу важна разлика во природата на Бог и нашата врска со Него во христијанството и исламот. Христијанскиот Бог има драстично поблиска врска со луѓето, отколку исламскиот. 3. Има разлика во објавата на Бог. Христијаните веруваат дека Бог се објавил преку Библијата и преку животот и делото на Исус Христос, а муслиманите веруваат дека Алах се објавил преку Куранот. Тука мора да се напомене дека во Куранот се спомнуваат многу случки и личности од Библијата (дури и Исус), но тие се изменети, различни и направени да одговараат на исламската теологија. Така во Куранот ќе прочитате дека Исус не се жртвувал за гревовите на луѓето, не умрел, а со тоа и не воскреснал од мртвите, туку им зборувал на луѓето да веруваат во Алах. Но на нас останува дали ќе веруваме на очевидците, на оние кои го придружувале Исус или пак на оние што го пишувале Куранот 600 години подоцна и на друга територија. 4. Има разлики и во ветувањата што ги дава христијанскиот и исламскиот Бог. Но тоа е долга тема. 5. Исто така голема разлика е во тоа што христијанскиот Бог обезбедил и спасение за грешниот човек т.е. му го пратил Својот Син Исус Христос да ја палти казната за гревовите на човештвото за да не мора ние лично да ја плаќаме - бидејќи тоа би значело смрт за нас (и телесна и духовна). Но христијанскиот Бог ветува дека ако се покаеме и поверуваме во Исус, нашите гревови се простени, добиваме вечен живот и ние ќе го имаме Светиот Дух во себе кој ќе не преобразува во подобри и побогоугодни личности и, што е најважно, сигурно ќе не донесе до Божјото Царство. Таква љубов и такво решение за човековиот грев не постои во Исламот каде што Алах им ги мери добрите дела и гревовите и на основа на тие дела ќе им суди дали ќе одат во Џенет (рај) или Џенем (пекол). Оваа листа не е целосна. Ова се само неколку разлики што сега ми текнаа да ги запишам.
ако гледаме реално во денешен свет ретко кој го почитува жените и ги гледа со мир и разбирање.А во светата книга пишува многу добро дека забрането е да се крени рака врз жена но никој не го почитува тоа веке. А и ретко има христијанин што ја гледа жената со мир и разбирање .....ова не го напишав за да навредам некој
Јас мислам дека во било која религија жените се понижени и малтретирани. Погледнете само како муслиманте се однесуваат кон своите жени и воопшто женските во семејството, ги сметаат за робови. И кај христијаните има насилство врз жените и непочитување но мислам дека кај муслиманите е драстично полоша состојбата.
Mislam deka se zavidi od samite luge i koj kolku gi ceni zivotite na svoite zeni i majki .Ima muslimani sto se odnesuvaat preterano dobro so svoite zeni i obratno ,a isto taka ima i hristijani koi isto taka se odnesuvaat dobro i obratno . Znaci se zavisi od licnosta i kako gi svaka rabotite . Nema vrska verata so odnesuvanjeto
Да зависи од цеовекот ама генерално казав,дека кај муслиманите мислам дека зената дури не е ни свесна кои се нејзини права дали несто плус заслузува во зивотот,таа е изолирана од светот и пресрекна е и со тоа сто го има,зборам за на блиски исток тоа таму доминира,а кај нас и европа мислам подруго е не е до толку како таму
Definitivno zavisit od karakterot na poedinecot. Sekoja vera propoveda ednakvost,ramnopravnost i blagosostojba,nezavisno od nacinot na zivot,nacinot na oblekuvanje,jadenje i slicno... Za da se ponasas sprema zenite na nacin kakov so zasluzuvaat princezi,ne trebit da ucis od kniga ili od drugi,ednostavno trebit da si covek i da znaes deka takov tretman taa zasluzuvat i nikakov poinakov,tuka nemat prostor za muslimanski ili hristijani nasilnici,ednostavno nelugje se toa....
Во секуларните земји како нашава и во развиените земји муслиманите, генерално гледано, се многу либерални и не се придржуваат многу до Куранот или шерјатските закони (кои пак имаат смисла само во Исламски устроена држава). Но во оние земји каде што Исламот е доминантна религија (Иран, Саудиска арабија, Индонезија итн.) таму муслиманите се придржуваат многу до Куранот и шерјатот и во тој контекст објективно мора да се каже дека жената е подредена и по статус и по права што ги има во семејството, но и пред државата.
И тоа како е подредена,и казни има колку сакаш разни варијанти на казнување на зената,нема простување за зената или каење вистинско за направена греска, туку има казна и од мазот и не дај бозе да стигне до казна од дрзавата...теско нејзе
На тема религија може да се зборува до бескрај, сличности, разлики, сфаќања итн.. За мојата религија доста знам а за останатите не и неможам да се дрзнам да зборувам за нешто што е "рекла казала" , откако ке прочитам од веродостојни извори ке коментирам, а гледам дека тука има доста членови на форумот кои што не отвориле Библија или Куран а си даваат мислења кои не се точни. Ако незнаеш не е срамота да прашаш.. Јust saying
Не му личи на Господ да има дете. Не му личи. Нема потреба Тој од никого. Од ничија помош. Пророци се пратени бидејќи исто како за џиновите имале пророци од нивниот род, така и ние. И се разбира дека тој пророк ќе биде заштитен од Него. Ибрахим го фрлиле во пожар, но пожарот бил нареден да не го изгори. И не, не би дозволил Господ неговиот пророк да биде убиен или жртвуван за ничиј грев. Гревот на Адам не е мојот грев. Тоа за мене е главната разлика. Има христијани кои веруваат дека на мажите им е дозволено да имаат повеќе жени. Јас кога не бев мажена, психички се подготвував за ова гледајќи ' Sister wifes' и 'The polygamist'. Мм едвај чека една недела кога сум во менструација, како ќе ме чека тој мене речиси три месеци кога ќе бидам на одмор. Јас сум за! Ако мисли дека може да и даде се што ми дава мене, бујрум. Мирот нека биде со сите пророци. И да, поарно е да се каже дека сум Господов роб, бидејќи ни мајка ми ни татко ми не знаат подобро од Него што е најдобро за мене. Не му личи на Господ да има деца. Не му личи да биде маж, не му личи да има било што човечко, бидејќи Тој не е човек, нема ништо што личи на Него. Не му личи да добие форма на човек. Вратете се назад кога народот на Муса сакале да го видат Господ. Што се случило? Аман, оставате се што се случило пред Иса, и заборавате дека пред него имаше толку многу. Како го заборавате Муса, Ибрахим, Нух, Љут, Адееем? Сите тие се еден зинџир пророци со една порака-Господ е Еден! Нема син, нема ќерки, нема татко, нема мајка, нема почеток, нема крај, нема форма, нема пол...
Оваа констатација ме уби! Господ нема потреба од ништо, точно, но Он е Љубов. А, љубовта постои само ако има кој да љуби и кој да биде љубен. Од таа огромна љубов која Бог ја поседува, пред да создаде било што Го раѓа Синот, Бог Словото. Од Отецот, преку Синот, од таа огромна љубов излегува Светиот Дух. Потоа од таа огромна љубов, која ние не можеме да ја сфатиме, Го испраќа Својот Син, да прими човечка природа и да стане брат на луѓето, брат на оние кои ги створил. Постанувајќи Бог Синот и ние луѓето примаме посиновување од Бога Отца. Патем, да не се разбереме погрешно. Бога Отца никој никогаш не Го видел. Единородниот Син Негов нам ни го објави.
Нејкам да се карам,ама мислам дека во ова тема секој си ја брани својата религија. Сватете никој овде нема да пиши лошо за нејзината религија,а и јас мислам дека и двете релииги се добри. Поздрав
Не! Првото нешто што било создадено било перото! ДА! Перото! И Алах му наредил да пишува се што ќе биде. Што значи дека треба да веруваме во Судбината и пишаното и така натаму. Но и тоа може да се смени преку молитва. Друга тема. Човечко е да сакаш да имаш синови и керќи. Тој ја нема таа потреба. Нема потреба Тој да го сака некој. Нема ни потреба некој да го обожува. Затоа постојат ангелите. Некои од нив откако биле создадени и му се поклониле на Алах, сеуште се во таа состојба уште денес. Бидејќи има многу многу многу атеисти кои велат-изгледа дека Господ има потреба од нас. Затоа ни наредува да го обожуваме. Не. Ангелите немаат своја вољја, праваат се што ќе им биде наредено, но сепак мислат. Џиновите имаат своја вољја, но како и нивната природа, создадени од пожар кој нема чад, не беа тие најспособните да создадат ред на земјата. Затоа бил создаден Адам (мирот нека е со него). Во Исламот, сега како сакаш свати го ова, навредувачки е да кажеш нешто за Господ кој него го прави помалку од Господ, понижувачки е Тој да има нешто човечко, било син, (арабите на тоа време велеа дека ангелите се ќерки на Господ), и што друго било. Нема ништо како Него. Нема тој син. Раѓањето на Иса (мирот нека е со него), е едно чудесно раѓање. Никогаш не би дозволил Господ некој да каже-го убивме Иса! Убивме пророк! Никогаш! И за ова има одговор во Куран, ако Иса (мирот нека е со него), ако неговиот татко мора да биде Господ, бидејќи секој си има мајка и татко, во ред, мајката е Мерјем (мирот нека е со неа), таткото мора да е Господ, е како тогаш Адем (мирот нека е со него) нема ни татко ни мајка? Штом од неговото ребро е создадена Хава (мирот нека е со неа), тогаш значи дека таа има татко (знам звучи како инцест штом тие после имаа деца, ама од реброто, имајте на ум, реброто било база за понатамошното создадење). значи дека таа има татко ама нема мајка. И шо сеа, и тие се Господови ќерки и синови? Зошто го заборавате Стариот Завет? Зошто да не им се дава важност на другите пророци? Тие се зинџир, не треба ниту еден да се заборави. Една случка. Кога дошле христијаните (луѓето на книгата) да се видат со пророкот Мухамед (мирот нека е со него), каде престоеја тие? Во неговата џамија! Едно две недели сигурно, бидејќи долг пат поминале за да зборуваат со него. Каде се правеа нивните ритуали? Во џамија! И не која била, во таа на пророкот (мирот нека е со него). Се случи ли некој да им каже нив-како смеете да дојдете тука, вие сте го кажале ова и ова за Господ, небото само што не се распарчи, планините само што не станаа прав, бидејќи кажаа дека Алах си земал син за себе. Не, никој ништо не им рече. Но сепак, кога најпосле разговараа со него... не веруваа... пак се задржаа во таа грда, најомразена работа кај Господ-да обожуваш некој друг покрај него. Мухамед (мирот нека е со него) беше најдобриот од тие кои покануваат други кај Господ... но не можеше да ги одврати тие...
Бог нема потреба да биде љубен, но Он има потреба да љуби. И поради потребата да љуби Го раѓа Својот Син и Го исходи Светиот Дух. Адам и Ева немаат ни татко ни мајка, зашто тие се создадени, а не се родени. Прво да направиме разлика меѓу раѓање и создавање. Раѓање е кога од една единка се раѓаат исти единки како првата. Што значи, човек раѓа човек, крава - крава, коњ - коњ... Создавање е кога некој од материја или од ни од што создава нешто друго. Пример, чевларот создава чевли, пчелата - саќе, Џузепе го создаде Пинокио итн. Но, ниту за чевлите можеме да речеме дека се луѓе, ниту саќето пчела, ниту дрвената кукла Пинокио дека е човек. Така и со Бог, Бог ги создава ангелите, вселената, земјата, човекот итн, но пред да создаде се` ова, Он Го роди Својот возљубен Син. Па така ниту ангелите, ниту вселената, ниту земјата, ниту луѓето се деца(по раѓање) Божји туку се творевина Божја. Од друга страна, Бог Синот е вистински Бог, бидејќи е роден од Отецот и не е створен. Исто и со Светиот Дух и Он исходи од Отца, па поради тоа и Он е Бог.